1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фенг шуи уредување на домот

Дискусија во 'Дом' започната од crnokosata, 6 ноември 2010.

  1. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    ме интересира дали некој дома си има уредено според правилата на фег шуи и како тоа го направивте сами или со помош на стручњаци?? :o
     
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    фенг шуи уредување на домот

    Не уредувам спред фенг шуи, а ако сакаш не ти се потребни експерти да ти помогнат, све имаш на интернет :)
     
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    Според фенг шуи, во домот подобро е да има нов мебел отколку старински мебел од антикварница. Ова особено важи доколку не сте експерт за старински мебел, бидејќи со внесување на стари предмети во домот може да се внесе лоша енергија. Овој мебел може да има застоена енергија која може да не се вклопи добро со енергијата на останатиот мебел.

    При изборот на комода, фенг шуи препорачува таа да нема остри рабови, туку заоблени и на тој начин да не изгледа заканувачки. Од истата причина, поповолни се и комоди кои имаат врати кои ги сокриваат отворените полици. Всушност, воопштено правило според фенг шуи е дека добро парче мебел е она парче кое нема остри, "заканувачки" ивици.

    Избегнувајте комоди кои се работени во резба која отсликува опасни животни. Енергијата на таквите тешки парчиња мебел може да го преплави домот. Комодите кои во дизајнот имаат крстови, дијаманти и било какви врвови, не им носат среќа на сопствениците.

    Кружна, овална и октагонална маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку квадратна или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето.

    Плакарите вградени во ѕидот делуваaт позитивно бидејќи ги пополнуваат аглите на собата.

    При избор на гарнитура за седење треба да се знае дека добар распоред на елементите е постигнат кога тие формираат правилен облик: правоаголник, квадрат, или осмоаголник кој се смета за исклучително поволен за распоред на мебелот во дневната соба, како и за дизајнот на прекривката на трпезариската маса.

    Избегнувајте распоред на елементите од гарнитура за седење во облик на буквата L или U, бидејќи на тој начин сугерирате дека нешто не е потполно или дека нешто недостасува.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На marchi-cool, okcenzi, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.012
    ФЕНГ ШУИ е еден вид уметност и наука за живеењето и работењето во правилно уредено опкружување.
    Таа се занимава со протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија). Вселената е едно огромно енергетско поле. Фенг шуи ја проучува оваа енергија, нејзиното движење и како таа делува на нас директно или индиректно.
    Модерната електро-физика почнува да го прифаќа фактот за интеракцијата помеѓу енергијата на земјата и луѓето. Овие електромагнетни енергии се Чи линии кои се движат во внатрешноста на земјата, и на тој начин создаваат енергија за земјата и за луѓето кои живеат на неа.
    Добрата контрола на енергијата во вашиот дом, ќе допринесе вашиот живот да се подобри и вие ќе привлекувате повеќе среќа и богатство. Поради ова се поголем број луѓе ги прифаќаат советите на фенг шуи за уредување на просториите.

    [​IMG]

