Новата анкета е поставена. Слабо одзив нешто неделава, али ако некој сака да сподели впечатоци за I Origins додека трае гласањето, слободно нека повели. Captain Fantastic отиде у аут, а на листата е додаден The Good Neighbor од исцрпната листа со предлози на @sweet-cherry и Get Out по идеја на @Jason123.
Кој е тој упорниот за Shutter Island јас сакав да го гледам I Origins, ама сега овој Get Out ме заинтересира и тој го симнувам Еден предлог за будучи анкети, Dogville? Доста стар, ама ретко налетувам на луѓе што го гледале, а мислам дека е филм што вреди да биде погледнат
Јас сум, за да не отпадне од анкетата. Во случај да нема нешто попаметно за гледање. Инаку, одамна го имам гледано I Origins, ама не се осмелив да дискутирам зашто не се сеќавам на многу нешта. Само знам дека ми идеше коса да откорнам додека завршив со гледање. Изгледа јас сум едно од реткитр женски на кои не им се допаднал тој филм, ама се' ми беше антипатично и вештачко и не успеав да се поврзам со ликовите. Ете, чисто да кажам збор-два, да се извадам што гласам за Шатер. Упорно.
Ме заразивте со темата за зомбињата (Возот до Бусан) па, гледав уште еден со зомбиња - the girl with all the gifts I origins... одамна го имам гледано. Не ми се гледаше уште еднаш, искрено. Го памтам ко ок филмче само.
Black is in fashion или така нешто. Гилти плежер ми се хорор пародии, како на пример уживав повеќе во Haunted House, отколку во Paranormal Activity. Некако хорор филмовите ми станаа досадни и напорни, па пародиите од истите носеа повеќе уживање. Мубаетот ми е, очекував ова да биде некоја пародија, хорор комедија. Не беше Од каде да почнам. Како прво, ептен фрики ми се филмови каде жртвата останува свесна, а парализирана и мислам дека е меѓу најлошите работи што може да му се случи на човек. Да останеш заглавен во своето тело, а некој друг да управува со него, или да ти прави секакви работи и слично. Факд ап. Ова особено ми се допадна како "страшниот" фактор во приказната, затоа што и мене лично ми е страв од истото. Ама, ова не е е едноставна приказна за манипулација на умот, операција на мозоци, мислам... ако тоа може да се нарече едноставна, целата приказна е обвиена со проблемот наречен расизам. Крис е Афрички-Американец кој заедно со својата кавкаска девојка оди да се запознае со нејзиното семејство. Како ми е преводов? Очигледно во македонскиот јазик не постои ваков збор, и најчесто е употребуван зборот црнец. Дали е правилно? Очигледно не, затоа што светот пробува да го промени тоа. Но... како земја во која не постоело робство, барем не врз основа на расизам, дали зборот црнец означува деградација? Поима немам. Како и да е. Крис е малце повеќе загрижен од тоа како ќе го прифати семејството на неговата девојка, особено затоа што тие не ни знаат дека тој има поинаква боја на кожа. Таму, со нејзиното семејство и нивните пријатели излегуваат стереотипите на површина. И ова имаше всушност одлична поента Во сцената каде тетката со болниот дедо ја прашува Роуз дали е вистина дека е подобро, во смисла на половиот орган и веројатно претпоставката дека на кхм им се поголеми де тоа значи дека ја создаваш сликата за човек врз база на неговата боја на кожа. А ако спомнуваш еден стереотип, зарем тоа не значи дека за истиот човек ги врзуваш и сите останати? Како мафијаши, продавачи на дрога, припадници на банди итн нешто што е присутно во САД како претпоставка. Тука малку и ме замисли во мојата комуникација со луѓе од различна националност, кога спомнуваме некоја сосема невина работа на пример, на кој начин е перципирана од другата страна, затоа што сепак ставаме нагласок на нивната нација, боја, вера и слично. А сепак, може да е и форма на почит за потеклото од каде доаѓаат. Ај да не забегувам Оваа група на луѓе со своите стереотипи одлучила дека совршено може да си го продолжи животот, пробувајќи го новиот тренд, да се биде црн. Ја гледаме и "слугинката" како често се гледа во огледало и се можеби воодушевува на својата кожа. Каде е расизмот? Оној момент веројатно кога се одлучува дека животот на црнецот не вреди, но придобивките од бојата на кожата може да се искористат... живеејќи како белец. Да се има добрата кожа, да се гледа преку тие очи, да се поседува тој полов орган... сите тие стереотипи. Затоа што иако тие продолжуваат да живеат како црнци, не ги поминуваат истите тешкотии и иститите предрасуди и истите кочници во општеството како останатите црнци во Америка. Филмов траеше предолго за мој вкус. Имаше многу сцени кои ми беа одолговлекување и непотребни, од друга страна многу добра музика. Сцената на крај кога доаѓа полициско возило и Крис ги крева рацете како да се предава затоа што, како ќе изгледа секако црнец кој стои над повредена бела девојка? Ми се допадна Род како пријател, беше убаво освежување во напнатата приказна. Алисон Вилијамс не ми е позната ама и аплаудирам. Имаше фантастична промена на карактер, одлично изглумена и не можев ни да си замислам дека така милата девојка може да биде дел од креаторите на целото дејствие. Филмов верувам дека повеќе ќе биде вреднуван во општества кои се соочуваат со овие проблеми. Кај нас можеби и нема да го има истото значење, освен ако наместо боја на кожа, како компарација ја земеме националноста или верата. Добар филм, но како што реков, уште повеќе ќе ми се допаднеше да беше пократок. Се извинувам ако употребив погрешни изрази, ќе замолам за корекција ако ми се посочи како треба
