Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Ја мислам е време за нова анкета, две недели кај е затворена оваа ама слабо некако гледачи :)
     
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Новата анкета е поставена. :)

    Исфрлени се филмовите кои не добија гласови, другите остануваат во конкуренција.

    Време е за гласање! :e:
     
    На Ane-Goki1, kravce, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Butterfly on a Wheel

    Филмов го имам гледано најмалку два пати, а поради мојата слаба меморија за филмови, и двата пати успеа позитивно да ме изненади.

    За мене, Butterfly on a Wheel трилер кој е барем на неколку нивоа повисоко од масата други филмови од истиов жанр. Почнувајќи од симболичниот и поетичен наслов на филмот, инспириран од стих од Александар Поуп, преку сценариото, и завршувајќи со актерската екипа, филмов оддава чувство дека е над просекот, дека се издвојува од другите. Ама и покрај мојов впечаток, на IMDB нема којзнае каква оцена.:D

    Она што спроред мене го прави Butterfly on a Wheel да биде добар филм е тоа што умешно успева да искомбинира неколку различни приказни во себе – приказна за киднапирање на дете (најголемиот страв на секој родител), киднапер кој изгледа дека не е мотивиран од финансиски, туку од садистички побуди, приказна за неизвесност и незнаење, приказна за лудак кој презема контрола над вашите животи терајќи ве да правите незамисливи работи, приказна за неверство и приказна за одмазда. И сето ова проследено со голем број на неочекувани пресврти.

    Другото нешто што ми се допадна е тоа што филмов од самиот почеток ве закопува пред екраните и не дозволува да ги тргнете очите ниту за миг, не ви дозволува да здивнете ниту на момент. Има одлично темпо, комбинација од напнати сцени проследени со (навидум) моменти на олеснување, за веднаш потоа повторно да ви го крене нивото на адреналин.

    Нема да навлегувам во приказната, затоа што ако сте го гледале филмот ја знаете – прилично е straightforward, не остава простор за нејаснотии и различни толкувања на настаните. Тоа е тоа. Приказната како приказна не е без свои маани, но самиот филм не ви остава премногу време да размислувате за нив или да ви пречат – едноставно, едвај чекате да видите што ќе се случи следно.

    На крајот од краиштата, за мене тоа е и поентата на филмовите. Филмот е и уметност, неоспорно, но она што мене ми е најбитно кај еден филм е да ми го задржи вниманието, да биде оригинален, да може да ме изненади, да биде интересен и пред сѐ – забавен. А Butterfly on a Wheel ги исполнува сите овие критериуми.

    Покрај ова, тука е одличната актерска екипа – Марија Бело, Џерард Батлер и Пирс Броснан, кого овде го гледаме во (за него) несекојдневната улога на психопат и негативец. И одлично му стои.

    Butterfly on a Wheel жив доказ дека за да се направи добар филм не е потребен огромен буџет и цел куп познати холивудски фаци. Доволни се 2-3 добри актери и оригинално сценарио.
     
    На JuLleE, blonde_supergirl, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Добро филмче (y)
    Ми се допадна многу, најмногу поради крајот кој ме изненади искрено.
    Цел филм онака напнат, не знаеш што ќе се случи, не знаеш зошто. Јас мислев дека ќе биде обична предвидлива приказна, му го упропастил на типот животот, изгубил поради него и работа и жена и се па сега му пукнал филмот и се одмаздува. Мислев дека ќе биде тесно до крај, дека едвај ќе го спасат девојчето и нормално среќно ќе си живеат посилни и посплотени..... ама не ]:)
    Убаво си го доби лигушкото, макар што можело и поубаво да си го добие, ама ај ]:)
     
    На boomsleng, IronLady и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    Филмчево е топ ^
    Барав трилер некој, и си викам ај чекај да видам што избрале во ффф.
    Добар избор на филм.
    Pierce како и секогаш, одлична глума.
    And отсекогаш ми бил симпатичен. :tmi:
    Филмчево на почетокот не ми беше нешто, ама со секое дејствие т.е барање на Том , повеќе внимание обврнував.
    Знаев дека има нешто повеќе, нешто подлабоко во сето тоа ( ама ни на крај памет уште на самиот почеток не би ми текнало дека овие двајца имаат договор).
    Прво, мислев дека колегата од Нејл го најмил Том со цел да му се одмазди, се додека не дојде моментот кога отиде Нејл во полиција.
    Тогаш почна да ми се вртка низ глава: -" А, замисли жена му и овој Том имаат склучено некаков договор"
    Ама ова само беше сомнеж.
    Цело време и се сомневав дека бејбиситерката ја однела ќеркичката Софи.

    Дефинитивно секоја чест на Аби и Том (y)
    Добра одмазда направија.

    Ама сериозно ли Нејл се извади со Карл ?? (facepalm)
    Ни ја не би му верувала, макар и да не би имала некаков си договор.
    Ех, мажи мажи :x

    Искрено малце паника ме фати кога беше качен на врвот на часовникот.
    Неговата фобија, е и моја :worried:
    Толку се препотив, замижав дури.
    Стварно не можев да гледам колкy високо само беше.
    Се осетив ко да бев јас во тој момент, таа сцена, на тој врв и на таа височина :whew:

    Сума сумарум, 10ка од мене има филмчево.