    ФЕНК ШУИ И БОИТЕ ВО ДОМОТ
    ФЕНГ ШУИ му придава големо значење на правилниот избор на боите. Не постојат добри и лоши бои, туку поволни и неповолни бои за одреден дел од домот. При изборот на боите основен водич е теоријата на петте елементи. Освен самата нијанса, важен е и интензитетот. Во просторијата со поголема динамика (како дневна соба или кујна) се внесуваат поинтензивни, додека во просториите за одмор (како спалната соба) се користат поблаги нијанси. Не се препорачува користење на силни бои за големи површини (ѕидови, големи теписи и прекривки). Таквите бои во просторот се внесуваат со помали парчиња мебел, декор и украсни предмети. При изборот на боите, нивниот интензитет и карактеристики, обрнете внимание на вашата реакција на одредена боја. Важно е да се постигне хармонија во просторот и да се усогласи уредувањето по сопствен вкус.
    БЕЛАТА БОЈА е добра подлога која помага при истакнувањето на други бои и предмети. Во Кина тоа е боја на жалоста, но истотака симболизира и цврстина. Светло белата боја е погодна за предсобја. Кај простории во кои подолго се престојува се препорачува нијансирана бела (крем, нечиста бела, беж, седефесто бела и сл). Поволна е и за кујните.
    ЦРНАТА БОЈА, ако правилно се употребува, може да создаде импресивна атмосфера или квалитетна позадина за други бои. Во спротивно може да делува депресивно. Се препорачува умерено да се употребува. Не е поволна за детски соби, трпезарии, како и за простории за рехабилитација.
    СИВАТА БОЈА е боја на компромис и рамнотежа, но исто така може да делува депресивно. Потребно е сивите премази да се одржуваат свежи за да не доведат до малодушност. Често создаваат службена, формална атмосфера. не се поволни за кујни, додека во работната соба и просторот за учење имаат поволно влијание.
    СИНАТА БОЈА го намалува стресот и напнатоста, ја поттикнува мудроста, па често се користи и во спалните каде луѓето знаат често да се караат. Исто така симболизира самоувереност и трајност. Не се препорачуваат големи површини со сина боја во дневната соба и кујната.
    ВИОЛЕТОВАТА БОЈА се поврзува со интроспекција и медитација, како и со чесноста. Потемна нијанса е поволна за спалните соби и за просториите за одмор, додека посветлата виолетова (во која има прилично црвена) се употребува за поттикнување на динамиката.
    ЦРВЕНАТА БОЈА е силна, поттикнувачка боја која се употребува за зголемување на активностите. Ако се чувствувате доволно исцрпено и ви недостасува енергија, внесете во својот дом црвена боја – ќе ви биде потребно неколку црвени цвеќиња, декоративно перниче или некој друг украсен предмет. Со црвената треба внимателно да се постапува и не смее да се внесува во големи количини како не би предизвикала раздразливост и хиперактивност. Не се препорачува во работната и спалната соба (освен во по некој детал заради зголемување на страста).
    ПОРТОКАЛОВАТА БОЈА се поврзува со здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам. Може да се употребува во простории кои се свртени кон север. Поволно влијае за потикнување на комуникација. Не се препорачува во работната или во спалната соба, додека е поволна во трпезаријата и дневната соба.
    РОЗЕВАТА БОЈА е смирувачка нијанса на црвена боја и е ислучиво женствена боја. Ја зголемува романтиката и детската разиграност, па затоа е поволна за спални и детски соби.
    ЖОЛТАТА БОЈА исклучително стимулира, а се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Ја симболизира енергијата на сонцето. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите. Поволна е за сите семејни и дневни простории. Силната нијанса е неповолна за спалната соба.
    ЗЕЛЕНАТА БОЈА го поттикнува чувството на хармонија и мир. Тоа е смирувачка боја која се наоѓа помеѓу ладниот и топлиот дел на спектарот. Поволна е за работни и спални соби, а во светли нијанси и за кујните, додека не се препорачува за просториите во кои е пожелна голема динамика. Светлите тонови симболизираат раст, додека потемните тонови во големи количини можат да делуваат смирувачки.
    КАФЕНАТА БОЈА има стабилизирачки ефект, но премногу кафена боја може да делува уморно. Не е поволна за постарите луѓе бидејќи се поврзува со есента. Прикладна е за работни простории.

    ДОМОТ КАКО ТЕЛО - ФЕНГ ШУИ

    Метафорично кажано домот е вашето “второ тело”. Начинот на кој се однесувате кон домот остава големо влијание врз вашето физичко тело како и врз случувањата во вашиот живот.
    Секој дел од домот има своја приказна и одредена улога во нашиот живот, како што секој дел од домот има своја намена и функција. Не би требало ниеден дел да е запоставен, запуштен или надвор од функција, затоа што тоа може да се одрази и врз одреден сегмент од животот. Хигиената на умот, духот и телото е битен сегмент во одржувањето на човекот, а исто е и со домот.......

