Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Аа па јас па тука се пазам, се туфкам, вртам ко киша око крагуевца да не го спојлнам филмов :rofl:

    Инаку да, се сеќавам на моментот што го спомна, но се прашувам дали беше реален или во неговата глава. Неколку моменти во филмот ме натераа да преиспитувам дали Артур беше во болницата од старт и дали целото дејствие беше само во неговата глава, воден од желбата неговото постоење да има значење, да биде лик на новото движење.
    Некои од тие моменти беа следните:
    - забележав дека има потенцирани time jumps во текот на филмот. Најзабележлив оној кога се соочува со Т. Вејн во тоалетот, и кога се наведнува на лавабото. Следниот кадар е буквално истата позиција - наведнат над лавабото но во неговиот стан.
    - второто нешто што го забележав беше кога бегаше со досието на мајка си, никој воопшто не тргна по него, не гледаме како излегол од болницата, иако очекувано е таква установа да има добро обезбедување. Дали тоа може значи дека тој целото време се наоѓа во истата болница, а она што го гледаме е проекција на неговите мисли?
    - откако го изгледав филмот се сетив на една flashback сцена уште од почетокот на филмот, кога мава со главата во стаклениот прозорец на вратата во психијатриската болница. Собата изгледаше многу слична на таа што ја гледаме на крај.

    За крај, може и да ми е толкувањето too far fetched, и јас не сум на чисто што е моето сфаќање на овој аспект на филмот, но мислам дека е интересно за понатамошна дискусија :)

    А во однос на двосмисленоста која ја спомна, да јас така го сфатив дека мајка му исто така живее во сопствена илузија. Мислам дека и во досието имаше дека е delusional, ако добро се сеќавам :)
     
    Последна измена: 20 октомври 2019
    На blackpanter, lovestoneddd, Hellobeautiful и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Јас фино го предложив филмов ама го гледав пред две недели и малку ми испари, па ќе ме извинете дека малку бездушно ќе ми биде излагањево.
    Моите очекувања од филмов не само што беа задоволени, туку и надминати.
    Слушнав многу забелешки дека бил драма ама токму ваков требаше да биде според мене.
    Мислам со кој памет луѓево чекаа суперхеројски филм коа Џокер ем не е супер херој, ем се знаеше дека станува збор за почетоците.

    Едит:
    Го имав пишано ова:
    Што мислите во однос на татковството? Му е Вејн татко или не? Дали навистина мајка му испотпишала секакви документи со кои ќе се прикрие вонбрачното дете или си била она одлепена баш како што му кажуваа на Хепи?


    Пишав коментар па се навратив да видам што имате пишано за да се дополнам и гледам дека се покренало парашњето. Супер.
    Јас искрено мислам дека све е илузија на мајка. Сакам да мислам дека не е, за да е позамачкано ама сепак мислам дека едноставно е како што навива и самиот режисер да се прикаже.
    Сите откачиле и пола “секојдневија“ на Артур не се ни десиле.
    Лудилото е наследно, лудилото е заразно. :party:




    Нели?! :inlove:
    Кога си идев од кино додека ми го хејтаа филмов по пут ми текна на темава и сфатив дека ми зафали фоајево на душа. Шо праиш ти? Арен? Како животецот? Ајде седи да се поприкажеме. Јас частам :beer:

    Мене ова ме нервира.
    Не сакам кога мењаат круцијални детали. Нели по другите филмови лузните на Џокер му ги напраил татко му дека не се смеел. По овој филм: Што татко? Што лузни? Нисам одавде whaat?
    Сеа, имал татко или немал? Нека одлучат.
    Башка тоа? Кај му беа лузните сега? Барем тоа можеше да остане. Нека не ги спомнуваат од чиво потекло се ама нека ги има.

    Исто така некоординиран момент ми беше смеењето. Филмов тука вика дека е неконтролирано, во претходните филмови тоа беше контролирано и беше најава кога планира да прави некаква беља.
    Не може вака неусогласености. :doh:
     
    Последна измена: 21 октомври 2019
    На blackpanter, Sweetlove_0312, Rama и 4 други им се допаѓа ова.
  3. TrueReligion

