Спојлер аууу мислам дека се погодуваме со вкусовите . Него се редактирав горе, види, па и тој последниот имај го предвид. А овој The Man From Earth и мене ми го предложиле само сум го заборавила. Ајде да видиме дали ќе дополнува @do-re-mi , или да собираме гласови и да стартаме
Доволно наслови се собраа но, еве од мене еден предлог (нека стои за понатаму): The soloist (2009). Инаку и јас сум за The man from Еarth. Не знам како не сум наишла на филмов порано.
Мене сите предлози што ги дадовме сега ми се свиѓаат. За да не одолговлекуваме, Рејн ќе постави анкета со овие, па ќе гласаме, а потоа по ствар на договор може да бираме и друг од истата листа за да не ни отидат во вода ако ни се сака уште некој
Па, ќе ви се приклучам и јас за The man from earth, гледам сите сте согласни за тој, па додека го гледаме и коментираме може да се даде уште некој предлог и да се стави анкета.
епa супер, oндa некa иде the man. @RainBow , мoжеш и веќе дa ни гo сменеш нaслoвoт. Тaмaн дoдекa дa се собере уште некoј предлoг, и пoтoa ќе бидaме oд oстaнaтите предлoзи. Дo пoнеделник гледaме или?
Девојки, само да се пријавам, ќе ве дружам и ја у темава, т.е. ќе се потрудам. Филмов го имам гледано пред некое време и ми се бендиса, може ќе треба да се потсетам деновиве уште еднаш. Се читаме.
Јас не сфатив дали сме договорени од денес или утре и почнав да пишувам преска ама си викам ај да не зезнам некој па да го исспојлам и се премислив. Јас сум спремна, кога ќе кажете. Еве уште 2 саати има до крај на рокот ако важеше и со си денес.... па независно може да се распуцаме уште сега, м?
Јас си ја имам завршено домашната задача - го имам изгледано, ама не можам веќе да зјапам во екран, па ќе пишувам утре, а ти Мадамке, можеш да го „скршиш мразот“ (јас не ни знам овде како одат работите), па ќе се надоврзам.
Јас само што го изгледав. Едвај. Крајно досаден филм што претендирал веројатно да биде крајно интелигентен и фасцинантен, оригинален, ама за жал останало само на претензија. Глумата мртва, Професорот Џон монотон, мислиш раскажува нешто најтривијално, без никаква страст, без жар. Мислам, му умре детето на крај едвај трепна. Зошто се одлучи да ја сподели приказната со таа група луѓе? Па и таа некоја си студентка што не ја ни познаваше не знам што бараше таму, да внесе малку свежина кај насобраните старци? Дефинитивно еден од полошите филмови што сум ги гледала, а мислам дека приказната можеби би била подобра како книга, без овие апатичниве што не можеа ни да ја пренесат како што треба. И се согласувам со сите ниски рејтинзи и критики на имдб, не знам како филмов има толку висока оцена.
