Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Бреееј, ама сте се исплашиле од моите (празни) закани. :D

    Ама сериозно сеа, морам да ви честитам на сите за креативноста на коментарите за вака навидум обична комедија, а осовено на @Yipman2, кој го обели образот на овонеделниот избор. :)

    Spy ми е гледан пред поише од година дена, па деталите не ми се најсвежи во главата. Се сеќавам дека беше комедија, филм кој као требаше да се бори против стереотипите за дебелите (крупните?, елегантно пополнетите? - не знам кој е политички коректниот поим :D) жени, и тоа, парадоксално, со помош на стереотипите на Холивуд за истите тие жени.

    Нешто како Inception, само со стереотипи - стереотип во стереотип. :D

    Имено, во Холивуд имаме два типа на актери - оние кои изгледаат како манекенки и фотомодели за долен веш и оние кои изгледаат како потенцијални учесници на емисии како The Biggest Loser. Во реалноста, најчести се луѓето кои имаат можеби неколку кила вишок, ама во магичниот свет на Холивуд - имаме само екстреми. Или луѓе кои изгледаат како грчки божества, или луѓе со 20 кила вишок - чија цела кариера и секоја можна улога е базирана на овој факт.

    Освен тоа, тука се и другите стереотипи - дека секој кој е „дебел“ е самосвесен, несигурен и ископлексиран поради својот изглед (затоа што човек не може да има некое кило вишок и да се прифати себеси и да биде нормална и здрава личност, нели), дека дебелите се смотаници, со две леви раце и нозе, како и дека секој успех до кој ќе дојдат на филмското платно е резултат или на ќорава среќа, или на случајност, или произлегол од некоја комична ситуација (затоа што дебелите луѓе не можат да имаат никакви вештини). Освен тоа, луѓето кои ги привлекуваат елегантно пополнети особи се без исклучок манијаци и забегани фетишисти (зашто кој нормален би сакал да има секс со „тоа“?).

    Олицетворение на сите овие стереотипи во филмов е Мелиса Мекарти, глумица која ми е ужасно антипатична. Не затоа што е дебела, да се разбереме, него едноставно ми е иритатна како појава. :D

    И покрај сето ова, Spy многумина го доживуваат како филм за афирмација на крупните луѓе. Зошто, тоа ми е мистерија.

    Покрај неа, во филмов ги имаме и Џад Ло, кој до сега ми има оставено впечаток на ептен сестран актер - мислам дека би се снашол подеднакво добро и во театарска монодрама, и во ваква неинспиративна улога како во филмов.

    И на крај, тука е Џејсон Статам, кој во филмов е во поинакво светло од она на кое сме навикнати да го гледаме - љут, напнат, гласен, бучен и надркан и - одлично му стои.

    Покрај тоа што изгледа како да може да ве скрши како круто гранче врз колено, и покрај тоа што има фаца како некој кој би го сретнале на концерт на Аца Лукас (во публиката или како избацивач, сеедно), Џејсон уствари е многу харизматичен и всушност, одличен глумец.

    Можеби ќе ве шокира ова, ама пред да промумлува по три реченици по филм и да крши кичми, Џејсон ги имаше своите први и, според мене, најдобри улоги во филмовите на Гај Ричи - како Lock, Stock and Two Smoking Barrels, Snatch и Revolver - кои, ако не сте ги гледале, ви препорачувам да прекинете со читање на мислењево и веднаш да ги симнете.

    Со улогата во филмов ме потсети на тие негови стари, добри денови, кога уствари глумеше, а не тепаше.

    Се’ на се’, добрата актерска екипа и хемијата меѓу актерите успеваат да го издигнат Spy на едно повисоко ниво во однос на морето типични холивудски #хехе комедии, кои после едно гледање веднаш се претопуваат со сите други кои сте ги гледале.
     
    На Yipman2, tace73, 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  2. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    @Yipman2 колку време овој џиновски пост го чуваше низ папките во лаптоп?
    :wasntme:

    Џоа дипломиски труд си спремил :lol:

    Комедијава ја имам изгледано одамна, па пошто ми е како низ магла ќе се воздржам од реферати... Само знам дека дефинитивно не сме ја гледале со исти очи со Јипи
    :lol:
     
    На Yipman2, zhap4e, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Филмов сум го гледала одамна, паметам дека беше смешен ама на некое пософистицирано ниво, за разлика од многуте Холивуд комедии.

