Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Искрено не се разбирам во темава, ама ајде јас ќе предложам 2 неанглиски филмови @kravce погоре пишала нешто(Всушност едниот е со скршен Англиски хуху, инаку е Француски, знам во Кан беше популарен мислам дека и некоја награда слапаа)
    LOVE [​IMG]
    На контроверзниот Gaspar Noe.

    Да напоменам филмот е +18, бидејќи сцените се реални.
    Баш ме интересира какви мислења би имал филмов
    Мене искрено ми се допадна, ама да не му се допадне на некој сосема ќе разберам хуху

    Втор неанглиски филм што сакам да го препорачам е

    3 idiots

    [​IMG]
    Многу убав филм, Индијски, јас мислам ова е најдоброто од Индија.

    (Ако грешам нешто, неисправно е вака да се препорачува кажејте децо, нова сум ви темава :D )


    Едит Од листата ми се гледани два филма
    Првиот the good neighbor _ Ништо посебно...Мех...има по океј филмови за губење време,онака е за еднаш да го гледаш и забораиш

    Don't breathe _ Е ова е веќе интересно нешто :) напнат интересен динамичен држи во тензија од почеток до крај,препорака има :) мене ми се допадна ,висока 8ца
     
    Последна измена: 3 мај 2017
    На Sky-butterfly, boomsleng, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  2. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Јас не стигнав Get Out да го изгледам, ама до петок веројатно ќе биде па ќе го прокоментирам. Ваљда океј е и покрај тоа што каснам? :D

    Инаку за Side Effects гласав, и така и тој ми беше и на листа за гледање секако :wasntme:
     
    На Sky-butterfly, boomsleng, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    @Hipster дојди тука малце да се дружиме 8-|
     
    На boomsleng, zhap4e, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.421
    Пол:
    Женски
    Мор тука сум :)))