Jaс за разлика од Рејн го ставам филмов во група со позитивни критики. Можам да кажам дека овој ми е еден од најинтересните, ако не и најинтересен што сме ги одбрале за дискусија. Сакам вакви филмови каде не надвладува високобуџетноста, туку дубината. Муабетот ме потсети на полупијани дискусии што си ги водам јас со друштво, каде темата на дискусија (најчесто банална) знае да потрае до сабајле, , затоа можеби го изгледав филмов без ни малку да го осетам времето што проаѓа. Е сеа, од аспект на сценарио: одлично склопено. Прекрасно ми течеше муабетот на професорите. Да ти е мерак да си во соба со начитани ликови низ кои гледаш како преку различни аспекти се дава објаснување на работите. Според мене поентата беше да се прикаже како луѓето се спремни на проширување видици кога се под штит на хипотетичкото. За малку ќе дадеа логично објаснување дека еден организам може да преживее 14000години и кога дојде ситуација да тоа веќе не е толку фигуративно, ОП ...ама чекај, ама зашто, ама како, ама што? И добро, за да прифатиш нешто како конечно, реално и треба да го истераш секој можен сомнеж и тоа сосем им одговараше на титулите и баш тој преокрет во потенцијално озбилен муабет ми беше успешно изведен. Пола саат се убедуваа дали овој е кејвмен, ама за 3сек ги убеди дека се зеза. Веруваме во тоа што сакаме да веруваме, нели? Сепак уште еднаш се покажува точно тоа дека многу полесно е да се потпреш на познатото отколку да пробаш да прифатиш нешто ново. Ама не ги обвинувам. На нивно место и јас би му залепила дијагноза на Џон. Интересно ми беше тоа што на почетокот сите му го разгоруваа огнот со тапшање на приказната, за подоцна сетоа тоа да отиде во рикверц и сите се убедуваа дека не може да биде во право. Таа госпожата што му се насука, изголта се без потпрашања и без потреба од гаранција - ваљда типичен приказ на слеба љубов. Не можам да одлучам дали сакав да заврши со докажување на приказната на Џон. По мој вкус ќе беше убаво ако не се кажеше дали овој ги ребра, зашо крај краева не ми беше ни битна точноста на содржината туку како се поставија ликовите на неа. Со неодреден крај ќе беше досаден филм за оние кои не му навлегле, а вака додатно им дале (според мене лажна) поента на тие што мислат дека суштината е дека Господ е меѓу нас. Јас воопшто не го сфаќам филмов како религиски или со акцент на дали Џон бил Исус или не, едноставно можеби како трзај за размислување. ( А додека сум кај религијава, многу ми се свиѓаше како беше направена паралела на погледите на обичните смртници низ текот на годините и сликата која веројатно е преувеличувана без да се согледа едноставно можно објаснување и пак се навраќаме на тоа: веруваме, во тоа што сакаме да веруваме.) И мене некако ова ми избоде очи. Непотребни елементи ми беа таа дрољетината пубертетска и моментот што на никој (освен еден) не спомнал овој во толку време дека не старее. Као да не има што да изгуби?! ... И малку беше претерано дека го сретнал Ван Гог, Буда, Колумбо.... али ајде да не ситничарам, ќе пројдам преку тие неколку замерки. Се на се, мене ми се свиѓаше филмов .
Иако ветив дека ќе пробам, филмов не успеав да го изгледам уште еднаш, па ќе коментирам малку по сеќавање – се надевам, никој нема да ми замери. Значи, The Man from Earth генерално ми остави добар впечаток и ми се допадна, иако мислам дека можеше во одредени аспекти да биде и подобар. Да почнам прво од добрите работи. Прво, како човек кој сака и гледа филмови, морам да кажам дека ретко кој понов филм успева да ме изненади и да понуди нешто што за мене не е веќе видено. А The Man from Earth е токму тоа – свежа и оригинална идеја, која успеа да ме заинтригира и да ми го задржи вниманието. Второ, во време на холивудски блокбастери и мултимилионски филмски буџети, ретко се наоѓа независен филм со скромен буџет, кој успева во тоа недостатокот од финансии да не му биде очигледна маана. Повторно, The Man from Earth е токму тоа – жив пример дека со малку пари, но со добра и оригинална идеја и солидно сценарио може и во денешно време да се сними добар