    Погрешна е пораката дека е океј да си дебел. Имам впечаток дека во филмов пораката е: Нема врска што си дебел, прифати се себеси дека имаш 50 кила плус, зошто да се мачиш да ослабнеш? :^)

    Ете, имало уште некој кој ги памети почетоците на Статон, кај што тој збори на неодоливо секси Британски јазик.
    @Bender Rodriguez според мене Lock, Stock and Two Smoking Barrels е најдобриот филм од својот жанр. Неповторливо комичен и фантастична приказна со крај за кој не можам да најдам соодветен збор за да го опишам. Нејсе, кој го гледал филмов - знае за што зборам. :D


    П.С. Се заборавив со придавкиве, ко реклама сум, а ништо не продавам. (facepalm)
     
    На tace73, kravce, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Го имавме ли Collateral Beauty во анкета? Ако не...да го ставиме во следната? :smirk:

     
    На kravce, sweet-cherry, simonka93 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    ^ Мене не ми се допадна нешто особено :tmi: јас би повеќе Their finest
     
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Дали е време за нова анкета? Мислам дека да. :)

    Убацени се Collateral Beauty и Their Finest по предлог на @zhap4e и @kravce, а оваа недела отпаднаа The Wave и Hardcore Henry.

    3, 2, 1... Акција! :~:

    П.С. Да видиме дали и оваа недела на гласање ќе се појават пензионерите, дијаспората и Пустец. :D
     
    На Yipman2, boomsleng, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Кај сте, тајбрејкери?

    @Bridget? Anyone? :D
     
    На boomsleng, Bridget, Ane-Goki1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez затварај анкета por favor да се израдувам :D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    :D Ајде. Го заборавив јас веќе филмот. Само на песнава се сеќавам и на танцот. :D
    Sweet-cherry, го гледаше ли до сега или?:D


    edit: Охо, си играат со нас. :D
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Го почнав ама се осеќав ко да ве cheat-нувам во темава и го прекинав :rofl: Не ми е арно, знам :wasntme:
     
    На Ane-Goki1, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  11. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Ако се затвара сега анкетата да го дадам завршниот глас :D:?:
    Ги изгледав и јас повеќето од филмовите од листата,па ако имам време ќе го коментирам тој што ќе се изгласа.
     
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ете. :)
     
    На sweet-cherry и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Ајде да прокоментирам прва :D

    Прво да кажам многу ме потсеќаше на филмот Stonehearst Asylum, начинот на кој се одвиваше дејството, приказната, едноставно vibe-от што го даваше филмот. И искрено јас си сакам вакви филмови, со plot твистови, со мистерии, со по некој хорор вајб, и едвај чекаш да откриеш што ќе се случи понатаму. А читав дека многумина ги потсеќа на Shutter Island, и тој филм би го ставила во оваа категорија.

    Инаку музикава damn колку е крипи, ептен одговара на сторијата. И сцената кога беше на забараското столче Локхарт лелееее језивооо, посебно ако имате страв од забари :D Volmer инаку предобро ми глумеше германски доктор, ептен погоден за улогата. Исто и глумецот што го глумеше Локхарт, го знам претходно од Chronicle, совршен е за трилери. И ми се допадна сценографијата многу, замокот од надвор е преубав!
    [​IMG]

    Гледам на имдб има рејтинг 6.5/10. Слабо некако, јас најмалце 8 би му дала. Не знам, можеби зашто споро се одвиваше приказната, a филмот трае долго. Чуден е филмов реално, не е за секого.

    А да и заприметив еден интересен детал, кога е во сензорна депривација Локхарт, тој докторот што го чуваше, читаше книга од Томас Ман која е за млад дечко кој ќе оди во еден санаториум на Алпите да посети некого, ама го убедуваат дека е болен и останува таму. Веројатно филмов е базиран на книгата.

