Аиии, Spy ли? Еве еден глас од Пустец од мене, за дискусија не го памтам во детали оти пред 2 години го гледав, ама како прејака комедија ми е останат во сеќавање @Yipman2, имаш среќа што ти го видов во најнови мислења она во 40ка па оти е од тебе ја отворив темата да видам Каде си и во ФМЌ да агитираш?
Дискреција 1. Чување доверени тајни, доверливост, сигурност. Добро бе , нели научивте од минатите избори или било какви избори во Македонија, треба лагано да дојдете , да гласате, сами сте одлучиле , случајно сте ја виделе анкетава , а не ЈИПМАН МЕ ПРАТИ ДА ГЛАСАМ ЗА ТОЈ И ТОЈ ФИЛМ..... Вака......мислам доаѓа таму специјално Бендер да ме лајкува во 40ка , се чуствувам сега незгодно , како жената да ме фатила во кревет со швалерката.... @Someonespecial има уште 5 дена гласање, да видам како ќе поминам во 40ка со пензионе.....гхгмхг....... луѓето таму , ама гледам све разочарувања , кој на слепо гласа , кој уште ги памти моите кампањи против нив, кој не ни знае зашто е тука .... слабо некако....
Џизс крајс @Yipman2 животот на форумот ти помина во избори и улизување за истите Дали тоа Spy е со Џејсон Требаше на време да кажеш дамн
Тоа е , омразата кон мене те заслепи да видиш дека згоден глумец како Џејсон глуми во еден прекрасен филм кој го предложи Јипи. .... наместо да закопаме ратни секири ти вака ми правиш
Разочаран сум од излезеноста ,ама задоволен од резултатите , уште 4 дена, издржи Македонијо.... Очекував повеќе народ да искочи.....
Филмот за коментирање оваа недела е Spy. Честитки, успеавте да го одберете можеби најлошиот филм за оваа тема, затоа што е комедија и не знам што од содржината би се коментирало уствари. Само да ве потсетам, како модератор знам кои се тие 13-мина кои гласале за него, а за сите кои гласале а нема да коментираат, ќе следува перманентен бан од форумов. #достабешеПустец Спојлер Се шалам, секако. Ќе добиете само бан од темава. Спојлер Неее, не ве банирам, само сакам да ве мотивирам да учествувате поактивно.
Зoштo лoш филм, бaш се нaсмеaв пoштенo нa некoлку нaврaти Мaлку лaјт фaлa Бoгу. Oд скoрo пoчнaв еднa леснa кoмичнa серијa зa релaкс дa гледaм, Мaјк енд Мoли, пa се изненaдив кoгa јa видoв aктеркaтa вo филмoв. Мислев спoреднa улoгa ќе е aмa oнa глaвнa ѕверкa, и тoa дoбрa aкo смеaм дa кaжaм Џејсoн Стaтмaн (пoсебнo) и Мелисa ми беa стрaшнo симпaтични, Џaд Лoу не тoлку. Зa филмoт нештo пoдетaлнo немa дa кaжaм, тoчнo декa немa штo мнoгу дa се кoментирa нo вo име нa рaспустoв летен некa имa и вaкви филмoви. Верувaм вo вaшaтa спoсoбнoст зa aнaлизирaње детaлнo пa не се сoмневaм декa ќе имa дискусијa, кoлку-тoлку. Oд мене сaмo вoведoт, ете, кoлку дa не ме бaнирaaт oти глaсaв зa негo.
Го имам и јас изгледано филмов,ама не памтам ни еден детал А како и би памтела кога имам изгледано милион филмови,а да го гледам пак нема да имам време. Ама му имам дадено добра 9ка значи интересен бил,со оглед на тоа што јас не сакам акција филм,значи бил доста добар. Така да кој не го гледал го препорачувам И се надевам дека темава ќе се активира и дека ќе почнат да коментираат и гласачите од Пустец
Озбилно прашање: Стварно гледате кој како гласал кога гласањето е анонимно? За други теми ме интересира.
Не. Спојлер Не, у смисла, не ти кажувам. Спојлер Ама озбилно, не, не можеме. Глеј сеа што направи, ми пропадна заканата.
