Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ех, па ти најинтересното не си го видела. :)

    Мислам дека ти полесно ќе најдеш пола саат за да го догледаш неголи ја пола саат да ти го прераскажам. :D

    Ме бива за пи ар и маркетинг, а? :D
     
    На boomsleng и Bridget им се допаѓа ова.
  2. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Го догледав. Ич не ме бендисаа тие 30мин.:D
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    И јас го гледав The Circle.

    Слаба оцена на imbd,а од мене 9/10.

    Се сложувам дека концептот на филмот е базиран на се она што денес не опкружува.
    Trueyou би требало да е пандан на facebook,Тај мислам дека се викаше дечкото кој би требало да е Цукенберг,Том Хенкс е Стив Џобс,па дури и стилот му е тој.
    Новата апликација,камерите кои ги измислува компанијата е она што во последно време е Instagram story.

    Филмов обработува една многу значајна тема,колку нашата приватност е всушност приватна.Колку луѓето ги живеат своите животи или социјалните мрежи направија егзибиционисти се со цел да човекот да стане препознаен кај широките народни маси.

    Во филмот,доколку им успееше проектот со транспарентност на секој човек,би се случил еден нов општествен поредок,со целосна контрола на секоја единка.И на добар пат беа,но еден несреќен случај ја освести девојката која ја глуми Ема Вотсон.

    Интересен крај,транспарентност до крај која не секому му одговара.
     
    На Mishela, Bender Rodriguez, Oneo и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ова се случува за прв пат - после цели 6 дена гласање, два филма да останат со ист број гласови.

    Затоа, оваа недела за коментирање нека бидат и двата - In the Blood и The Circle. Можете да коментирате само за еден или и за двата - кој како сака. :)

    Време е за дискусија! :~:
     
    На Mishela, Ketchup, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Конечно најдов време да се приклучам барем за еден филм.
    Го изгледав In the Blood и многу ми се допадна од глумци,до содржина,музика.
    Најпрво се двоумев дали да го изгледам со оглед на тоа што бев ограничена со време,но сепак се решив и не погрешив.
    Ме премислуваа борбените вештини на девојката,но многу добро се снајде во улогата.
    Ми се допадна и тоа што имаше делови во филмот каде се збореше шпански,со оглед на тоа дека го сакам шпанскиот јазик.
    Дечкото кога исчезна и и рекоа дека е мртов мислев ќе заврши така што она ќе им се одмазди,ама и крајот не ме изненади.
    Се на се многу добро филмче,не погрешив што го изгледав.
     
    На ALISA0000, Bender Rodriguez, Oneo и 2 други им се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Сите гласаат, а никој не гледа и пишува. Ајде малку поактивно :party:
    Јас ги гледав и двата филмови што имаат изедначен број на гласови, ама ќе го коментирам The circle (2017).
    Го гледав на рати, синоќе почнав, сега го догледав.
    Темата на филмот, си ја сфатив со прашањето Дали постои воопшто приватност како поим?
    Компанијата The circle, со тоа надгледување со камери смета дека ќе го направи животот подобар , но всушност не е се така добро како што изгледа.
    Актерската екипа, да почнам од Ема ми е добар избор и одлично се носи со улогата. Млада девојка, кога ја прифаќа работата во компанијата и за неа е тоа голем предизвик. Додека Том Ханкс, ми е како смирен човек и не ми изгледаше дека може нешто лошо да прави.
    Добар филм, можеби очекував малку повеќе од актерската екипа :)
     
    На Lady Phoenix, Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Јас се одлучив за In The Blood, затоа што не сум многу по Sci-Fi филмовите.
    Супер филм за тепање на едно неделно попладне. Приказната горе - долу во сите акциони филмови е иста. За крајот имав некои поголеми очекувања, ама ептен е зезнат, буквално поради крајот цел филм пропаѓа во вода. Реализацијата беше онака просечна, можеле многу повеќе. Имаше некои ситни детали на кои требале малку да поработат, на пример кога женскава така лагано со лисици на раце, сама си се отклучи.
    Исто така мислам дека ја утнале актерката, на почетокот не беше воопшто убедлива, во акционите делови беше сè топ, но љубовните сцени со дечково беа ептен млаки. Уште не можам да ја сфатам поентата на сцената кога таткото на дечково дојде и почна да кажува неубави работи за женскава. Мислам дека беше сосема непотребна. Краен заклучок ми е дека цел филм беше too much за еден таков крај. Од мене една пролазна 6ка.
     
