Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ghost Stories

    Ghost Stories е филм кој главно одлучив да го гледам ради тоа што мислев дека Мартин Фриман е во главната улога и ради интересната премиса за хорор филм во кој натприродното (можеби) ќе биде разјаснето со нешто рационално – за промена.

    И се разбира, згрешив и за двете работи. :D

    Прво, дури откако почнав да го гледам укапирав дека Мартин Фримен не е у главната улога, туку некој за мене непознат актер. Впрочем, сите актери со исклучок на Фримен ми беа непознати, но во тоа е убавината на англиските vs. холивудските актери – сите до еден беа одлични во своите улоги и генерално, филмот воопшто не загуби на квалитет поради тоа што немаше звучни имиња во екипата.

    Во однос на мојата втора претпоставка, не знаев што да очекувам – дали ќе биде натприроден клише хорор или филм со хорор-елементи кои на крај ќе имаат рационално објаснување. Потајно, се надевав на второво. Но и за ова не бев во право, затоа што пресвртот на крајот на филмот целосно ме изненади.

    Почнува како класичен хорор – главен лик кој е „неверник“, кој се соочува со три навидум необјасниви случаи. Дури и приказните се раскажани во класичен хорор стил, својствен на филмовите од минатото, а не денешниве хорори со CGI чудовишта, крвишта и грозоморни сцени. Ретко што од она што го гледаме на екраните е навистина страшно – страшна е атмосферата, исчекувањето, неизвесноста и начинот на нарација на приказната.

    Потоа, приказните започнуваат да се испреплетуваат со личниот живот на професорот Гудман, за да последната приказна заврши со неочекуваното самоубиство на Мајк Придл. Потоа, работите стануваат сѐ побизарни и веќе ништо не прави никаква смисла, до таа мера што нема гледач што нема да се запраша „Што, по ѓаволите се дешава овде?“, за да на крај добиеме сосема задоволително и сосема неочекувано објаснување за целата фабула во филмот.

    Останува само да се запрашаме колку од она што го видовме од животот на Филип Гудман е вистина, а колку сон? На пример, дали воопшто бил разоткривач на паранормални измамници у рл? :D

    Инаку, не сакам хорори од проста причина што се претерано шаблонски направени. Негативецот може да биде а) нешто природно (сериски убиец, манијак, ајкула, гаврани) или б) натприродно (ѓаол, демон, чудовиште, вонземјанин), „хоророт“ во филмот секогаш се сведува на jump scares, протетички костими, CGI или грозоморни сцени, а крајот на филмот може да биде а) позитивен (главниот јунак/јунаци го поразуваат злото) или б) негативен (злото победува, крај на светот, чудовиштето успева да избега у последен момент – како иначе ќе има втор дел?). Генерално, ако сте изгледале 10-ина хорори, исто како да сте ги изгледале сите – не се претерано иновативни.

    Од друга страна, Ghost Stories има сосема доволно хорор-елементи за да им се допадне на фановите на хорори, но во исто време ги избегува сите клишеа на хорор-филмовите и со тоа е и генерално добар филм, кој може да ѝ се бендиса на практично секаква публика.

    И уште една работа која пријатно ме изненади – Ghost Stories уствари била театарска претстава адаптирана во филм! Често добивам впечаток за некој филм дека делува како да е (или би можел да биде) претстава, но со филмов воопшто не добив таков впечаток. Иако, откако отпосле размислив, навистина би можел да биде претстава – нема премногу актери, а ни различни сценографии – ама сепак, навистина одлично направена адаптација.

    Просто да се запраша човек – зошто кај нас немаме вакви претстави и/или филмови?
     
    На SV1911, TheGoldenPeach, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Претставата можеби би ми се допаднала, но филмов не баш. Баш дека е европски, очекував многу поголема драма и онаа чудна,бизарна али стандардна “уметност“ за ваквите филмови, каква и сакам :D Ако мислеле дека со оние створови кои треба да наликуваат на некакви духови ја доловуваат уметноста и бизарноста, па и не баш.
    Не знам како се осеќав во врска со филмов. Од аспект на изведба, сцени..лош за мене. Можеле да се потрудат малку повеќе. :) Ко приказна е океј, мада, ако малку подразмислам сигурно ќе избројам подобри верзии на слична приказна. И на крај, која беше поентата со приказната за неговиот живот од почетокот и сето потоа, поима немав, помислив дека сум пропуштила некои делчиња. Наликува ко да е правен во иста линија ...инспирација за изведба и сл. ко А Cure for wellness, или како и да се викаше, кој пак наликува на едни “хорори“ од едно време кога хоророт беше уметност, а не број на искасапени луѓе и поплави од крв :) Шо знам. Не ме инспирира нешто многу. А, можда и е до мене. Филм не можам да си најдам да го догледам до крај. Серии па затоа..еха. :bug:
     
    На SV1911, boomsleng, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Не е баш хорор, повеќе е психолошки трилер. Дај му шанса, мене ми се допадна.

    Јас ептен немам време да седнам и да дадам асална рецензија, а гледан ми е филмов. И претходниот. :doh:
    Ќе се обидам утре да го удостојам филмов со рецензија.
     
    На boomsleng и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Па така ми изгледаше и по трејлерот. Ај може ќе се предомислам.
    Ќе чекам од тебе рецензија :)
     
    На boomsleng, Bender Rodriguez и Mishela им се допаѓа ова.
  6. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Абе што ве нема да пишете по некој предлог?
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blackpanter

    blackpanter Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    6.145
    Пол:
    Женски
    Не ме завлече филмов за да го загледам, на неколку пати се наканувам да го гледам ама без мерак и го исклучувам. Дојдов за да дадам предлог за гледање на филм.
     
