Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Предлог за некоја наредна анкета - What Happened to Monday.

    Во не-толку-далечна иднина, Земјата се соочува со пренаселеност. Поради тоа, на сите семејства им е дозволено да имаат само по едно дете. Една жена раѓа седморки и умира при породувањето, а нејзиниот татко се решава да ги одгледува сите 7 и покрај строгите закони. Им дава имиња од Monday до Sunday и на секоја од неговите внуки и' е дозволено да излегува надвор само еден ден во неделата - оној кој соодветствува со нејзиното име :D - и сите заеднички го живеат животот на една единствена личност, Карен Сетман.

    Навидум, се' се одвива добро, но Monday еден ден не се враќа од работа...

    Искрено, филмов ми се допадна повеќе отколку што очекував и има некои интересни поенти за дискутирање - на пример, проблемот со пренаселеноста и можните решенија за истиот.

    Со Noomi Rapace, Willem Defoe и Glenn Close.

     
    На 1209, kravce, tace73 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    А да преминеме директно на гледање на Мандејот (What happened to Monday)? :D Без гласање. цц Пошто го изгледав:tmi:
    Blade Runner ќе почека некоја нова тура на инспирација за гледање филмови. :)
     
    На Ane-Goki1, boomsleng, simonka93 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Јас овој уште пред 2 недели го изгледав, да знаев дека е со Фатиме немаше да го гледам |(
    Вие закржлавевте, а?
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Се закочи темата. Ајде нова анкета, нови предлози за филм :~:
     
    На Ane-Goki1, Lady Phoenix, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  5. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    655
    Да дадам неколку предлог филмови за гледањe

    Phantom Thread (2017) мислам дека се работи за квалитетно филмско остварување на еден од моите најомилени режисери Пол Томас Андерсон


    Mudbound (2017)
     
    На Herrera, DzingrlakaDzikica, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Од мене еден предлог на филм номиниран за оскар
    The_Shape_of_Water_(film).png
     
    На kravce, Someonespecial, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  7. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Анкетата за оваа недела е поставена, па ајде да го изгласаме најдобриот филм и да гледаме :~:
     
    На boomsleng, Ane-Goki1 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez Скоро секоја анкета победуваш, добри и интересни предлози даваш ;)

    Филмот го гледав само што излезе и искрено ми се допадна, бидејќи сакам филмови кои се фантастика, трилер.
    Овој филм има една интересна приказна, односно еден друг поглед на иднината.
    Популацијата на земјата енормно се зголемува и настанува проблем и како решение се дава забрана да се има повеќе од едно дете. Секој млад пар треба да имаат само по едно дете.
    Како таква приказна многу пати сум ја начекувала во други филмови, но сепак е поразлична од другите.
    Се случува да се родат 7 близначки, и нивниот вујко (мислам дека беше вујко ако паметам добро), ги зема и ги крие во една соба и ги учи секој ден по една да излегува од станот. И така секој ден, Понеделник, Вторник, Среда..до Недела за да можат да преживеат. Секоја од нив е различна на свој начин, различно се облекува, однесува итн.
    Глумицата која ги глуми сите 7 сестри, глуми одлично. Таа успева да глуми 7 различни ликови. Иако има и други ликови во филмот, највеќе се базира на оваа глумица бидејќи скоро цел филм се однесува на 7те сестри.
    Само една забелешка, не ми се допадна тоа што голем дел од филмот се одвиваше во една соба. Да чекаш да ти дојде тој ден од недела за да можеш да излезеш. А наредните 6 дена во таа соба...Тоа не ми имаше некоја логика.
    Во целост филмот е супер, според мене висока оцена (y)
     