    ОГЛЕДАЛОТО И ФЕНГ ШУИ
    Во Фенг шуи огледалото се користи за исправување на неправилностите во просторот, но исто така и за активирање на текот на позитивната енергија.

    Основно правило кое треба да се земи во предвид при одбирање на местото за огледалото е да тоа го дуплира се она што во него се одразува, со тоа што доколку се стави огледалото наспроти некој неуреден простор и неред ќе дуплира негативна енергија, но доколку во огледалото се одразува нешто убаво и вредно (украси, слики и убаво уредена маса) ќе дуплира позитивна енергија.

    Доколку поставувате огледало на внатрешната страна од плакарот, внимавајте во плакарот да биде се средено. За зголемување на благосостојбата се препорачува спроти огледалото да се стави вазна со цвеќе или кутија со накит или пак некој уметнички предмет.

    Освен положбата, битен е и изгледот на огледалото. Пожелно е огледалото да биде направено од еден дел, огледалата направени од повеќе дела не се препорачуваат. Во Фенг шуи не е добро кога огледалната слика на човекот се крши во повеќе делови. Затоа одберете убаво и големо огледало составено од еден дел, финоизбрусено или пак ставено во украсна рамка.

    Не се препорачува поставување на огледалото спроти влезот во домот, бидејќи цела енергија ќе се одбие од него и ќе излегува надвор. Освен тоа пожелно е да се избегнува поставување на огледало во кујната за да несе дуплира огнот од електричниот шпорет, бидејќи премногу елементи на оган можат негативно да делуваат на станарите, не се поставува и во спалната соба директно наспроти креветот, бидејќи огледалото може да влијае негативно на сонот.

    Пронајдете добра позиција за своето огледало, одржувајте ги чисти огледалата и уживајте во благотворното струење и дуплирање на позитивната енергија во вашиот дом.

    Симболи на добра среќа
    „...Во фенг-шуи се користат многу поволни симболи кои можат да се употребат за да се потикне добрата среќа во сите области на својот живот.....Добрата среќа може да се потикне со употреба на некои популарни симболи на добра среќа од списокот кој следи: .....„

    Фенг–Шуи анализа на просторот

    За одредување на секторот на некој простор некои автори го практикуваат методот LO-SHU за кој се користи мрежа (магичен квадрат), а некои PA KUA кој претставува компасна метода.
    [​IMG]
    Компасниот Фенг-шуи е попрецизен бидејќи осумте сектори на PA KUA ги покриваат сите осум сектори на компасот и вистинските правци.
    [​IMG]

    Подобро е прво да се објасни методот LO-SHU бидејќи е поедноставен.
    Значи, имаме осум надворешни сегменти и едно внатрешно енергетско поле TAI CHI.
    Мрежата едноставно треба да се нацрта преку планот на вашиот стан, потоа поделете го планот на станот на девет еднакви енергетски полиња, кои ги симболизираат различните аспекти на вашиот живот. Секоја зона претставува едно поле: кариера, знаење (мудрост), фамилија (претци), богатство (благосостојба), углед (иднината), партнерство (односи, брак), деца (креативност), пријатели (помош) и животна енергија (здравје).
    Значи, Ви треба планот на Вашиот стан и на него треба точно да се обележат (со фломастер) влезот во станот, дневниот престој, спалната соба, детската соба, кујната и така натаму...., а потоа преку планот се исцртува мрежата (магичниот квадрат), односно се дели планот на девет еднакви енергетски полиња, така што основните линии со полињата „Знаење (8) – Кариера (1) – Пријатели (6)“ треба да лежи на ѕидот од влезната врата. (Мрежата се прилагодува према планот, така што може да се растегнува во секаков правоаголен облик).
    [​IMG]
    ЗНАЧЕЊЕ НА ПОЛИЊАТА:

