1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Феминско (филмско) фоаје - Poor Things

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Madam-A, 21 мај 2014.

?

Следен филм за гледање?

Анкетата е затворена на 14 декември 2020.
  1. Tenet (2020)

    75,0%
  2. Fatman (2020)

    8,3%
  3. The common story( 2019)

    0 глас(а)
    0,0%
  4. Oldboy (2003)

    16,7%
  1. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.013
    Сега ја читам дискусијата што се развила. Ликот на Џон ми е сосема на место, aloof и десконектиран од својата емоотивна страна. Ме нервираше Арт, стар лисец.

    Сериозно, мислам дека убаво беше замислено разнообразието во групата. Секој лик го разбрав како архетип за одредена група на луѓе чии карактеристики поседува.

    Ден - љубопитен, Хари - аналитичен, Едит- посветен верник, Арт - закоравен рационалист, Линда - наивна и со отворен ум, Сенди - слеп follower. Кажав погоре дека имав проблем со ликот на Уил, ми се виде нелогичен.

    @Lady Phoenix , Loft не сум го гледала, ако се согласат и останатите и јас сум „за“. А, може и да се направи анкета со некои претходни предлози. Назад низ темава изоставивме доста добри филмови.
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @do-re-mi, се согласувам. :) Ми се допадна и ликовите како си ги изанализирала. :)

    Инаку, мило ми е што се разви интересна дискусија за филмов, ама реално и самиот филм имаше добра основа за тоа. И многу ми се допаѓа што сите на нешто различно се осврнавме, си извлековме некоја поента.
     
    На do-re-mi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Девојки, бравос за обмислените и исцрпните рецензии - пријатно ме изненадивте. Не дека се сомневав дека ве бива, ама сепак... (y) :clap:

    Што се однесува до Loft (оној од 2008-ма, за холивудскиот римејк прочитав дека е благи ужас), и мене ми стои веќе некое време на хард-диск и чека за гледање, така да - се сложувам. Додуша, гледам дека и овој од 2014-та е од истиот режисер и сценарист, па би било интересно ако некој има живци да ги гледа и двата (јас немам, одма да си признаам) после да направи компаративна анализа.

    Инаку, еве да дадам и ја предлог за гледање - Mr. Holmes - од скоро го има на саглам снимка, со титл и со сите салтанати. Јас го гледав пред некој ден и уште не сум на чисто дали ми се бендиса или не. Ама, мислам дека за филмов има простор за добра дискусија во однос на тоа како е претставен Шерлок во филмов во однос на класичниот лик на Шерлок Холмс на кој сме навикнати.
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    овој мојот што го предлагав е тој од 2014, не ни знаев дека имало повеќе и затоа не конкретизирав. А ако се римејци, нема поента да го гледаме истиот сплет на настани 100пати, и јас како Сењор Родригез, немам живци за тоа :D Еве го: http://www.imdb.com/title/tt1850397/?ref_=fn_al_tt_1 . Патем, баш сум изненадена од ниската оценка :^) .

    @do-re-mi , озбилно прочита дека за недела дена е снимен? ауууу интересна информација. Не дека е невозможна со оглед на тоа што немаше некои додатни обработувања ама ипак.
    Штета што не го скоцкале за 7 (да не претерам ако барам 6) , ќе беше убав еквивалент со Господовото создавање на светов :wasntme:.

    Ова сум го заборавила да го прокоментирам, али одма кога го прочитав си реков, па да...држи вода. Ми помогна и ова им го простам. :angel:

    Да да, тоа се согласувам дека одговараше. Несомнено. Ептен убаво имаа скоцкано да биде рационално и логички како он го прошол сето тоа. Тоа ми се свиѓаше дефинитивно, ама можеле да го прилагодат кон некој друг од таа тајфа. Вака некако остава простор за антицрковна пропаганда, што далеку од тоа дека ми смета, ама не би сакала филмов да го сврстам во останатите со тематика: верба во Бог, не во црква. Тие ми се некако досадни и монотони, а овој сакам да ми остане како нетипичен :sun: .


    Леле да. И ова им е минус.
    Мислам дека синов го вметнале во 7-от или 8от ден од снимањето па не стигнале да го дообработат неговиот лик :drunk:.

