Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    И тоа што викаш.:D Ние и нашите љубими филмови.... несфатени ќе си умреме:rofl:
    Не е хорор, иначе. Тие што коментирале дека е хорор....со судска наредба треба да бидат затворени во една просторија... и цела недела, секој ден, да им се пушта хорор филм....чисто да знаат што е хорор, а што не.:!: Мајку им.
    Крејзи сан-оф-а-ган-ов-а филм. Лу-дос-ти. :D
     
    На Bridget, Lady Phoenix, blackpanter и 3 други им се допаѓа ова.
  2. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Да искоментирам за Gifted. Го гледав пред некоја недела и ми беше онака. Добар е за тепање на време. Не сум навикната да го гледам Крис Еванс во вакво издание, на сите ни е познат како Captain America и затоа ми беше чуден во ваква улога.
    Инаку се работи за доста честа општествена појава (според мене) вујко и баба се борад за старателство над својата внука и начинот на кој таа треба да биде воспитувана. Девојчето има големи познавања од математиката со оглед на тоа дека има 7 години. Различните пристапи за тоа како треба да се образува девојчето создава уште поголем раздор помеѓу бабата и вујкото.
    За разлика од други „слични“ филмови каде имаме деца генијалци, овој филм не се фокусира на децата генијалци туку на семејните врски и вредности. Ми се допадна глумата на главните актери, особено хемијата која ја имаше. Дефинитивно нешто поразлично од Крис Еванс.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Јас па не ни видов дека анкетата се затворила. Добар филм беше Gifted, очекував порано да победи на анкетата. Го гледав пред месец дена изгледа.
    Инаку ова е добар семеен филм, на моменти малку ми беше тежок така да кажам, ама воедно добар. Приказната е едноставна, баба и вујко се борат за старателството над 7 годишно девојче кое има извонреден талент по математика. Очекував дека ќе има премногу расправии помеѓу бабата и вујкото, како што во реалноста можат да доведат такви ситуации, но се изненадив дека немаше такво нешто, па дури и после судскиот процес пробаа да ги решат недоразбирањата.
    Актерската екипа беше ептен погодена според мене. Вистинско освежување да се види Крис во ваков филм.
    Овој филм поттикнува да се размислува што да се прави со децата што се премногу интелигентни и го надминуваат својот потенцијал, а сепак сакаат и треба да бидат само деца.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мене Gifted ме стави на мисла. Интересна тема мислам дека обработи, што е најдобро за едно дете, едно надарено со интелект дете. Дали да се фокусира од млада возраст на зголемување на тој капацитет или да му се овозможи да биде дете. Малку е слично и со воопшто останатите деца. Сведоци сме на многу родители кои уште од најмала возраст пробуваат да ги научат децата на различни јазици, повеќе букви, бројки, игри за мозок и слично. Што од една страна е добро, во тие години нивните мозоци се како сунгери, меѓутоа го пропуштаат она што го налага нивната возраст, да бидат мали смешни игриви дечиња. Од друга страна пак, како да се вклопи ова дете во средина со свои врсници кога очигледно размислува далеку понапред.
    Филмов од поодамна го гледав, можеби не се сеќавам најдобро на деталите, но ми се допадна.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Нема актвност многу а? :( Нејсе, дојдов да предложам филм за гледање. Dream Lover е мојот предлог.
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Следен филм за гледање со најмногу гласови е Wind river. :)
     
    На DzingrlakaDzikica, joy1, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот Wind river само што се стави на анкетата, неможев да дочекам :D
    Обично филмови со жанр драма, мистерија обожавам.
    Во филмот се случува убивство во Вуоминг ( мислам така некако се викаше местото ), кое пробуваат да го разрешат младата агентка од ФБИ и ветеранскиот барач во Wind river.
    Највеќе ми се допадна тоа што се чувствува таа оддалеченост, одвоеност од останатиот свет, во таа ладна и снежна земја.
    Додека го гледав филмот, цело време си мислев што и се случило на таа девојка, како е убиена.
    А кога прикажаа, како се случил настанот ми беше малку претерано, сите да се сложат за тоа без некоја посебна причина. Како да сакале што побрзо да го прерипнат тој дел, и да дојдат до крајот на филмот.
    Но сепак тие работи се мали ситници што ми засметаа, инаку во целост филмот ми се допадна (y)
     
    На PogbaPol, kravce, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Wind River

    Еве ме и мене да напишам збор-два за филмов, иако со закаснување од скоро месец дена. :D

    Иако беше мој предлог и иако мислев дека ќе биде добар, Wind River искрено ме разочара, па откако го изгледав немав баш ни волја да пишам во фоајето.