Јас го гледав филмов поодамна, забавен беше. Не би знаела што да искоментирам, со оглед на тоа што имам слаба меморија, а и не гласав за него Типична акција со комични елементи. Џејсон е срцка. Извинете за опширниот ревју, не знам што да пишам, а сакам да ме има
Прво и основно , да го пофалам членот што го избрал овој филм , преубав беше, 8ца како на факултет, секоја чест , мислам дека почесто членот треба да дава предлози и да не биде баниран во блиска иднина....*cough* *cough* Како и да е, филмов на почеток кога ќе видиш , ќе си речеш , ех обична комедија , ништо страшно. Но..... но кога ќе го погледнеш вистински , ќе видиш дека има големо длабоко значење. Сузан во овој филм има 3 непријатели и се бори против нив цел филм. Првиот е стереотипот дека пуничките луѓе се само за да се те смеат , дека за ништо не ги бива и дека треба да ги шутнеш настрана... Вториот непријател е себе си, мислејќи дека не е доволна за другите , немајќи свое јас , немајќи цел , депресија , тага ..... И третиот непријател е всушност вистинските непријатели што имаат нуклеарка и сакаат да ја продадат на црниот пазар се разбира. Филмот започнува со една млада 40год дама , која цел живот е третирана поразлично , само поради нејзиниот физички изглед, сака да се избори да биде почитувана , сакана , и вреднувана , како што секое женско би сакало. Досадниот и едноставен живот на Сузан , му доаѓа крај кога нејзината симпатија ќе биде убиен пред нејзини очи. Тогаш решава да одмазди во името на својата симпатија , да превземе контрола и да ја спречи лошата и згодна бугарка која и го убила. Тука настапува најдобриот глумец Јасон , кој ја освојува публиката само со првата реченица "how the FUCK did this twat get our names" следејќи ги со други сочни пцовки и навреди. Тој како и сите други се сомнева во нашата Сузан,ја исмејува дека не е способна за ваква работа, но што прави Сузан? , не дозволува такви работи да дојдат до нејзе , решава да иде до крај и да ја заврши мисијата. Но тука не застануваат нејзините проблеми , секакви пречки по пат , лошо маало , скапан хотел , соби полни со пијандури и дрогираши, Џејсон кој постојано и кења за све и сешто , но дали тоа нејзе ја спречува.... секако дека не..... Бидејќи љубовта кон симпатијата ја држи да продолжи напред. И така после саат време конечно се решава да стане вистинска жена , веќе не беше таа што примаше срања од сите , сега беше Секси Сузана Купер... агент на ЦИА.... Возење авион , мотори , кунг фу мастер , нож мастер , .... се прашувам , каде замина таа мила Сузана...каде?? .... која е оваа нова жена што ја гледам пред мене? Филмот се сврте за 180 степени , од спор и пријатен тон , се качи на брзо и возбудливо , па агентот двоен, не троен , па кој е лош , кој добар , што? , како? , зашто? И на крај Сузана ги победи сите стереотипи , ја врати самодовербата , го изгради своето јас ,стана вистинска агентка , доби пофалби од сите , спиеше со Џејсон Статхам. 2 прекрасни саата , во кој уживав , браво уште еднаш за Сузана , и за членот кој го предложи ова.
Wow Јипи, колку длабока и симпатична анализа Сега баш таман се потсетив зошто толку ми се допадна филмчево Да се придружам и надоврзам за да не ме банира Бендер (се зезам, и ве зеза колегава дека ги гледаме гласовите во анкетите, сѐ е потранспарентно и од на избори ) Anyway, Spy пред сѐ би го дефинирала како многу успешна и прејака пародија на акционите филмови како оние со Џејмс Бонд и моделот на типични ликови во истите, баш најмногу со рушење на стереотипите за исклучиво згодни женски ликови преку ликот на Сузан. Ептен ми се допадна глумата на Мелиса, Сузан ми беше ептен likeable, урнебесно симпатична, онака да се смееш на глас и да навиваш за неа Мене и Џад Лоу ми беше интересен, сценава ми е останата во паметење Хуморот во целост ми беше ептен на ниво, интелигентен и досетлив.