    Ќе го гледам вечерва ќе коментираме утре :))
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Емили и Мартин се среќен пар.Мартин е инвестициски банкар.
    На нивната среќа доаѓа крај кога Мартин ќе биде уапсен за инсајдерско тргување.
    Животот на Емили од тој момент ќе се сруши,па таа ќе побара советник по име Викторија за да и помогне да ја надмине депресијата.
    После 4 години во затвор Мартин ќе биде ослободен, но Емили ќе побара друг советник за да се погрижи за нејзината депресија.
    Ќе и бидат препишувани разни лекови од него,а некои од нив ќе имаат и несакани ефекти.
    Џонатан исто така ќе отиде да се сретне и со Викторија,за да испита што како и давала на Емили и да знае во кој правец да продолжи со терапијата.
    Во текот на разговорот Викторија ќе му рече дека добро е што Емили ќе ја лекува маж,за да може да доживее и некој друг вид на искуство( е во овој момент помислив на тоа што се случи на крајот и не бев грешка :D)
    Набргу потоа откако ќе го земе за советник Џонатан,Емили ќе се обиде да изврши самоубиство удирајќи со колата во зид,а исто така и ќе сака да се фрли под воз.
    Исто така додека ќе бидат на забавата Емили ќе им покаже на сите дека страда од депресија.
    Во текот на лекувањето Емили ќе му предложи на Џонатан да се обидат со лекот Ablixa за кој нејзината другарка Јулија и рекла дека е многу добар.
    Откако ќе почне да го пие лекот, Емили ќе почне да месечари и додека го прави тоа ќе го убие нејзиниот маж со нож.
    Нејзиниот советник Мартин ќе биде критикуван заради лекот Ablixa,но тој на суд ќе се обиде да ја убеди поротата дека Емили е жртва на несакани ефекти од лекот.
    Емили ќе биде прогласена за невина,но ќе ја испратат во ментална болница,додека пак докторот ќе ја изгуби својата работа.
    Додека неговиот живот се руши он ќе открие дека Емили кога ја направила сообраќајката била врзана со појас,а исто така и дека не постои нејзина пријателка по име Јулија.
    И тогаш ќе почне да се сомнева дека Емили глуми депресија.
    Ќе и рече дека ќе и даде некој серум за да види дали му ја кажува вистината.
    Она е испраксирана што да прави во тој случај и ќе знае дека лекот предизвикува поспаност.
    Во тој момент кога ке заспие Мартин ќе сфати дека всушност се било лага,затоа што тој и дал само солен раствор.
    Полека ќе почне да ја разоткрива,ќе сфати дека откако се спомнал лекот Ablixa многу луѓе почнале да заработуваат на него,меѓу кои и Викторија.
    Ќе оди и да се сретне со Викторија и ќе и каже дека Емили не сака да биде веќе во нејзина близина,на што она ќе реши да ги прати сликите од Емили и Џонатан додека биле на сесии на неговата жена.
    Со само тоа уште повеќе ќе му го уништи животот,затоа што жена му ќе го напушти.
    Џонатан ќе и ги забрани посетите на Емили и телефонските разговори и ќе ја убеди дека Викторија е сега против неа и дека го земала и нејзиниот дел од парите од берзите.
    Емили ќе се најде во незгодна ситуација и ќе му ја каже целата вистина дека она и Викторија биле заедно.
    Дека Емили ја научила Викторија се што знаела од Мартин за инсајдерското тргување,а она неа ја научила како да глуми депресија.
    Дека она го убила Мартин,затоа што и го направил животот мизерен.И дека никогаш не земала никакви лекови.
    Сега ќе отиде на страната на Мартин и ќе направат договор да ја пуштат од болницата под определени услови кои ако не ги исполни ќе биде вратена назад.
    Откако ќе искочи ќе оди да се види со Викторија пришто ќе носи апаратче за прислушкување за да ја намести и да и се одмазди со тоа што ќе ја стави во затвор за инсајдерско тргување.
    Крајот на филмот е кога Емили ќе отиде кај Џонатан и тој ќе и даде и други лекови,кои она ќе одбие да ги пие и поради тоа Џонатан ќе ја врати назад во болницата.
    После некое време под дејство на тие лекови Емили навистина почнува да го губи својот разум со што Џонатан ќе и се одмазди и конечно ќе си го врати неговиот живот назад.
    Ми се допадна глумата на Емили,Џонатан и Викторија.
    Во еден дел од филмот помислив дека Џонатан прави се за да заработи пари,ама на крај ќе испадне дека не сум била во право.
    Исто добро им беше смислен целиот план на Емили и Викторија ми се допадна како се тоа го извеле
    Ама мене искрено филмов не ме воодушеви многу многу.Ок беше
    Во предизвикот му дадов 8ка,ама не ми е за толку,една добра 7ка има од мене.
     
    На joy1, boomsleng, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    ^^
    Ама зашто ги раскажувате филмовите??
    Не е темава 'Прераскажи го твојот последен гледан филм', него лични впечатоци, импресии, разочарувања, сомнежи, идеи, размисли, колебања... Па сите тука коментираме.
    Ај ако не сега сите ќе прераскажуваме со свои зборови.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    @Jason123 Бидејќи ова се однесуваше на мене,а јас сега вторпат сум во темава,па не знам точно што како оди.
    Го раскажав филмот и додадов што мислам за него.Ако не треба така другпат може да ме означиш бар да знам дека не треба така
     
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Ау какви психопатски случаи постојааат:tmi: А јас пустата иден психолог ќе бидам, со вакви ако си имам работа, фобија сега ме фати :rofl: Фала богу нема медикаменти во мојата професија.

    Јас очекував нешто поинаква приказна од филмот, и ме изненади доста. На почетокот споро ми се одвиваше дејството па го прекинував и си правев паузи пошто некако досадно ми беше, ама после првите 40 минути веќе ми стана ептен интересно, коа почнаа побрзо да се развиваат дејствијата и кога на Џуд му стана сомнително. Also + за Jude Law хехе :D

    The point is the cardiologist can see it coming, the heart attack from the tests. It's in the blood. But who can see the lies?Or the past? Or the sadness?