    Не ме разочара затоа што е лош филм сам по себе, него едноставно имав повисоки очекувања од него. Очекував дека ќе гледам murder mystery во замрзан индијански резерват во Вајоминг, а на крај испадна дека убиството беше мистерија само затоа што локалната полиција не се позамарала да се обиде да дознае што се случило. Откако траперот Кори и ФБИ агентката Џејн се вклучија во случајот, сѐ беше прилично straightforward.

    И тоа е она што најмногу ми сметаше. Очекував напнатост, неочекувани откритија и пресврти и во моментот кога конечно сфатив дека ништо од тоа нема да се деси, се разочарав и филмот го догледав онака, ради-реда.

    Претпоставувам дека високата оцена на IMDb и трејлерот ми ги насочија очекувањата во погрешна насока.

    Иначе, фино снимен, солидни перформанси на Џереми Ренер и Елизабет Олсен, ама приказната ми беше некако празна, баш како и замрзнатата дивина прикажана во филмов.

    И на крај, мој предлог за наредната анкета е The Skin I live In, малце постаро филмче, од Педро Алмодовар со Антонио Бандерас во главната улога. Го немам гледано, а сакам, па еве ова е можеби начин конечно да се наканам и да му седнам на филмов. :D
     
    На SV1911, WarriorAngel, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Oдамна го симнав но дури вчера се одлучив да го гледам. Реално, и јас мислам дека имав преголеми очекувања за филмов. Во глобала, приказната беше сосема вообичаена и позната и некако...незадоволителна. Кога некој би ми рекол да го раскажам, некако толку млако изгледа. Сепак, мислам дека тоа што особено ме навлече без да сфатам и што направи сепак филмов да ми се допадне, е сценографијата и музиката. Местоположбата дефинитивно го крева филмов, за мене, на малку повисоко ниво од обична трилер-мистерија, веројатно заради тоа што сета таа тишина и белина и празнина може и те како психички да поремети човек.
    Ме нервираше фби агентот, што цело време приплакуваше :/ Се плашам дека и ја дале таа карактеристика само затоа што е жена.
    Особено задоволство ми даде начинот на кој Пит умре.
    Не ми беше јасно зошто никој не ги спомна сите што загинаа при престрелката, вклучувајќи го и стариот, веројатно шериф беше или што и да беше.
    Очекував и обелоденување на вистината за ќерката на Кори ама ништо и од тоа.
    Фифти фифти некако сум.
    Предлог за следен филм, се мислам помеѓу два кои долго време сакам да ги гледам, ама се нешто ми испаѓа. Овој пат ќе го предложам поновиот, The truth beneath http://www.imdb.com/title/tt5768474/
     
    На DzingrlakaDzikica, boomsleng, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  11. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене. Јас пак немав некои очекувања за филмов. Ми беше онака, можеби дека не сум љубител на филмови според вистински настани. Сепак, ми се допадна тоа што беа претставени проблемите со кои се соочуваат жените индијанки во Америка. Не е посветено доволно внимание на овој проблем, па затоа филмот е одличен начин за да се начнат некои проблеми во општеството како целина, не само во Америка.

    Џереми и Елизабет ми се познати од претходно (Captain America и The Avengers) и во филмов се надополнуваа. Можеле да го направат подобро филмот, ама не беше толку лошо. Имало и бетер филмови.

    Предлог од мене: The ides of march
     
    На Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Бидејќи дадов рецензија за филмот, само да предложам еден филм
    1511991693_the_foreigner.jpg

    @RainBow Мислам време е за анкета :~::music:
     
    На LiliBoz, blackpanter, boomsleng и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Пошто уште нема анкета, да го фатам последниот воз и да предложам уште еден филм (или да го заменам претходниот предлог со овој :D) - најновото чудо од Дарен Аронофски - Mother!

