Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Bridget, изгледа дека двајца за твој инает гласале за Shutter :D - го погодив човекот за агитирање. :D

    Можев да ја затворам анкетата и со tie и да го ставам корејскиов за коментирање, ама така немаше да биде фер. (А вака со агитирање демек е :D).

    Не ти го прочитав коментарот - да го изгледам, па доаѓам за некој ден со рецензија. :bandit:
     
    На Madam-A, boomsleng, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Кој знае како сум го симнала филмов на француски да зборат :D Али океј се претрпе, си имав титлови.

    Јас сум фан на зомби приказни, апокалипса, човечки мутации и слично. Од друга страна корејски филмови никогаш немам гледано и не знаев баш што да очекувам, освен дека ептен се настроени спрема драма.

    Прво зомбиве фала богу изгледаа реално, не како во некои филмови што толку лошо се направени што веќе изгледаат смешно, и за тоа од мене имаат thumbs up (y) Е сега мене ми фалеше одговор на прашањето како дошло до ширење на заразата? вирус or what? Ми остана ко недовршена приказнава, а јас во зомби филмови секад сакам да го има тој одговор иначе се нервирам :D Се гледа дека сум curious.

    Ми се допадна глумата на малото девојче, и тоа што на крај таткото сепак се жртвуваше за девојчето, се покажа дека сепак не гледа само за себе. Крајот беше прeемотивен и моќен.

    Инаку не ми беше страшен, гаден по малку, али не е она типичен зомби хорор филм, туку има повеќе од само убивање, јадење и крвишта. Се штрекнав само еднаш при крајот кога на кондуктерот му излезе на прозор зомби од другиот воз :D

    Има и prequel, анимирано филмче се вика Seoul Station. Мала критика некако ми беше предолг, 2 саати за зомби филм е некако премногу, too much имаше акција и тепање со зомби. И ко за зомби филм поише од 7.5 од мене не добива.
     
    На Lady Phoenix, Bender Rodriguez, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Не видов за што се работи филмов, ама, најмалку очекував да го видам она што го видов. У среде бел ден, петок, дур сркав посно гравче... јас гледав зомбиња. :^) Зомбиња немам гледано од.. еха:D Ви благодарам за искуството:D:D Коментар, овој пат нема да пишам. И без тоа со сила пишувам:whew: во последни... недела,две,месец,месеци:D ќе ве читам само.
     
    На Lady Phoenix, Bender Rodriguez, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Здраво екипо! :hai:
    До кај сме? Што сме? Го повикувам @Bender Rodriguez да ми каже до кога е избранив филм и дали и кога ќе биде нов. Сакам да пробам да се вратам на патека :sun: .


    Ваша М, :makeup:
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Train to Busan

    Морам да кажам дека филмов не ме воодушеви премногу, ама за тоа сте криви сите вие со пофалните мислења - па најверојатно очекував којзнае што - а добив едноставно (просечен) зомби-филм.

    Да не ме сфати некој погрешно - филмов е океј - у смисла на сценарио, глума, кинематографија и специјални ефекти - али, ништо поише од тоа.

    Можеби иновативното нешто у веќе презаситениот зомби-жанр е тоа што филмов ја прикажува зомби-апокалипсата од агол на група обични луѓе и повеќе се фокусира на survival аспектот на приказната, на човечките реакции и судбини во некоја ваква ситуација.

    Затоа, тука немаме ликови кои се „херои“, немаме луѓе кои таманат зомбиња како бубашваби, немаме сачмарки, пушки, пиштоли и други оружја, немаме научници кои го бараат лекот за заразата и сите други ствари на кои сме навикнати кај ваквите филмови - и претпоставувам, тоа е таа доза реализам по која Train to Busan се разликува од сите други. Ова е филм во кој најмногу би можеле да се поистоветиме со ликовите во ситуација на зомби-апокалипса - пошто никој од нас (најверојатно) не е bad-ass со сачмарка, мачета или моторна пила, или пак епидемиолог, нели? :D

    Затоа и мислам дека аспектот на „Што всушност е заразата?“ и „Како настанала?“ е целосно занемарен во филмов - што можеби не е ни лошо, затоа што многу филмови кои се обидуваат да го објаснат необјаснивото (т.е. зомби-епидемија) со некој (квази) реален/научен аргумент, на крај само си пукаат во нога со истиот, а гледачите превртуваат со очи на објаснувањето.

