Мислам дека е поминатo повеќе од 1 недела за Glass, освен ако има некои други правила поразлични од првобитните (ќе ми простите, нова сум на темава) Сакам да се приклучам, но ќе почекам нов филм.. Па кој ќе биде следен? Ако се примаат предлози, од мене Suspiria, чинам и друг член го имаше предложено претходно.. Се токмам да го гледам, никако да седнам, вака ко предизвик ќе ми е, да морам да го изгледам
До кога ќе те чекаме жабице или пак лажеш мафташ? И ајде остали народе, доста беше заебавање, помина февруари, може да се гледаат пак филмови (стварно да се гледаат) , доста више и со онаа работа, треба да се уозбилиме, не мора сите деца да се родат во есен. Нова анкета? @RainBow ? Јас би го предложила Serenity, излезе пред скоро ама го има на торент , и бр.2 - оскаровскиот. п.с. Нема грешка дека планирал. Еве и јас скоро и да му поверував .
Е, кога сум излажала не го гледав, не отидов во кино за жал, а викендот (кога реков ќе го изгледам) барав снимка на нет и не најдов ништо асално, некои од камера катастрофа и баталив. Али, продолжете си со следен филм
Ај да го пројдеме Green Book следно ако не, таман додека нè држи уште оскаровската еуфорија. Јас сум за него, да му удриме една анализа на првенецот на годината.
Поздрав до сите во Феминско филмско фоаје Редовно следам, читам што се случува Малку е замрена, пасивизирана темава, но верувам дека ќе се врати во полн сјај како во добрите времиња од пред неколку години кога беше премногу живо, динамично, енергично. Секој од нас очекуваше да се предложи филмот, да се изгласа и со нетрпение да се напишат рецензиите на пасионираните филмофили нивните коментари, впечатоци, импресии. Како и секоја година редно е и годинава да ја почитуваме традицијата најдобриот филм добитник на оскар да го рецензираме, ја поддржувам Мишела во нејзиниот предлог, Зелената Книга мислам дека заслужено го освои оскарот за најдобар филм за 2018 година
Green Book - Oscar winner for best picture. Значи преку такво од оскариве за црнци и педери!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Го гледав од пред неколку дена и ич не ми се седнуваше да го пишувам, али редно е некој да пушти нога. Филмов сам по себе многу повеќе ќе ми се свиѓаше да не беше оскаровски, вака ме напна. Не знам зашто би добил оскар. Ништо посебно и ништо специфично немаше у него. Јес да конкуренцијата годинава беше на исто ниво веројатно, викам веројатно зашто ниеден филм немам гледано и нема да гледам, зашто не ме ни привлекуваат. Нели оскарот уште на трејлерот и прашината треба да се осети? Ако му пристапам како обична драма, ќе кажам дека е солидна интерпретација на положбата на црнците во тоа време во Америка. Еqual but separate. Сигурно е гадно да те третираат различно. Не само у случај на црнечка дискриминација, јас би ја коментирала сликата општо како некој се труди да лета, а чии крила од старт му се пресечени. Гадно е да те шамараат со предрасуди. Гадно е да не можеш да се изразиш себеси, да те осудуваат и неприфаќаат. Поише би рекла дека филмов сака да прикаже како е да се живее како некој кој по ниедна дефиниција не се уклапа во општеството отколку дека конкретно сака да ја прикаже тешката судбина на црнците у америка. ...ама нема да му пристапам како обична драма, ќе продолжам да го хејтам, јер Оскар треба да се заслужи. Чао!
Нешто слабо со филмов мислев да го пуштам само заради актерот пошто, многу ми се допаѓа, премногу во true detective. Ако го најдам за онлајн гледање ...можда.
а да идеме на друг за да не се кочи многу работава а? Ќе може да се скоцка нова анкета со некои од гореспомнатите предлози?
Прво го хејташ, па после несвесно разглабаш на што те натерал да размислуваш. Не само за расна дискриминација, те натерал да размислуваш подалеку, подлабоко, се ставаш ти на тоа место, што ако си ти тоа, како е да живееш со скршени крила, да не можеш да се изразуваш, да твориш, да бидеш ти... Лично и мене ми е преку глава од црнците и гејовите и филмовите за нив што упорно годиниве добиваат оскари, ама овој е различен, топол филм со душа, стварно не ми е прифатливо да читам вакви коментари зошто ова е баш филм за секоја публика, баш оскаровски филм. Сосема заслужен оскар барем да не грешиме душа оваа година пошто реално немаше ни конкуренција. Мене ми се допадна, ги имам гледано сите филмови од почетокот на доделувањето на оскари што ја зеле статуетката и како тргнало наназад последниве години, ваквите филмови ќе ја вратат церемонијата на прав пат. Да ги тргнеме предрасудите настрана ќе видиме дека во овој филм може да се пронајде секој. И јас, и ти и црнец и геј. Од мене има јака голема 9ка, според мене може да парира и на големите The Lost Weekend, It Happened One Night, How Green Was My Valley, Gone with the Wind,Casablanca, The Best Years of Our Lives, The Apartment, The Godfather... Убаво филмче. Еве објасни ми како се заслужува оскар?