    TrueReligion Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    175
    Тоа што секој различно ја доживува и разбира улогата односно животот на Џокерот,е она што го прави филмот damn good.
    Лицето на Џокерот е всушност лицето на едно нездраво и непродуктивно општество.Општество коешто не се грижи за човекот,ниту пак за неговите потреби.
    Пред некое време наидов на еден коментар којшто отприлика гласеше ,,Многу од нас се Џокерот,ретко кој е Бетмен''.Ми остана врежано во глава затоа што по улиците секојдневно среќаваме луѓе.Ако погледнеме поубаво,ако тргнеме од самите себеси-навистина е така.Колку пати сме рекле-Доста е ! ?
    Секогаш,во сечиј живот постојат такви ,,тригер механизми'' коишто во нас го хранат или лошото или доброто.Во случајот на Артур, станува збор за личност којашто поради тешо детство, болна мајка и никаква заинтересираност од околината си го губи идентитетот за да преживее.Кога велам преживее мислам во смисла на исполнување на сонот,да биде нешто од него и покрај сите дофрлувања од страна, и покрај играта приредена од сопствената психа.
    Во една ваква средина,Џокерот и неговата насмевка се единственото решение на Артур за да го прави она што најдобро го знае а тоа е да се смее.
    Мене лично филмов ме натера да се размислам дека општеството,тоа сме ние.Ние мораме да се промениме ако сакаме бројот на Џокери да се редуцира и да помогнеме во афирмирањето на едно поздраво општество.
     
    На candy.cane, blackpanter, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  4. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Без сомнение филм што предизвика екстремни реакции. Јас нетрпеливо го очекував како фан на трилогијата на Нолан и џокерот на Леџер, чекав и дочекав.
    [​IMG]
    Искрено, заминав на кино со мисла да го исплукам како недостоен и непотребен, ама некако се заебав.

    Светот е поделен со мислења. Некој не ја издржал ни половината на филмот, на некого џокерот му го сменил животот. Несомнено, нешто во што сите ќе се согласиме е глумата. Врвна, маестрална изведба на Феникс. Сега ќе го гледам со други очи. Приказната е ок, и мене многу ме потсеќа на таксистот на Скорсезе кој патем ми е и подобар филм, иако малце и ме разочара зошто знаејќи го Џокерот очекував повеќе филозофии, мудри мисли и цитати што ќе станат култни, а имаше тек тук некое речениче што ќе се врти низ социјалниве мрежи некој месец.

    Главната полемика е насилството и неправдата, а Џокерот сме сите ние, или Џокерот спие во секој од нас и ова е еден од ретките филмови во кои навиваме за негативецот. Да, Џокерот е негативен лик опериран од емпатија, а сепак сочуствуваме со него.

    Најголемо разочарување кај поголемата маса, но не и кај мене е тоа што не се работи за суперхеројски филм. Тоа го слушнав и од дечките зад мене во кино, од друштвото надвор откако заврши филмот и од многу други после тоа. Ова е психолошка драма и ако успееш да го отргнеш од минатото и другите делови и го гледаш како единка тогаш е совршен емотивен филм.

    Готам како и нашето општество и нашиот систем јаде живи луѓе. Посебно оние сиромашните и ранливите. Артур е лесна мета покрај неговата лабилност и кога веќе ситуацијата излегува од секаква контрола и ги преминува сите граници, тогаш настапува Џокерот во полн елемент.

    Како што споменав овој Џокер не е оној што го знаеме од стриповите, од минатите филмови. Ова е еден сосема различен и нов Џокер кој се чини како да припаѓа на друг свет. Или ќе го мразите, или ќе го обожавате. Но, главното прашање за оние кои го обожаваат филмот е:
    Дали исто ќе се осеќавте да не беше Феникс?
    Да, тој е оној што на грб го носи целиот филм, зошто од аспект на приказната, веќе сме виделе слични и подобри приказни. Но на ваква глума и ваква изведба, посветеност и карактер ретко сме присуствувале.

    Како што реков, тешко дека ќе го забележевме овој филм, да не беше Хоакин Феникс. За неговата изведба огромна 10ка, а за Џокер како филм што знам ете 8/10!
     
    На dayla, Rama, boomsleng и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Кога ги читам анализите и обидите да се продре во ликот на Џокер, претажно се чувствувам. Поентата на филмот, ниту е сфатена, ниту продлабочена. Не дека јас особено ја сфатив, ама мислам дека ми лежат вакви теми и можеби го гледам од друга перспектива, што факултетски, што од љубопитство дознаено.

