Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    @Bender Rodriguez фала на исцрпниот одговор.
    Бидејќи во последно време ги гледам шпанскиве филмови јас би ги предложила:
    1.Contratiempo доста е дискутиран на форумов,а и со оглед на тоа дека е мистерија мислам ќе има што да се збори http://www.imdb.com/title/tt4857264/?ref_=nv_sr_1
    2.Secuestro исто така шпанска мистерија http://www.imdb.com/title/tt4621630/?ref_=nv_sr_1
    3.At the end of the tunnel http://www.imdb.com/title/tt5133308/?ref_=nv_sr_2
    Барем еден да биде во анкетата не мора сите 3 секако,не сум само јас :D
     
    На boomsleng, kravce, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас прочитав што сте пишале за Side Effects и се одлучив да не го гледам :$ Искрено го имам симнато пред некоја година и така си остана :drunk: Еден ден, ама не денес :D
    За филмови од не-американско потекло, ете така нека биде :) мило ми е што ви се допадна идејата. Јас имам неколку на ум, да се одлучам за кој па ќе пишам :D
     
    На boomsleng, Ane-Goki1, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Толкав напредок, а.. као, уште цигари се пушат:envy::D Ghost in the shell е интересно филмче. (y)
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Тоа е зашто сите имаат вештачка плуќа, па немаат гајле. :D
     
    На boomsleng, Lady Phoenix и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Го изгледав филмов и навистина има за што да се дискутира.Фала на @zhap4e за предлогот.
    И јас го гласав,па решив да го изгледам.
    Додека го гледав филмов постојано бев во мисла што ќе се случи,ми делуваше збунувачки со тие вистински и лажни Итан и Софи и целата бев ??? :?:
    И така си заврши и филмот и јас пак си останав во прашалници цела.
    По кратко истражување и откако го вратив крајот донесов еден мој заклучок,што не мора да значи и дека е точен.
    Токму тоа е и доброто во филмот, што те остава во мисла и те тера да истражиш што точно се случило.
    Овој пат ќе бидам кратка па ќе дадам едно мое мислење за филмов.

    Откако ќе се дознае во почетокот на филмот дека Итан ја изневерил Софи и дека они се обидуваат да го спасат својот брак ќе бидат пратени на мирно место да го обноват својот живот.
    Кога ќе отидат во куќата ќе приметат дека таму има лажни Итан и Софи и кои ќе ја стават нивната доверба на тест.
    На Софи ќе почне да и се допаѓа лажниот Итан и начинот на кој тој се однесува со неа.
    Дури кога ќе се сретнат сите четворица лажната Софи и вистинскиот Итан ќе сфатат дека може да ги изгубат своите партнери.
    Лажната Софи ќе му каже дека тоа што всушност требало да биде е Софи да се заљуби во него,а не во лажниот Итан.И дека на тој начин би се извлекле.
    И всушност само двајца од нив можеле да излезат од таму.
    Поради тоа лажната Софи повеќе ќе преферира да остане во куќата со нејзиниот Итан,отколку тој да оди со Софи и затоа ќе направи план.
    Итан ќе и се извини на Софи и ќе ја замоли да остане со него,а лажниот Итан кога ќе разбере дека Софи не сака да оди со него,ќе се обиде да замине од куќата,но ќе падне.
    И така доаѓаме до крајот кој ми беше малце збунувачки но моето мислење е дека кога пред Итан се појавија двете Софии он ја одбра неговата.
    Мислам дека е неговата поради тоа што кога си заминаа дома таа ќе го бакне,а исто така и он кога ќе и спомне да му се оддолжи она ќе реши да му направи појадок.
    А клучниот момент е кога ќе ја праша што ќе спрема она ќе му рече на пример јајца и сланина.
    Тоа малце ќе не натера на размислување,но јас сепак сметам дека она е вистинската и дека ќе сака да му покаже дека се сменила и дека веќе не и смета фактот он што јаде сланина.
    И поради тоа сметам дека и они ќе бидат едни од тие парови што ги кажаа на почетокот што успеале да ја обноват својата врска.
    Додека пак има и уште едно објаснување дека може ја одбрал и лажната Софи затоа што таа му дозволуваше да јаде сланина,ама сепак јас сум секогаш на страна на попозитивниот заклучок :D
     
    Последна измена: 14 мај 2017
    На Bridget, boomsleng, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The One I Love

    @zhap4e, морам да признаам, интересен избор. :)

    The One I Love ја зема добро познатата премиса на оддалечувањето на двајца луѓе кои се во долгогодишна врска и нивните обиди да го вратат стариот жар во живот наместо едноставно да се разделат – со невообичаен plot twist.

