^^^ јас сум за друг да победи. Се шалам. Го гледав тој Gifted пред месеци. Не е лош. Оној Raw на ЏингерлакаЏикиЦа.... ме заинтересира и сакам да го гледам. Ама, да не е со многу крвишта и стресни сцени? Прекревка сум периодов за стресни сцени и крвишта...а така некако изгледа трејлерот... крипи. Интригантно крипи.
Жабле, гаден е ептен. Го гледав пред некој ден па под импресии напишав рецензија, ако не те мрзи прочитај. Филмот баш одговара за дискусија, сите на крајот ќе си речете „what the fuck did I just watch?“ Мислев такви филмови барате а не лесни лимонатки... Овој на @Jason123 не ми фаќа око ама од атер можеби ќе се натерам да го гледам.
Јас такви филмови барам.Мислам дека и пар од другите ликови од фоајево,кои се' помалку се активни,такви филмови исто бараат. Ама,неки нови дечки не надгласуваат со лимонатките А и,ради кревки луѓе и сама се само-цензурирам со предлозите. Ради демек,да поттикнеме повеќе луѓе и различни луѓе да коментираат во темава. Ќе го гледам,оти ми се виде интересен трејлерот. Ќе ти ја побарам и рецензијата.
Тој Raw, јас го гледав и искрено му давам најниска оцена. Погадно нешто немам гледано. Ништо во филмот не ми се допадна. Gifted го гледав пред неколку дена, незнам точно кога беше. Супер филмче, ептен ми разбуди емоции.
Се прашувам каде ли се сега оние деветтемина кои гласале за филмот... Вака ли функционира темата? Се гласа без везе и подоцна никој не сака да гледа. Ах, ќе се караме... Everything, Everything изненадувачки беше ле-ленце! Со години немам гледано YA романтика и да ви кажам ми беше освежување. Баш тинејџерски, со интересна и лесна приказна. Затоа и нема многу да ширам со постов, филмот немаше некоја скриена порака ниту пак нешто симболично што треба да се разглобува. Расплетот не ме изненади. Ќе кажам само дека главните актери ми имаа некој посебен шарм и природна убавина и дека дефинитивно имаше невина хемија меѓу нив. Куќата со пастелните тонови ми беше занесна, како и целиот филм. Изборот на музика посебно ми се допадна, некои песни од саундтракот како да беа украдени од мојата плејлиста на Спотифај. Значи ептен ептен по вкус. А и Хаваите за момент ме натераа да посакам да се шеткам таму по плажите со биркенсток сандалчиња како Меди. Не знам кој го беше предложил филмот ама за изборот. Следната недела (или кога и да се гласа повторно, никако да укапирам на колку време се гласа? help.) идеме јако.
Јас гласав за филмов, па и денес го гледав. Интересна, тинејџерска романса, лесна за гледање. Девојчето во главна улога ми беше пресимпатично, преубава глума, многу природно. Куќата надворешно ми беше совршена. Само некако не можев да ја разберам мајка и со измислувањето на болеста. Ако толку сакаше да ја заштити, што знам, подобро ќе ја разберев да беше строга за некои работи ама да му го уништува животот на невино девојче и да го лиши од се... Па како би продолжила таа со животот ко ке ја нема неа?! Јас кога гледам филм, скроз го гледам како реалност, па кога беа во Хаваи си помислив дека ќе умри на крај на одморот, леле си викам неее кој ќе плачи сега... Ама се заврши среќноо
Јас го предложив филмот, по трејлерот ми изгледаше интересен. Лесно филмче за релаксација Највеќе ме привлече за да го гледам филмот, е тоа кога прочитав дека никако не излегува од дома. И одма тука зошто, па како функционира Инаку куќата гледам на сите ви се допаднала, па и на мене. Посебно тој дел во нејзината соба што е со стакла до долу целата. Очекував дека ќе се роди љубов меѓу нив, само и јас баш не разбрав зошто мајка и ја лажела за болеста. Претпоставувам бидејќи ги изгубила и синот и сопругот, и сакајќи да ја заштити единствената ќерка да биде сигурна и безбедна. Крајот мислев дека ќе биде тажен, ама грешка бев Се на се, добро филмче
Некој што го гледаше да ми даде линк од торент со добра функционална снимка? Јас симнав еден, сликата е совршенство ама ми кочи
Повели линк https://fmovies.is/film/everything-everything.rl56p снимката е солидна, 720p плус превод.
Еве ме и мене да искоментирам после долго време. Не сум голем љубител на вакви филмови и најчесто ги одбегнувам. Темата на филмов ме потсети на Me before you. Ми се допадна глумата на главните актери особено Аманда. Перфектно го имаше доловоно ликот. Главните актери и хемијата која ја имаше меѓу нив го направи филмов поднослив до негде. Како што кажаа некои членови погоре добро филмче за релаксација.
Малце нe сум у тек кога може да ви предложам добар филм Вчера го изгледав и уште сум под импресии Спојлер: *
Да, многу добро филмче кое, патем, не е ич искомерцијализирано за да биде популарно Ама, стварно е добро!
да навистина незнам како сум го пропуштила и уште еден добар филм исто гледав некни и тој можете да го стаите за гласање Спојлер: *
Време е за нова анкета. Оваа недела отпаѓаат Collateral Beauty и The Olive Tree, а додадени се In the Blood на @ALISA0000 и мојот овонеделен предлог - Shot Caller. Скоро го изгледав и можам да кажам дека освен што е интересен има и подлога за добра дискусија. Башка, со Nikolaj Coster-Waldau e. Ајде сеа на гласање!