    Ова ми остави многу голем впечаток, зошто луѓе со ментални болести можат да манипулираат и да не можеш да ги приметиш.

    Иначе читав дека режисерот ја сакал Линдзи Лохан за главната улога и мислам дека ќе му беше топ погодена за Емили, ама ради тоа колку е комплицирана глумицата и нејзините легални проблеми се откажал. Исто прочитав дека инспирација им служела тоа што до 2005 година има документирано околу 70-тина случаеви на убиство при месечарење.

    Се на се, солидно драма/трилер филмче. Имаше добри plot twists, и дефинитивно некои сцени те залажуваа да помислиш нешто сосема друго. Од мене 7.5/10
     
    На boomsleng, Bridget, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Ane-Goki1, нема ништо страшно и ако во мислењето вклучиш кратка содржина на филмот – што е особено корисно кога коментираме некој постар филм, кој има шанса веќе некој да го гледал и подзаборавил (читај: ја :D) – напротив, може да служи за потсетување на приказната. Сѐ додека мислењето содржи и лични впечатоци, коментари и опсервации за самиот филм, океј е. :)

    Филмов го имам гледано поодамна – можда кога искочил, можда 1 или 2 години покасно, арно ама – на ништо од содржината не се сеќавам. Ретко ми се случува толку многу да заборавам гледан филм, па затоа планирав да го прегледам викендов – ама не стигнав. :D Сѐ што знам дека некаде во главава ми останало дека филмов не беше лош.

    Читајќи го мислењето на @Ane-Goki1 се потсетив на содржината колку-толку, но не доволно за да можам да дадам некаков квалитетен придонес кон дискусијава – можам само да се сложам со она што веќе сте го напишале – добар, интересен и непредвидлив филм.

    Единствениот side effect на Side Effects е во тоа што на некој начин афирмира две широко распространети фобии и стигми кај гледачите – кон психијатрите и кон медикаментите.

    Психијатрите и особено психичките нарушувања посебно на нашиве простори се сѐ уште табу и најчесто ако за некој се разбере дека барем еднаш у животот отишол на психијатар, луѓето го отпишуваат како удрен у глава, а самиот поим „Бардовци“ се користи исклучиво у навредлив контекст. Реалноста, секако, е многу поразлична од ова, меѓутоа Side Effects само го потврдува она што кај повеќето од нас е пракитчно всадено во потсвеста – психијатар треба да се избегува по секоја цена, а ако веќе мораш да појдеш кај некој, тогаш – не му верувај, ни за жива глава.

    Другиот аспект е теоријата на заговор дека фармацевтската индустрија е решена да нѐ кљука со апови по секоја цена (because – profit!), макар и на наша штета (со лекови со неброени споредни и штетни ефекти), а всушност повеќето болести се измислени, а тие што не се, можат да се излечат на сосема природен, ефтин и безопасен начин – рак се лечи со сода бикарбона или семки од јабуки, неплодност со хомеопатија, депресија со помош на поп, оџа или бајачка, а психички растројства – со егзорцизам.