    На Lady Phoenix, Ane-Goki1, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Хмм.. темата некако позната, сместена во иднината, или има забрана музика да се слуша, или книги да се читаат или деца да се раѓаат...:D Од кај да почнам. Ми се допадна глумата, карактерите, одредени сцени како сечењето на прстот, крвавите сцени, иако не сум обожавател некако добро ми легнаа, му дадоа шмек на филмот :) Ама не можам да го разберам. Зошто? Зошто баш елиминација на секое второ, трето итн дете? Зарем поголем данок за дополнително дете не би помогнало во таква состојба? Повеќе пари во буџетот, повеќе насочено кон производство на храна. Планско родителство. Да, можеби е дискриминационо, но далеку подобро од убивање деца. Друга ствар, не сфатив зошто беше толку важно овие 7 сестри да живеат. Не ја сфатив нивната цел, секојдневно се менуваат, имаа по 30год, напредуваа кариера...но до кога? Цел живот? Па живот ли е тоа некако.. постоиш, ама не постоиш. Пропуштив ли јас некој момент околу целта на нивниот живот? Не знам дали до толку свесно го следев филмот, што на моменти и заборавав на сцените, се фокусирав на тоа како глуми една актерка волку карактери, и иако во глобала добро го изведе, имаше сцени каде истото ме дефокусираше. Да не зборам колку тепање падна во некои сцени, ама луѓево никако да умрат, јок, на нозе уште :tmi:
    А мене уствари ми се допадна филмов :D забавен беше. Само, ништо посебен за мене. За зголемената популација во светот, некои го одбираат побавниот метод за убивање, со болести. Не трујат, со воздух, со храна, со лекови...
     
    На 1209, blackpanter, Bender Rodriguez и 3 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Јас овој филм го гледав пред да се предложи во темава.
    И јас на почетокот не сфатив за што се работи и мислев дека татко им е некој забеган.
    Нешто сакале да отсмислат ама на почетокот како да имаше некој стандард настан. Прво мислев дека се шегува кога им даде имиња Понеделник, Вторник...:rofl:
    Се смеев и не можев да ги разликувам, се било за пари и интегритет. Поголема моќ и една единствена. Мислам колку треба да бидеш :fubar: за да си ги убиеш сестрите.
    Многу смешноо сите умреа.
    Целта беше да им кажат дека се зачнати по вештачки пат, односно клонирани. Сите беа исти, не беа по природен пат и затоа сакаа да ги убијат за да не дознае човешството дека користат човечки гени за да клонираат исти личности.
    Добар филм беше.
     
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    What Happened to Monday?

    Што да кажам за филмов што веќе не сум го кажал у „Последен филм и кратка рецензија“ или што вие веќе не сте го кажале на темава?

    Ми се допадна, пред сѐ како идеја (со солидна реализација), а уште повеќе што е филм од продукцијата на Нетфликс кои, од некоја причина, како намерно да снимаат ужасни филмови. Особено ми се допадна Noomi Rapace, која беше главен носител на филмов и одлично се снајде во улогата на сите седум сестри.

    Наместо да ја прераскажувам содржината, ќе пробам да одговорам на некои прашања кои се наметнуваат додека го гледате филмов и на прашањата кои се поставија во темава, а и ќе посочам некои нелогичности кои не ме спречија да имам севкупен позитивен впечаток, но сепак ми останаа како такви во глава.

    Прво, каков е тој живот во кој живеете само еден ден во неделата (а и на тој ден не можете да бидете свои, туку мора да се преправате дека сте некој друг) и да морате да ги споделувате сите најинтимни детали од денот со вашите 6 сестри?

    За сите нас кои сме искусиле нормален живот несомнено делува страшно, дотолку што некој ќе се запраша дали воопшто вреди да се живее на тој начин. Ама за некој како нив, кој не искусил ништо поинакво од тоа, тоа е „нормалното“ и тоа е животот. Нешто налик на најсиромашните африканци, кои живеат во услови кои се незамисливи за нас – без храна, речиси без вода, изложени на болести и милост и немилост на природата. А сепак, тие луѓе живеат така, се раѓаат и умираат – бидејќи за нив животот не е гледање филмови и нивно коментирање на Фемина, од дом во кој ги имате сите удобности – животот за нив е секојдневна борба за опстанок и тоа е единствениот начин живот кој го познаваат.