Го гледав филмот и не знам што би додала на постот на @kravce. Едноставно можеби дека ми беше нереална трансформација на Крис кога се ослободил. Од фин, културен дечко станува ладнокрвен профи убиец. Ај да се бори со нив, па ги убива, ама тој како цел живот претходно да вежбал како да прободува и убива луѓето со било каков предмет, тап, остар, сеедно, го бива само со еден удар. Или сакале да нагласаат дека оти е црнец па мора да е и силен. Добро, ја разбирам желбата за опстанок ама ете тој дел ми беше премногу - лесен можеби Дали навистина хипнозата може да делува на ваков начин? Никогаш не размислував на оваа тема повеќе, ама ако може да си ја простудирам ако не Трансформацијата на Роуз навистина беше одлична. Јас дури се време мислев дека или таа не знае дека нешто чудно се случува или знае ама и е запретено да ќути, или дека ќе се вистински вљуби во Крис па ќе му помогне. Ама ништо од тоа не се случи. Дури мислев дека братот нејзин, онака налудничав, ќе излезе дека е таков од што не сака да суделува повеќе во таа работа, ама тоа биле вистински психопати сите, и во поблиско и пошироко семејство. Најјака сцена ми е кога Род поднесува пријава во полиција (на колешка му) и таа таква сериозна му вели да почека и ги вика другите двајца за заедно да се посмеат. ИДемек ете да не се жалите како никогаш не ве викам на интересно. Имаше пар комични сцени во филмот кои ме искрено насмеја. Не ми е само јасна таа сцената со прегазен елен. И посветија внимание и време на сцената па се време очекував дека од некаде ќе излезе некаков елен со човечки ум Што знам, тоа како злослутно претчуство, предупредување ли требаше да биде? Се на се, интересно филмче е. Различна тематика, со интересен преврат, половина од филмот развлечен, како вовед, те држи заинтересиран да видиш како ќе се одвиваат настаните, што се случува и оддеднаш - целосен пресврт и хаос. А да, филмот започнува со сцената каде еден црнец зборува на телефон и колата го следат, на крај и го земаат насила. Што е тоа? Дали приказ на некој од минатите настани, некој претходен дечко на Роуз?
И јас го изгледав филмов па бидејќи се сте кажале решив да го побарам одговорот на прашањата од @Sky-butterfly Делот со еленот ја означува смртта на мајка му.Во овој случај Крис има грижа на совест затоа што не отишол да ја бара мајка му,па затоа и оди да провери дали еленот е жив. Тоа е како еден вид на потсетување на смртта на мајка му,а и исто така и како предупредување за тоа што понатака го чека во куќата на девојка му. А првиот дел од филмот означува сеќавање за едно младо момче по име Trayvon Martin- АфроАмериканец кое што било застрелано и убиено. И уште нешто Георгина и Валтер всушност биле баба и дедо на Роуз кои што си живееле во своите "нови" млади тела. Mене лично ми се допадна и го препорачувам. Оцена 9/10
Генерален впечаток... ми се допадна. Почетокот ми беше интересен. Онаа детска песничка ми беше одлична, бррр и уште поодлично ми беше пренесувањето на приказната од убиството во станот, со сите тие фотографии и Крис како се бричи, Роуз бира пециво. Приказната ми беше интересна, сите ликови ми беа интересни, глумата... со исклучок на другарот ама, он ми беше ко типичното црнче во филмот, оти Крисов беше тро нетипично фин, културен, уметник.. (Расист!) Се шалам. Не ми се вклопуваше нешто многу, ама ок. Не квареше можда и му требаше некој таков шантав лик на филмот. И, и покрај тоа што и мене не ми се допадна оној насилниот Крис...и мене ми се чини дека пребрзо ги забрзаа работите од она како се одвиваше приказната,како се одмотуваше, ко бенг, бенг испадна...се испукаа во последни пар минути. Пречудно беше.. ама, не ми го расипа уживањето. Не е далеку од разумот... таргетираат црнци, кои се демек „ранети“, чиниш,никој нема да ги бара,сеедно си немаат никој и за трансплантации ги користат. Оки,ништо страшно. И позанимливи приказни на темата имало,дури и постари на кои сега ми текнува,ама.. фино си го минав времето гледајќи го филмот и не ми беше ко со други филмови...да сто пати стопирам и станам.