    1. Кариера KAN
    2. Односи (партнерство,брак) KUN
    3. Фамилија (предци) CHEN
    4. Богатство (благосостојба) SUN
    5. Здравје (животна енергија) TAI CHI (центар)
    6. Помош (пријатели) CHIEN
    7. Деца (креативност) TUI
    8. Мудрост (знаење) KEN
    9. Углед (иднина) LI

    Вселување во нов дом
    Кинезите при вселувањето во нов дом прво го одбираат поволниот датум и час на вселување. Во главно, како поволни се сметаат сите денови кога има млада или полна месечина, а најдобро е вселувањето да биде помеѓу 9 и 11 часот наутро.
    При влегување во новиот дом како прво треба да се отворат сите прозори за да влезе чист воздух, односно потребно е да проструи воздухот во просторот околу три часа.Истовремено треба да се пуштат сите чешми во куќата или станот и да се остави водата да тече, а потребно е да се вклучат и сите светилки.Така ќе се исчисти просторот од застојаната енергија и ќе навлезе свежа позитивна енергија. Покрај тоа потребно е да се вклучи и радио или може и сами да направите некој вид на бука, со пеење или плескање со рацете. Пожелно е и пред вселувањето во куќата или станот просториите да ги варосате или бојадисате и да ги променат тапетите, доколку ги има во просториите.
    Потоа, сварете си чај и земете парче чоколада или кекс. Конечно, можете да го внесете својот кревет и да внесете едно парче мебел (пример шкаф), а останатиот мебел може да го донесете и другиот ден или веднаш, како ви е подобро, но важно е да после вселувањето се преспие ноќта во новиот дом.
     
    На raww, srcekrsacka и gochhe им се допаѓа ова.
  5. All-that

    All-that Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    67
    Јас верувам во моќтта на Фенг Шуи, од практични причини. Кога ќе влезам во некој нов, модерналистички стан, јес да е убаво за окото, но нема топлина. Сите тие остри агли, студени бои и прави линии прават како да си влегол во канцеларија или фирма, а не во дом. А секако дека Фенг Шуи не е составен само од ова, тоа е долга тема, која што експретите за недвижнини треба да ја знаат и практикуваат.
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    верувам во Фенг Шуи , и имам една од книгите што е за љубов и романса :!:
    во едната од фирмите во кои работев, беше се направено според фенг Шуи,ми се допадна , па здравје бозе ако некогаш имам свој стан/кука ке биде така уредена :)
     
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Што всушност е фенг шуи?

    Фенг шуи е древна кинеска наука која го пропишува начинот на живеење во постојана хармонија и рамнотежа со личното окружување, за да се обезбеди голема среќа. Тоа е техника на уредување на животниот простор, метода за осмислување на окружувањето, правилното распоредување на просториите и мебелот. Фенг шуи не’ учи како да ги исползуваме мистериозните метафизички сили кои кружат во воздухот и просторот околу нас. Оние кои го практикуваат фенг шуи, тие сили ги нарекуваат ч’и и живописно ги опишуваат како вселенски здив на змејот.

    Кинезите кои го применуваат фенг шуи, се трудат себеси да се окружат со поволна ч’и. Веруваат дека тој небески здив ќе им обезбеди среќа доколку сопствениот дом го постават и уредат така, што ќе обезбедат создавање на максимална количина ч’и. Благодетите од домот кој ужива во ч’и ги имаат сите членови од семејството, а особено главата на семејството. Кога домот е лоциран така, што го окружуваат четирите небески животни - змејот, тигарот, желката и фениксот - среќата се пренесува на потомците најмалку на пет генерации

    Фенг шуи претставува древна кинеска метода на живеење во склад со енергијата на живата земја. Тоа е систем од техники и знаења, кои можат да се проучат и потоа да се применуваат во вашиот личен простор и окружувањето. Кога правилно се применува, фенг шуи ветува создавање на голема среќа за оние кои сопствените домови и канцелариите ги уредуваат во согласност со неговите принципи за хармонија и рамнотежа.