    За наредено го предлагам : The Invisible Guest (ако веќе сте го имале, извињавам се :lol:)
     
    На Yipman2, boomsleng, BayernKa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    И мене двaпaти ми е гледaн oти ми е еден oд oмилените. Сaмo сегa не би гo гледaлa пoвтoрнo oти и втoриoт пaт е вишoк, кoгa ќе се изгуби неизвеснoстa веќе не е тoa -тoa. Плус сегa пoвoзрaснa сум :D и не гледaм тaкa трaгичнo и дрaмaтичнo нa
    изневерувaњетo
    пa мислaм декa беше претерaнo и можеше да заврши трагично доколку сопругот (не му го паметам името) изгубеше нерви пример...oвa oд стрaнa нa прикaзнaтa. Инaку дoбрa глумa, дoбри aктери, нaпнaтo и непредвидливo дo крaј, не знaм другo штo дa кaжaм 8-|
     
    На Yipman2, Ane-Goki1, IronLady и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Јас го предложив и го изгледав ама никако да најдам време да шкртнам нешто.
    Бидејќи веќе сте искоментирале јас само ќе кажам едно-предобар филм со уште подобар крај.
    Постојано ми го задржуваше вниманието и ни на момент не беше досаден.
    10ка чиста од мене
     
    На boomsleng, IronLady и BayernKa им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Слабо излезеност:wasntme: , како да недостастува одредена група на гласачи хммм......
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Новата анкета е поставена.

    Додадени се The Invisible Guest на @IronLady и Baaria на @boomsleng. :)

    Време е за гласање! :~:
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Contratiempo го имаше за коментирање пред 2 месеци :D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Знаев дека ми е познат од некаде, ама све си мислев дека е од „Последен филм и кратка рецензија.“ :D

    Ај ќе го убацам Wonder Woman како џокер наместо Contratiempo, да промовираме малце феминизам. :D
     
    На Ane-Goki1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Беше кога имаше филмови од неанглиско подрачје, ама слабо имаше коментари.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Кога ќе заврши анкетава, а и рецензиите :D да предложам: Children of man

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]


    Ми се свиѓа во филмов, ептем.
    [​IMG]
    Долго го гледав, на рати. Можда со недели..можда и месец ме фати :rofl: ама, толку ми е концетрацијата за филмови периодов. (y)
     
    На Lady Phoenix, Yipman2, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Никако да се спасиме од тој синдромот а , одбивам да верувам дека ќе победи тој.... |-):rain::rain::rain::rain::rain:
     
    На Bender Rodriguez, boomsleng и zhap4e им се допаѓа ова.
  15. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Најмногу ми фали оваа тема од сите кога немам време за форумов :) .

    Да не останам покусо, и јас да предложам филм. :D

    [​IMG]



    http://www.imdb.com/title/tt4481414/?ref_=nm_flmg_act_5


    Освен што естетски ги задоволува сите критериуми ( Chris Evans :lol: ) , ми личи ко да има подлабока приказна и порака.
    Ајде гласајте го, па да го гледаме :D
     
    На iloveyou29, Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  16. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Јеееј, конечно филмче за кое имам гласано :party:

    Ми беше на листата за гледање, само чекав добра снимка. Глумицата физички многу ме потсеќа на Бела од Твајлат па дури и во некои движења а глумецот секогаш кога ќе се појавеше во кадар ми беше како fresh air on a Tuesday in May (знам, треба да ја почнам Sense8;)... Покрај глумецот, плакнев очи и на еротските скици на Густав Климт.

    Упорно си мислев дека е лесна романса ама после првите триесет минути атмосферата не ми штимаше. Божем насловот не беше доволен... Пропратно имаше некои интересни детали кои наговестуваа што следува. Клер е вљубена во нацистичката архитектура на Берлин што на еден начин дискретно ни ја открива скриената природа на Енди (рестрикции на слобода; sидови). Човек што пораснал во суровата средина на DDR и никогаш не простил на мајка му што го оставила развивајќи на некој начин омраза кон жените (посебно колешката, хехе).

    Насловот се однесува на Стокхолмскиот синдром - еден од најголемите психолошки феномени кои настануваат во ситуации кога доаѓа до зближување на жртвата и сторителот. Веќе обработена тематика во постари филмови, најсвежо нешто што паметам е Room (2015) ама она што не го знаев е дека овој филм е базиран по истоимениот роман на Melanie Joosten. Којзнае дали е верен на пишаното.

    Сè на сè, ми се допадна стварно. Имаше доста симпатични кадри и хемија меѓу глумците (добра му беше фората со „contemplate“). Некои сцени дефинитивно не беа потребни, филмот долг ми се чинеше ама добро.

    Се надевам дека почесто ќе ми победуваат фаворитите за почесто да се дружиме. :rock: Бидејќи чесно си го заслужив правото на глас, мојот предлог за следната недела е Raw (2016).
     
    Последна измена: 9 август 2017
    На blonde_supergirl, Bender Rodriguez, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  17. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Искрено за филмов не знам што да кажам, ни ми се допадна нешто ама не ми беше ни лош, едноставно рамнодушна ме остави најверојатно дека приказната ми е веќе видена... иако за момент си помислив можеби ќе има некој пресврт на крајот меѓутоа испадна предвидлив, успеа типката да се спаси и тоа...:|
     
    На Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас малку да се активирам во темата. Еве предлог од мене филмче. EE Cover (2).jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На Ane-Goki1, Jason123, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Еден од најнапнатите филмови што сум ги гледала...
    На моменти досаден и предвидлив, но според мене многу поучен, да не веруваш на некој што ќе го сретнеш на улица...

    Одлична глума на актерите, Макс Риемелт ми е омилен :inlove:
     
    На Bender Rodriguez, boomsleng и Ane-Goki1 им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Како да е време е за нова анкета, а? Што викате? :D

    Додадени се Everything Everything на @iloveyou29, Raw на @DzingrlakaDzikica, Gifted на @Jason123, Children of Men на @zhap4e и The Unknown Woman на @boomsleng. Се надевам не испуштив некој, доста нови предлози има за овонеделната анкета. :)

    Осеќам, ќе биде интересно. :party: Време е за гласање! :~:
     
    На Jason123, boomsleng, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.