    Мислам дека токму тоа лежерно течење на муабетот го направи филмот волку да не привлече и придобие. Навлекува и те става како посматрач дирекно во дрвената соба во каминот и нормално се што е (фигуративно кажано) интерактивно е помоќно. Сакавме дискусија си добивме 8) . Молим лепо.
    Е сеа со музиката, што знам, јас не и дадов некое големо значање, малку клише момент ми беше али признавам дека даваше мистичен шмек на атмосферата.

    И твојов заклучок како поента ми се свиѓа. Изгледа некои можеби се спремни на прилагудување но не и на промена. Масата не е подготвена за поинаква Вистина - точно. (y) .
     
    На do-re-mi, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Не знам дали поради тоа што не сум верник, ама делов Џон = Исус воопшто не го доживеав како антицрковна пропаганда и антихристијански – а гледам по коментариве на imdb дека многумина така го сфатиле.

    Искрено, што се однесува до мене, ми се допадна идејата што решиле постоењето на бесмртен човек да го поврзат со некоја од светскиве религии. Човек кој не старее, не се разболува и на кој раните му зараснуваат без лузни дефинитивно може да биде некој кој луѓето би го сметале за божество. Јас сметам дека повеќето религиски ликови се базирани на вистински луѓе и личности, кои биле исклучителни на некој начин – а сите „натприродни“ работи кои ги правеле се дел од митот и култот на нивната личност, кои луѓето подоцна, со текот на времето, ги преувеличиле. Така да, верувам дека навистина постоел човек кој се викал Исус и чие учење наликува на она што денес го знаеме како христијанство. А кој е подобар кандидат за ликот на Исус од бесмртниот Џон?

    Додуша, не морал да биде Исус – можел да биде и Мојсиј, и Мухамед, па дури и самиот БУда. Мислам дека изборот на Исус и христијанството се должи на тоа што христијанството како религија им е најблиско на повеќето гледачи на филмов.

    Но, во секој случај, тоа што испадна дека Џон е Исус мене ми беше сосема спореден дел од приказнава, а никако централна поента на филмов. Уште помалку пак, како некаков напад врз христијанството или негово негирање како религија. Тие што не се верници, ова може да го сфатат како едно можно објаснување ликот и делото на Исус и неговото воскреснување. Тие пак, што се христијани, едноставно ќе го сфатат како филмска фикција, и тоа е тоа. Нема потреба од припаѓање у несвест, како што правеше кутрава женичка у филмов. :D

    За мене, замислата на филмов беше истражување на идејата за постоење на бесмртен човек и импликациите од тоа – прво, како бесмртноста влијаела врз животот на Џон, односно како би изгледал животот на еден бесмртник од негов личен аспект, а потоа – како неговото постоење би влијаело врз остатокот на човештвото.
     
    На do-re-mi и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Лујџе, кога ќе бираме нов филм?
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    @RainBow може да поставиш анкета со веќе дадените предлози ако не, па да го фатиме и викендот евентуално... :wasntme:



    Е сеа, у однос на ова:
    Сметам дека се `рчка малку црквата ради што според муабетот негов беше дека се подоцна е преувеличувано и шминкано и дека не е како што сега се проповеда. Што и мене како неверник не ми е нешто посебно важно, ама не сакам кога ги користат околностите за публикација од тој тип.
    Како во Кодот на Да Винчи што направија дека Софи му е директен потомок на Исус. Мешање баби и жаби и забегување на причи во трет правец :^) , а тоа што во книгата не е така е друга работа и баш уште толку покажува дека е форсирано контраверзното.
    Стварно беше споредно, и баш затоа не требаше да одберат толку маркантен лик зашо ликот на некој по кого се брои времето, не можеш да не го прокоментираш, а така само бегаш од суштината. Али ќе се повикам на муабетот од @Lady Phoenix за таа малолетничката, излеа и овде играа на карта: за сите да има по нешто :D .
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.021
    Допаѓања:
    66.564
    Пол:
    Женски
    Еве анкета, ако има уште некој предлог пишете да го вметнам.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    А бе, види – некој хард-кор, конзарвативен христијанин сигурно ќе биде навреден и ужаснат од идејата дека Исус уствари е кромањонец. :D А и од тоа дека не воскреснал, туку дека го преживеал распнувањето и дека е сеуште меѓу нас. Ама пек, за разлика од Da Vinci’s Code, чија основна цел беше контроверзата околу христијанството, или The Life of Brian и South Park кои отворено се подјебаваа со христијанството, мене The Man from Earth некако не ми целеше у таа насока и воопшто не го доживеав како филм кој претендира да даде некаков коментар или религиска критика.