филм. Во однос на содржината – пред се, ми се допадна што идејата за човек кој може да живее 14000 години беше доволно добро научно поткрепена и образложена, таман толку за да биде believable и да не мора да превртувам со очи во текот на целиот филм поради некоја небулозна научна премиса (како што е во случај со многу други филмови). Дијалозите беа ОК, темпото на одвивање на настаните, исто така. Ми се допадна и идејата, односно објаснувањето за потеклото на Исус и неговата филозофија, која навистина многу се разликува од старозаветната, а е доста поблиска со источните будистички учења. Добри беа и размислувањата за религијата и нејзината улога во животите на луѓето, генерално. Исто така, ми се допаднаа и егзистенцијалните проблеми поврзани со човековата бесмртност. Интересен ми беше и фактот што иако се работеше за луѓе кои се научници, сепак беше покажано дека дури и научниците имаат некои свои предрасуди и стереотипи, од научен аспект, се разбира. Поентата, барем за мене, беше дека дури и науката, која колку и да ти отфрла стереотипите и „вистините“ запишани во камен во потрага по вистината, може понекогаш да биде ограничувачки фактор во сфаќањето на некоја нова и неистражена појава. Глумците ми беа ОК – се сложувам дека ликот на Џон можеби беше претставен како монотон или без страст, но можеби тоа и беше поентата – сепак, некој кој живеел толку долго и искусил работи за 100 нормални човечки животи, не може да ги перцепира и доживува емоциите како обичен смртник, нели? Дури и кога се работи за смртта на сопствениот син. Па зборот ми е, и неговата рамнодушност која навидум бодеше очи, можеби е намерна и оправдана, така да и тоа не ми беше некој проблем. Сега, малце и за негативните работи. За мене, најголем проблем беше крајот на филмов. Лично, мене многу позадоволителен ќе ми беше крај во кој ќе се оставеше простор за гледачот да одлучи дали приказната на Џон е вистинска или само practical joke за неговите колеги и незаборавна забава за збогување. Овој елемент на неизвесност ќе допринесеше за уште поголем реализам на филмот и ќе оставеше слобода секој да си има крај каков што посакува. Но, тоа сум јас. Во однос на тоа зошто се одлучи баш на нив да им ја раскаже својата животна приказна – мене искрено не ми бодеше очи, зошто па ако не ја раскажеше на некој (сеедно на кој и од која причина), немаше ни да може да се сними филмов, нели? Малце претерано беше и тоа што Џон успеал да се сретне со толку познати и еминентни личности од историјата на човештвото – преголема случајност, за која шансите, реално гледано, се многу мали. Ова претпоставувам беше за да филмот биде поинтересен, иако, според мене, немаше потреба од тоа, барем не во толкава мера. Уште една многу неверојатна случка – баш еден од професориве да се погоди да му биде син. Овој момент, заедно со неговата смрт, исто така ми беше скроз непотребен и вишок во филмов. Мислам дека филмов можеше да биде малце пократок – некои 10-ина минути, бидејќи на моменти (ама само на моменти) ми делуваше развлечено, така да ако беа скратени некои непотребни делови и целокупното траење на филмов ќе беше помало, а со самото тоа и филмот ќе беше поефектен. Се на се, и покрај недостатоците кои ги набројав, The Man from Earth ми остави доста позитивен впечаток, и според оригиналноста, и според начинот на изведба. На крај, не можам а да не го споредам со други филмови во кои се обработува бесмртноста. Филм со оваа тематика (бесмртност и егзистенцијалните прашања кои произлегуваат од неа) кој ми се допаѓа е Highlander, кој исто така си има свои маани, особено од денешен аспект, но и покрај тоа, сепак е филм кој го сакам. Филм со слична тематика кој воопшто не ми се допадна е Age of Adeline, во кој бесмртноста беше искористена само како двигател на фабулата (што беше многу лошо обмислено и изведено), а во суштина беше класично љубовно филмче. Е, ова ми е пример за високобуџетен филм, со познати глумци, кој е многу под нивото на еден нискобуџетен филм како The Man from Earth, и од аспект на идеја, и од аспект на реализација.
