Предлог од мене: Nightcrawler (2014) Лично јас го чекам подолго време да го гледам, се израдував кога видов денес торент 720p BrRip x264 - YIFY. Мислам дека на повеќето ви е познат, и нема потреба од објаснување..
Boyhood Офффф... Едвај го изгледав филмов. Монотона семејна драма. Не очекував нешто wow со оглед на коментарите што ги прочитав, а сепак, филмов успеа да ме разочара, Мејсон како лик не ми се допадна воопшто, како флегма некоја ми беше, никаква емоција не ми разбуди, ама баш никаква. Актерот не беше лош. Патриша Аркет не заслужува апсолутно никаква награда за улогава, еднолична, каква што си беше во медиум така и тука, нема никаква версатилност, нема менување на фацијална експресија. Единствено што го снимале 12 години филмов,а па добива толкаво внимание, инаку е една очајна драма. Во мое скромно мислење. Сите што не го гледавте направивте одличен избор. Па уште два ипол саати потрошени. 3/10
Јас темава ја имам замислено како една голема дебата, дискусија, и мислам дека овој филм токму тоа може да го пружи. Затоа што горенаведениве филмови се поприлично јасни околу тоа што понатаму се случува со главните ликови, или која е поентата на филмот ( ако воопшто има таква ), овој филм ве остава со мислење, ве остава да се дружите со чичко Гугл, ве остава да ги замарате сите околу вас да го гледаат за да разменувате мислења околу тоа кој како го сфатил.. Па сега дојде ред и на вас.. Јас веќе го изгледав, и топло го препорачувам, па ве чекам да го коментираме крајот... И не го гледајте трејлерот, многу погрешна слика се добива за филмот.. Birdman
Док вие си гледате, ние се чешаме, епа ништо од темава, ич не сме одговорни значи. На сите минусче на рачиња... Дајте да спукаме некое гледање групно, не мора само нови филмови, дајте да гледаме нешто старо. Да си иаме тематски недели, примњр оваа недела гледам е филм од 90тите и го коментираме, па после од друга деценија, па по жанрови...
@Hipster Ја би нешто постаро,од 50тите.Пример периодов гледам црно бели,It happened one night,Casablanca и сл. Gone with the Wind го давам предлог,многу е долг, ама вреди мислам. Други:The Apartment,Gentlemen's Agreement,The English Patient(не се од ист период) Од поновите ми се гледа Kingsman:The Secret Service,Cinderella и не ми текнува друг...
Дa бе срц, гледaм Ајде ќе пoчекaме уште некoј ден мoже ќе се јaви уште некoј, aкo не, јaс и ти ќе си aнaлизирaме некoј oд твoиве предлoзи
@do-re-mi , a сaкaш јaс и ти дa си се дoгoвoриме зa пoтребнo време и дa гo прoкoментирaме филмoв? Пa aкo сaкa некoј друг некa ни се приклучи. Акo си зa дуo , пиши дo кoгa сметaш дa ни трaе oвoј блoк. Мене ми е симнaт, денес/утре ќе гo гледaм. И смисли следен филм твoј предлoг зa гледaње зaшo јaс еве си гo искoристив џoкерoт
За кој филм да се коментира? Дека сум го гледала The theory of everything па можам да ви се приклучам. Или анкетата е од одамна? Се избрукав ли сега? Whatever. I'm outta here.
Не бе лелче, кaквo брукaње, финo си прашуваш , не бегaј Сегa зa Еверест јaс збoрев зaштo oнaкa гo пишaв вчерa прoбнo и дo-ре-ми гo пoддржa, a и кaкo штo гледaм и oд претхoднo зaинтересирaнa е пa зaтoa спoмнaв дa дoгoвoриме aкo не нештo, дa не биде декa сaмa си пишувaм Инaку сееднo е, не мoрa бaш тoј. Јaс чистo дa пoкренaм иницијатива. Тaкa дa извoли дaвaј предлoг и ти и идеме
Е добро штом била таква работата Патем, откога почна школово, слабо нешто време за филмчиња, ама ако решите нешто да гледате, и јас ќе се потрудам да најдам време, секако освен ако не е некој хорор или R категорија.
@Madam-A дуо-трио не е важно, важно да живне малку темава. Нека биде Еверест но, пред недела не можам да го гледам, долг е, трае 2 часа. Може до недела (вклучително и недела) да биде рокот? Еве, покрај Лела можеби и некој друг ќе се заинтересира. Ајде овој (веќе не знам кој по ред обид) да заживее темава ќе се покаже успешен.
Ееее не знаев дека постои ваква тема! Јас сум заинтересирана, зашто, кој што прави, јас само филмови гледам. Единствено, не можам да поднесам хорори, а послабо гледам филмови базирани на вистинска приказна и тинејџерски филмови. Инаку девојки, како планирате да го гледате Еверест? На торент гледам дека нема асална снимка, бидејќи е релативно нов.
И јас ради тоа си реков да ти пишам зашто ако чекаме да се собереме никад нема да почнеме, вака барем ќе избришеме прашина од темата . А еве супер и што @Lady Phoenix се јави . Инаку да, и јас сега гледав за Еверест дека се кино верзии , брза кучка, слепи кучиња . Ај он да го оставиме за потака ако не. Еве да се поправам и да дадам нови предлози... некои и од досега споменатите што можат да се зборат ако сакате. Што знам сега ми дојде да ги предложам: Interstellar, The Imitation Game, Boy next door... Сите ги имам изгледано, знам дека има и добра снимка, па не ми е проблем да ги пуштам пак да се потсетам на детали зашо мислам дека има што да се збори па ако ви се свиѓа може да идеме со нив. Дополнете ме ако не ви фаќа око никој од овие и да бираме . Во однос на времето, како ќе кажете, што е до мене може до недела, еве ајде понеделник нека е, споен празник да испоштоваме Редактирам: Го најдов Gift онлајн со добра снимка, па би го предложила и тој, еве го трејлерот : Спојлер
Јас ги имам гледано првите два, со тоа што The Imitation Game многу ми се допадна. А за предлози - што знам. Имам доста машкуданест вкус за филмови. Еве, на пример, Ex Machina е филм за размислување, The Man From Earth е исто интересен и контроверзен.