    Имав некои нејасни моменти. Зошто саатот престана да му работи? И што беше со сцената кога мајка му умира?

    И да предупредам ако немате силен желудник, некој сцени се претешки за гледање. Ќе повратев таму при крајот кога му пикна црево во устата.

    Али се на се, солидно филмче, језда крајот беше too much за мене.
     
    На Yipman2, kravce, Ane-Goki1 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Луѓе, што се случува со темава?

    Ај, ја стварно немам време периодов да сврзам 2 саати за да изгледам филм, ама на вас кој ви е изговорот? :D

    Кажувајте брзо - нова анкета или да почекаме уште некој коментар за филмов?
     
    На zhap4e, Ane-Goki1, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Летни одмори :D Јас имав малку време претходниве денови сакав да го симнам, ама видов дека е многу долг, а не можев толку време да одвојам и го оставив :wasntme: Темава подобро ќе функционира зимно време :D
     
    На boomsleng, zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.368
    Пол:
    Женски
    Срам да ви е :!:

    :D

    Ама озбилно добро филмче пропуштате.
     
    На boomsleng, zhap4e, Ane-Goki1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Нека стои тогаш A Cure for Wellness уште некое време, да му дадеме шанса на уште некој да го изгледа и да го прокоментира.

    Да не ја разочаруваме @sweet-cherry. :D
     
    На kravce, boomsleng, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  18. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Еве и ја се приклучувам на клубот со некој збор за филмов :hai:
    Лично мене не ми се допадна. Филмот ми беше како поделен во два дела ама неповрзани.
    Почна добро и во една насока, пореалистична, со подлабока смисла (барем јас добив впечаток дека оди во таа насока) нешто слично на приказната во книгата „Калуѓерот кој го продаде своето ферари“ за на крај да премине во една за мене бесмислена и без поента готска приказна :|
    Ми сметаше и тоа што беше непотребно долг.
    И да, и мене многу ме потсеќаше на Shutter Island, на почеток барем.
    Немам повеќе зборови за филмов :)
     
    На kravce, boomsleng, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ви се приклучам кога ќе заврши пеколов...есенва. :D Филмот го гледав пред повеќе од месец ама, ич не ми се пишува коментар.
    @sweet-cherry, гледај го оној што го предложив пред некое време ама реков не е за групава... Stay.
     
    На boomsleng, kravce, sweet-cherry и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Жешко време, летни одмори, немање желба за гледање филмови, но повеќе би рекол многу напор и потење за пишување на рецензија:D е една од главните причини за мало пасивизирање на темава
    Да предложам неколку филмови за гледање наредниов период, мојот избор во случајов отпадна на италијанската кинематографија и мојот омилен маестрален режисер Џузепе Торнаторе, пред извесно време на телевизија го гледав филмот Baaria (2009) кој многу ми се допадна, филм карактеристичен и препознатлив во стилот на Торнаторе, има доста примеси, елементи од Малена но секако си е свој оригинален, со приказна која е автентична, прекрасен филм, приказна, музика, кинематографија, актерска изведба, филм во кој се ужива со сите сетила, вистинско кинематографско - музичко ремек дело какво само можат да создадат врвни мајстори во својата област тандемот - Торнаторе и маестро Енио Мориконе.
    Вториот филм кој го предлагам е исто дело на познатиот режисер Торнаторе додека музиката е повторно на маестралниот Мориконе овој тандем многу успешно функционира и нивната соработка е долготрајна, скоро во секој филм на Торнаторе музиката е на неповторливиот Мориконе, се работи за филмот The Unknown Woman (2006) или на италијански La Sconosciuta (2006) лично мој омилен филм од Торнаторе

    Поздрав до екипата на филмското фоаје, и повик до сите оние кои не се активни последниов период повторно да земат активно учевство недостигаат мислењата на Лејди Феникс, Лејла, Жапче, Капетан Омни, Кравче, Јордановска, Јовановска, Саншајн Саншајн, Променета, Рејнбоу, Мароса, Мадам А, Блек Пантер, Лудото 19, Корто Малтезе, Ливинг Глам и сите останати кои беа активни минатата година.
     
    Последна измена: 13 јули 2017
    На kravce, Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.