    Филмот како филм може да е импресивен за луѓе кои или немале соочување со реачноста или за луѓе кои не размислиле подлабоко за животот. Приказната не е нешто што е невообичаено, секојдневие е кое одбиваме да го видиме.
    Импресивна е глумата на Феникс кој го носи целиот филм. Движењето на телото кое е типично за луѓе со невролошки нарушувања, експресиите на лицето, суптилните тикови, изговарањето на зборовите во конкретни ситуации.
    Ликот те флуидно те отсечно се развива, но не прекинува низ целиот филм.
    Џокер е оштетен од општеството и од длабоко емпатична личност. Се движи од длабока емпатија до црелосна апатија кога се и сите го носат пред свршен чин каде што веќе нема што да изгуби на светот.
    Филмот е повеќе од јасен. Нема позадина, нема под приказна.
    Џокер е жртва на родителите и на општеството и не е негативец, туку тој дел од него е продукт од сето тоа.
    Томас Вејн бил од секогаш богат и влијателен, ја искористил положбата за да ја искористи младата девојка, но заради иднината која сакал да ја гради, ја стрпува во лудница каде што и градат приказна и дијагноза (денес се случува ова, се случува и кај нас... или одзимаат деца правејќи ја мајката луда или ја прават луда дека не е негово), од која добива и реална дијагноза, но не е делузивна психоза, можеби нарцисоидност бидејќи го фиксира и своето дете за себе.
    Џокер го расте жена која го прави емотивно и психолошки зависен од неа, закочен во временската капсула на својата мајка која чека да биде спасена. Дополнително, како занемарено дете се бори со невролошко пореметување (какво правење на беља па смеење спомнувате, ова е болест) кое при интензивни емоции и страв, го активира центарот за смеење. А тој со нарцисоидното нарушување и делузивна психоза е Томас Вејн. Негирањето на реалноста дека имаш син, што би било сем тоа, но многу свесно, што прави да е уште поизвитоперено.
    Девојката во која се заљуби е доказ дека Џокер и те како е способен да има емоции, но не може и пред се не знае како правилно да ги искаже, впрочем неговата целокупна слика е да социјално чуден.
    Ја убива неговата мајка, неговата најголема стега и ограничување и станува ослободен и бестрашен, но за жал во рамки на неговата болест. Прво беше со тројцата од возот каде за прв пат се "испука" и се спротистави, се соочи со својот страв и за прв пат не беше натепаниот.
    Ескалирањето започна во моментот кога градот реши да нема буџет за луѓето како него и престана да ја зема терапијата. Што е реална ситуација во многу општества, па на овој начин дозволуваат да растат стигмите, незгрижените и неинклузирани луѓе.
    Тригерите се нижеа, беше натепан од деликвенти, беше исмеан во емисија, беше отфрлен од социјалните служби, беше наместен од колегата, ја розна вистината за авоите родители и при тоа беше уште еднаш отфрлен од својот татко и требаше кога ништо не е во ред - да се насмее. Како со се што не учат да правиме во ова лудо општество, што е буквално болест - ја негираш реалноста и се смееш правејќи се дека се е во ред, но тоа е нели нормално и така треба?!

    Џокер не сме сите ние.
    За жал не сме.
    Да сме, одамна се ќе беше поинаку.
    На неговиот лик, не гледам како на негативец, туку на симбол на расипано оштество, маргинализирани, а важни приблеми, игнорантност и површно општество. Дури и напротив, за мене е позитивен лик.
    И за крај, Џокер е секојдневие кое за жал "нормалните" и "ситуираните" одбиваат да го видат и им е предмет на подсмев.

    Инаку, го гледавме дома, но на 10 мин пред крајот, се укочи снимката, па го догледавме на лоша кино снимка. Се згорзив на какви моменти луѓето во киното се смееа и дофрлаа. Од љубопитство, 15тина минути потоа го премотавме цел во кино снимка да видам дали цело време било така. Било... Па кој е Џокер сега ... дали човекот со ментална болест во расипано и игнорантно општество или овие "нормалниве"?
     
    На JuLleE, RosettaStone, scorpias и 9 други им се допаѓа ова.
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Не знам низ какви розеви очигла гледаат повеќето, ама ова за мене беше брутално искрен филм за ситуацијата во која се наоѓа моментално поголемиот дел од светот.
    Ништо невообичаено. Слика на едно безнадежно општество во кое народот секој ден е се повеќе на работ на лудило.
    Мислам дека секој еден би се пронашол во некој дел од филмов. Особено луѓе од средна и ниска класа, интроверти, заборавени, отфрлени, дискриминирани, маргинализирани, жртви на некој вид насилство, жртви на системот...
    И ние имаме џокери, оние за кои слушаме на вести дека извршиле масакар, се самоубиле, пукале по доктори и комшии. Сите тие навидум живееле мирен и повлечен живот, ама баш таквите се полнат под притисок како балони и еден ден пукаат. Прашањето е само која ќе е капката што ќе ја прелие чашата.

    За филмот и глумата на Феникс, немам зборови. Маестрално!
    Мрачен филм и тежок за гледање да, но како поинаку би го доживеале во целост?!