    На Lady Phoenix, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    The Circle

    Она што ме поттикна да го предложам The Circle во фоајево беше интересната тематика која ја обработува – Како брзиот развој на технологијата (би можел да) влијае на животите на луѓето?

    The Circle е компанија која е амалгам на денешниве светски гиганти од Силиконската долина – Google, Facebook, Apple, Tesla и слични, а нејзиниот харизматичен водач, кого го толкува Том Хенкс, е мешавина од ликови како Стив Џобс, Илон Маск и ним слични.

    Она што The Circle доста добро го прави е тоа што ја прикажува новата технологија како меч со две острици – компанијата ги прикажува и нагласува само и исклучиво позитивните аспекти од новата технологија, додека нејзините противници се фокусираат на негативните страни на истата.

    Не знам дали е до мене и мојот начин на размислување, ама речиси за сите нови идеи и проекти кои ги претставуваше Том Хенкс, и покрај тоа што тој ги потенцираше нивните позитивните страни, мене веднаш на памет ми паѓаа идеи како тоа нешто што би можело да се злоупотреби и искористи во лоши цели. :D

    Барем за мене, иднината на светот прикажана во филмов е морничава. Најстрашното од сѐ е тоа што идеите прикажани во филмов воопшто не се далеку од реалноста денес. Како на пример, начинот на кој компаниите на најразлични начини, затскриени позади поими како team building, networking, разни коорпоративни настани и собири и сл. се инфилтрираат во прватниот живот на своите вработени, практично правејќи тие и да немаат друг живот или круг на пријатели надвор од работата. Или начинот на кој Facebook и другите социјални мрежи прибираат сѐ повеќе информации за своите корисници – име и презиме, адреса, телефонски број, мејл, слики, податоци и сѐ што ќе им падне во раце. Или како Google ги вмрежува сите свои апликации и ги пренесува корисничките податоци од една на друга платформа. Или како откако еднаш ќе изгуглате 10 inch black dildo, потоа постојано ќе ве прогонуваат реклами за сексуални помагала на секоја страна која ќе ја отворите. :D

    И најстрашното од сѐ е што навлегуваме во ерата кога одлуката дали и колку ќе бидеме инволвирани во технологијата повеќе не е наш личен избор. Баш како иницијативата TrueYou да стане нешто што секој жител ќе мора да го користи и да има свој профил, денес многу работодавачи освен CV од своите апликанти бараат и линк до фејсбук профилот. Имањето на фејсбук наскоро може да стане задолжително – барем ако сакате да најдете работа. :)

    Транспаретноста, изложувањето на приватноста на сите заинтересирани, камери насекаде кои ве снимаат без ваше знаење, идејата дека луѓето кога се без надзор се полоши откако кога некој ги гледа, чипови за следење имплантирани во коските... Сето ова предизвикува чувство на нелагодност кај гледачите на филмов.

    Проблемот е што технологијата за речиси сето ова постои и денес е веќе достапна. Всушност, развојот на технологијата е толку брз што регулативата и легислативата не можат да го следат нејзиното темпо. Имаме технологии со застрашувачки импликации, а речиси никаква законска регулатива која ги контролира.

    Google собира информации за корисниците на нивните услуги со години наназад – мејлови, интернет пребарувања, бувално сѐ што некогаш сте направиле на некоја од нивните апликации или на нивниот пребарувач – е складирано на некој од нивните сервери. Засекогаш. Шансите се дека Google знае повеќе работи за вашиот брачен партнер од вас – барем кога се во прашање фетиши и сексуални преференци. :D

    Секако, Google тврди дека ова е со цел на оптимизација на вашето искуство, направено со цел да ви се помогне, и дека информациите се тајни и никогаш нема да бидат злоупотребени или, не дај Боже, објавени.А ние мораме да им веруваме на збор. Затоа што и немаме друг избор.