Работата е што ова му беше прво дете кое го виде како умира, нели сите ги остава по десет години. Колку и да живеел сепак е човек, а со оглед на тоа што син му и не беше толку стар спомените од него се уште би требало да бидат свежи. И затоа очекував повеќе емоции. Јас очекував така и да заврши, иако не ми се допадна филмот таков крај ќе ми беше позадоволителен. Уште поневеројатна случка, професорот што се погоди да му биде син, се погоди и да го слушне делот во кој Џон ја потврди приказната. Mногу глупаво беше изведено, он раскажува, а не виде дека остана професорот внатре, мислам... Ма неее, зашто мали? Па човекот беше Исус, ако тоа може да се проголта овие другиве средби се сосема безначајни. Ем не старее, ем секогаш успева да се најде на најзначајните места и да биде во друштво на значајни луѓе. Мене овој филм баш ми се допадна, ама зашто го гледав со очекувања дека е љубовно филмче и сакав љубовна приказна, Токму тоа што ми требаше тоа и си го добив. И за љубовно филмче е сосема во ред.
Уххх, речиси се' што сакав да кажам се состои во постовите на Мадам и Бендер. Кога решив да го гледам филмов, имав во предвид дека е научна фантастика. Е сега, има луѓе кои научната фантастика ја сфаќаат многу сериозно, бидејќи тоа им е омилен жанр. Мене не ми е, па затоа и често пати гледам такви филмови за да релаксирам и да се опуштам, без да се напињам зошто нешто било вака или не било така. Јас логики во научна фантастика не барам и ситници воопшто не замерувам, освен ако не е нешто што ептен би ми пречело. Од овој филмски жанр најчесто имам прениски очекувања, па затоа и се обидувам да не се нервирам после изгледан ваков филм, освен ако не бил ептен тапа, па да ми претставува залудно потрошено време. Имајќи го во предвид мојот став кон научно фантастичните филмови, мене овој позитивно ме изненади во огромна мера. Еден од ретките филмови што ме бендисале и да не речам, ме фасцинирале. Гледам дека сум го рецензирала во соодветната тема и не сум „спојлала“ ништо , а сум му дала оцена 9 (како за таков филм). Како што кажа и Бендер, а и Мадам, ми се допадна што е нискобуџетен, ама тоа не влијае на неговиот квалитет, зашто добра била идејата. Ме восхитува кога ќе се направи еден филм, што се вика, во една просторија, а ќе ти го задржи вниманието и нема да го осетиш времето. Мене особено интересно во филмов ми беше кога Џон ги раскажуваше своите почетоци како пештерски човек. Како се однесувале праисториските луѓе, како почнале да го бркаат од своите заедници кога ќе забележеле дека не старее. Интересно ми беше тоа од аспект што во филмов реално ни покажува дека од почетоците на човештвото, до ден денешен една работа не се сменила, а тоа е тешкотијата да се прифати некој кој е различен од тебе. Исто така, особено голем впечаток ми остави делот каде произлегува дека тој е Исус, особено што од една страна сум ептен рационален и логички настроен човек, а од друга страна верувам и се обидувам да верувам во нешто што за мене претставува Бог. Тој дел ми беше најконтроверзен од целиот филм и многу реални ми беа реакциите од професоркава што беше верник и што паѓаше у несвест кога овој ги кажуваше тие работи - како да богохули. Меѓу другото, можам да кажам дека мене ми се допаднаа речиси сите работи кои Бендер ги навел како негативни. Мадам, со ова се согласувам, ама кога ќе видиш, во филмов треба да има се' за да се задоволи што поширока публика, па мислам дека затоа и ја вметнале, за и тие што сакаат да гледаат дрољетини, да бидат задоволни, да има и за нив нешто. Додека го гледав филмот, цело време бев во неизвесност дали човеков се зеза или е вистина тоа што го кажува. Јас сум тип на филмоман што си сака конкретен крај, макар и да не ме бендиса. Јас не ги сакам краевите на филмовите во кои е оставено на фантазијата на гледачот да одлучува за крајот на филмот. За мене важи поговоркана „Крајот го краси делото“ и затоа сакам вистински крај, а ме нервираат оние другите, ама тоа си е субјективно. Јас пак нека си фантазирам како би заврпил инаку филмот, ама сакам екипата што го прави, да го даде својот крај. Па кога ќе се земе во предвид колку многу познати и истакнати личности имало низ историјава на човештвото, не е толку драматично и неверојатно што во текот на својот 14000-годишен живот се сретнал со неколку од нив. Башка, ако добро ме држи памтењето, раскажуваше како долгогодишното искуство му помогнало да се движи низ разни социјални кругови. Можеби баш дека сум човек што не верува во случајности, мене ми беше интересно што филмов беше исполнет со случајности. Сепак, во тек на 14000 години, особено во новово време, кога светот е едно глобално село и често пати знаеме да кажеме „Колку е мал светов“, не ми пречеше таа (не)веројатност баш во тоа време и на тоа место да се најде и професоров што му е воедно и син. Баш тој дел му даде на филмов и малку емотивност и можност да видиме каква би била реакцијата кога Џон би се сретнал со свое дете и да ни покаже зошто Џон го напуштал по некое време своето семејство. Како и да е, генерално филмов многу ми се допадна и затоа што ми беше како час по историја, географија, биологија и не знам веќе што, скоцкан во час и половина, при што се гледа дека е вложен труд се' да изгледа колку е можно пореално и на секое прашање да се даде што е можно поиздржан одговор. Доста е за сега.