Спојлер: ТУКА https://yts.am/movie/green-book-2018 Јас го пуштив филмов без никакво претходно знаење ниту за содржината, ниту дека добил Оскар. Најслучајно се решив да го гледам, и не зажалив. Многу пријатно а во исто време и лошо чувство имав на крајот. Највеќе ме погоди сцената кога Дон излезе од колата. Да не пишувам спојлери навистина ме допре во срце. Начинот на кој што беше претставена онаа лажна прифатеност на црнците во тоа време беше доловена во неколку наврати. Јас би го препорачала, иако малку на почетокот бавно се одвиваше дејството. Од мене 8.5/10.
Според мене, филмов не заслужува бидејќи е обичен. Рандом драма. Нема ништо маркантно од никој аспект... ни музика, ни сцени, ни кадри, ни костимографија. За оскаровец очекувам барем со нешто да остави трага. Моето разглабање не беше несвесно туку баш во прилог на поголем хејт. Сакав да кажам дека ќе имав солидна критика ако филмот не беше добитник на најпрестижната филмска титула, ама вака неговата финоќа ми падна у вода. Тоа што ме добил да размишњам, е браво за на селска чешма, за на ваков подиум му треба многу поише од приказна, а уште поише му треба да не се темели на црнечкопедерска тажна судбина. Не ми се свиѓа правецот во кој отиде доделувањето на оскарите. Нема никаква иноватиност и новина во филмовите кои се во мртва трка. Не само добитните, туку и номинираните. Порано од видеотека сум ги изнајмувала со најголем мерак да ги гледам номинациите зашто ми биле занимљиви, сеа едвај ќе се убедам на добитникот да му дадам шанса зашто ни по кратко содржина ни по трејлер не ме заскокоткува.
Од мој аспект беше многу добар филмот. Ми остави впечаток и ме натера да го анализирам во себеси, што е квалитет што се поретко го среќавам нажалост, особено кај покомерцијалните филмови. Тука ќе опфатам повеќе аспекти кои ќе го доловат мојот впечаток од филмот. 1.Дејство Сметам дека дејството можеше да се одвива и малку побрзо, особено на почетокот. Сепак, не беше пребавен и здодевен. Филмот одлично го долови чувството на изгубеност и меланхолија на главниот лик. Површноста на околината и луѓето, заробеноста во себе, чувството на неприпаѓање, се тоа беше одлично прикажано во атмосферата која ја носеше дејствието. Нема да се согласам со повеќето критики на филмот, кои наведуваа дека се глорифицира насилството во филмот. Во ниту еден момент не почувстував правдање на постапките на Џокер, туку само приказ на околностите што доведоа до експлозија на негативата на ликот. Во ниту еден момент ликот не беше претставен како херој (или барем јас не го доживеав така). 2. Кинематографија, сценографија и костимографија Од овој аспект сум воодушевена од филмот. Одлична кинематографија, одлична! Неверојатни кадри, кои совршено се вклопија во атмосферата на филмот, совршено ја изразија внатрешната состојба на главниот лик, напати наговестувајќи го крајот на филмот. Сценографијата и костимографијата, како и шминката, со своите сиви тонови само придонесоа за да се долови тмурното дејствие. Спојлер Особено ми остави впечаток сцената кога се подготвува за гостувањето во шоуто, каде има само бела шминка на лицето. Некако Артур изгледаше многу морничаво и бесчувствително во таа сцена. 3. Глума Тука немам зборови. Joaquin Phoenix го сметам уште од одамна за исклучително добар актер, кој е филмски камелеон. Тука блесна во полн сјај. Можноста да се поистовети со ликот и целосно да се трансформира во истиот покажа дека навистина го истражувал и подготвувал ликот. Не мислам само на физичката трансформација, туку општо, сите гестикулации и движења ликот ги долови одлично. Не само тој, туку општо целата актерска екипа беше сосема добро вклопена во своите ликови. Мене лично филмот премногу ми се допадна. Ми отвори теми на внатрешна дискусија за состојбите на умот, за тоа како стануваме тоа што сме, за тоа како всушност некогаш животот ни го диктираат склопови на несреќни околности, како и многу други теми.