    Секако, тука е и дискутабилниот момент на првиот plot twist – дали Monday беше „the bad guy“ у ситуацијава или не – затоа што сепак ги предаде сопствените сестри не поради ќеиф или аздис, дури ни поради тоа што сакаше да биде со саканиот, туку поради тоа што сметаше дека тоа е единствениот начин да го спаси своето неродено дете.

    Вториот plot twist, тоа дека децата всушност ги убиваат, барем за мене не беше никакво изненадување – тоа ми беше логичен заклучок уште од почетокот на филмот, затоа што целата идеја „ќе ги замрзнеме, па ќе ги оживееме некогаш, во некои подобри времиња“ ми беше бесмислена.

    Мојот впечаток беше дека тоа е јавна тајна, т.е. дека барем повеќето луѓе беа свесни дека нешто се случува, но едноставно одбираа да не веруваат во тоа или да го игнорираат, затоа што така им беше полесно и затоа што тоа игнорирање им овозможуваше да имаат поубав живот и подмирени животни потреби. Нешто налик на тоа што сите ние што сакаме чоколади и кафе одбираме да го игнорираме страдањето на децата и луѓето кои ги одгледуваат какаото и кафето, кои се безмилосно и сурово експлоатирани, само за да ние може да уживаме во вкусно чоколадо и шолја кафе. Или слично на тоа што сакаме да јадеме месо, а упорно замижуваме пред начинот на кое истото се добива и што се случува со животните во кланиците. Муабетот ми е, колективниот denial е нешто реално и опипливо, нешто што и денес постои, а не само во дистописки филмови за иднината.

    Ствари кои ми немаа логика у филмов:

    Пред сѐ, 7 еднојајчани близначки, растени во исти услови и со толку многу ограничувања, да бидат толку различни меѓу себе – практично 7 дијаметрално спротивни карактери – што според мене, едноставно не е возможно. Ама сфаќам зошто го направиле тоа у филмов – од проста и практична причина да можеме да ги разликуваме различните ликови, од Monday до Sunday.

    Второ (и најважно, затоа што целата приказна е изградена околу идејава) – начинот на кој се применува политиката „едно дете“. Јас лично сум поборник на идејата дека со подобрување на економската положба на луѓето, но пред сѐ, со ставање акцент на образованието, проблемот со пренаселеноста ќе се реши сам од себе – статистички е докажано дека најбогатите и најнапредните земји имаат најмал број на деца по глава на жител.

    Но да речеме дека проблемот треба да се реши инстантно, а не постепено, и за атер на дистопијата како двигател на филмов, решението треба да биде контроверзно од морален аспект – зошто едноставно не ги стерилизираат паровите кои родиле едно дете? Тоа ми изгледа и поефтино и похумано од „замрзнување“ на децата за да чекаат подобри денови – и неспоредливо похумано од нивно убивање. Освен тоа, решението во филмов бара да постои огромен административен апарат на глобално ниво, со милиони вработени, сѐ со цел за проверување и контрола на населението, како и за прибирање на второродените деца. Сѐ на сѐ, не го одбрале ниту најхуманиот, ниту најефтиниот начин за справување со проблемот.

    Сепак, не треба да се бара влакно во јајцето – не постои такво нешто како совршен филм – а филмов е и без тоа далеку од совршен. Но сепак е доволно интересен и непредвидлив за да го задржи вниманието, а и обработува интересни теми и прашања, а за мене – тоа е сосема доволно.
     
    На irrelevant, 1209, Bridget и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Многу нелогичности има филмот, на толкава контрола на граѓаните, невозможно е 7 деца, а подоцна и возрасни, да скриеш. Антибиотици за 7 деца, млеко вештачко за 7 бебиња :D нема некој да примети? Во една здравствена картица ако се соберат сите болести на седумте, ќе треба стално по болници да лежат. Со растење и паѓање на млечни заби, како ќе ги наштимаш сите со исти заби? Ама ај да не ситничарам, филм е.
    Друго, како можеше да ја скрие Mondey врската со типот, нели прегледуваа секојдневно како и поминал денот на секоја? Може сум пропуштила нешто оти пред месец дена ми е гледан.
    Трето, нивните борачки вештини, машала, на ниво на научна фантастика се. Ама ај и тоа.

