На Бендер само го изгледав, за другите не знам. Ама дури го изгласаат па изгледаат, ќе заборавам за што беше. Ќе биде на крај -еден човек во затвор и таму си кршеа кичми
@Bridget, и мене ми се коментира за Shot Caller, ама да и’ дадеме уште ден-два шанса на анкетата. Да не испадне дека модераторот си ги мести своите предлози за гледање. Пиши си го мислењето и зачувај го у draft, па кога ќе се избере победникот на слободни и демократски избори *wink wink nudge nudge* после само ќе го постираш. Еве и ја така ќе направам. У најлош случај, имаш ти гласачко лоби у милфското милје, па може да ја натереш водата на воденицата на Николај.
Гледаш, ич не ми текна. Ако видиш постирано од мене пред да се изгласа знај дека по грешка е притиснато -испрати, па бриши ме
Ми го нема напишаното, не го зачував ама тука си стоеше, избледено, како да кажам И сега, кај да се обратам? Ништо, убав филм, затвореници се тепаа, колеа, убиваа, шверцуваа работи во задник и на крај го убија главниот. Толку. Едно време често читав за животот во затвор, услови, однос, општо реална слика наспроти она што се прикажува често на филм, но ете она што конкретно ме интересираше дури го гледав shot caller го имав пропуштено па затоа прогуглав малку. А тоа е -дали ситни криминалци или примерни граѓани осудени при несреќен случај се ставаат во ист затвор, или бар во посебен оддел од тешки престапници како сериски убијци, силувачи и слично и дали односот и условите за сите исти се. Па најдов статии каде се вели -да, можно е, постојат примери каде влегува млад дечко пример за кражба на автомобил и е осуден на неколку месеци, но таму влегува во тепачки, стигнува до убиства и останува неколку децении или до крај на живот. Чисто да си потврдам дека не е преувеличено и да добие филмот реална нота оти стварно ми изгледаше претерано. Затворот претставен како џунгла, секта, друг свет во кој неминовно е да постанеш и друг човек до степен на непрепознатливост. Почит за главниот лик како успеа да се држи настрана од своето семејство за да ги заштити -што од други што од себе и колку одговорно и реално застана позади своите дела, а казната сам си ја одреди -нема враќање во нормалниот свет. Иако во еден момент се виде желба, но колку и да сакавме и ние како гледачи да заврши со хепи енд, добро беше доловено низ целиот филм дека тој веќе на стариот живот не припаѓа. Принуден или избор свој, како и да е, не можеш да размислуваш трезно и паметно во една таква атмосфера туку реагираш инстиктивно со она што го имаш во себе, а тој очигледно беше борец, не жртва. Над негативностите не секогаш можеш да се издигнеш, некогаш треба да се нурнеш длабоко во нив и да видиш каде ќе те одведат. Него го одведоа до врвот на пеколот, а некој и таму треба краЉ да е, нели?
Shot Caller Морам да признаам, филмов пријатно ме изненади. Не знам што точно очекував, освен што радо сакав да го видам Николај у некоја филмска улога за промена, ама Shot Caller дефинитивно ги надмина моите очекувања. Мрачен, тежок, по малку и тажен, но пред се’ - брутално реален. Ама океј, таква беше и тематиката која ја обработуваше. Немам некои посебни забелешки за филмов, освен што на моменти ми делуваше мааалце развлечено - мислам дека ќе беше поефективен ако траеше 10-ина минути пократко. У однос на она што го споменав у филмов како тема за дискусија - повеќе пати додека го гледав се запрашав дали „Money“ можеше да постапи поинаку во некоја ситуација, а сепак да ја оствари својата цел - да ги заштити сопругата и синот? Целото отуѓување и изолација од семејството беше со цел тие да бидат безбедни и подалеку од светот во кој Џејкоб се вплетка затоа што мислеше дека тоа му е единствениот начин да преживее во затворот. И навистина, морам да се сложам со @Bridget, затворскиот систем во САД е така конструиран што наместо да ги рехабилитира затворениците, од нив прави криминалци for life - најголем дел од нив или извршуваат злосторства во затворите и си ги пролонгираат затворските казни или влегуваат во банди и откако ќе си ја отслужат казната, штом ќе стигнат до слобода продолжуваат со криминалниот живот. Додека не ги фатат пак. И така во круг. Сепак, иако имаше најдобри намери, јас лично сметам дека (можеби) можеше поинаку да се постави во некои ситуации - да склучи договор со полицаецот и да го предаде The Beast, на пример. Да, можеби ќе требаше да живеат во witness protection program цел живот со жената и синот, ама барем ќе беа заедно и ќе имаше некоја не-криминална работа. Мислам, можеше барем да ги консултира за тоа, ако ништо друго. Но, Џејкоб беше убеден дека кога еднаш ќе се влезе во тие води враќање назад нема и си одлучуваше онака како што тој мислеше дека е најдобро - и за себе, и за семејството. Најверојатно затоа и му беа лути, барем делумно. На крај, не можам, а да не приметам дека можеби (дури и потсвесно) на Џејкоб му се допаѓаше животот кој го имаше - напредувањето низ хиерархијата на бандата, моќта, угледот, стравопочитта која ја предизвикуваше кај останатите криминалци кои, несомнено, имале похардкор криминални дела, барем во споредба со неговото возење под дејство на алкохол и убиство од небрежност. Ми се свиѓаше и паралелата помеѓу бизнис-светот и светот на подземјето - успешен бизнисмен со претприемачки дух може да биде и успешен криминалец. Climbing the corporate ladder or the criminal ladder - стварно, која е разликата? Нашиве бизнисмени и тајкуни се жив доказ за тоа. Да поставам и уште некои прашања за размислување: Дали и вие би постапиле како Џејкоб во неговата ситуација, т.е. како би постапиле вие на негово место? Дали навистина немаше друг избор за одлуките кои ги носеше? Дали се сложувате со неговите постапки и одлуки?
