Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Го гледав Life.

    Значи може да се банира членот што го предложил филмот.

    Вонземјанска интелегентна крпа иде наоколу во вселенски брод и убива луѓе еден по еден за на крај да ги заебе сите и да се насели на планетата и ако има втор дел да убива низ цела планета.
    Филмов е :rofl::sun:

    Шала на страна беше интересен филмов , плус секогаш е навивам вонземјаните да тепаат и тука баш тепаа.
     
    На Nigredo Odor, kravce, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Peco

    Peco Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    5.346
    Допаѓања:
    173.880
    Пол:
    Машки
    И јас го гледав филмов и можам да кажам дека беше досаден 10/10 :D
     
    На kravce, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Тамам гужва се створи на темава, луѓе решија да ѕирнат, пишат збор-два ииииии... се усрамивме со филмов, испаѓа. :doh: :D:D

    Така досадно почна што, тешко ми беше да се концентрирам. Цело тоа време се мислев, што да коментирам за ова, аман и оп, се умота околу раката,малку крц и уште малку крц..., почна да менува бои човекот и се исповозбудив.:D Вратив да видам што сум пропуштила од филмот се' до тој момент и... ништо. Како ги кокна (од кога го немав сретнато зборов, некој пост случката со Тодоров го имаше пишано по фб па сега нон-стоп го употребувам,дур не ми мине меракот,нели):rofl: сите за експресно време:whew: и ко што рече Јипи, ги зезна сите. За теоријата дека некое такво марсовче едино егзистира на Марс..очекувам Бендер:D да се произнесе:D:D Јас, скроз го исклучив мозокот и мислев на тоа кој следно ќе го кокне:D Очекував такво нешто на крајот, ама не со Jake G. во капсулата, туку со Миранда и некое бејби Martian :inlove::D Ме зезнаа малку.
    Интересна беше сцената со Миранда додека вриска во усвитената капсула дур заминува во вечноста - длабоката вселена. Најс тач беше и кога:D марсовецов/-ката(?) му го отвори...како се вика тоа делче?:$ од кацигата? (немам поима од опрема,ау:doh:)
    Во право беше Јипи - што име е Life, Death требаше да е. :rofl: И Џорџ Мартин (Game of Thrones) има повеќе милост од овие.:envy:
     
    На kravce, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Life

    Не знаев што да очекувам од филмов, особено кога ја видов релативно ниската оцена на IMDB, ама откако го изгледав, би рекол дека заслужува да има најмалку седмица пред децималата. Како и да е...

    Филмов ми се допадна - ваљда затоа што не очекував којзнае што - што не значи дека е без свои маани. Ми се свиѓаше приказната (стара идеја со нов twist), актерската екипа беше солидна, концепцијата за марсовецот Калвин (барем во првиот дел од филмот :D), брзото и динамично темпо, како и тоа што филмов траеше само саат и пол - нешто што во денешно време е права реткост. А генерално, ми се свиѓаат филмови кои можат да ја раскажат својата приказна, без да не’ удават 2 и пол саати.

    Е сега, за стварите кои ми засметаа... :D

    Мислам дека главната маана на Life е што имаше криза на идентитетот и, се чини, и самиот не знаеше каков сај-фај филм сака да биде - со научна основа, трилер или хорор. И токму поради оваа причина, затоа што рипаше од еден поджанр во друг, на крај не успеа да биде убедлив во ниту еден од нив. Почна како филм со научна премиса, потоа премина во трилер, за на крај да рече „Заеби све што гледавте до сеа!“ и да стане full blown space horror/survival.

    Мене ми се допадна идејата за прости животни форми во хибернација на Марс, а ми се свиѓаше и замислата за сложен облик на живот кој може да се создаде од само една клетка. Интересна ми беше идејата за shape-shifting alien, кој ја контролира секоја клетка во своето тело и поприма каков облик сака.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Од друга страна, идејата дека секоја клетка може да биде и неврон и мускул и око и уво... беше по малце |( :shake:.

    Постои причина зошто кај сложени организми имаме диференцијација на клетките - затоа што тоа е најефикасната и „најефтината“ распределба на ресурсите и енергијата која ја прима организмот. А еволуцијата е како внимателен и штедлив сметководител. Ако секоја клетка може да прави се’, тоа би значело дека секоја клетка би била потенцијален потрошувач на огромни количества енергија - и тоа неоправдано - што директно се коси со енергетската ефикасност на живиот свет.

    Тоа е исто како наместо да гледате филмови само на телевизор или компјутер, да ја направите секоја површина во куќата да има способност за проектирање на слика - ѕидовите, подот, плафонот, прозорите, вратите и масите - замислете колку сето тоа би коштало и колку би било тешко да се проектира и изведе, а у суштина, никаква придобивка не би имале од целиов потфат.

    Е така е и со Калвин.

    Друго, моментот кога Калвин егзистираше во вакуумот и температурите од апсолутна нула во вселената, не неколку секнуди, туку со саати. Едно е да преживеал во едноклеточен облик и во хибернација на Марс (кој патем, има слаба атмосфера), а нешто сосема друго (и нелогично) е да живее како развиен, сложен организам во вселената.