    Филмов е со Џенифер Лоренс, Хавиер Бардем, Ед Харис и мојата омилена Мишел Фајфер. Еден од побизарните филмови кои сум ги гледал, а како што разбрав, и филм кој ја поларизираше критичката јавност. У секој случај, мислам дека ќе има за што да се дискутира. :)

    Еве ви тизер, повеќе не откривам. :D

     
    На Mishela, kravce, boomsleng и 3 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Па, го има веќе во анкетата.
    Сега ќе ја отворам. :)
     
    На boomsleng, iloveyou29, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Го имав предложено тој ]:) и со душа чекав да го изберете.Ама не, вие бирате лимонатки! :envy:
     
    На boomsleng, DzingrlakaDzikica и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Леле да, бруки. (facepalm)

    Од кога не сум ја отворил темава, скроз заборавив дека Жапче више го предложила. :D

    Ај да се искупам некако, еве торент: https://thepiratebay.org/torrent/19282244/Mother_.2017.HDRip.XviD.AC3-EVO
     
    На boomsleng, iloveyou29, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Дали е safe to assume дека Mother! ќе биде следен на репертоар за коментирање? :D

    @RainBow? :)
     
    На iloveyou29, Lady Phoenix, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.110
    Допаѓања:
    67.002
    Пол:
    Женски
    Да, безбедно е да се каже дека е тој следен за гледање @Bender Rodriguez :D
     
    На kravce, iloveyou29, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ај да си пишам додека ми се свежи впечатоците... :D

    Mother!

    МАЈКА! е еден од оние филмови за претенциозни типчиња кои сакаат да си замислуваат дека се коносери на седмата уметност и од некоја причина сметаат дека ако не го разбираш филмот, тоа автоматски го прави да биде добар и артси.

    Уште у старт ме посети на Enemy, филмче со Џејк Гиленхал, кое е толку преполно со симболизам што гледачот едноставно не знае што се случува.

    Сепак, Mother! беше доста покохерентен и поразбирлив, барем во првата половина. Дури почнав да си развивам и своја теорија за симболизмот во филмот.

    Имено, бев убеден дека филмов е некаква аналогија на христијанството и Библијата.
    • Хавиер Бардем - Господ. Лик кој е креативен и обожава да создава (duh!) и генерално препопустлив спрема своите обожаватели (и најверојатно, креации) - дозволи да му се качат сите на глава, од Ед и Мишел, со нивните деца, до сите фанови кои му ја руинираа куќата и дури му го убија и детето (Исус, of course), а тој сепак упорно ги сакаше и им наоѓаше оправдувања. Просто кажано, Бог бил осамен, па затоа ги создал сите други креации, за да му прават друштво, го занимаваат и го обожаваат. :D
    • Ед Харис и Мишел Фајфер - Адам и Ева. Првите луѓе или во случајов, првите гости во куќата, оние со кои започна се'.
    • Децата на Ед и Мишел - Каин и Авел. Ова е pretty self-explanatory, мислам. :D
    • Обожавателите - луѓето верници, т.е. човештвото. Генерално ужасни, напорни и себични суштества, кои мислат дека авторот на нивната омилена книга (Библијата, можеби? :D) од некоја причина им должи нешто, деструктивни во својата љубов и обожавање, вечно ненаситни и никогаш незадоволни.
    • Џенифер Лоренс - претставник на ангелите или можеби дури и Луцифер. Признавам, у целава добро склопена аналогија, Џенифер некако најтешко можев да определам кој е. Се решив дека е ангел, од проста причина што таа му била првата друшка на Господ Бардем, и иако во филмов му беше жена, некако немав впечаток дека е на еднакво рамниште со него - доста помлада, постојано се трудеше да му угоди и некако го третираше со стравопочит. Од друга страна, никако не можеше да ја сфати љубовта на Бардем кон Ед, Мишел и другите обожаватели - гледаше на нив како на напаст, па дури и конкуренција за вниманието на Бардем; им беше и малце љубоморна. А поради тоа што и искрено ги мразеше, помислив да не е можда дури и Луцифер. Моментот што таа беше онаа која го роди Исус ми беше малце конфузен, ама океј - ниту една аналогија не е совршена. :D
    И таман мислев дека сум го укапирал филмов, издржав речиси два ипол саати од непотребно долгата и генерално непотребната библиска аналогија на Аронофски и после тоа решив да побарам објаснување за смислата на филмов.

    Се израдував кога најдов интервју со Аронофски у кој самиот го објаснува значењето на Mother! и...

    Типов вика дека филмот е аналогија на мајката Природа, загадувањето на Земјата и климатските промени. :o

    What. The. Shit.

    Демек, Џенифер уствари била куќата, а куќата е уствари природата, која трпи, трпи, трпи, додека не и' дојде преку онаквата и реши да збрише све, да сврти нов лист и да почне од почеток.

    C'mon! Мојата аналогија со Библијата беше многу боље. Oh well...|-)

    Првата половина од филмот ми се свиѓаше поише, затоа што можеше да се толкува на два начина - како филм за дисфункционална двојка и ужасни house-guests и како библиска парабола, нели. :D У вториот дел, кога почнаа да се дешаваат факинг војни, култови и масовни егзекуции во куќата, па, веќе немаше простор да се толкува никако поинаку него како аналогија.