    Одлуката на стариот да ги задржи сите 7 ми е исто толку страшна колку и идејата да се земаат деца и да се "замрзнуваат". Ги осудил на пропаст од старт. Исто сметам дека се сурови и останатите родители. Ако живееш во едно општество во кое знаеш дека е забрането да имаш повеќе од едно дете, зошто би раѓала кога тоа дете треба да го криеш во една соба до крај на живот плус со огромен ризик да ти го земат и "замрзнат"?

    Покрај се, интересно филмче, држи интерес, паметам една фина секс сцена имаше :D...и тоа.
     
    На Oneo, boomsleng, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.
  13. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.091
    Допаѓања:
    6.155
    Пол:
    Женски
    Што да кажам, а веќе да не е кажано? Интересно беше, ама очекував малку повеќе. Ни јас не знам што очекував. Можеа нешто да направат подобро и премногу долго траеше. Некои сцени ми беа непотребни, пример кога таткото плачеше во соба или последната сцена каде ги гледаат бебињата. Можеше да се заврши со смртта на Понеделник. Се на се добар филм и задржува внимание (поголемиот дел од времето).
     
    На boomsleng и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  14. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Ништо посебно, полн со нелогичности ако почнеш да го мозгаш, ама за тепање време супер, онака да го предложиш на некој гарант на сите ќе им се свиѓа, лајт филмче, не е досадно и битно е нешто колку толку помалку видено... 6/10 би му дала јас
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Многу време помина откако го гледав, го заборавив да не речам :) знам само дека уживав дур го гледав. Не мислев многу на логичностите и нелогичностите ко таа, да чуваш 7 деца дома и да ги претставуваш ко едно. Ја мислев повеќе приказната која се почесто се гледа низ филмовиве за некој ден во иднината кога ќе има ограничени ресурси и како некој си таму би спроведувал такви политики налик Кина... и дека би нашол и оправдување за тоа и не само што би нашол него и ќе му мине тоа оправдување. Луѓето ќе ја купат приказната дека така мора да биде и дека вишокот деца некој стварно ги замрзнува и ќе бидат одмрзнати во подобри времиња. Темиве што се обработуваат ми се ептем ретро. Ко да гледам некои од филмовите од детството само тие тогаш немаа вакви ефекти. И тоаш уживав и не многу мислев за логичностите пошто, лабаво филмче кое треба да раскаже некоја приказна од типот: „замисли еден ден... и, што би ти у таков момент“. Тоа. Крајот тажничок беше. Толкуз.
     
    На Lady Phoenix, boomsleng, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Еве предлог од мене за наредната анкета - Annihilation - филмче од сценаристот/режисерот на Ex Machina. Приказната накратко: на Земјата се појавува некаква аномалија - никој не знае точно што е и од каде потекнува, но истата постепено се шири и зафаќа се' поголема површина. Се' што се знае за неа е дека никој од оние кои заминале да ја истражат не се вратил.

    Не е класичен сф, ниту хорор, ниту трилер - интересен е и непредвидлив, со одлична кинематографија и специјални ефекти.

     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Mishela и 4 други им се допаѓа ова.
  17. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ај одма да го изгласаме овој на Бендер, јас сега ќе го барам да го симнам :D
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  18. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    Кај мене е симнат ама уште не сум го гледала. Таман ќе почекам, секако ќе победи па да ми биде тазе гледан :)
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Мене ми се свиѓа приказната, само тоа дека ги направиле ко од Џурасик парк малку ме одвраќа, ама ќе ми помине :D и јас ќе го гледам ваљда викендов.
     
    На boomsleng, Lady Phoenix, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.922
    Кога ќе дојде љубовно романче на ред, викајте.
     
    На boomsleng, Mishela, Lady Phoenix и 4 други им се допаѓа ова.