    Него, ми текна на една друга работа која не ја коментиравме, а у филмов некако невешто беше третирана. Дали постојат и други бесмртници или Џон е единствениот? Колку што се сеќавам, му го поставија ова прашање, и он као рече дека сретнал еден или мислел дека го препознал на некое друго место, после многу години – и толку. Ништо дефинитивно не беше кажано. Некако, као да сакаа да тргнат некаде со оваа идеја, ама се пишманиле и остана само на тој муабет. Според мене, или требале подобро да го обработат овој аспект или па ич да не го спомнуваат. Вака, работава ми остана недоречена.

    Постоењето на еден бесмртник на земјава е можеби многу неверојатно. Но, ако еден постои со сигурност, тогаш шансите да постојат и други драстично се зголемуваат. Ако бесмртноста е резултат од генска мутација (а според филмов, најверојатно е), тогаш веројатноста таа мутација да се јавила само еднаш во историјата на целото човештво е мала и би требало да постојат и други бесмртници.

    Од друга страна, ако е генетска мутација, колкави се шансите некое од многуте деца кои Џон ги имал да ја наследило? Знам дека во филмов рекоа дека семејствата ги напушта по 10-ина години, ама зарем не го копкало дали можеби и некое од неговите деца ја наследило неговата бесмртност? Според мене, дефинитивно имаше простор за малце подетално разглабање на ова у филмов – и може ќе беше подобро да се сконцентрираа повеќе на некој ваков детал, отколку на тоа дека Џон е Исус. Него, ај да не го тупам више, не чека нов филм за дискутирање наскоро. :D
     
    На do-re-mi, Madam-A и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Ej стварно.
    Ама ете како што викаш, ни го сервираа од иза леџа, речено - недоречено. Време отиде за безврска, наместо да образложат уште некоја пикантерија. Наместо тоа шеткањата натре-надвор што не ги сфатив баш, требаше да си поседат внатре да дозборат за ова 8-|.

    Ако јас си се ставам во собата со нив и да го прифатам како вистина, би сметала дека има и други како него. На толку години живот и деца правење низ светов гарант се расеало ако не од друг, ете барем од него. И што ќе го коштало да каже на една жена за неговата состојба и да ги земе со детето при преселување? Едно фамилијарно оро барем да доизиграл.
    Можат комотно да направат втор дел за да ни ги задоволат барањава :sun: .

    Најмногу ми се свиѓаше тоа што овој кажа дека не му е досадно и монотоно, за инат на сите што зборат дека бесмртноста би била досадна.
    Добро беше уствари и тоа што тој рече дека не знае дали е бесмртен, туку дека едноставно не старее и не му се прават лузни, што уште еднаш му ја прави ситуацијава да му држи вода. Одлична идеја што ги изоставиле експресното регенерирање и магичното надокнадување на крвозагуба...

    Пу, стварно има многу да се збори за филмов :lol:



    :~: : бај д веј, до кога ја чекаме анкетава?
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Дечки,јас уште кога го одбравте си го симнав филмов,ама дури денеска го изгледав,не стигнав до него порано.
    Ви ја прочитав дискусијата и право да ви кажам,многу би сакала да седнам на кафе со сите вас,бидејќи размислувате многу out of the box,речити сте и интересно ги перцепирате нештата.
    Ретко е да се најде група луѓе кои толку интелигентно ќе дискутираат за еден филм.

    Е сега,за филмот моето мислење е главно позитивно и се поклопува со повеќето ваши.
    Од уметнички аспект,значи камера ефекти,глума,филмот беше подпросечен,а бидејќи не е тоа примарната цел,не е ни толку битно.
    Вообичаено избегавам вакви нискобуџетни филмчиња,иако повеќето не ме разочарале,вклучувајќи го и овој.

