1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемицид - највисок степен на насилство врз жените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr.Limonko, 16 мај 2026 во 11:50.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    5.196
    Пол:
    Машки
    Инспириран од дискусијата во "Црна хроника" и постот што го видов од "Слободен печат", решив да ја отворам темава.
    IMG_20260516_104703.jpg
    Прво сакав да искоментирам на оваа тема, ама не можев да најдам, па решив јас да отворам, а мислам дека после сите случувања, потребна е.

    Иако фемицид претставува убиство на жена само затоа што е жена, според мене е многу повеќе не само убиство, било каква врста на насилство или омраза кон жена само затоа жена е фемицид..

    Јас иако како маж не сум сум директна мета на фемициди, сум опкружен со жени кои ми се битни во мојот живот и не знам колку после сите случувања се безбедни..

    Проблемот не потекнува од едно место сигурно и нема преко ноќ да се реши.. Прво најголем пропуст гледам во институциите, после може и секој од нас имаме придонест во истово, кој со не реагирање да не се меша, кој поради себичност "Ако мене ми е добро зошто да се борам за друг"...
    Исто не знам дали кај нас има организации/куќи кој што згрижуваат жени жртви на насилство (не знам стручен термин), знам во Србија има, знам и како функционираат, ама за Македонија немам слушнато..

    Што вие мислите на темата?
    Каде го гледате најголемиот пропуст за толкав пораст на фемициди?

    И покрај толку закони кои што треба да ги штитат жените, се враќаме назад и се доближуваме до земјите кај жените уште се третираат како материјал, а не човек..