    Значи, не. :D
     
    На kravce, boomsleng, Sky-butterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez, на се' ми текна додека го гледав филмот,ама на гатачки,бајачки,егзорцизам,јајкс:rofl: ... некоја анти-психијатрите порака? Ноу. :D Или дека не кљукаат со лекови:shake::D и покрај аспектот за намештаљката за да заработи Зета Џонс,која, во фимов ми беше катастрофа, како и онаа што глумеше сопруга на психијатарот. Како, додека се снимал филмот, овие двеве поминале и им понудиле улога: сакате? - ај.:D Парите за хонорар што ги потрошиле на нив,колку и да биле... можеле комотно во друго да ги потрошат и да најдат некои други.
    Џад Лоу и Емили ми беа одлични.:) Дијалозите ми се свиѓаа. Ми се допадна девојкава во улогата.. како глумеше, сета меланхолија, црвено какво и беше лицено:D после првото забивање во ѕидот... на забавата кога беа со мажот и', сето глумење во глумењето:) Интересно беше. И мене ми сметаше,малку што, на моменти се одвиваше бавно... ама, далеку ми беше од досаден филм и приказна. Вау чак, не беше ама...
    Ми се допадна токму оној аспект што го напомена Sweet-cherry - лажењето, манипулирањето... оти, е тема за која редовно слушам од луѓе кои се занимаваат со тоа- психијатри, кои многу често се во такви ситуации кога треба да дадат стручно мислење за х пациент кој сторил х дело - во каква психичка состојба е/бил. :)
    Што се однесува до играта со конкретниот лек... шизофрените теории на заговор се едно, а друго е дека некогаш и некаде се случуваат некои занимлива работи околу терапиите и лекарствата кои се форсираат.... :) Ама, за тоа, оставам стручни лица да дискутираат:D оти, има разлика во лекарствата кои се употребуваат за исти работи на запад и лекарствата кои се форсираат во овој регион, а, кои, не се баш,баш.... од помош ко што би бил некој друг лек,да речеме. :)
    Ама, нити филмов, нити овие муабети ми ствараат параноја :D или ми створија одбивност кон психијатрите. Џад Лоу беше толку добар што,:D радо би одела на маабет - и кога треба и кога не треба. Ми се допаднаа сите твистс во филмот, особено финалниот :) кога ја чекаа пред вратата од неговата приватна канцеларија ]:) и последната сцена кај прозорецот.:$ Така се развиваа работите што, на крај психијатарот почнува да се прашува дал е он нормален:D
     
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Го изгледав и јас и нема нешто многу да додадам, само кратко да кажам дека е интересен и непредвидлив.

    Кога почна бев заинтересирана да видам што е во приказнава чудно, ок Емили оди кај психијатар, има проблеми, маж и излегува од затвор, анксиозноста е мава, веќе полудува, почна да ме живцира, мислев дека филмов е тапа и дека ќе почне со една напорна приказна, кога оно - типката глумила!
    Искрена да бидам Џад (или како му оно беше името во филмот)побрзо сфати од мене :rofl:
    Ама како накрај ги успешно наседна и двете - ептен интересно. Тие на него :rofl:
    А мислев тогаш кога животот почна да му се распаѓа дека ќе заврши тој во затвор.

    Јас не добив впечаток дека се зголемува јаз во луѓето кон терапијата, напротив ми изгледаше нагласено како ете толку е вообичаено луѓето да минуваат низ депресивни моменти и фази во животот и затоа Ablixa е тука да ни помогне.
    Како оно беше мотото: животот е поубав или нешто слично.
    Дури ми изгледаше ко 'охрабрување' на земање антидепресиви и експериментирање со истото. Секако несакани ефекти не се случија.
    Воопшто не доживеав поголема аверзија кон психијатрите туку напротив, не можеш со нив да излезеш на крај :D

    Викторија и Емили имаа разработено добар план мада не се сеќавам дека беше прикажано како го започнале. Сеедно.
    Интересен пресврт секако и добар завршеток. Секој доби според заслугите :D
     