    На крајот на краиштата, кога те бркаат споулавени Корејци кои се трудат да те каснат, у моментот и нема баш да ти биде гајле „како“ и „зошто“ дошло до тоа - све што те интересира е како побрзо да побегнеш од нив и да преживееш, што и ликовите од филмов го прават. :D

    Ми се допадна моментот на „денски“ зомби (кои не гледаат у темница, of all things) и замислата за хорор-филм кој се случува дење, односно не се потпира на темница за да создаде напната и страшна атмосфера.

    Емоционалниот аспект на филмов не ме допре баш - имам изгледано доволно вакви филмови за да знам дека само еден или двајца (или ниеден! :D) ќе преживеат до крај - па ништо не ми дојде како изненадување или шок. Исто беше и моментот со „трансформацијата“ на себичниот и саможив брокер, каков што го гледаме на почетокот од филмот, во грижлив и helpful (помошен?) претставник на човечкиот род. Има нешто побитно од тоа да си помогнеш сам на себе, а тоа е да им помогнеш на другите. Lesson learned. Штета што се претвори у зомби на крај, па лекцијата му беше за џабе. :D

    Додуша, и чичкото-сероња, кој беше и остана саможив до крај стана зомби. Така да, лекцијата е можеби дека у зомби-апокалипса не е битно дали си алтруистичен или себичен, на крај секако ќе се претвориш у зомби. :D

    Како и да е, крајот беше океј, али ништо невидено. Од вакви survival хорори, се уште омилен ми е крајот на The Mist. Е, тоа е тажен и мајндфак крај, а не ова. :D

    Иначе, да си кажам (и пак бесрамно да си го испромовирам предлогот :D) - го почнав вчера The Discovery и ми изгледа дека има потенцијал за дискусија. Just sayin'. :emo:


    Мадамке, одлучивме (т.е. ја одлучив :D) дека у интерес на темата и малкуте форумџии заинтересирани за неа е да не се ограничуваме со време за гласање и за коментирање - него све додека има интерес за одреден филм, да биде актуелен, а кога ќе замре - да идеме со нова анкета. Така да, ако си расположена за корејски зомби - бујрум. Ако не си (а и нема други кандидати), очекувај анкета за некој ден. :)
     
    На Bridget, kravce, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Mожда има нешто добро во тоа да човек го пушти филмот без да прочита критика или погледне трејлер :D Оти, еве, јас, кога почнав да го гледам филмот, по првата сцена, со камионџијата и еленот... мислев дека е во тек комедија. :tmi: :drunk:
     
    На kravce, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006


    Ох, кај зомбиња па уште и корејски. Тежок ќе е за пратење, нели сите се исти тие жутите :worried: ... а јас се договорив со мачето да гледам вечер филмче, да не испадне да не можеме да додржиме чекор со потребна концентрација и на мафе да се сврти работата :drunk: ...
     
    На 1209, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.948
    Допаѓања:
    81.260
    Пол:
    Женски
    Леле види ја, демек лошо ќе ви дојде малку мафе. :wasntme:

    Мене ме привлече I Origins, со корејските филмови сме во некоја love-hate фаза. :D
     
    На Madam-A, Jason123, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ништо подобро за сексуалниот живот од корејски зомби. :D
     
    На Madam-A, Mishela, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Не бидете расисти :!:
    Не ми се пишува нешто, ама да шкртнам за филмов, да не замине темата.
    На друг странски форум на кој сум присутна доста се споменуваше филмов како да е најдобар и најсве, па не сакав да го гледам затоа што мислев дека премногу го величат без везе. Кога седнав после подолго време да го погледнам, се изненадив. Вообичаено не преферирам хорор филмови, или зомби филмови, некако сите исти или слични ми се, ама овој ми се допадна.
    Честопати, гледајќи го филмов, се прашував себеси како би постапила јас во ситуацијата, дали би одела со групата, дали би гледала за себеси, дали би пробала некого да спасам без разлика дека можеби јас ќе умрам, што ме наведе да размеслувам дека тоа можеби и му беше финтата.
    Ми се допаднаа некои акциони сцени, глумата, тоа што зомбињата трчаа :!: и секако крајната сцена во тунелот. Не ми се допадна што долго траеше, нешто ин изгледа е да се прават долги филмови сега. Не ми е јасно како трудната жена успеа толку да трча, низ толку да помине и пак да не се породи :| #pregnantgoals :D
     
    На ludoto19, Bridget, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Новата анкета е поставена.

