Има ли доброволци да ја активираме пак темава Зима, ладно, корона, изолација, таман време за гледање филмови. Ајде ако се собереме неколкумина бар, да не бидат два три поста само
Епа ајде да собереме неколку предлози Од мене Tenet нека иде, актуелен е сега, таман го немам ни гледано https://www.imdb.com/title/tt6723592/?ref_=nv_sr_srsg_0
The common story 2019 е мој предлог. Пошто стварно немам што да одберам, се живо и диво изгледав периодов
Го има на замунда, баш се мислев дали да го гледам. Бендер може телепатски да го повикаме, или ќе осети енергијата од темава како го повикува
@RainBow, може да ни ставиш листа за гласање од трите филма...да пробаме,дал ќе се реактивираме во темава ко некад,?
И тебе те памтиме, не туку ѕиркај само. Кажи некој предлог?! И @Lady Phoenix може ќе сака да се придружи. Колку да не е без ич, еве Oldboy нека биде мој предлог.
Aма јас се избацив вака мањачки за да потврдам присуство . Ми стигна нотификација на мејл за активација на темава и се подвозбудив. Имам изгубено навика да проверувам, па бавна сум али ќе ја мешам манџава.
Ајде и јас ќе се приклучам, за Tenet гласав зашто во план ми е да го гледам. Ќе се собереме, ќе има ли кворум?
Мислам видно е кој ќе победи, шанси за пресврт некако никакви Да почнеме да го гледаме филмов ако не па, м
Eпа ај добар ден на сите Јас го изгледав филмов и шо знам шо да кажам... Или сум излегла од форма, или сум блок во мозоков, или најверојатното - до филмот е. Не ми побуди ама воопшто никаква тема за размислување. Добар е да, дури и одличен, ама класична акција и немам како да одам подлабоко. Се надевам ќе ја раскопате содржината подобро, па да можам да се надоврзам Ваша М,
Да знаев филмов дека ќе трае 10 саати, воопшто немаше да го предложам Таман кога мислев завршува, тој на пола Значи, протагонистов наш, јака фацка, ставен на тест од некои тајни служби, проаѓа и сега му е дадена нова тајна мисија за која ништо не знае. Освен зборот тенет и движење со рацете баба ми што го прави у скут држејќи ги И тука дознаваме дека филмот е за некои предмети што дошле од иднината, ама кај нас наопачки функционираат. Интересна идеја. Од старт до крај филмов беше турбо, постојано акција, бркање, пукање, крадење... и одвивајќи се така брзо мислев брзо ќе заврши. Ме измори. Тек кога стигнавме до третата половина ми стана малку интересно со тие ефекти, коли во рикверц што одат, луѓе наназад, згради што се склопуваат наместо да експлодираат.. Многу јакичко. Само у сето тоа толку се збркав, веќе ни не знаев кој што прави, во кое време се наоѓа и зошто Не сфатив ни како светот во денешницата или минатото требаше да исчезне со тоа што го правеа. Ако разбравте кажете ми, ме мрзи пак да го пуштам. И друго. Одбраа да се вратат во минатото за да го наместат Сатор, нели зашто он ќе одбере момент кога бил среќен со жена му за да се самоубие. Значи он се враќа од иднината во минатото за да го одбере точно тој момент. Е, ама кога се потсеќаше жена му понапред во филмот на тој ден одморот на јахтата во Виетнам, она се виде всушност себеси како скока во морето и потоа мажот и го немало. Значи тоа веќе се случило. И Сатор би требало да знае дека така ќе се одвива, зарем не? Еве не знам, збунета сум цела Се молам фимлаџиите, штом не можат да се искажат во час и половина, до два, да си направат барем мини серија. И подобро ќе објаснат, и нема да се чувствувам како да сум на трка