И јас го изгледав филмот претходната вечер. Обично не гледам вакви филмови, ама овој ме изненади на позитивен начин. Приказната во филмот беше прилично едноставна, а сепак беше динамична бидејќи се прикажуваше од различни временски периоди. Вешто се испреплетени случувањата од пред затворот и сега. Настаните продолжуваат, а се надополнува приказната со случувањата од минатото. И со тоа повеќе се истакна неговата драстична трансформација која му се случи, поминувајќи долги години во затворот. Животот во затворот го поставуваат кланови, и секојдневната борба за опстанок. Само не ми се допадна тоа што успеа да биде ладен спрема семејството и да ги отфрли од својот живот, не заслужувајќи ги. Очекував цело време да заврши со хепи енд, ама се изненадив на крајот. Се на се, добар филм
Незнам до кога беше анкетата, ама ај да предложам еден филм. Незнам колку сакате да гледате ваков жанр на филмови, крими/драма... Го гледав трејлорот и ме заинтересира, па ако го изгласаме да го изгледаме и прокоментираме
Јас се обидувам да го избуткам твојот предлог , ама нема подржувачи многу , ќе треба да носиме автобуси пак.
Арно викам јас, паметни се криминалциве. Да бев на местото на Џејкоб со сигурност можам да тврдам дека ќе го прифатат „дилот“ на полицаецот. Ама тоа сум јас. Мислам дека уживаше во моќта која му ја даваше затворот поради улогата која ја доби како „влијателен“ на кој му се плашеа многу полоши криминалци. Но, да не се повторувам со мислењето. Се на се добро филмче ко за промена.
Јипи, царе. Остави автобусите. Не е више ин Сега подобро малцинство да формираме - стабилно и да протестираме. Филмов дур го изгледам, ќе мине и другата анкета. А гледам фини критики. Не знам дали би било ок да имаме плус тема, од овој тип, каде би ги коментирале некои од филмовите кои биле во анкетата и не минале, а кои сме ги гледале. Пошто онаа тема: Последен филм...како и да беше.. не е баш за тој тип на рецензија,ко што ги пишуваме тука за филмовите. Поима немам.Некои добри филмови заминуваат во историјата на ФФФбез соодветно уважение
@zhap4e Давајте сендвичи и ќе гласаме за предлогот Мислам од нова тема нема потреба, бидејќи и така малку сме што коментираме а и вака си е попрегледно. @Bender Rodriguez е главен за одлуки
Ако не е проблем, јас незнам кога може да се предложи затоа го пишав, кога ќе биде, додадете го и мојот предлог
Нема да можам, Бендер. Ке треба повеке од недела дена да ме чекате нема смисла. Слободно, ставете нова анкета.
Време е за нова анкета. Оваа недела отпаѓа Baaria, a нови учесници се предлогот на @iloveyou29 - Hell or High Water, The Great Beauty на @boomsleng и уште нешто од мене за неделава - The Circle. Филм со интересна идеја (и помалку впечатлива реализација) за развојот на технологијата, иднината на човештвото и начинот на кој таа влијае на секој од нас. The Circle е компанија која е комбинација на Google, Facebook и Apple, Том Хенкс е комбинација од Стив Џобс и Елон Маск, а Ема Вотсон е млада девојка која се вработува во „најдобрата компанија на светот“. Арно ама, како и секогаш кога има наводници, веднаш знаете дека работите не се баш онакви како што изгледаат. Интересно филмче со, барем за мене, неочекуван крај. Додека трае анкетата, @zhap4e таман ќе има време да го изгледа и искоментира Shot Caller. Ајде сега, на гласање!
Може во лп или споилер да ми се раскаже од моментот кога ја ловат жената крадец јавно, не го догледав т.е. последните 30минути ми беа ускратени
Да му се забрани на Бендер да препорачува филмови во темава, барем на некое време. Доминира тука како лик па тоа влијае (макар и несвесно) на нашата одлука за кој филм ќе се гледа Друг сакав да гледам ама сега неговиот ме заинтересира