    Додаден е The Girl with All the Gifts од листата предлози на @sweet-cherry, а Hidden Figures е исфрлен, затоа што немаше ниту еден глас (што е прилично иронично за феминистички филм на женски форум :D).

    Ако успеала да го издржи афродизијачкиот ефект на Train to Busan и да го изгледа до крај пред да се фрли на мафе, @Madam-A може слободно да го искоментира додека трае гласањето.

    Сите останати, трк на гласачките места. :D
     
    На zhap4e, Madam-A, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Мене Captain Fantastic, Shutter Island & I Origins ми се гледани. До душа последниве два може да ги прегледам пак ако се изгласаат, а првиот ми е тазе па пак ќе може да го коментирам.

    Moonlight се некако одбивам да го гледам, а од другиве би гледала било коj. Јас гласав за Don't breath, пошо The girl with all the gifts мислам дека жанровски е сличен со Train to Busan.
     
    На zhap4e, boomsleng, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    И јас гласав за Don't Breathe.
    Немам поим што филм е :)

    Да, The girl with all gifts е исто така зомби приказна, го гледав.
     
    На boomsleng, 1209, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Да го фатам последниот воз за Бусан.. :D
    Гледан ми е пред некој месец, не ми е баш најтазе, али знам дека го зборев по други, дури и тука го спомнав, али тогаш не ме изрецкавте.. :emo:
    Добро познато е дека азијските хорори се мастер пис, и многу американски филмови се всушност нивни римејци.
    За Train to Busan конкретно, иако трае 2 часа, што некои би рекле дека за хорор зомби филмче е многу, памтам дека мене брзо ми помина и не го осетив времето.
    Филмот има такви сцени, скроз оригинални, и цело време има дејство и акција, нема време кога да ти е досадно. Нема типични хорорски фрази од свртување во погрешна уличка, нема мрежа на телефонот, не пали колата.. Не. Овде е се многу просто и едноставно, зомби апокалипса, бегај спасувај жива глава.
    Нема многу детали од каде, како, зашто, кога, што, туку едноставно зомбињава бркаат, луѓево бегаат, додека не станат и они зомбиња. :D
    За таткото секоја чест кај тие што пробудил емоција, кај мене не му упали, колку и да сакав да ми се допадне, а искрено му дадов шанса али јок, за цмиздрење ич збор не станува.
    Се на се, ова е филм за забава, нема некоја голема си поента, или наравоучение, и ако така се сфати, ќе си поминете добро додека го гледате.
    За следно гласав за I Origins, го гледав кога излезе, значи пред некоја годинка, али ми има оставено баш јак впечаток, и ќе ми биде мило и интересно да го коментираме. (Совет: Ако решите да му дадете шанса, не гледајте трејлер, малтене цел филм го имаат сведено во 2 минутки, и се губи дражта..)
    Во некоја понатамошна анкета може да го вброиме Personal Shopper, секако ако разбуди интерес и кај другите гледачи/гласачи. :)




    :~:
     
    Последна измена: 20 април 2017
    На ludoto19, zhap4e, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    филмскиот согледник ме откачи и прибидејќи не добив ни мафе, во знак на жалост си пуштив од оние другите филмови, така што, на жалост, овој не дојде на ред :wasntme: .
    Будно го следам овој избор. Моментално симињам 3 од предлозиве што ми фатија око, па се читкаме штом чукне часот :sun:
     
    На zhap4e, Lady Phoenix, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    I Origins

    Искрено, се надевав дека пред да ги изложам моиве впечатоци од филмов ќе има барем една позитивна рецензија - да не тргнеме со негативности од старт - али, што е, тука е. Од друга страна, можеби моево мрчаторско мислење ќе инспирира некого на кого му се допаднал филмов да пише во темава. :D

    I Origins ми е гледан можеби пред 2 години и, за среќа, доста од филмов сум заборавил - освен севкупниот лош впечаток, секако - ама, за несреќа, морав да се потсетам на некои ствари, за да рецензијава ми се состои од нешто повеќе од „Ужас од филм, избегнувај по секоја цена!“. :)

    Но, ајде, да фатам со ред.

