1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фемицид - највисок степен на насилство врз жените

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Mr.Limonko, 16 мај 2026.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.459
    Допаѓања:
    33.529
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам со првиот дел.
    Првите шо треба да и помогнат на жртвата СЕ ИНСТИТУЦИИТЕ. Пошо не секоја жртва има мајка татко браќа....
    Но те сфаќам шо сакаш да кажеш, пошо институциите не работат, треба фамилијата да помогне, народот, итн итн.... како и за се друго во државава шо очекуваме од народот.
    Јас лично мислам дека ништо нема да се среди оти на нас во менталитетот ни е да ја окривуваме жената за се. А тој менталитет го имаат и тие во институциите.
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм, sparklie и 7 други им се допаѓа ова.
  2. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    980
    Пол:
    Женски
    Да, не секоја личност има семејство, ама секоја има роднини или барем некој во околината.
    Нема да кажам од кај знам за овој пример, ама знам жена што отишла во хорор состојба да бара помош од соседите, да викнат полиција бидејќи маж и ја малтретира, тие и рекле да се врати дома и дека ситуацијата до утре ќе се смири. ЖЕНИ и го рекле тоа. Ж Е Н И ! Не ја прашале ни вода дали сака, а жената видно раскрварена со откинат дел од косата. Гледале само што поскоро таа да се врати дома, да ја откачат.
    Кога нема солидарност, се почесто ќе има вакви случувања.
    Полицијата може да го апси насилникот, ама ако нема никакво засолниште за жената и таа сака да остане во неговата куќа само дека нема каде, што може полицијата да направи? Жените најчесто што живееле со таков насилник се изманипулирани дека не можат ништо без маж и не сакаат да мрднат од мртва точка, затоа треба солидарност и заштита од околината, без тоа тешко дека нешто ќе се смени.

    Ама кога околината криви девојчиња од 14 години (читај деца!) дека ЗАВЕДУВАЛЕ 40 годишни чичковци и дека сами си го барале, тешко дека ќе има некоја емпатија за возрасна жена.
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм и Adidas888 им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.459
    Допаѓања:
    33.529
    Пол:
    Женски
    Епа затоа викам институциите се криви за оваа ситуација, треба да обезбедат засолништа и да го гонат кривично насилникот и да има соодветни казни.
    Во таков случај, во случај на насилство, полицијата иде, го апсат насилникот, го ставаат во притвор ду судење на кое ќе му се изрече казна, а жената треба да ја прашаат дали и треба засолниште во случај да нема кај да оди.
    Ама ова е научна фантастика кај нас, па затоа треба да се молиме на господ да имаме салам татко и салам браќа, кои ќе дојдат да го истепаат насилникот и да не спасат. Инаку, оставени сме сами на себе.
     
    На Mr.Limonko, nextredstyle и calm-girl им се допаѓа ова.
  4. calm-girl

    calm-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    980
    Пол:
    Женски
    Ама не е само тоа, на жените кои со години трпеле насилство самодовербата им е на нула! Мислат дека не можат ништо без маж и за мир во куќа трпат! Децата кои го гледале тоа не разбираат и ќе им се испушти пред гости "мама јадеше ќотек" и на гостите тоа им е смешно, место да се запрашаат што кажува ова дете и да преземат нешто. Им фали вистинска поддршка на тие жени, некој вистински да ги убеди дека не се сами, дека има на кој да се потпрат, ама тоа го нема во нашето општество, има само осуди.
     
    На Mr.Limonko, nextredstyle и Adidas888 им се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.459
    Допаѓања:
    33.529
    Пол:
    Женски
    И тоа да.
    Навикнати се сите дека мажот е маж а жената е само сопственост. Ќути и трпи, има и полошо. А полошото, според нив, е жената сама да биде. Оти жена кога е сама е расипикуќа, курва, собира мажи, итн итн....
    Скоро сите од постарите генерации така размислуваат.

    За грев сме.
    Познавав една женичка, беше мажена во друг град, имаше фризерски салон но мораше да замине оти тој ја малтретираше, не ја оставаше на раат. Се врати во родниот крај, го остави и синчето кај него, оти немаше ни каде ни од кого. Татко и не ја примаше дома пошо шо ќе му е таква разведена ќерка. Женичката долго се малтретираше да седи по луѓе, по познаници. После долго време слушнав дека татко и и се смилувал и ја примил дома, па она си отворила таму фризерски салон и си го зела детенцето.
    Ептен жална случка, баш пример за тоа дека жената е зависна од сите во општеството. Зависна и од институциите, и од родителите, и од мажот..... без нивна помош не може ништо, оти општеството тоа не го одобрува.