    Магичниот шумски ресорт покренува повеќе прашања отколку што одговара, но се чини дека филмот не се замара да ни ги одговори.

    Во почетокот, мислев дека двојниците на Итан и Софи се всушност верзии на она што нивните партнери би сакале тие да бидат – барем ако судиме по двојникот на Итан – грижлив, забавен, романтичен, културен, уметничка душа, со навика за вежбање. Но, откако вистинскиот Итан ги открива крипи снимките во шупата за снимање, го слушаме гласот на нивниот психијатар како тренира двајца луѓе да бидат Итан и Софи – снимката почнува со тоа како тие изговараат „I’m Ethan“ и „I’m Sophie“ со други гласови, кои постепено се менуваат за на крај да звучат идентично со нив.

    Потоа, дознаваме дека двојниците на Итан и Софи не се резултат на нивната имагинација и замисла за совршен партнер, туку всушност двајца рандом луѓе, кои се заробени во куќата, бидејќи очигледно „магијата“ на куќата функционира така што претходниот пар го превзема идентитетот на гостинскиот, а гостите остануваат заробени во куќата. Најверојатно, додека не се појави наредниот пар чии идентитети тие ќе ги преземат.

    Што значи дека сите оние сведоштва на парови кои си ја спасиле врската се всушност сведоштва на парови кои украле нечии идентитети. А психијатарот е накако вмешан во тоа.

    Прашањето ми е – како функционира сето ова, т.е. во што се состои „терапијата“ за двојки? Дали се работи за фактот што новоиспратениот пар ќе биде заробен во куќата и ќе биде принуден да соработува меѓусебно за да го преземат идентитетот на наредната двојка и да се ослободат од куќата? Ама и дури откако ќе се ослободат, ќе бидат принудени да го живеат животот на двојката чии идентитети ги преземале. Како всушност луѓево успеваат да бидат (физички) идентични со новата двојка која го посетува одморалиштето? Зошто само двајца луѓе смеат да ја напуштат куќата? Која е улогата на психијатарот во сето ова, односно што добива тој од целава фрка?

    Ова се прашања кои спонтано му се наметнуваат на гледачот (или барем на мене :D), а за кои филмов не нуди никаков одговор, освен „It’s magical“ и некои други слични метафизички срања.

    Океј. Сфаќам дека поентата на филмот е сосема друга, ама тогаш немало потреба да ја комплицираат приказната со ствари кои се целосно бесполезни за основната идеја, а кои непотребно ја усложуваат приказната. Како на пример, сцената во која Итан открива дека психијатарот е позади све, моментите кога Итан-двојникот телефонира по луѓе за да се распрашува за детали од „сопственото“ минато, итн.

    Едноставно, сними филм во кој двојка со проблеми оди во магична куќа во која се појавуваат нивни двојници, идеализирани верзии од нивните партнери, и тие треба да одберат дали сакаат да си заминат со својот вистински партнер (со кој ќе се обидат да ги решат проблемите) или со неговата идеализирана верзија. Толку. The end. Нема потреба од други компликации, стварно.

    Во однос пак на самата приказна, ми сметаше следнава ствар – филмов се концентрира на неверството на Итан кое доведува до криза во врската, а се споменува и моментот кога тој повторно ја предава нејзината доверба – кога се преправа дека е сопствениот двојник со кого Софи има секс. Океј.

    Што е со нејзиното предавство на довербата? – таа има секс со двојникот на Итан неколку пати, иако и двајцата се договорија (откако открија дека постојат нивни двојници) дека нема да имаат секс со нив. Зошто ова не се споменува никаде, туку повторно и за ситуацијава е крив Итан? Освен тоа, за разлика од неа – која ужива во времето поминато со двојникот (што донекаде е и емоционално неверство, ваљда), Итан со двојничката на Софи или ќути или ја испрашува или генерално се понаша како серко.

    И патем, зошто Софи беше толку сигурна во тоа дека двојникот на Итан ја сака – дури и кога дозна дека таа му е практично единствен излез од заробеништвото во куќата? Не помисли ли дека можеби едноставно ѝ го кажува она што сака да го слушне, само за да избега од „магичната“ куќа?

    А успат, нејзиниот концепт за квалитетно поминато време со сопругот ми беше... не знам. Сериозно, која возрасна жена си игра со руски кукли, замислувајќи дека едната е манекенка, а другата несфатена дебељуца? Кога ја видов сценава бев у стилот, „Kill me now, please“.