    На прашањето дали Томас Вејн е таткото на Артур, и јас мислам дека е. Нормално е за влијателни луѓе да направат се што можат за да прикријат таква една непотребна драма во животот, ништо ново што не се случува и кај нас.
     
    На RosettaStone, Rama и boomsleng им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.134
    Допаѓања:
    156.152
    Тоа е тоа... слично видување имаме и ме радува...

    From a psychiatrist’s take on “Joker”:

    “So, I am not one to frequent the movie theater, or watch TV in general. I saw Joker on opening night, and went back and saw it a second time the following night. It was one of the most profound and powerful films about mental illness I can recall seeing. The way it depicted childhood trauma leading to mental illness, psychosis and psychopathy in adulthood was disturbing and visceral. More disturbing though, were the statements it made about how we treat and view mental illness as a culture. I think generally, most of society would like to believe that monsters are born- their pathology predetermined. It makes it easier to look away, to avoid feeling responsible, to act like the mess is someone else’s problem to address. At least until that monster shoots up a school or a concert, and then we feel entitled to be outraged? The truth is, many monsters are made, shaped by years of trauma, neglect, and lack of access to both mental health care and empathy. And still, despite years of suffering failed attempts, they still long for human connection, until one day they finally snap. The system, and society, didn’t just fail Arthur; it failed his mom. ’Joker’ was 40 years in the making, and what we witness in this film is the result of prolonged, unresolved generational trauma.

    Even among my colleagues, I have sadly heard disheartening descriptions of how Joker’s incessant (and INVOLUNTARY) laughter throughout the film was ‘annoying’ or ‘bothersome’ while being fully aware that it is as a result of traumatic brain injuries suffered during childhood abuse (see Pseudobulbar Affect). The laughter I heard in the audience during several very emotionally painful scenes, further speaks to the pervasive ignorance that still hangs over our culture regarding mental illness. During a particular scene after a violent act is captured on live TV, the camera pans back to show a cluster of TV screens covering the footage, interspersed with commercials for Rolling Rock, and Energizer, and Corn Flakes. This is the atmosphere we live in- a 24 hour news cycle where a disturbing mental illness-related tragedy can’t stay in a spotlight for 5 seconds because it has become the norm. Anyone who left the theater feeling like they just watched a disappointing comic book movie completely missed the mark. We should do better. We can do better. ✌ #mentalhealthawareness”
     
    На JuLleE, boomsleng и x.Daisy.x им се допаѓа ова.
  8. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам браво за оваа тема.Навистина не знам како не сум ја забележала до сега...Секако ќе се вклучам и јас :inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На Rama и boomsleng им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Нема нешто длабоко за размислување зошто е Џокер таков каков што е, прилично јасно е прикажано од старт. Не е нова приказна, не е нешто за што не знаеме, не сме слушнале, не сме свесни па сега очи ни се отвориле. Знаеме за ментални болести, знаеме што се случува со деца малтретирани како мали, знаеме дека на болни лекови им требаат за да функционираат нормално, хелоу, не ги измисли филмот менталните болести, знаеме и за фантазии да ја земеш правдата во свои раце и да излезеш како херој на крај за сите со твојата болка (ова како помлади кога не сме знаеле да се носиме со фрустрации). Затоа и сме малку повеќе претпазливи кога сме во контакт со личности за кои знаеме дека имаат малку посериозни проблеми со психа, затоа и постои стравот затоа што знаеме дека потешко контролираат емоции. Импресивното во филмот е начинот на кој Феникс го прикажа сето тоа. Толку.
     
    На irrelevant му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Феникс со самото тоа што тој го износе сам целиот филм, треба да земе доживотна пензија и 100 оскари за неговата маестрална глума, прикажа невидено ремек дело:bow::bow::bow:
    Точно е дека тематиката на филмот не е ништо ново, напротив долг период баш е видена и доживеана секоја сцена во голем дел од човештвото.
    Џокери околу нас има милиони, а ние како општество ги игнорираме на секој можен начин, слаба сум кога се работи за луѓе со разнишана и кревка психа, ептен емотивно ја доживеав секоја секунда од филмот, и за првпат сочувствував со негативец.
    Да се навратам на филмот, колку и да му беше скапана и трула психата на Артур, во него гледав и барем малку добрина, тоа го покажа кога не го уби другарот со џуџестиот раст, и кога не го повреди девојчето на таа соседката со која си замислуваше дека е во врска, исто и кога не го уби Вејн во тоалетот.
    Мајка му беше таква каква што беше, го испушти скроз од раце, и тоа уште кога му беше потребна најмногу во неговиот раст и развој, правото на терапијата му го одзеде државата, го претепаа на улица, го исмејуваа јавно на ТВ, човекот за кој дозна дека му е татко подло го отфрли, дозна за гадостите што пријателите на мајка му, му ги правеле во минатото и на некој начин тогаш се предаде на својата вистинска суштина, стана Џокер:devil:
    Филмот од мене има чиста 10, и секако дека би го гледала повторно:!:
     
