Значи сега јавно ги повикуваме тие што ги читале да не воведат во приказната Јас како траума мислев општо на целата тортура од детство односно на ситуацијата со татко му, не само на смртта на мајка му. Гнев сигурно имало ама тргнувам од тоа дека он не се калапеше во здрава средина. Затоа ме заинтересира таа приказна. Што се ли можат да истрпат детски рамења пред да се сронат и да им се извитопери снагата? Читачиииии помагајте! Па и за политиката во позадина не би било лошо да не подучат ...додуша на волку прашања јас можда и не е лошо да си ја прочитам книгата, ама да не се лажеме, тоа нема да се деси па повикувам пријатели п.с. Како иде до времетраење на обработка на филм? Да предлагаме нови наслови?
Немам идеја за предлози од пресни наслови, ама затоа имам папка пуна со филмови кои никако не се наканувам да ги гледам, а сакам. Жими се сакам. Ќе ги турам тука па ако можда некој се изгласа, ќе му дојде ред, не за друго, стварно беспотребно ми зафаќаат меморија. - American beauty, - Rear window, - Dead poet society, - the intouchables , - Old boy
Има супер филмови во предлозиве. Јас признавам дека не ве следев порано кога фоајето беше во полн ек, но веројатно го исфрламе Снешко од предлозите и додаваме нов на негово место? Би било супер да имаме и некои ретро-филмови. American Beauty со Кевин Спејси е култен филм според мене, исто и Dead Poets Society. За тие два сум спремна, другиве ги немам гледано, а некои од нив ги имам и кај мене во компјутер одамна.
Еве и од мене предлог за следна анкета И ставајте предлози па да ставиме анкета да не се закочи пак темата.
Ќе коментираме како минатиот пат кога беа изгласани два филма? Кој има изгледано дват може да ги искоментира и двата, а доколку само еден во тој сличај само тој (доколку се сеќавам точно).
Јас мислам дека еднаш кога имаше два филма, коментиравме по желба од тие два со највеќе гласови, еден кој сакаме...
Не се баш до толку поврзани приказните, освен можеби што ќе ти биде малку нејасно околу главниот лик. Ма да, други ликови се во центар на вниманието во овој дел. Може да пројде и одделно.
Не ми е гледан филмов, ама кога ќе има следна анкета би го предложила...може ќе го изгледам дотогаш. https://www.imdb.com/title/tt1437358/?ref_=ttls_li_tt
Еве ме да искоментирам за Escape plan 2. Го гледав пред месец и нешто, по свеж ми е од American Beauty (ќе го изгледам деновиве да се потсетам). За разлика од првиот дел каде ги имавме и Сталоне и Шварценегер заедно, овој пат го имаме само Сталоне. Сталоне иако имаше главна улога во првиот дел, во вториот дел скоро и да го нема. Добив впечаток како само да е вметнат во приказната, да има некое познато лице (мислам на лице кое публиката едвај чека да го види). Иако Сталоне не е единствено познато име во филмот покрај него може да ги приметите Dave Bautista (за фановите на Марвел Дракс) и Titus Welliver (од серијата Bosch). Не го сместувам 50 cent, бидејќи сметам дека него примарна професија му е сепак музиката. Со ова сакав да кажам дека во однос на актерска екипа нема да приметите никој посебно, воглавно во приказната сега се опфатени некои азиски актери кои филмов можеби би им била или сметале дека ќе им биде одскочна даска. Толку во однос на актерската екипа. Во однос на содржината на филмот. Не ме убивајте но ми задржа внимание. За разлика од многу нови филмови кои ги гледав периодов, со овој филм немав такво чувство да паузирам на секои 5 минути за да си завршам некоја работа, за потоа да го пуштам пола саат покасно или евентуално како што знам да го догледувам друг ден. Може дека сум фан на Сталоне па едвај чекав да го дадат во некој кадар (макар што имаше мала минутажа ) па тоа ме тераше понатаму за да го гледам. Сместен е 50 години во иднината каде затворите веќе се посовремени, се е роботизирано од стражари па се до медицински кадар, се со цел да се намали контактот со надворешниот свет и можностите за бекство. Како и во првиот дел така и сега Сталоне е тука за да ја разреши мистеријата како да избегаме од најсовремениот, најбезбедниот и скоро совршен затвор кој постои во моментот. Да не раскажувам крајот ќе оставам до тука. Спомнав веќе дека ми задржал внимание за разлика од многу други нови филмови. Ме фаќа дури и паника да го изгледам Maze Runner 3, до толку е работата. За крај ќе кажам колку и да ми задржал внимание и сето тоа сепак Escape Plan 2: Hades не е нешто не видено претходно. Едит: Заборавив да ставам предлог за следен филм. Solace 2015.
American Beauty e интересен филм, ама гледан ми е многу одамна за да можам да напишам некаква подетална анализа. Escape Plan 2 ми е како Escape Plan од Aliexpress - буквално кинеска копија на оригиналот (кинеска и по квалитет и според глумците), со ужасен квалитет, за 0.99$ и фри шипинг. За наредната анкета сакав да го предложам Ghost Stories - освен што е интересен за гледање, мислам дека ќе биде интересен и за дискусија, што е права реткост со новиве филмови. Ако некого го интересира, кратка содржина имам пишано тука, а еве и трејлер у прилог:
Да не ми избега друга анкета да си кажам рецензија за Escape Plan 2... Сталоне е во затвор во иднината каде што затворите се посовремени се со цел да се намалат можни обиди за бегство. Тој ќе бара помош за бегство од овој скоро невозможен затвор... Имав голема надеж за филмот кога видов дека ќе има втор дел, од првиот со Сталоне и Шварценегер. На некои моменти филмот ме потсети на серијата Prison break. Првиот дел ми беше поинтересен, не дека овој не далеку од тоа... Ама во првиот дел приказната беше поедноставна. Тука малку фалеше ликот на Сталоне на почетокот. Но сепак не беше лош и вреди да се погледне... Предлог за следна анкета https://m.imdb.com/title/tt6774786/?ref=m_nv_sr_1