    Фенг шуи може сериозно да ја зголеми вашата среќа, да ја подобри материјалната состојба и здравјето. Тој директно ги обработува сите стремежи на човештвото, носејќи ги можностите за напредување и просперитет, како и зголемувајќи ги можностите за постигнување, унапредување и успех.

    Фенг шуи како наука и уметност


    Меѓутоа, фенг шуи не е магија. Исто така, не е ниту духовна дисциплина која бара силна верба во неговата сила или убедување во делотворноста. Фенг шуи најдобро може да се опише како наука и може да се примени како уметност. Тој претставува наука, бидејќи неговата примена во најголема мерка се засновува врз она што се нарекува Компас на училиштето за фенг шуи, исто така познато и како фенг шуи формула. Тој систем на техники кој подразбира градење и уредување на просториите и распоредот на мебелот во согласност со страните на светот, со пресметки засновани врз одредени формули, ја донесува посакуваната среќа. Но, точноста на пресметката, како за насоката на компасот (понекогаш и до најмалиот степен), така и за димензиите, ги претставува основните фактори за успехот на примената на фенг шуи. Доколку пропорциите правилно се пресметаат, а пресметките добро се направат, фенг шуи формулата речиси секогаш ја подобрува среќата на жителите на таквиот дом. Не е потребно долго да се чека на манифестацијата од тие резултати. Меѓутоа, запомнете дека погрешната примена на фенг шуи едноставно не донесува никакви резултати!

    Добар дел од фенг шуи, исто така, претставува уметност која бара субјективна проценка и толкување. Искуството е многу значајно во примената на фенг шуи. Причината за тоа лежи во фактот дека поголемиот дел од фенг шуи проценката е од визуелна природа, што бара од човековото око да направи важна проценка на обликот, теренот и контурите.

    Таа димензија од фенг шуи примената е обединета како фенг шуи школо на форми или пејзажи. Физичкото окружување се проценува во согласност со визуелната претстава. Планините, ридовите, реките, патиштата, возвишувањата, низините, облиците, мирисите и речиси се’ што забележвуаат сетилата, претставува предмет за анализа на окружувањето. Покрај тоа, квалитетот на земјата, силата на ветриштата, интензитетот на сончевата светлина, раскошот на растенијата и аглите на косината, претставуваат фактори кои треба да се проценат во текот на одредувањето на фенг шуи.

    Во буквален превод, фенг шуи значи „ветер вода“. Во основа, тие два елементи го вообличуваат конечниот физички изглед на некој предел. Фенг шуи нуди правила со чија помош можеме да протолкуваме некој пејсаж и да го оцениме како енергетски добар или лош, а со самото тоа да се одреди дали тој донесува среќа или несреќа за оние кои живеат тука.

    Правилата за поволниот и неповолниот фенг шуи што ги дефинирала школата за формите, се многу важни. Влијанието на лошиот фенг шуи од некој предел на надминува силата на добриот фенг шуи компас. Тоа е витално важно прво правило за фенг шуи примената што треба да се запомни: физичките структури на природното окружување, како и она што го има создадено човекот, можат да ги уништат внимателно одредените фенг шуи насоки.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еден период проучував одредени аспекти на Фенг Шуи во тоа беше вклучено и уредувањето на домот покрај другото и само накратко ќе констатирам не е за повеќето од нас кои имаме просечен накај потпросечен стандард од многу аспекти - бара доста вложување, бара доста услови итн конкретно во собата каде се спие не треба да има ни ТВ, ни компјутер ни било какви уреди се мисли на технолошки и јас би сакала да имам посебна соба наменета само за спиење меѓутоа условите ми се такви што таа соба ми е повеќенаменска. Муабетот ми е Фенг Шуи уредување посебно под водство на експерти е за луѓе со поприлично подлабок џеб, останатите може да прават некакви си прилагодувања, но не е тоа баш тоа вистинското.
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Имам дома доста книги за фенг шуи, мајка ми само купува :D Единствено што имам запамтено е дека вратата од купатило не треба да се остава отворена, дека сите инсталации треба да се здрави, ништо да не прокапува и сл, не треба да се чува цвеќе во соба каде што се спие, не треба да има огледало спроти вратата од купатило, креветот не треба да биде поставен спроти врата од соба...
    Интересно ми е што, за повеќето работи и предмети кои се лошо поставени, а не може да се сменат има и начини за неутрализација.
     