    Тематиката која се отвори и начинот на размислувањето „Замисли ако сум живеел 140 века и сум Кромањонец“ и претворањето на хипотези во можна животна приказна беше феноменално.
    Полека се вклучија сите во дискусијата,без разлика дали веруваат или не и нафрлуваа теории и милион прашања,навистина да натера човек да се сомнева и во својата вера и своите верувања,како и во се што е напишано.
    Пореално нешто од работите што се кажаа во филмот одамна немав видено или прочитано,едно големо браво за сценаристот.
    Одговорите на Џон беа брзи и промислени,паметно кажани ниту да ја потврдуваат неговата приказна ниту да ја негираат.Талент треба да се напише така.

    Она со син му дефинитивно требало подобро да се осмисли,како баш тој случајно го слушна,ама дупки има во секој филм,така било,така и ќе остане.Во врска со емоциите на Џон,да бидеме искрени,ако си поминал низ толку еволутивни фази,развој на светот,толку животи,си оставил толку луѓе,чудо е што си разумен,а не пак да бидеш преемоционален и да реагираш бурно.
    Ако размислиме,тој бил со син му само 10 години,секако дека би го болело,ама ниту го одгледал,ниту го познавал.Да сретнете татко на погреб на детето што го оставил како мало,мислите ќе биде толку скршен во споредба со родител што поминал 50 години со детето?

    И од ваков филм би сакала да трае минимум уште еден час,дискусијата комплетно да навлезеше во длабоките делови,јас останав незаситена.
    А крајот можеа и да го остават неизвесен,ама мене ми е подобро вака,оти после цел живот ќе ме копка што била вистината,не можам јас така недовршено :D
    Но дефинитивно филмчево ќе го изгледам повторно,чисто да ги изанализирам сите реченици,од збор до збор.

    Си гласав за Холмс на анкетата,па уште да одбереме и овој на време ќе го изгледам.
     
    На Madam-A, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.021
    Допаѓања:
    66.564
    Пол:
    Женски
    Mr. Holmes e следен за гледање. :)
    Може да се сподели ако има некој асален торент.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    http://bushtorrentz.com/Mr-Holmes-2015-HDRip-XViD-ETRG-torrent-6846225.html

    Овој е тој јас што го гледав - Mr. Holmes 2015 HDRip 2015 XViD ETRG - го имав симнато од thepiratebay, ама сајтов у моментов не е у функција. Го имаше и на kickasstorrents, ама гледам го тргнале пред некој ден.

    У секој случај, оваа е таа верзија јас што ја гледав. Не за друго, има и subtitles у торентот. :)
     
  15. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас само да прашам од кога ќе почнеме да коментираме?

    Малку сум изгубена и дека нова на темава... :P

    А и да не фрштат спојлери по темава. :)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.021
    Допаѓања:
    66.564
    Пол:
    Женски
    Па, пишете ако сте го изгледале. Јас чекам со мм да се погодиме заедно да го изгледаме, и он ептен си е фан на Шерлок, се надевам дека утре ќе имаме шанса.:)
     
    На Petar80 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Е ај, пошто ја го предложив филмов, прв да се „изјаснам“. :)


    Отсекогаш сум имал желба да видам некој од познатите филмски херои да го видам во поинакво, остарено издание, кога веќе не е на врвот од својата физичка и психичка снага, можеби и веќе не толку познат, подзаборавен од јавноста. Но, секогаш сметав дека ова е само моја желба и дека реално, публиката не би сакала да гледа некој од своите омилени ликови како се мачат со проблемите на староста.

    Токму ваков филм е (или јас мислев дека ќе биде) Mr. Holmes, кој со нетрпение го очекував бидејќи Шерлок Холмс ми е еден од омилените ликови, и во класичното, викторијанско издание, и во новиве, современи верзии.

    За Mr. Holmes веќе реков дека имам измешани чувства. Кога го изгледав филмот, мислев дека е ОК, дури и добар. Но, како поминуваше времето, наоѓав се повеќе работи кои ми пречеа, додека на крај конечно не си помислив – What the f*ck was that?! – ова што го изгледав беше филм за некој остарен, сенилен и сентиментален детектив, а не за Шерлок Холмс.