    Трето, муабетот дека Калвин не смее никако да влезе во Земјината атмосфера, дури и кога е на надворешниот дел од леталото. Затоа што би можел да преживее. Да расчистиме една работа - при контакт на сондите и леталата од вселената кои влегуваат во Земјината атмосфера се развиваат температури од 3000 и повеќе степени; нешто што ниту еден жив организам (па ако сака и од Марс нека е :D) не би можел да го преживее.

    Затоа и ме зачуди одлуката наместо да влезат во атмосферата и да направат скара од Калвин, да ја испратат сондата со Гиленхал некаде у вселената. Зашто некаде, во deep space, наместо, на пример, директно во Сонцето?

    Али, во овој момент филмов више се откажал од било каква допирна точка со науката и со здравиот разиум и веќе беше длабоко навлезен во „Осми патник“ зоната. :D

    И четврто (ветувам, не мрчам повеќе :D), како од shape-shifting ванземаљац, кој може да поприми било каков облик, на кој секој дел од телото му беше око, уво, рака и сл., и кој изгледаше вака (што би рекол @Yipman2, ко крпа :D):
    [​IMG]
    дојдовме до класичен, стереотипен ванземаљац, со глава, очи, нос, уста и заби:
    [​IMG]
    Овој вонземјанин е толку спротивен на основната идеја која ја презентираше Life, што изгледа како да дошол од некој скроз друг филм.

    Но, и покрај се’, Life не е ниту лош, ниту досаден филм - напротив. Ама, за жал, не е ни претерано добар. :)
     
    На Yipman2, Lady Phoenix, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    На zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Кога го прочитав Јипи вчера пред спиење си реков што беља ме снајде, којзнае што сра*е е филмов :D Ретко гледам трејлери од филмови, обично читам само за што се работи, па така и за овој, па не знаев што точно ме чека. Ама :!: ми се допадна. Уште да ги средам мисливе, да се сетам што да пишам :D
    А Калвин беше толку кјут кога беше мал, како некоја вонземјанска пеперутка. Не ми беше јасно како растеше. Дали со поголема изложеност на воздух? Затоа што од Хју не видов да се храни, освен што му ја скрши раката. И со останатите, освен што ги убиваше не забележав да се храни со нив. Ме интересира како стана толку огромен на крај или нешто пропуштив. Да, се хранеше од ногата на Хју, и го изеде глушецот, ама само тоа? Патем зошто Хју по ѓаволите не кажа дека суштество му ја јаде ногата додека си седеше таму? (facepalm) Со оглед на малкуто храна што ја имаше во вселената во сразмер со неговата големина, се прашувам колкаво би станало на планетава :D И од каде главата и устата? Ах ние луѓето, ги уништуваме и вселенските суштества. Му даваш малку воздух почнува да расте, му даваш малку крв, почнува да добива и форма :D
    Од аспект на хорор филм, беше интересен и забавен. Од аспект на наука, премногу прашања неодговорени. И не требаше Рајанчо толку рано да го умрат. И звукот кога суштествово лазеше по Шо пред да умре, на слушалки е ептен крипи.
    Доста беа хорори за оваа година, следечи филм нешто лабаво :D
     
    На Yipman2, boomsleng, Ane-Goki1 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Мислам дека делот кога Калвин ја скрши онаа игличката (направијата), како и да се вика, со која го пецкаше... и така фино ја намести на нараквицата за да ја продупчи, баш ко мало некое човечуле...е, тоа беше моментот кога престанав да мислам на наука. :D И јас тоа се прашував за хранењето. Мене па и не ми беше баш јасно дали се храни од нив или не. Толку многу крв... Различно беше од она со глушецот. Глушецот буквално го исуши во една секунда. Со овие некако.... Пак и крвта ко да го привлекуваше во еден момент, кога се запна по капките... Иначе, и мене ми се виде интересна идејата дека такво некое суштество би ги издржало условите на марс. Се' друго ми беше... Не ми беше јасно и оти тоа интелегентно суштество го поштеди само Џејк:D оти беше интелиџент ли, знаеше дека некој треба да ја управува капсулата ли што:D Шо знам. Хју иначе си го сакаше Калвин. Ко домашен љубимец му беше и затоа и не кажа дека Калвин му ја гмечи ногата (и што беше таа потреба на Калвин да гмечи по што некако поголем стануваше8-|? оти тој муабет на Хју, дека Калвин не ги мрази, само едноставно мора да преживее8-|????? м?)
    И... Калвин му ја гмечи ногата, он го гали. Ко татко некако, кој разбира дека синот му е жива злоба ама, ете... тој му е татко. Изгмечи ми сине. Разбирам дека мораш. Не можеш поинаку.;(
     