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Гo изгледaв, интересен филм, сaмo oд мoментoт кoгa првпaт се пoсoмневa Џaд Лoу вo измaмaтa, веќе се ти стaнувa јaснo, a дoтoгaш бев убеденa вo бoлестa нa Мaрa :D Мaрa дoдушa ствaрнo бoлнa си беше, мoжеш ли дa не бидеш a дa исплaнирaш и лaднoкрвнo си гo убиеш сoпругoт? Прегoлемa aлчнoст и oмрaзa дo степен дa убиеш некoгo е бoлест, мoже не тaквa кaквa штo глумеше, мoже не вo тoлкaвa мерa кaкo штo зaврши нa крaјoт, aмa вo кoмбинaцијa сo убиствoтo -сoсем зaслуженo.
    Инaку вo филмoт не ми се дoпaднa штo прегoлемa винa се стaви нa психијaтaрoт, имaш кoмпaнијa кoјa прoизвелa лек, некoј кoј гo oдoбрил тoј лек и пуштил вo прoдaжбa, личнoст сo ментaлни прoблеми, мaж штoтуку излезен oд зaтвoр...a вo центaр психијaтaрoт. Пa и женa му кaкo гo oтфрли, прoфесиoнaлниoт живoт му се рaспaѓa, oнa ифрит лутa oти зaбoрaвил дететo oд училиште дa гo земи. Кaј му е вистинскиoт тaткo бич? ]:) :D Јaс би јa oткaчилa нa крaј.
    Стoријaтa не е нештo невиденo, ме пoтсети нa некoи стaри филмoви, Ричaрд Гир и Ким Бесинџер, Ричaрд Гир и Едвaрд Нoртoн, психијaтaр, невин и нaивен пaциент, измaмa...нo oк филм вo глoбaлa.
     
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Некој мораше да биде жртвено јагне.:D Аспектот со компанијата.. не беше толку во фокус, колку беше..oд негде требало да почне за оштета после и тужби врз компанијата итн. (Ко со оваа на МПМ со хонорарите бе:Dнекој намерно си ја пропаѓа фирмата...уствари,пере пари преку директорката) Овој беше нејзин психијатар и тој и го препишал лекот, без као да истражи доволно за можни side effects. Испаѓа ко, недоволно тестиран - експериментален лек беше во прашење кој му го предложи Зета Џ. :D дури потоа тој го гуглаше и читаше и се потеше. Јако беше дур доручкуваше и гледаше емисија како го обвинуваат:D Наивен док-от - малку повеќе.:) (Се дешава) Ама се оправи.

    Она Скај што вели, не можеш на крај да излезеш со психијатрите:D :nod:осетено и со некои професори по психологија:whew: Само немојте по онакви ко Лујза како беше :rofl: што ја спомнуваа да одите или онакви ко Зета Џ.:D
     
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Тoј и пoрaнo знaеше зa месечaрењетo кaкo сaјд ефект, нели рaзгoвaрaa зaеднo сo сoпругoт дa менувaaт лек, aмa тaa гo убеди oти сексoт нели пoгoден беше сo aпoт :D Негoвa винa беше штo вo тoј мoмент пoтпaднa пoд нејзинo влијaние и не и гo смени лекoт. Oтпoсле не знaм зoштo гуглaше и беше кo изненaден кoгa виде декa месечaрење мoже дa е сaјд ефект, кoгa веќе пoврзaнoстa сo лекoт претхoднo беше утврденa.
    Инaку дa, рaзбирaм зoштo беше нa тaпет, aмa нaученa кaј нaс видни лицa дa си гo пoкривaaт гaзoт нa сметкa нa oбичен нaрoд, пoсебнo пaк вo oвoј случaј, мoжеше дa кaже декa не му кaжaлa зa месечaрењетo или декa не и препишaл другa дoзa, или декa укрaлa рецепти :D штoзнaм, улaвa е, мoжеше дa искoристи ситуaцијa и дa се извaди :D
     
    На kravce, boomsleng, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    the moral of the story: ок е да месечарите, се дур не убиете некого додека месечарите.:D Не знам, не ми е јасно месечарењето. Еднаш ко студент ми се случи:rofl: од премор мозокот да се збуни и да му даде команда на телото да се движи дур сонува:D се разбудив на среде соба, клекната со рака кон шкафот кај шо ми беа крпите. Сонував, цимерката ми рекла да и ја дадам зелената крпа:D Една друга ситуација беше пострашна.не сум сигурна дали се деси или сон беше:D therefore :x:D:D
     