    Мислам дека главната слабост на I Origins е во тоа што се труди да биде повеќе работи во исто време - филм за наука, филм за метафизика и спиритуалност, љубовна приказна, мистерија, трилер - и што, не успева да биде доволно убедлив во ниту еден од овие жанрови.

    Самата премиса дека постои научник (кој живее и работи во денешно време) кој се обидува да открие како еволуирало окото е бесмислена, затоа што неговата еволуција не е никаква мистерија за науката - дури и креационистите одамна не го користат окото како „доказ“ за т.н. irreducible complexity. Смешно е што човек кој се решил да снима филм кој во суштина е наука vs. религија, т.е. поточно, еволуција vs. креационизам, има толку големи елементарни непознавања од двете области.

    Од друга страна, ликот на Иан е олицетворение на најлошиот можен стереотип за научниците - арогантен, самобендисан, затворен за нови идеи, и ограничен во секој поглед. Освен тоа, секоја трета реченица (или аргумент, како сакате) му е „I'm a scientist!“ (facepalm) Знаете колку научници велат за себе „Јас сум научник!“? Exactly zero, that's how many.

    Мислам, у најлош случај, за себе би рекол „Ја сум молекуларен биолог“, ама „Ја сум научник?“ Nope, у ниту еден случај - затоа што „научник“ не е факинг професија, занимање или звање.

    Од друга страна, Софи е интересна, забавна, фина и мила девојка, која патем е спиритуална. Од страната на „науката“ го имаме самобендисаниот, ограничен идиот Иан, а од страната на „религијата“, суперсимпатичната, секс-божица Софи - океј, мило ми е што филмов не зазема страни во дебатата наука vs. религија. :D

    Било како било, филмот оди понатаму, се дешаваат ствари за кои на нас гледачите би требало да ни е гајле, за да на крај (или пред крај) на филмов да стигнеме до уште поневеројатната главна идеја - а тоа е дека реинкарнацијата постои и дека, од некоја причина, луѓето се реинкарнираат во новиот живот со идентични очи какви што имале во претходниот. Зошто? Како? Која е логиката на ова? Никој не знае и никој не се ни замара за да ни објасни.

    Окото е сетилен орган кој пренесува информации до мозокот - како и увото, како и носот. Нема апсолутно ниту една логична причина зошто баш очите би биле тие што би ги „земале“ со нас при нашата транзиција во ново тело. Освен што се можеби поубави за гледање од уши и носеви. :D

    Сè што треба да знаете е дека „тврдокорниот“ научник и атеист станува believer, and all is good with the world.

    Патем, нели постои пологично објаснување за тоа како двајца луѓе можат да имаат идентични ириси од тоа дека „Мора да се работи за реинкарнација!“? Како на пример, дека можеби е сосема возможно двајца луѓе да имаат исти (или доволно слични за да делуваат исто) ириси? Нашиов главен I'm-a-scientist! лик се чини не ја ни разгледува оваа можност.

    како и да е...

    Толку за „научниот“ аспект на филмов, да кажам нешто и за „романтичниот“ аспект на I Origins. Колку што е стереотипен кон науката, толку е стереотипен и кон жените. Во филмов постојат два женски ликови - Софи и Карен - и и двете се крајно еднодимензионални. Првата умира пред воопшто да може да ѝ се развие ликот доволно, а за втората едноставно никој не се замара да ѝ даде некаква длабочина.

    Сè што треба да знаете е дека нивната ултимативна цел у животот е да се омажат (како и на секоја жена, нели :inlove:), очигледно со првиот маж до кој ќе ги докопаат „канџите“, а тоа е Иан. Иан е патем најголемиот asshole (од оние кои у вистински живот не би имале ни пријатели) и можеби најантипатичниот жив маж на светов, ама во универзумот на I Origins тоа не го спречува да ќари не еден, туку и двата женски лика од филмов. Романтика де Бангладеш!

    И на крај, како целата приказна да не е доволно бесмислена и неверојатна - тука е и лошата, очајна глума. Мислам, и најдобрите актери ќе имаа тешка задача да ме убедат дека барем дел од филмов е plausible и дека романсата и чувствата помеѓу еднодимензионалните ликови се нешто за што треба да ми биде гајле, ама оваа актерска екипа едноставно го направи филмов буквално мачен за гледање.