    Дури во последниве години се појавија „приватни“ пребарувачи, мејлови и сл. – софтвер кој ја гарантира вашата приватност и анонимност, кои ја енкриптираат вашата IP адреса, лични податоци, пораки и слично. Арно ама, повторно, мораме да им веруваме на збор на креаторите на ваквите софтвери дека тие навистина се анонимни и приватни. А дури и да е така, штетата е веќе направена. Секој човек кој го користел интернетот барем еднаш во изминативе 10 години е веќе складиран во некоја база на податоци, заедно со сите негови пребарувања.

    Иднината е место во која за технофобите ќе нема место, како што е и прикажано преку ликот на Мерсер. Луѓето ќе мораат да ја прифатат со сите нејзини предности и маани. Или да бидат осудени да живеат на маргините на општеството. Или ќе бидат законски присилени на тоа.

    Она што можеби најмногу ме изненади кај филмов беше неговиот крај. Искрено очекував клише крај во кој директорите на The Circle ќе бидат разоткриени пред јавноста, нивната дволичност ќе излезе на површина, луѓето ќе се освестат пред опасностите кои ги носи новата технологија, ќе се вратат чекор-два наназад, а самата компанија ќе пропадне поради негативните реакции на јавноста.

    Сепак, филмов ни дава еден поинаков и можеби, пореален крај. И покрај сѐ, The Circle и неговите технолошки иновации успеваат да опстојат. Не само што луѓето ја прифаќаат ги прифаќаат како нешто позитивно, „транспарентноста“, т.е. целосната лишеност од каква било приватност, стануваат секојдневие на кое луѓето се навикнуваат. Како што се навикнале и на безброј други работи, кои во минатото изгледале незамисливи. Не може да се застане на патот на прогресот – или ќе го прифатите или ќе бидете збришани од него. Пандорината кутија е отворена и враќање назад нема.

    That being said, и покрај интересната тематика која ја обработува The Circle, за жал, не можам да кажам дека е добар филм сам по себе. И покрај познати актерски имиња, како Том Хенкс и Ема Вотсон, филмов има свои очигледни маани.

    Една од поголемите е тоа што и покрај напорите кои ги вложува да ги претстави позитивните и негативните аспекти на технологијата, The Circle е прилично недвосмислено претставена како evil corporation. Јас во ниеден момент не бев убеден дека било која од нивните идеи е actually добра, а верувам и повеќето од гледачите.

    Втора замерка ми беше на тоа како беше прикажан ликот на Мерсер, кој требаше да биде еден од оние кои се спротиставуваат на технологијата. Сѐ на сѐ, беше претставен како типичен стереотип за технофоб – работи како столар, изработува лустери од еленски рогови, живее во вукојебина, не само што не сака ништо современо, туку активно ја мрази, и тоа не само технологијата, туку и сите кои ја користат. Беше a little over the top, барем за мој вкус.

    Трето – т.н. транспарентност. За разлика од другите ствари, ова ми беше малце поише нереално и претерано. Transparency и accountability – двата омилени зборови во филмов – се ствари за кои и ја се слагам дека се битни, особено кај политичари и луѓе кои се на јавни функции. Ама, транспарентност за нивното професионално работење, а не за приватниот живот.

    Јас сум од оние луѓе кои сметаат дека приватниот и професионалниот живот треба да бидат засебни и одвоени еден од друг. И дека сите, без разлика на тоа дали се јавни личности или не, имаат право на приватност. Да, заинтересиран сум за тоа дали некој политичар ја користи функцијата за криминални ствари, но не, воопшто не ми е гајле дали во слободно време учествува во геј оргии на Халкидики. И на никој друг не би требало да му е гајле за тоа.

    Сѐ на сѐ, The Circle е филм со потпросечна реализација и натпросечно интересна идеја. А иднината прикажана во него која на нас ни изгледа застрашувачки и дистописки, на нашите деца и внуци можеби ќе им биде најнормално секојдневие.
     