    На kravce, Bender Rodriguez, Ane-Goki1 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Кога ќе има нова анкета?:?:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Викендов у план ми е предлогот на Бендер, Ghost in the Shell. Personal Shopper го изгледав прошлиов викенд иии... немам поима што уствари гледав?!:$ Ваљда и I am Michel ќе го изгледам во некоја следна прилика, инаку.. едвам ја чекам темата/-ите со европски и други иноземски филмови (гоу Кравче:clap:)

    Во случај да фали предлог за анкетата; The One I love. Ако не, за некоја следеќа.

    [​IMG]
     
    На boomsleng, kravce, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Сега. :D

    Додаден е The One I Love, по предлог на @zhap4e, а согласно традицијата (која ја си ја измислив :D), избришани се филмовите без гласови - The Girl With all the Gifts и Personal Shopper.

    Иначе, ми се свиѓа идејата на @kravce за нешто поинаков избор на филмови, па предлагам наредната анкета да биде Светска кинематографија - за да бидат опфатени и филмови кои се на англиски, ама сепак се од земји од неанглиско говорно подрачје (како филмот кој сакам да го предложам, на пример :D).

    Оваа недела нека оди стандарднава анкета, а во меѓувреме, предложете уште некој филм за „нехоливудската“ листа, па наредната анкета ќе биде од тој тип. :)


    Immortel (2004)

    Филм кој го имам гледано многу одамна, ама освен тоа дека ми се допадна не памтам речиси ништо друго. Француски филм (иако зборуваат на англиски), во сценарио и режија на стрип-артистот Енки Билал - Босанец, чии родители во ’60-ите пребегнале во Франција.

    Накратко - египетските божества се реални и во иднината доаѓаат на Земјата. Хорус, кој е осуден на смрт од другите богови, бара човечки домаќин за своето тело и жена која ќе го носи неговото дете. Звучи трипи, знам. :D


    Have fun! :)
     
    На boomsleng, kravce, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Јас имам две прашања бидејќи сум нова тука.
    1.Колку време се гласа според новите правила?
    2.Од филмовите од светска кинематографија мора во нив да се збори на англиски или може и на тој јазик на кој што се.Тоа не го разбрав баш добро.
    Зошто во двата филма горе не се збори на англиски.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Откако јас ја модерирам темава, нема некое строго правило - обично ја оставам анкетата се’ додека гледам дека има нови гласови. Кога гласањето ќе замре на ден-два или кога еден од филмовите е во недостижно водство во однос на другите, ја затворам анкетата.

    Увидов дека така е подобро отколку ако се остават за гласање 6-7 дена, како во другите теми со гласање на пример, луѓето ќе гласаат уште првите 2-3 дена и после тоа е штама. А додека да се затвори анектата, многумина и губат волја да коментираат за филмот.

    У секој случај, ја следам темава и се трудам сите активни и пасивни учесници на темава да имаат можност за гласање, па тек потоа ја затворам. :)

    Мислам дека генералната идеја беше да се смени, барем за кратко, трендот за гледање и коментирање на холивудски филмови и наместо тоа, да коментираме филмови од неанглиско говорно подрачје.

    А мојата идеја е да не ги исклучуваме филмовите од конкуренција само затоа што во нив се збори англиски - затоа што има филмови кои иако се снимени во неанглиско говорно подрачје, дијалозите им се на англиски. како на пример Immortel, кој јас го предложив, кој е француски филм, ама сепак говорниот јазик му е англиски.

    Во принцип, кога ќе предлагаш филм за наредната анкета гледај да избегнуваш холивудски филмови - а све друго од европска, азијска, јужноамериканска итн. кинематографија е у игра - без разлика на кој јазик е филмот. :)
     
    На boomsleng, kravce, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.