    На boomsleng, elimkd, ane.bella и 3 други им се допаѓа ова.
  11. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.929
    Пол:
    Женски
    Не знам баш како функционира оваа тема...
    Кога ќе има следен филм?
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Кога Џокерот беше гостин во шоуто, почна да покажува манири на жена, поточно на травестит. Кога во својот дом го уби Рендал, извади британски акцент ако успеав добро да чујам на снимката која ја гледав. Тоа е неговата личност која се подвојува, симптоми на болеста, нели?
    Друг дел што ми падна во очи беше кога водителот го запраша дали преку својот изглед сака да пренесе политичка порака, знам дека се однесуваше на побуната надвор и луѓето со маски на кловнови, ама ќе да исто така алудираа на Доналд Трамп :D и веќе нека оладат во тој Холивуд од тој Трамп. Смешно дојде во моментот, што не значи дека е соодветно.
    Друго, шта да вам причам кад све знате, да не се повторува едно те исто. Филмов содржајно ми беше полн со клишеа, ама добар е сепак, иако главниот негативец од Бетмен не беше еволуирал за да стане ефикасен начин човечната порака да допре до неосвестени луѓе. Ми се допадна што филмот не го прикажа само проблемот како што очекував и како што обично бидува во филмовите, туку понуди и некакво решение (колку и да е нелегално и етички дискутабилно). Можеби за помоќен крај требаше повеќе да се акцентира осветата, ама којзнае тоа каков оддек би имало во јавноста, претпоставувам дека кон креирањето на делото пристапиле многу внимателно и филмот беше доволно монотон за повеќето карактери податни на лошо влијание да не се соживеат доволно.
     
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Филмот е мултидимензионално ремек дело. Тоа е чиста уметност, а глумата на Феникс на момент се прашуваш што е глума а што реалност? Глумецот е докажан и во многу други филмски остварувања ама оваа изведба е најкомплицирана и скоро совршена до степен што те тера да сочувствуваш со главниот лик.
    Опфатени се многу теми низ филмот кој секој различно би ги перципирал првенствено па последователно на тоа и различно би ги толкувал, затоа колку за дека е добар филм има толку против истото. Јас го оценив со 8 од 10 затоа што ми засметаа крвавите сцени. Се друго одлично се надоврзува до последната сцена.
     
    На boomsleng, ane.bella и Rama им се допаѓа ова.
  14. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    @RainBow зошто анкетата не е обновена?
    Нека живне малку темава.
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам за Џокер . Го изгледав филмот и искрено во Џокерот на Феникс видов наивно , невино детенце со ( се извинувам ако изразот лошо звучи ) ментална попреченост . Иако навидум возрасна личност , тој во душата и психата е дете . Филмот ми остави впечаток дека ние нормалните луѓе кои немаме никакви психички или физички пречки , забораваме на луѓето кои живеат со тоа . Наместо да им обрнеме внимание , да им помагаме во секојдневието , ние ги гледаме нашите обврси , секогаш брзаме некаде , секогаш се криеме зад фамозното " немам време , брзам " . Џокерот на Леџер беше добар ( впрочем и сум на некој начин негов фан ) , но Џокерот на Феникс е многу пореален од Леџер . Колку и да е изменет , колку и да е различен , ја прикажува реалноста преку очите на лице со пречки во менталното здравје . Впрочем , тие луѓе трпат највеќе насилство од општеството . Колку пати беше Џокер истепан , ограбен , иссмејуван , повреден .. За жал , такви се повеќето луѓе , груби , невоспитани и неемпатични .
     
    На boomsleng, elimkd, blackpanter и 2 други им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Мој предлог е мислењата за Џокерот да бидат преместени во посебна тема зашто има интерес за филмот, а и заслужува.
     
    На boomsleng и Rama им се допаѓа ова.
  17. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Леле темава е супер, може ли нов филм да се бира?
     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Зошто "Феминсκо филмсκо фоаје-Џоκеρ" а, не само "Феминсκо филмсκо фоаје??
     
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    не е толку комплицирано да се прочита првото мислење од темата , ама ај побитно е да се билдаат мислења само
     
  20. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Еве еден мој пρедлог за филм...аκо го немате гледано, погледнете го...англисκи е !

    Bless the child (2003)

     
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.