    Последната сцена и нејзината двосмисленост ми се допаднаа. Постои можност дека Софи се сменила, секако, ама мене ми е подеднакво веројатна можноста дека Итан заминал со нејзината двојничка и у моментот со сланината го сфаќа тоа, али си вика „Fuck it, и така мојата права жена сакаше да ме остави за мојот двојник кој прави лоши копии на Дега, стомачни, игра икс-нула и со руски кукли и чија смисла за хумор таа ја обожава, без разлика што тој е забавен колку и венерична болест. Они двајца си се заслужуваат еден со друг, а ја заслужувам да доручкувам сланина и жена која нема секој ден да ми префрла за неверството од пред неколку години.“

    The end.

    Патем, секој нормален психијатар ќе им препорачаше да се разделат, бидејќи беше очигледно дека Софи ниту му простила на Итан, ниту некогаш ќе му прости или ќе прекине да му префрла – за неверството и за сите останати работи кои ѝ пречеа кај него. Проблемот беше што ниту еден од нив двајца не беше доволно силен да стави крај на врската која, од изгледот на нештата, била осудена на пропаст уште пред неверството на Итан. Just sayin’.

    Сѐ на сѐ, не беше лош филмов – особено ми беше кеиф што го видов Mark Duplass, еден од моите омилени ликови од The League –серија која верувам дека никој друг освен мене не ја гледал. :D За глумицата која ја толкуваше Софи немам некои посебни емоции, а Тед Данстон комотно можеше да го одглуми буквално било кој друг – толку му беше незначајна улогата.
     
    На ludoto19, simonka93, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Крајот на филмот е оставен да си го протолкува кој како сака, по мое. Оној кој го гледа и е со проблеми во бракот/врската на крај ќе си најде утеха во зависност од тоа дали е од оние кои прифаќаат дека бракот завршил, се помируваат со тоа дека нема што да се спасува па се наоѓа храброст да се најдат нови личности со кои подобро се сложуваш и едноставно остануваш со нив...или си од оние кои остануваат во име на се' поминато дотогаш со надеж дека работите пак ќе се вратат на старо.
    Ако си храбар за опција 1 ќе кажеш дека Софи остана со лажниот Итан, ако веруваш во опција 2 ќе кажеш дека вистинските Софи и Итан си се заедно на крај.
    Мене ми беше сеедно :D
     
    На Ane-Goki1, boomsleng, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Те, тАва на Бетменот да си му го кажеш. :envy: Како може да ти е сеедно?:P:D

    Не многу стандарден љубавен филм па, ок ми беше. Го најдов гуглајки: филм сличен на.... не ми ни текнува кој точно го пишав ко пример (почнав така да барам филмови оти пречесто веќе, туѓи предлози и критики ме разочаруваат. Вака, не читам ништо,само пуштам..и или сум скисната или ок филмче испаѓа. Чунќи,ништо не ме впечатлИло,што би рекле Булгарите, од кујзнае кога).
    Како актери.. ништо нарочито. Можда баш дека беа преобични и актерски и физички ми беа и ок. Изненадување ми беше делот со магичната куќа и интересен ми беше начинот на кој го имаа претставено она, физички уствари истиот човек би ти, ептем многу:D ама ете, пар ситници ко, косата како ја чешла,облеката што ја носи, начинот на кој се изразува, слободното време како си го троши ти мењаат многу,многу. И,нели е тоа стандард во бракот и воопшто во бидувањето предолго со една личност кога,не можеш нит со неа,не можеш нит без неа. Интересно беше што мажот не избра поразлична,иако сланинка секое утро е богами примамливо и каде-каде подобро од некое мрчало што ти збори за healthy food |( и те рани со просо:D и други јадења за птици и зајчиња.:D Ама,дали ако девојката од магичната соба беше друг лик ќе избереше да е со Софи,а,а,а,а,а,а,,а,а,? :rofl: Вака испаѓа, се таја му е:D Не му мења ништо,додека на Софи и требаше рефреш со другиот од мажот и'. А можда и благе везе нема ова. Затоа ваљда не ја мислев магичната куќа. По си мислев на други ствари:D:D Мене прва мисла на крајот ми беше дека тоа беше двојничката на Софи. Мада,не знам како успеа да се договори со Софи околу нејзината „љубАв“ --нели,не го даваше:^)?:D И то.
     
    На Ane-Goki1, boomsleng, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Од Европската кинематографија мој предлог се 2 грчки филма:

    1. Little England ( Можеби најпотресната љубовна приказна на филм )

    2. What If... ( Филм за шансите во животот, колку секое едно нешто води кон друго, и ако едното се промени каков поинаков тек дава на настаните што следат.. )
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Новата анкета е поставена.

    Од вкупно девет предложени филмови, се одлучив за шест, за да не се расплинуваат гласовите на повеќе филмови, а и пошто прв пат експериментираме со неанглиски филмови, па да видиме како ќе иде. :)

    Вака стојат работите; и двата предлози на @ludoto19 се во игра - Love и 3 Idiots, од @Ane-Goki1 се ставени Contratiempo и Al final del túnel и од @Jason123 e убацен Mikra Anglia.