Не знам, пак ќе речам, мене ликов на Џон ми делуваше малце круто. Дали тоа се должеше на самиот глумец, невнимание на режисерот или пак негова свесна одлука, можам само да нагаѓам. Искрено, се надевам дека е последново. Но, факт е дека сите ние што живееме животи пократки од 100 години, можеме само да замислуваме и претпоставуваме како некој 14000-годишник би се однесувал во дадена ситуација, од емотивен аспект. Човек кој низ вековите имал којзнае колку деца и жени, на чија смрт не мора да сведочел, но без разлика бил свесен за неа и човек кој со сопствени очи сведочел на којзнае колку многу смрт и патење, можеби во ситуацијата прикажана во филмот би се однесувал токму така како што се однесуваше Џон. Да не заборавиме дека е следбеник на учењето на Буда, па можеби и самата смрт ја доживува на некој, не толку трагичен, зен-начин. Додека размислував за оваа работа, Лејди Феникс ме претркала со објаснувањево: Морам да се сложам дека на работите може да се гледа и на овој начин, и само да дополнам дека - ако добро се сеќавам (ако не сум во право, слободно нека ме исправи некој) - средбата на Џон со Буда не беше случајна, туку намерна. Мислам дека Џон свесно и намерно се сретнал со него и станал негов следбеник, бидејќи бил фасциниран со неговото учење. Па така, ако претпоставиме дека средбите со овие историски фигури не биле чиста случајност, туку намерни (барем повеќето од нив), тогаш можеби ова и не е толку неверојатно како што изгледа на прв поглед. Како љубовен филм можеби и не е лош, можеби е и сосема ОК - не сакам баш љубовни филмови и ретко гледам такви, па не се осеќам баш компетентен да коментирам каков е филмов од тој аспект. Она што мене ми засмета уште на почетокот е „научното“ објаснување, т.е. обид за објаснување за тоа како Аделајн станала бесмртна. Толку ми беше ужасно, што остатокот од филмот не обрнував внимание на содржината, туку се нервирав ради тоа. А капак на се ми беше случката кога повторно станува смртна - тоа ми се чини, ме дотепа у поим. Ама, пак ќе кажам - тоа сум јас - еден ваков детаљ кој на некој друг можеби не му засметал или воопшто и не го приметил или му обрнал внимание, мене може да ми го уништи целиот филм и многу да ми влијае на мојот впечаток за него.