Get Out За филмов имам измешани чувства. Од почетокот, ми се допадна, и тоа многу - ми се свиѓаше атмосферата, интересниот избор на музика, параноичниот (и по малку стереотипен) другар на Крис и генерално, начинот на кој тензијата се градеше полека и постепено, навестувајќи за непознатата опасност која демне. Ми се свиѓаше и апла awkward атмосферата во куќата на Армитажеви, сцените со хипнотизирањето на Крис беа исто одлично снимени, помошничката и градинарот (aka баба и дедичко) беа ултра-крипи. Телефонските муабети на Крис со другар му, теоријата за „браќа“ секс-робови, реакцијата на полицијата на неговата теорија - бесценети. Сè на сè, првиот час од филмот ми беше стварно одличен. Но, откако конечно се открива приказната на филмот, работите тргнуваат во погрешен правец. Целата тензија која ја градеа во првата половина, наместо да кулминира во нешто, беше некако млако проарчена. Мрачната тајна на куќата и семејството ми беше meh, а леснотијата со која Крис се ослободи и ги совлада сите за нецели 5 минути исто така ми беше и антиклимактична и нереална и несвојствена за него како лик. У секој случај, интересна идеја за филм, али барем ја добив впечаток дека реализацијата, а особено крајот на филмот не им биле целосно и доволно осмислени.
За мене филмов беше mindblow... На почетокот ми беше напнат,нејасен и збунувачки...Немам што да додадам што веќе не сте спомнале, се согласувам дека крајот беше избрзан... Според мене, можеше барем да стават сцена каде некој, (пр.таткото) е врзан и Крис бара одговори од него... Не мораше сите да ги убие во 2 минути...Ми остана мистерија прашањето :Зошто баш црнците се погодни за трансплантација, од физички, биолошки аспект... Бидејќи не можам да најдам листа од претходно гледани филмови, го предлагам The authopsy of Jane Doe
Мислам дека се раководеа според некојаси нивна замисла дека црнците се физички посилни, поотпорни, поиздржливи, а од друга страна ментално инфериорни, па демек нивниот закржлавен мозок полесно ќе ја поднесе трансплантацијата и „спојувањето“ со другиот мозок. А дефинитивно држи вода и она што го напомена и @zhap4e - многу е полесно да се киднапира црнец, односно да го снема од лицето на Земјата без на властите да им биде гајле, отколку истото да се случи со белец. Иначе, ја за нареднава недела сакам да го предложам Ghost in the Shell - излезе денес на саглам снимка, a со оглед на тоа дека оригиналното аниме е култен филм, многу ме интересира да видам дали (односно, колку ) ја укакале приказната во холивудската верзија.
Случајно гледам тема сте имале за овој филм Гет аут. Искрено имав превисоки очекувања и се разочарав... Мене лично не ми де допадна, досаден ПРЕРАЗВЛЕЧЕН, а баш штета, имаше голем потенцијал, интересна приказна, ама спор спор спор, никаква динамика никакви дејствија... Неповрзани некои работи, слабо, многу слабо за разлика од тоа што го очекував, а читајќи ги критиките оечкував да паднам од стол. Ништо од тоа.....
Уште еден предлог од мене I am Michael, гледам го има на thepiratebay, не знам како е снимката http://www.imdb.com/title/tt3713030/?ref_=nm_flmg_act_9 Ме заинтересира приказнава. И може мислам да се ставиме на гласање, м?
Новата анкета е поставена. Исфрлени се The Discovery (срам да ви е ), Moonlight и The Distinguished Citizen. Додадени се Ghost in the Shell, Personal Shopper на @Jason123, Side Effects на @zhap4e и Dogville и I am Michael на @kravce. Додека трае анкетата, осеќајте се слободни уште да си коментирате за Get Out.
Ако ви се коментира Дискавери - на мнозинството... да го ставиме на дискусија? Јас го гледав. И други мислам го гледаа. Moonlight го гледав, исто. Boomsleng, знам, сакаше да го коментираме ама, не им се гледаше на луѓето гејовски филм,па...пропадна обидот. За оскаровецов ајде, ок што отпаѓа. The distinguished citizen, поима немам кој е и за што е.
Јас ја покренувам иницијативата(ако треба). Жаба нема да жртвуваат.Малцинство сум. Плус, Анима мунди одма ги барам Има интересни аспекти за коментирање во филмот, така да... јас немам против,ако и другите немаат.
Јас веќе го искоментирав тој, ама може и овде да се коментира, има што да се пише за него Имаше добри дијалози. А може некој пат да ставиме и листа со све филмови од неанглиско подрачје? Како идеја