    Ќе почнам прво со она што не ми се допадна кај филмов – главната работа што мене ми пречеше е начинот на кој беше претставен Холмс на стари години. Едноставно, воопшто не ги исполни моите очекувања.

    За мене, основните карактеристики кои го дефинираат Холмс како лик и кои го прават да биде интересен се неговата рационалност и логички пристап кон работите, неговиот остар ум и око, на кои не може да им промакне ниту најмалиот детаљ и секако, неговата целосна изолираност од основните човечки емоции.

    Во Mr. Holmes не видовме речиси ништо од овие негови trademark карактеристики. Тука Шерлок е претставен во, да не речам, длабока старост од 93 години, како човек кој се бори со сенилноста. Не знам, јас Шерлок во староста го замислував секако – стар, изнемоштен, дури и неподвижен, во количка, но секогаш со чист и бистар ум.

    Исто така, јас Шерлок не можам да го замислам како нешто друго освен детектив. Мислам дека тоа е неговиот животен повик и единствена работа која го исполнува, па период од 20-30 години повлеченост од детективската професија некако воопшто не ми делуваше реално и веројатно.

    На крај, во однос на карактерот на Шерлок, не ми се допадна тоа што во староста е претставен како емотивец – толкавата приврзаност со детето на домаќинката, па дури и солзите кои ги ронеше по него, како и лагата која му ја напиша во писмото на Умезаки (нешто што е незамисливо за Шерлок, кој ја цени вистината пред се), само за да направи да се чувствува подобро во однос на таткото кој го напуштил, мене ми беа тотално out of character за Шерлок.

    Во однос на приказната, бидејќи е филм за Шерлок Холмс, очекував некоја заплеткана и умрсена мистерија, полна со неочекувани моменти и пресврти. Повторно, и тука ме чекаше разочарување. Цел филм чекав стрпливо Холмс конечно да се сети на својот последен случај, оној кој го натерал да се откаже од детективската професија, во очекување на нешто посебно, не знам ни јас што. На крај, кога конечно се откри приказната во целост, мене ми беше meh, ништо посебно и невообичаено и после толку build-up кон разврската, на крај делуваше некако антиклимактично.

    Жената не можела да ја преболи смртта на своите две неродени деца, маж и не ја разбирал нејзината тага и болка, па таа на крај се решава дека сака да живее со Шерлок, бидејќи и тој бил сам на светот, како што се чувствувала и таа. Хммм... Прво, и ова ми беше тешко за верување – зошто побогу, некоја жена би решила, туку-така да се понуди да живее со човек што го запознала пред половина час, што се вика. А башка што тој човек е Шерлок Холмс, најнеемпатичниот човек на светот. Ама ајде, преку ова и ќе поминам некако.

    Второ, откако Шерлок ја одбива и и вели да се врати кај маж и, кој ја сака – што е впрочем и вистина – таа се сложува, но утредента си го одзема животот. Зошто, побогу смртта на оваа жена, која и без тоа била несреќна во животот, толку многу би го погодила Шерлок, за тој да се откаже од детективската работа засекогаш и да се изолира од светот? Е, во ова богами, не можам да поверувам. За човек кој не ги разбира и, да не речам, ги презира човечките емоции, кој во животот успеал да оствари (некаква) емоционална врска само со Вотсон и можеби Ирена Адлер (како несудената „љубов“ на неговиот живот, ако воопшто може да се збори за љубов кога се зборува за Шерлок) е тотално нелогична ваквата емотивна реакција поради смртта на практично непозната жена, со релативно вообичаен и невпечатлив карактер и животна приказна. Како рационален човек и логичар, Шерлок морал да знае дека смртта на женава не може никако да биде по негова вина – конечно, секој човек си одговара за сопствените постапки.

    Разбирам дека режисерот и сценаристот најверојатно тежнееле кон поголем реализам во претставувањето на ликот на Шерлок, но мислам дека малце претерале. А се што е претерано, не чини. Трудејќи се да го прикажат што е можно пореално, ги изгубиле основните особини кои го прават Шерлок да биде Шерлок.

    Е сега, свесен сум дека работиве што ги набројав се негативни чисто од моја, субјективна страна, бидејќи не се совпаднале со моите очекувања. На некој кој има поинакви очекувања од филмов или немал никакви посебни очекувања, истово можеби нема да му пречи.