Има ли подобар повод да се натерам да чкртнам нешто на форумов од живнувањето на една од моите омилени теми, и тоа со толку популарен и контроверзен филм како Џокер? I think not. Џокер целосно ја подели публиката и критичарите - едните мислат дека е најдобриот филм евр, а другите дека ода на инцелите, нешто што ќе предизвика mass shootings и генерално ќе ги инспирира силе кои сметаат дека општеството нешто им згрешило да му возвратат - со насилство. Вистината, како и обично, е некаде измеѓу. Дали Џокер е добар филм? Несомнено, одличен е. Дали е најдобриот филм на сите времиња? Nope, ни одблиску. Дали е најдобриот филм за годинава? Секако, не е дека имаше којзнае каква конкуренција. Кинематографија - одлична - мрачна и атмосферска, одлично прикажан Готам во рецесија. Музика - исто така одлична - осамено виолончело, меланхолично и тажно. Хоакин - најдобар од се'. Всушност, тој практично го носеше целиот филм и токму поради него е и толку добар. Заедно со Хит Леџер на прво место како Џокер. И кога сме веќе кај ова, мислам дека не може баш да се споредат Феникс и Леџер, у смисла кој е боље Џокер, од проста причина што ликот на Хоакин е буквално „раѓањето“ на Џокер - практично Џокер го имаме само во последните десетина минути, се' претходно е Артур Флек. Од друга страна, Хит е веќе full-blown Џокер, целосно скаран со нормалноста и целосно прифаќајќи го своето лудило. Пред да го гледам филмов, бев скептичен за филм со origin story за познат негативец - обично, негативнците се добри затоа што се мистериозни и нивното минато е непознато - а сите обиди за некаков origin story (Hannibal, Jason, Freddy, Alien итн., итн.) завршиле катастрофално и антиклимактично. Џокер, од друга страна, имаше сосема соодветна и задоволителна приказна, целосно изненадувачки за мене. Иако, мислам дека мистеријата која го опкружуваше Џокерот на Леџер со познатата „You wanna know how I got these scars?“ и различен одговор секој пат ми се свиѓаше за нијанса повеќе. Она што го прави Џокер исклучителен се неколку работи: во оваа доба на излитени медиокритетски филмови со суперхерои, Џокер воопшто не изгледа како суперхеројски филм. Функционира совршено и како stand-alone филм, и како дел од DC универзумот и приказната за Бетмен. Функционира совршено и како prequel за ликот на Џокер од филмовите на Нолан. Едностаавно, филмов фунцкионира од секој аспект. И на крај, нешто околку оригиналноста на идејата на филмов - ова поттикнато од срцедрапателни статуси од типот „сите ние сме Џокери“, „колку Џокери сте исмевале или отфрлиле во животот“ и слични семе-синапово мудролии. Тип кој е socially awkward се бори за место во безмилосно и сурово општество, во кое е целосно маргинализиран и практично невидлив. Се обидува да сврзе крај со крај и да најде некаква смисла во навидум бесмисленото постоење. Единствена светла точка која му се појавува во животот е девојка која му го привлекува вниманието. Арно ама, таа не само што не му ја возвраќа љубовта, туку е и исплашена од него. Типот станува се' поизолиран. Доаѓа до оружје, прави драматична трансформација на изгледот и неговото незадооволство и револт кулминира со бруталност и насилство. Но наместо да биде осуден за тоа, за многумина тој е херој. Ако мислите дека ви ја прераскажав содржината на Џокер, сте се излажале. Ова е содржината на Taxi Driver, култен филм од '70-ите (иако троа подзаборавен од миленијалците), со Роберт де Ниро во главната улога. Не велам дека Џокер е целосен rip-off на Таксист - има сосема доволно оригинални работи за да не мора да се смета ни за омаж - а и не е дека режисерот се потрудил да ги скрие сличностите, тоа што го најмил де Ниро за филмов е супер nod кон оригиналот. Едноставно, добро е да се знае дека во денешно време во Холивуд ретко што е навистина оригинално, дури и кога е толку добро како Џокер. Спојлер: бонус прашање Дали според вас Џокер е полубрат на Бетмен? Дали мислите дека тоа беше недвосмислено кажано во филмов или имаше оставено простор за лична интерпретација?
Многу ми се допаѓа паралелата што ја направи со Taxi driver Сосема истото го размислував, а не го спомнав во обид да не направам некој спојлер. Одлично срочено. Спојлер: Бонус одговор Во однос на прашањето, мислам дека целиот филм е оставен на наша интерпретација. Ние впрочем имаме многу малку факти во овој филм. Со оглед на халуцинациите и испревертената реалност во мислите на Артур, за голем дел од нештата не можеме да бидеме сигурни што е факт, а што е илузија.
Фала ти. Иначе, океј се спојлери у темава, пошто е за дискусија на даден филм и се претпоставува дека сите веќе сме го гледале, штом пишуваме у неа. Прашањето го поставив затоа што ми се допаѓаше двосмисленоста на ситуацијата - дали се во прашање измислици на неговата delusional мајка која имаше фиксација на Томас Вејн или е целосен cover-up на покварен богаташ. Од друга страна, откако ја убива мајка му, Артур наоѓа слика од неа со посвета "You have a beautiful smile - T. W." Тоа малце ми ја расипа двосмисленоста, но од друга страна, болна и опседната жена можела и самата да си ја напише посветата, нели?