    На SwanMay му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не верувам во оваа :$ :$ вистина е само дококу верувате во тоа
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Некако премногу ми е комплициран овој начин на уредување. Некои делови од мебелот што се препорачуваат на пример не ми се по вкус. А и според фенг шуи колку што знам ќошовите во собата треба да се празни, а јас не можам да замислам такво нешто.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Интересно :)


    Фенг шуи: овошје во домот


    Овошјето е симбол на добра среќа и носител на енергијата на уживање. Фенг шуи препорачува да се постави свежо во домот, но може да биде и прикажано на слики или во вид на фигури.

    Различно овошје има различно значење и влијание. Најпопуларна употреба во фенг шуи имаа праската, јаболката, калинката, грозјето, ананасот и портокалот.

    Јаболкото е симбол на мир, здравје, долговечност и внесува хармонија во домот. Црвените јаболка се сметаат за најдобри, но и зелените и жолтите се поволни.


    Калинката поради своите црвени плодови е симбол на плодноста и семејната среќа. Според фенг шуи, се препорачува тукушто венчаните брачни парови да закачат слика со приказ на калинка за да ја привлечат среќата и благословот за многу здрави и добри деца.

    Грозјето го симболизира материјалното богатство и изобилие, било да станува збор на веќе стекнато или за она што допрва треба да се оствари.

    Ананасот е исклучително популарен симбол на богатство и просперитет. Популарноста на портокалот во фенг шуи му се припишува на освежителниот мирис и на јанг карактеристиката на бојата.



    _________________________
    I added cool smileys to this message... if you don't see them go to: http://html.expresso.me/smileys
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    [СДК] Сакам да кажам...

    Сакам станот да си го средам по фенг шуи,дали вреди да се фрлат пари?
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    [СДК] Сакам да кажам...

    мислам дека вреди, и јас да би имала можност би го сторила истото
    скоро дознав за личност која го работи тоа, па ако сакаш ке ти пишам по ЛП.
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    случајно додека чекав ред на психолог, најдов картичка и запишав меил адреса на личност на која што уредување според Фенг Шуи и е професија- доага, го разгледува просторот, и кажува колку ке чини
    првата посета не ја наплака :) инаку лани си купив книга за оваа тематика-специјално за љубовта, само незнам што и како треба да поставам :worried:
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    личноста се вика Елизабета Трифуновска, меилот и е betitr@mt.net.mk
    валидна е оваа меил адреса, јас и пишав скоро не можам да го најдам бројот, ако го најдам ке ви пишам :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Одсекогаш ми се допаѓал овој стил на уредување на дом.Би сакала мојот иден дом да биде уреден се според фенг шуи,зошто верувам барем малку дека би влијаело за хармонијата во домот.
     
  18. greeny1

    greeny1 Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Мојот дом е уреден според фенг шуи и навистина некако штом влагам дома се осеќам поубаво :))
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Имам читано на интернет за фенг шуи и имам применето некои тактики. Вреди!
     
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    како што ви ветив, еве го и телефонскиот број на госпогава/госпогицава 075/475-888
    бидејки јас се уште не можам да си ја исполнам желбата да го уредам нашиот дом според Фенг Шуи, се надевам дека некој од вас ке може да си го дозволи тој луксуз :)