    Но еве што ми е мене проблемот - ако ти, како режисер, чувстуваш потреба да ја објаснуваш приказната на сопствениот филм у интервјуа, можеби и не си снимил добар филм, а? Мислам, филмската публика можеби е генерално неинтелигентна, ама ако и самиот си свесен дека никој нема да ти го сфати филмот, пробај, сними филм за кој нема да ти треба факинг прирачник додека го гледаш.

    Генерално, Mother! е филм со криза на идентитетот - не може да се одлучи дали сака да биде филм кој може да биде тумачен на повеќе начини, дали сака да биде чиста метафора (како ебаниот Enemy) или сака да биде квази-хорор. И тоа е можеби мојата најголема замерка за него.

    Филмов начисто ја поларизираше и ја подели публиката на два табори - оние кои отворено кажуваат дека не им се свиѓал и оние кои тврдат дека им се свиѓал (само затоа што мислат дека ако нешто те направи да се осеќаш глупо, истото по автоматизам мора да е паметно), а уствари и на нив не им се свиѓал, само не сакаат да признаат. :D
     
    На tace73, ivimis, MissDior и 10 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Прво прочитав некој коментар кој велеше дека филмот бил хорор, трилер... и демек, не бил for the faint of heart:D Па го изгледав трејлерот кој, богами, изгледаше типично, нели... вау(!) динамичен, интензивен... малку spooky, ем и интересна актерска екипа... па, уште неколку такви коментари ми се појавија на фб и реков, а, треба да се гледа. Мада, тоа, „хорор, трилер“, плус...(драма, стрес, паника, ужас) attention, attention -> „!“ во насловот....:sweat: Кревко биќе сум, па, ме ставија во мисла.

    Како и да е... ако идејата му била да те држи во исчекување, неизвесност... да упорно те влече за нос, да се осетиш ко со секоја следна клапа те турка лево-десно и никако да стигнеш до кај што „треба“ (очекуваш):D ... успешен беше во тоа - збунити непријатеља, оти mixed bag of emotions ми создаваше, over and over, но, ме држеше да го изгледам до крај (најбитно за мене).
    Особено кога на сето таа демек, чудна драма во куќата...мистичност и неизвесност во воздухот (односите помеѓу Џенифер и Хавиер, кревкото здравје на Џенифер...подрумот и ѕидот....собата и каменот... гостите и децата на гостите.) .дојдоа сцени со масовност, гужви, бомби, решетки, пукања, колења.... фрлаш пуканките и се смееш. Фак лоџикс, бидејќи, this is art.:D

    Филмов....на една сцена во театар, собрани актерски екипи од повеќе драми... допирна точка си немаат една со друга... паралелно си течат монолози и дијалози, секој со секого се турка за да дојде до израз..и, во еден момент му текнува на главниот дека една експлозија би бил „вау“ моментот (paint it black) ..џитка бомба-кашикара и се надева дека се' ќе си дојде на место. Voila! Направисмо филм.:party:

    Ова ми беше тип на филм ко оние на Јодоровски за кои, поинтересно ми е да го гледам и слушам самиот Јодоровски (документарецот за Дјун), оти тој е уметноста, неговата драматичност, начин на прераскажување, гримаси... одошто да му го изгледам Дјун (или било кој од неговите филмови), ако некој будала му дадеше пари да го направи. Но, во ситуацијава со Аронофски...интервјуата негови ... објаснувањето за филмот беше излишно, многу неинтересно. Подобро ќе беше да ја оставеше публиката да се мисли, коментира...да го сака или да го нејќе. Можеби и подобро ќе беше да не го читав интервјуто и да оставев да мислам сето она што го мислев, нешто слично на Бендер, но не сосема... одошто вака. Слично ми беше со Children's of Man, каде, приказната и поентата се интересни, се' океј, но, такви невообичаено уметничко-кичасти моменти се внесени, со малку религиски елементи кои, немам поима, дали го укакуваат филмот, или не му прават ама баш ништо оти, филмот е укакан во креирањето и прераскажувањето на приказната, од сам старт. Но, дефинитивно...повеќе би сакала да гледам вакви филмови одошто лимонатки:D тука бар имам да пишувам и да пишувам...да се заборавам. Добро е шо ме мрзи па, тука ќе се сопрам.:D
     
    На kravce, Lady Phoenix, Bridget и 4 други им се допаѓа ова.