    На blackpanter, boomsleng, Ketchup и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.339
    Допаѓања:
    171.208
    Бидејки in the blood е моја препорака и ми е гледан работава ке биде сам себе убијал Ке гласам да го гледам другиот предлог the circle
    инаку ме заинтерира и предлогот на @iloveyou29 па ке ја замолам да ми каже кај да го гледам он лајн
     
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Јас го симнав од замунда, а онлајн го има и на филмовизија.
     
    На ALISA0000 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    6c7831c7a5e637d89a3797968298f48f.jpg
    Ајде од мене еден предлог за наредната анкета
     
    На Bender Rodriguez и Ketchup им се допаѓа ова.
  12. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Го гледав In the blood. Ми се допадна филмот особено техниката на боречките вештини кои беа прикажани во филмот. Последните 15 тина минути ми беа некако вишок, особеоно кога ги пребаруваа куќите. Не беше потребна толкава деталност. Актерската екипа не ми беше позната освен Amaury Nolasco. Иако не ми беа познати глумците сепак ми се допадна глумата, особено глумата на главната актерка.
     
    На Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Изгледа дека е време за нова анкета, а? (waiting)

    Од старата листа отпаѓаат Before I Wake и The Unknown Woman, а во игра (повторно :D) влегува A Cure for Wellness, по предлог на @iloveyou29 и мојот овонеделен предлог - Wind River.

    Млада индијанка е убиена под мистериозни околности во близина на резерватот во кој живее, а Џереми Ренер е искусен познавач на тамошната дивина, кој и' помага на ФБИ агентката во разрешувањето на мистеријата.



    Има неверојатно добра оцена на IMDb, а јас лично на добар трилер/мистерија не можам да одолеам. Уште не ми е гледан, се надевам нема да ме разочара. :D

    Ајде сега, на гласање! :e:
     
    На iloveyou29, boomsleng и Ketchup им се допаѓа ова.
  14. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.369
    Пол:
    Женски
    Ама веќе еднаш го гледавме А cure for wellness на темава и никој не ми го коментираше ]:) Зошто пак е во анкетата?:?:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Баш затоа и го ставив - да му дадеме уште една шанса. :)
     
  16. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez за предлози тешко против тебе :D
    Инаку за мојот предлог, не сум видела дека веќе бил во темата. Ако треба друг ке предложам.
     
  17. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Оло!:angel:
    Задоцнив за анкетава, ама, исто онака ко што доцнам (читај: не ги гледам:doh:) со гледањето на филмовите:D пак, поучена од политичарите.... без да осеќам морална одговорност за неоствареното... да си ви речам и ветам: биче све океј, и боље од океј:D... само гласајте за мене. Темава ќе ни стане ко kитка (copyright ZZ-топ). За Нова ера/живот:D филм што ќе ве испостресира, поштено (наводно):rofl:, оти не сум го гледала, yet.

    Mother! 2017
    ping @DzingrlakaDzikica :$

    Крипи приказна (психолошки трилер, накај хорор), со крипи ликови и сцени...посветен на љубовта, посветеноста и пожртвуваноста. |( Ако ви се свиѓал Црниот лебед или Requiem for a Dream на Аронофски, :Dтреба да видите дали ќе ви се допадне и овој - во најмала рака. После, плукајте го во рецензијата / критиката... во темава.:D И јас ќе го сторам истото, обеќаЕм.:D

    Џенифер Лоренс, Хавиер:whew: Бардем, Ед Харис и Мишел Фајфер(hollest)


    No tengan miedo, gente. ]:)
     
    Последна измена: 3 октомври 2017
    На Lady Phoenix, iloveyou29, DzingrlakaDzikica и 5 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Дај фрлете навака некој торент за Mother и Wind River плис 8-|
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  19. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    @zhap4e пиши импресии, и јас сакам да го гледам! :) Не ги чекај овие, за инает не гласаат. :P
     
    На boomsleng, zhap4e и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    На boomsleng, kravce и zhap4e им се допаѓа ова.