    Во однос на добрите работи – Иан МекКелен е одличен во улогава, впрочем и како глумец генерално, мислам дека нема нешто што не може да го одглуми. Му стоеше да биде Шерлок. Другиве глумци исто ми беа ОК, дури и детево, иако претежно деца-глумци знаат да ме нервираат. Кинематографијата и сценографијата исто така беа добри, со убави сцени, пријатни за око. Се на се, ако се изземат работите кои ги пишав погоре, филмов сам по себе е ОК, дури може да се рече и солидна и добро обмислена драма. Траењето на филмот исто беше таман – доволно да ја раскаже саканата приказна, но не предолго, за да почне да станува досаден.

    Друга позитивна работа беше што конечно го видовме ликот на Шерлок Холмс во едно ново, поинакво издание. Сите досегашни екранизации, па дури и поновиве – со Роберт Дауни, Џони Ли Милер и Камбербеч – мање-више се држеа до оригиналниот лик. Во Mr. Holmes гледаме еден сосема друг Шерлок, кој отстапува од стереотипот всаден во нашите глави – нешто за што е потребна храброст да се направи, и што е за почит. Тоа што мене не ми се допадна начинот на кој тоа беше направено, е мој, личен проблем.
     
    На jovanovska94, RainBow и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Mногу ми се фенси овие британскиве филмови. Во овој конкретно, ништо немаше фенси ама мене ми беше таков. Глумата - одлична. Не ми се верува колку остарел Иан или пак може така умешно го маскирале...
    Филмов не ми беше лош во глобала, али не можам да речам дека бил wow. Пристоен....

    Убава беше замсилата да се прикаже нешто од друг аспект на детективот, особено моментот кога (со негови зборови) потфрлил. Според мене единствена грешка му беше што дозволил емоциите да го дотолчат.
    Пчелите му беа како бегство од реалноста кое на крај така страсно му го заменија претходниот живот - па претпоставувам дека требаше тоа да ни покаже дека насочувањето на мислите кон некоја трета работа е доста ефективно. Ете на ист начин испадна дека бега од староста кога веќе не знаеше што со себе и ајде зема да се сеќава на последниот случај. Силна мотивација и посветеност - резултира со успех.

    Еве можам да кажам дека последните 20 минути го направија филмов за некоја оценка плус.
    Ми се свиѓаше тоа што тактички изигра на крај со имотот, ги поткупи поштено. Лукав старец. Голем плус им давам ради тоа што не направија да биде гест на доброта него нормална потреба за нечија присутност. А мајката на Роџер не дека магично го засака па решија да останат него матерјалното ја навлече - човечност, јбг.
    Писмото до Умезаки (или како и да се викаше тој), исто фин детал. Си ја поправи грешката. Што води кон прашањето: Дали стварно секогаш одговорот е во Вистината?


    Следен предлог: The Experiment
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Е сега да се надоврзам откако го прочитав мислењето на сењор Родригез (кое едвај успеав вчера да го изигнорирам).
    @Bender Rodriguez , aма си се напнал малку а? :wasntme:

    expectations are such party beakers, hm? :angel:

    Јас тука бев поштедена зашо ни сум огромен фан на Шерлок ни пак имав искреирано претстава за неговиот сенилен лик. Затоа можеби неговата старост мене ми беше сосем на место, па човекот има 93 години, колку рационален може да биде? И емоционалноста ја препишувам на годините.
    Ме насмеа со ова: Тоа што мене не ми се допадна начинот на кој тоа беше направено, е мој, личен проблем. Гарант си лупнал на тастатура кога си ја стиснал точката. :)

    Јас преку ова не можев да поминам. У реду и очај и се ама жено дај опрај се. :smoke:

    Е за ова со тебе сум. :beer: .
    Као прв случај да му бил што некој починал |( ? Многу аматерски г-дине Холмс, многу (facepalm) .
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jelena.rozga

    jelena.rozga Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    205
    Поздрав сакам да ви се вклучам во дискусијава, но не сакам да ви сметам. :)
    Кажете ми за почеток кој филм да го гледам и после да го оценам. Мислам дека накако ќе се вклопам со вас. :*
     
    На Petar80 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.