    На Mishela, zhap4e, iloveyou29 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Што стана со нови предлози? Јас, немам таков, aма имам некои филмови кои планирам да ги гледам, меѓу кои и овој:
    https://www.imdb.com/title/tt6238798/?ref_=ttpl_pl_tt
    Само не знам дали некому ќе му фати око. :)

    Кој има подобри предлози нека сподели па да одбереме нешто за гледање. :)


    Во август сум пишала дека „утре“ ќе пишам за филмот, ете да кажам нешто дури сум овде, оти претпоставувам наредното „утре“ би било некаде во октомври. :tmi:

    Better late than never - накратко, многу пријатно ме изненади Ghost Stories.
    Очекував некој евтин wanna be хорор филм со бостански плашила што излегуваат од под кревет или се појавуваат низ шкрипави врати дури некој од главните ликови слатко си спие, а всушност останав баш подзината од тоа што го видов. Во позитивна смисла. :)

    И би рекла дека филмов е баш психолошки трилер, далеку од хорор...
    Што би можела да додадам, што веќе не е кажано претходно; многу ми се допадна како сите поединечни настани успејаа да се „спојат“ на крајот, доста интересен крај, иако морам да признаам дека додека гледав, често некои делови ми немаа логика и ми беа нејасни, ама никогаш не би ми паднало на памет дека може да има некоја ваква завршница и малку ме потсети на онаа книгата од Алиса Фини (Sometimes I Lie) - далеку од иста со филмов, но имаше некои слични сегменти тука-таму. :)
    И мене исто така ме потсети малку на A Cure For Welness, мислам дека и затоа ми остави таков впечаток.
    Ми се допаднаа и кадрите, необичен ама доста солиден филм, иако почетокот ми беше малку досаден и сто пати се препрашав да не симнав погрешен филм или некој документарец.

    Во последно време, Нетфликс нуди навистина добри филмови, ама јас очигледно секогаш ги одбирам оние погрешните.
    Го гледав пред некој ден и The Skin Of The Wolf и имам многу поделено мислење. Not bad, but I've seen better - е баш така се осеќам во врска со филмов. :|
     
    На boomsleng, kravce, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Што се случи со филмсково фоаје, не сакате да гледаме некој филм?

    Имаше солидни филмови месецов, да одбереме нешто ако има заинтересирани. :)
     
    На TheGoldenPeach, boomsleng, do-re-mi и 4 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Знам дека го ставив во филмови за да ги гледам, али, нормално, не го изгледав. Па, ај...ако победи.

    Unsane (2018 )

     
    На Bender Rodriguez и Mishela им се допаѓа ова.
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    Мене ми се гледа некоја драма.
    Па ете можеби A Star is Born, највеќе заради музиката. Тоа нека биде мојот предлог, иако можеби повеќето сте го гледале веќе, ама ај да пробаме. :)
    https://www.imdb.com/title/tt1517451/?ref_=nv_sr_1
     
    На TheGoldenPeach, Bender Rodriguez, boomsleng и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    На Mishela, Bender Rodriguez и boomsleng им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Да улетам и ја со еден предлог - Searching. Ќерката на самохран татко мистериозно исчезнува, а тој преку нејзиниот компјутер и контактите на социјалните мрежи се обидува да ја најде. Притоа, колку повеќе истражува, толку повеќе сфаќа дека воопшто не ја познавал сопствената ќерка.

    Интересна премиса, несекојдневен пристап - буквално се’ е прикажано низ призмата на социјалните мрежи - и солидна оцена на IMDb.

    Да напоменам само дека филмов не ми е (до)гледан, ама од она што го видов - ветува. А ми изгледа и како да ќе има простор за дискусија. :)



    П.С. Трејлерот доста открива, па кој нејќе спојлери, нека не го гледа. :D
     
    На sweet-cherry, kravce, Madam-A и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Ај за да не испадне да покажам амбиција така сувопарно, предлог од мене нека иде white tales пошо секако планирам да го гледам деновиве.
    Молам надлежните да постават анкета што поскоро и да и дадам смисла на неделава.

    <3 ,
    Ваша М :makeup:
     
    На kravce, zhap4e, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Ајмо АНКЕТААААААААА!!!!!! :dance:
    Кој ја води темава? Ај нека го тагне некој тој што прави анкети,
    треба да се гледа филм викендов :sun:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    @RainBow ќе среди. Еве потсетување. :)
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Кој е white tales? Link до imdb? Само wild tales ми испаѓаат.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Аууу па да бе. Wild e хахаха. Моја грешка. Се извинувам.
    Не можам да ставам линк, многу ми е несоработлив телефонов.
    Па еве помошни информации за наоѓање:
    Од 2014 е, аргентински. Оргиналниот наслов му е Relatos Salvajes. Имал номинација за оскар и наводно бил многу интересен :)
     
    На Bender Rodriguez и RainBow им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.065
    Допаѓања:
    66.827
    Пол:
    Женски
    Океј, дополнив во анкетата.
    Ќе биде отворена три дена, па може да гласате. :)
     
    На Mishela и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ја ги имам гледано и Searching и Wild Tales ама и за двата би гласала. И сеа :^) Ај да видам излезеност на гласачи прво :D
     
    На boomsleng, zhap4e, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.