    На Yipman2, boomsleng, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Читајќи ги коментарите тука скептична бев за филмот, особено па кога прочитав дека е со марсовци :D
    Воопшто не сум љубител на филмови со марсовци,зомби,вештерки... некако вештачки ми се.
    Ама филмов воопшто не беше каков што мислев,баш напротив воглавно ми се допадна.
    Почетокот на филмот,малце ми беше досаден,ама ај реков да му дадам шанса.
    Нивната возбуда за тоа што требаше да биде марсовче,се префрли на мене и едвај чекав да го видам.
    Ми се допадна моментот со неговата радозналост, кога се доближуваше до прстот , преслатко ми делуваше.
    Е веќе кога почна да расте очекував дека на крајот ќе личи на нешто слично на ова
    images.jpg
    Арно ама од моите очекувања ништо,повеќе ми личеше на некој вид на мутиран октопод,него на марсовец :D Тоа малце ме разочара,ама откако видов дека како жанр е хорор, јасно ми беше.
    Кога почнаа со будење и кога тоа суштество стана прилично силно и му ја скрши раката на Хју,никој не влезе да си го спаси колегата :x
    Глувчето не сфатив што улога имаше,ама ми беше преслатко,иако не сакам глувци и ми беше жал кога го уби :(
    Веќе 2часа се мислам што друго да пишам :D
    И еве @zhap4e ме претрка за тоа со крвта,баш читав дека крвта го привлекувала Калвин за да оди по наредната жртва.
    И да и јас на тоа помислив дека Хју не сакаше да каже дека му ја јаде ногата и тоа беше повеќе од очигледно,затоа што тој сепак си го сакаше тоа мало интелигентно суштество.
    Врвот ми беше кога Миранда ќе му рече на Дејвид ми е ладно,а он ќе почне да си збори за што му читал татко му :rofl:Тоа не им требаше според мене :D
    Од што се хранеше Калвин ни јас не разбрав дали малце од воздух,малце од ногата на Хју,дали од крвта нивна :?:
    Воглавно ми се допадна,а и според крајот сигурно ќе има уште некој дел.
    Од мене има 7/10
     
    На boomsleng, kravce, Lady Phoenix и 2 други им се допаѓа ова.
  9. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Јас се решив да не го гледам сега за сега. Ми беше на листа на гледање откако го видов трејлерот, ама после прочитан дел од коментариве, и фактот дека нема баш квалитетна снимка, или е со корејски титлови, или треба онлајн да го гледам, а не сакам, се откажувам :D

    Би требало да ви се придружам за наредниот, таман и повеќе време ќе имам.
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    :rofl: Луд научник. А Рајан умре за да го спаси него. Ц ц ц :rofl:
     
    На Yipman2, Ane-Goki1, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Да знаеше... се прашувам, дали тогаш ќе умреше за него? Убаво ме потсети. ]:):rofl:
     
    На Yipman2, Lady Phoenix, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Мене ми беше мерачки како Келвин ги :rofl: кокна:rofl: симпатиите на членките.

    Сега кога е следно гласање и бирање на филм?
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix, Peco и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Предлог



    Го немам гледано. Во план ми е.
    Барав филм сличен на Mr. Nobody 8-|
     
    На Yipman2, Ane-Goki1, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Да прибереме уште некој предлог денес-утре, па ќе ставам нова анкета. :)
     
    На Yipman2, zhap4e и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  15. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Какви филмови може, било какви ? , стари , или само што се искочени оваа година..

    Ако се оваа година би предложил Boss Baby

    Ако може и стари би предложил Bunraku
     
    На Lady Phoenix, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    @Ane-Goki1, мислам дека јас го предлагав Butterfly on a Wheel пред поише време, ама не беше избран. @Yipman2, може каков сакаш филм да предложиш, не мора да е од оваа година.

    Патем, новата анкета е поставена. :)
     
    На zhap4e и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  18. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Си гласав во новата анкета за A Cure for Wellness,
    и како и секогаш со каснење, за Life морам да си кажам моја интерпретација на сцената со Калвин и ноџето на Хју. Мене во ниеден момент паметот не ми отиде натаму дека Хју знаеше дека овој му е обвиткан околу нога па го крие и не кажува... Хју беше хендикепиран, јасно беше прикажано тоа, не си ги чувствуваше нозете, и не знаеше дека Калвин е всушност `таму`. Кога му го расекоа оделото и тој имаше изненаден израз, колку што може човек на умирање да го има.
    Толку.
    Морав да пишам тоа што сметам дека е грешно протолкувано. :D
    И се надевам дека филмот за кој што гласав ќе победи. (fingers)
     
    На Bender Rodriguez и kravce им се допаѓа ова.
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Јас мислам дека Хју знаеше, зашто во една сцена си ја пипкаше ногата и тоа беше некако нагласено, во фокус.
    Гласав за The loft, гледам секаде го спомнувате, да ѕирнам што филм е.
     
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Плус, момент претходно, Хjу беше целиот исплашен оти ко да му се причини нешто ..чу/виде низ тоа ходникот. Потоа само го покажаа со фаца ко дух да видел.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.