    Не знам дали е до глумциве (кои, иако мене ми се непознати, гледам дека не им е прв пат да глумат у филм) или е у прашање cringe-worthy сценариото, ама, крајниот резулат е, па...

    49253046.jpg

    [​IMG]

    [​IMG]

    П.С. Се извинувам за ширење на негативна енергија. :D
     
    На IronLady, boomsleng, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.650
    Допаѓања:
    29.332
    Пол:
    Женски
    Јас не знам колку ќе имам време за да го изгледам пак филмов, ама сфатив дека од целата приказна сцена што до ден денес ја памтам е смртта на Софи. Мене ми беше толку шокирачка, знам го паузирав филмот после сцената и пробував да се совземам. Тоа е една од подобрите сцени во филмот.

    Мене глумата и не ми беше толку лоша, и исто не се задржував до толку на научните факти и сознанија, зошто 90% од времето се fail-нува на такви моменти во филмовите. Исто така многу беше избрзана љубовта на Софи и Иан, и тоа не ми се допадна. Не знам вака сега кога се навраќам на филмот сфаќам дека ептен имаше клише моменти и не е тоа тоа, а првично ми се имаше допаднато доста филмот.
     
    На Jason123, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Ич не ми се коментира кога на еден од моите омилени членови не му се свиѓа филмот што мене ми се свиѓа... :|
    Оставав да чкрабнам некој збор за од кога ќе го изгледам x2 демек, али врвка време, ништо од тоа.
    Памтам дека филмот ми разбуди емоции, а тоа ми е најбитно кај филм усвари, да ме допре. Како и не е толку битно, битно да не те остави рамнодушен.
    Јас кога гледам филм не навлагам премногу во точноста на изнесеното, освен ако се работи за документарец или биографски филм, па е потребно точно познавање на одредена тематика. Сите други филмови се како книга кога читаш, влагаш во главата на режисерот и тоа он што си замислил. Какви филмови имам гледано, кај што те убедуваат дека зелено е жолто, и столче се вика телефон итн., така што во вакви филмови не обраќам до толку внимание на точноста на податоците зашто ќе ми се деси збунка во главата, ако ептен на секој филм толку му навлезам и го анализирам. Оставам да ме води едноставно, и тоа ние што ќе фатиме некој детаљ или податок што го сметаме за грешен или нелогички, верувајте дека во 99,9% од случаите така мислиме зашто е направено да така сакаат да мислиме. ( Не зборам за технички маани, кога се гледа одраз од камера во огледало пример и сл.).
    Јас мислев дека нема човек на кој што овој филм не му се свиѓа, барем тогаш кога излезе и кога сме го коментирале, машко-женско сите беа со +, сигурно не е ремек дело на столетието, нити оскаровски, али во морето филмови што се нудеа, бар тој период, и те како се издвојуваше.
    Испадна го бранам, па да не испадне и дека го тупам, ќе прекинам тука. :D

    Него, јас го изгледав Get Out, испадна стварно задоволувачки, обично така кога ќе се направи hype околу некој филм знае да разочара од преголеми очекување, али сеа за дивно чудно не. :)
     
    На Bridget, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ако ова се однесува на мене, не ги земај моите критики при срце - прво, машко сум, а коментирам за филмови на женски форум и второ, често се случувало на темава да имам спротивен став од мнозинството. Сепак, филмската уметност е работа на вкусови. :)

    Иначе, и ја сакав да го предложам Get Out за нареднава анкета - трејлерот делува интересно, а има и необично висока оцена на IMDB како за филм од ваков жанр. Така да, ја сум љубопитен. Уште не ми е гледан, ама кај и да е. :D

     
    На Ane-Goki1, 1209, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Аман веќе со хорори и мистерии (еден филм искоментирав и си земам за право да се мешам во одлуки :D) не оти со сигурност ќе го гледам и коментирам, ама во случај да посакам :!:
    Овој Оригинс сакав да го гледам но Бендер беше прилично јасен, џабе е сега да врти одоколу, разбравме, лош е филмот. Толку ни треба да не разубедат :~:

    Само да поминам во темава да знаете дека I'm watching you.
     
    На Lady Phoenix, Jason123 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.