    Едит: само да додадам дека во нашево општество жената не е гледана како индивидуа или како човечко битие туку е гледана како сопственост на таткото, на братот, на мажот. Ајде мажот шо ја тепа и малтретира, и и забранува нешто, ама колку пати имаме чуено дека и таткото и братот ја тепале на нивната ќерка или сестра? Оти отишла да има секс со некој, или оти не ги измила садовите, или оти останала до покасно навечер, или само оти рекла "не сакам тоа да го направам"? И синот може изел ќотек за истото додека бил тинејџер, ама како возрасен никој не му прирекува за тоа, а на жената и се мешаат дури и кога е возрасна, без разлика дали е 20, 30, 40, итн итн....
     
    Последна измена: 19 мај 2026
    На calm-girl и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    138.023
    Пол:
    Женски
    Сепак воспитувањето почнува од семејството. Мора да се почне од основата.
    Луѓето не се раѓаат зли, но лесно можат да станат ако нема кој да ги спречи во тоа.
    Машките деца од најмала возраст да учат за имање граници во однесувањето, а женските да учат за градење на своето „јас“ и да не молчат. Ова одлучува дали утре ќе имаме совесни полицајци и сопрузи.
    Заради ова наместо да се караме на форуми, треба да најдеме заеднички јазик оти е суштинско прашање. Ништо не се решава со седење дома. Промените се бараат надвор.
    Гледате што прават Албанците за нешто што не им ни следува и сепак им бараат чаре. А, ние не се трудиме за нешто што ни следува.
     
    На Малечка Малинка, Mr.Limonko и Adidas888 им се допаѓа ова.
  7. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.459
    Допаѓања:
    33.529
    Пол:
    Женски
    Искрено, алал да им е на албанците. И полошо ни треба на нас шо ќутиме.

    А за воспитувањето во семејството.... така е, во право си, ама и тука пак има препрека. Тешко дека ќе воспиташ син или ќерка на тој начин ако живееш со свекор и свекрва шо размислуваат дека мажот е маж а жената мора да биде жена. А пола Мк живее така, и скоро сите од старите така размислуваат.
    А тешко е да се одделат младите од нив, оти се нема пари, оти цените се високи, некои и не ни сакаат да се одделат оти мислат дека така треба да биде..... и пак доаѓаме во тој круг, испреплетен синџир. Од кај и да фатиш, пак завршуваш во кругот. Многу работи не функционираат како шо треба, треба менување од корен, еден рестарт на се. Ама тоа е речиси невозможно.
     
    На Buttermilk, Mr.Limonko и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.421
    Допаѓања:
    138.023
    Пол:
    Женски
    Тешко е, ама не е невозможно.
    За сè може да се најде чаре, само волја ни фали. Треба и ние да им се собереме и да им се издереме.
     
    На Mr.Limonko и Adidas888 им се допаѓа ова.
  9. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    5.574
    Пол:
    Машки
    Таквите мажи и да не живеат со свекор и свекрва тешко дека ќе израснат здрави деца особено машки деца. Најчесто нас не учат дека е срамота машко да попушти, ако некогаш послушаш жена поголем дел од машкиот род ти се исмева, не си доволно маж, и многу мажи тоа ги повредува и мислат дека им паѓа круната ако не се однесуваат така ко што им налагаат другите.. Некој дури и се океј мажи кога се дома со жена, деца, а на надвор од тоа глумат за да не бидат осудени..
    И на такви мажи многу женско не може да им помогне, единство мајката може нешто може да помогне..
    И битно е оние што ги почитуваат жените, да го прават тоа без срам и надвор од дома, затоа што најмногу маж може да делува на друг маж.

    Јас имам приметено дека можеш да делуваш на друг маж, може на некој од 30,40 год не баш, ама на тинејџери и во 20тите на некој да..

    Пример јас во средно едно време мислев дека еден соучени е педер затоа што претерано трчаше по мене, за да се дружи, полека почнуваше да се однесува како мене. Инаку беше многу досадно дете никоја девојка не сакаше да се дружи со него од што постојано нешто замареше, грубо се однесуваше, не беше насилен, ама она ко да не знае кај тера и што треба да прави.. Беше и лош ученик и кога ќе видеше дека правам нешто јас истото го прави, јас бев добар во математика, дечково се запиша на курс по математика, кога игравме на спорт се сака со мене во тим да е, почна да оди во теретана со мене и после баш се смени и си фати брзо женска.