Да бидам искрена, не дека јас преферирам нискобуџетни, ама баш како што викаат @Lady Phoenix (дека се гледа вложениот труд) и @Bender Rodriguez , (дека се покажа како интересна, содржајна и оригинална идеја)... следен пат ќе размислам кога ќе ги избегавам ваквите. На неколку пати сум загледала и ми се допаднале ваквите (пр. the exam) и пак не можам да си ги откорнам предрасудите . Кога сум кај предрасудите, ми се свиѓеше поентата што Сењор Родригез ја извадил од филмот ( дури и науката, која колку и да ти отфрла стереотипите и „вистините“ запишани во камен во потрага по вистината, може понекогаш да биде ограничувачки фактор во сфаќањето на некоја нова и неистражена појава) ... дефинитивно многу ќе ни беше полесен животот ако Човекот не беше скептичен. Не знам мене баш ми беше таков кул. Као се помирил со све и свашта и сега веќе ништо не го тангира. Не го видов како недостиг на глума и не знам дали било намерно или не, ама ми се свиѓаше. А во врска со син му, сцената беше као: јао сине... упс, не видов дека си тука, леле ми се испушти...ела тате да те гушне . Дефинитивно можеле боље и тоа да го средат. И јас тука би изреагирала како @RainBow . Мене ќе ми беше доволно да беше некој друг библиски лик, ептен целеле високо, па пропуштиле дека убавината може да биде и во минимализмот, башка ја изнервираа бабата, среќа и нејзе што не ја стресе срце ама ќе им простам и тоа дека и тука развија интересна дебата. Одличен хајлајт му даде . За малку ќе се согласевме дека требало неизвесен крај, ни ја расипи единствената работа во која сите ќе бевме едногласни . Него да си кажам, јас не се посомневав во ниеден момент дека Џон ја збори вистината и дури на твојов пост приметив дека не сум се посомневала...хм, не можам да си објаснам зашто му верував од старт . Вас другите, одма ве ќари? @Lella убаци се ако стигнеш А вие останатите пуцајте нови предлози за нареден . Јас освен тие претходно имам да го додадам и The Loft. Баш преска го гледав и ми се бендиса па ако сакате додека ми е тазе може да ме стигнете и да го обработиме .
Во врска со ова, и мене ми беше ОК што е таков воздржан и искулиран, бидејќи, сепак треба да се земе во предвид дека човекот видел све и свашта за тие 14000 години и веќе ништо не го изненадува, а од друга страна, одамна имал време да се помири дека децата ќе му умрат, а тој ќе продолжи да живее. Инаку, за делот со синот, да, можеби можеле подобро да го средат, ама според мене во саат ипол тие се можностите. Од друга страна, кај е филмов нискобуџетен, па не бива и се' да е совршено, зашто ќе испадне дека е многу подобар филмов од некои во кои се вложени милиони. Мене баш ми одговараше тоа дека е Исус, од две причини. Прво, Џон ја имал средбата и со Буда, а некои теоретичари сметаат дека Будизмот како религија влијаел врз етичките основи на Христијанството. Од друга страна, човеков ми беше совршен да го претставува Исус, бидејќи нели, не му остануваат лузни по повреди, преживеал и некои епидемии, па ја комплетира некако сликата за Исус кој симнат од крстот, претпоставуваме дека за 3 дена успеал да се исцели и да го напушти своето почивалиште, да исчезне и да го остави народот и своите следбеници понатаму да ја нижат својата приказна за него и да го шират неговото учење. Како голем скептик по природа и сомничав човек, цело време бев некако ниту ваму, ниту таму. Јас и вака тешко стекнувам доверба во луѓе, па може затоа Џон не ме ќари така лесно. Шала на страна, кога гледам некој филм во кој нешто може да биде вакво или такво, сакам да бидам во неизвесност (освен кога не е преочигледно) и да си давам претпоставки и теории, за да ми биде поинтересно. Данскиот филм, така? Почнав да го гледам, многу е интересен, трае 2 часа, ама какви пресврти има... 100 пати сменив мислење за тоа кој би можел да биде одговорен ... Така да - може! Да размислам што филмови други би можеле да бидат вредни за дискусија, па ако ми текне - може да дадам предлог. @Lella, чекаме на тебе и твојот коментар!