    Гледав некако да бидат што позастапени различни земји и различни жанрови на филмови, за да има по нешто за сечиј вкус.

    Тоа е тоа.

    Баш ме интересира како ќе испадне работава. :D
     
    На Jason123, boomsleng, Ane-Goki1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Значи за Love, никако за малолетници :D Уште еднаш да потенцирам
    Од листата јас го гледав покрај моите 2 препораки Индијскиот и Францускиов
    Контратиемпо...
    Имам пишано во темата последен филм, да пишам и тука.
    Интересен е филмот, напнат, неочекуван крај и се типично шо си е за Шпанците.
    Добро филмче е, вреди да биде на листата :) Но 3 идиоти искрено ми е многу поинтересен.ептен убав филм.
    Патем интересна е листава.
    Можеше вака малце промена , неанглиско подрачје филмови :D
     
    На 1209, Bridget, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Интересно филмче (сама на себе сум си досадна со ова,ама...). :D Приказната ми беше интересна, со сите твистс енд турнс :) како беше снимено,кадрите... фино беше. На моменти,баш тоа кадрите,игрите со камерата,техниката... ме потсеќаа на оној, Будапест хотел филмот. Особено онаа сцена кога адвокатката стоеше во станот и го набљудуваше таткото во спротивната зграда,на прозорецот. Изненадувања еден куп имав..но, тоа што не ми се допадна беше финалната сцена. За такво копЕле што би рекле булгарето, кое ладнокрвно убило двајца - љубовницата и младичот, кој го прикрива тоа без око да му трепне, прави се' за да ја префрли вината на љубовницата, дечкото што го убива го прави крадач и што се не..и онаква експресија на крајот, со оние насолзени очички ко да глуми во Трес метрос.. како беше филмот? Не! Едноставно не. Очекував помоќна, каде каде експресија... поинаква емоција. Иначе (y)
     
    На Bender Rodriguez, kravce, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ццц... Само едно мислење за филмов. И после пак да барате странЦки филмови за гледање. А бе, за ќотек сте. :D

    Шала на страна, ја стварно немав време неделава да го изгледам, можеби нареднава недела ќе имам повеќе среќа. :)

    Кажувајте, сакате да му дадеме уште време на Contratiempo, планира ли некој друг да го гледа деновиве или да ставам нова анкета?
     
    На kravce, Lady Phoenix, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez, нова анкета. Мислам дека никој нема да гледа :D и коментира. Не сме за странЦки филмови. :D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас гласав за друг :emo: не ми се допадна нешто овој, а и неделава воопшто немав време ниту претходниот да го гледам ниту овој да го коментирам. А сакав The Wave/Die Welle да го предложам :?:
     
    На boomsleng, zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ај вака, да ја вратиме темава у правец. :D

    Пишете нови предлози за наредната анкета - нешто што веќе сте гледале и ви се коментира или нешто што ви се гледа - да присобереме филмови, па ќе ја поставам новата анкета.

    @kravce веќе дала предлог, еве од мене Т2 Trainspotting и Life - скоро излегоа на асална снимка.

    Кажувајте предлози, па да гласаме. :)
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Јас и го предложив Contratiempo и го гласав и ми се допадна многу особено крајот,ама некако не ми се коментираше.
    Штотуку го изгледав The Loft па ако не го имало тој е мој предлог.
    Се надевам ќе имам поголема желба за коментирање на наредниот филм :D
     
    На Lady Phoenix, kravce, Elen4e_sonce и 2 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Скоро баш го гледав Т2:)
    Колку да ја пополниме анкетата еве, A Cure for Wellness. И тој го гледав вчера,, ^_^ сосе 7 епизоди од The Handmaiden's Tale. :|
    Eден цел ден, после напорен месец, имаш да бираш што да правиш и од 8 до вечер... гледаш филмови. Болесник.
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Новата, скромна анкета е поставена, со цел да не губиме премногу време у прибирање предлози. Од наредната недела, здравје, се надевам поише избор. :)

    @Ane-Goki1, претпоставив дека мислеше на холивудската верзија на The Loft, a не на оригиналната? Ако не, пиши, ќе корегираме. Ја го гледав холандскиов пред поише време, ми се свиѓаше. :)

    Ајде, распишете ги пенкалцата и трк на гласање! :D :~:
     
    На boomsleng, kravce, do-re-mi и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Да да на таа мислев,не знаев дека има друга.Ама ќе се изгледа и другата ако ја најдам
     
    На zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.