Да споделам и јас впечатоци пред да поминете на друг филм. Сега е моментот да си признаам дека филмот го гледав два пати во рок од три дена. Генерално, доста солиден филм. Не тврдам дека е ремек дело, има недостатоци, особено во однос на глумата кај дел од актерите, не беше нешто особено естетски задоволителен од аспект на камера, а имаше и некои мали недоследности во сижето (тука пред се’ мислам на Уил. Човек кој ја загубил сопругата претходниот ден, не се однесува така лежерно и не „растега локуми“ за Кромањонци и нема "papers to correct". Not in my book.) Сепак, за мене ова е интелигентно напишано сценарио. Начинот на кој постепено се разгорува дискусијата и целиот онoј brainstorming од идеи и взаемно надополнување, особено меѓу Џон, Ден и Хари, ме наведува на помислата дека идејата за филмот долго зреела во нечија глава додека да го добие обликот што го видовме. Некаде прочитав дека филмот бил снимен за само осум дена. Ако е вистина, тогаш од мене има уште еден плус. Изборот на setting беше сосема на место. Мала, дрвена куќарка во преријата е скоро совршено опкружување за soirée на група пријатели и колеги. Да поминам на содржината. Не мислам дека филмот е правен со цел да предизвика контроверзија преку приказната на Џон дека некој од крв и месо може да живее 14 000 години (аnd counting). На ова повеќе гледам како на една, навидум налудничава идеја искористена како основа над која постепено се надоградуваа навистина интриганти идеи и размислувања. И тие беа суштината на филмот, т.е јас така ги доживеав. Научници соочени со предизвик да размислувааат надвор од зоната на комфор и начинот на кој биле тренирани. Дел од нив го прифатија предизвикот. "Anything is possible, right? After all, one century´s magic, another century`s science. They thought Columbus was a nut job, right?" (Хари). Останатите не можеа да си поверуваат на ушите. Всушност, првичните реакции на групата, кога Џон почна да раскажува во прво лице еднина, беа очекувани но, доста интересни за анализирање. Ден и Хари брзо фатија ритам со Џон, додека Едит и Арт се обидуваа да го вразумат. „Like Hagel. Logic from absurd premises." (Арт) Дискусијта, обмислена во вид на времеплов (почнувајќи од бронзената епоха па се’ до иднината на човечката раса и колониите на Марс), течеше доста глатко и некако природно, неизнасилено се наметнуваа темите, а музичата илустрација го комплетира впечатокот. Ќе ја издвојам сцената во која Џон пушти музика од Бетовен, а во позадина пуцкеташе огнот и ја осветлуваше темната соба, беше скоро магично. „ It´s kind of funny how often new concepts of science find their first tentative forms of expression in the arts." (Ден) Филмов може сериозно да ги повреди религиозните чувства на верниците, како што впрочем се случи и со Едит во филмот. Лично за мене беше само поинаков и интересен поглед на работите. „Тhe mythical overlay is so enormous...and, not good. The truth is so, so simple." Накратко општиот впечаток за целта на филмот. Да покаже дека сите сме програмирани во нашите размислувања, некој повеќе, некој помалку. Не’ програмира образовниот систем, средината и во поново време, технологијата. Масата не е подготвена за поинаква Вистина. „ It was a beautiful idea, so rich, so full of possibilities". На крај омилениот цитат. „ I´m gonna go home and I´m gonna watch Star Trek for a dose of sanity." А јас одам да си сварам чај. П.С. Во меѓувреме гo гледав и Ex Machina и предлагам да олабавиме малку од SF.
@do-re-mi, поубаво не можеше да го напишеш сето ова. Мило ми е што на мнозинството им се бендиса филмов, а Ex Machina и јас го имам гледано и морам да кажам дека исто беше филм што ме изненади со идејата. Инаку, еве Мадам предлага друг филм, Loft, тој не е SF и е прилично добар, го почнав вчера (телепатија со Мадам). Треба да се навратам, да видам што беа другите предлози.