Феноменот Мирољуб Петровиќ

Дискусија во 'Канта' започната од Црна Ружа, 7 август 2021.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Женски
    Pa jas edno pisham, ti desetto mi odgovarash :rofl:

    Koja kontrateza choeche, za da se diskutira seriozno vo vrska so Miroljub, prvo treba da dokazhe postoenje na demoni i sl natprirodna aktivnost. Se shto napishav e vo ramki na temata, shto drugo sakash da se pishuva koga on motiviran od verata promovira toa shto promovira, kako sme site demonizirani. I pritoa ni on ne nudi reshenija kakvi shto barash od nas nitu neshto pridonel ko shto se fali, naprotiv go poddrzhuva sistemot, za Vucic i dr. veli deka se postaveni od Gospod, sopstvenite gledachi si gi napagja, pa shto da ti kazham. Kje se vovedelo Carstvo (na sv nikad) kaj shto site kje zhiveele kako shto Miroljub saka, i se toa go zbori. Bog da chuva.

    Bravo inaku za rechnikot i slavniot citat. :?:
     
    Последна измена: 9 септември 2021
    На asdas и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    40.998
    Пол:
    Женски
    А што е реално и фактички точно од негова страна за социјалните теми? Ако може преку примери?
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    За кои социјални теми? За тоа дека жените се „камењарки“ што им пукаат црна погибија на чесните балкански мажи?
     
    На daylight и Angie1432 им се допаѓа ова.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.491
    Пол:
    Женски
    Твоите тези па бајаги издржани, нема што.
    Која социјална теза му е веродостојна?

    Дека секоја девојка нашминкана во миниќ е дроља?
    Дека дружење со спротивен пол е грев?
    Дека не треба да се студира затоа што образовните институции се ултра демонизирани?
    Дека жените не треба да имаат критичка самосвест и учат, туку да останат неуки, неписмени и раѓаат?

    И зошто ако сите овие негови ставови се легитимни и нормални не го искритикува фирерот Вучиќ кој не ја подржува неговата фиктивна теократска држава?
    Не се мачи, јас ќе ти одговорам зошто. Зошто нема храброст, е хипокрит и лажен пророк.
    Братот на македонката го уби и око не му трепна, како и многу други кои наводно ги лекува со помош на својата природна медицина во која мерки против наркоза, сексуална девијација и хомосексуалност се ќотек и иживување рамни на садизам.

    Он може до бесвест да има нарцисоиден комплекс на Бог, глуми великан и херој, ама факт е дека кога ќе падне режимот еден ден (иако не во блиска иднина), и тој ќе исчезне со лицето на земјата, а во најдобар случај ќе лежи затвор каде што и припаѓа.
    Да живееше во Франција или Германија одамна ќе беше решен, но бидејќи е на Балканот, логично е да има следбеници како тебе кои сакаат да го вратат човештвото во ,,неолитско" доба и да го сведат на елементарни еволуциски инстинкти на прокреација мислејќи дека така ќе бидеме здрави и среќни. Нешто што историски и епохално никогаш не сме биле, а нема ниту да бидеме. Ама thumbs up за идејата, продолжете да живеете во илузија. Единствена паметна одлука тебе ти е што го напушти градот, и не живееш веќе меѓу зараза смог и магла, и што можеби не јадеш место. Сѐ друго е продавање ветер и магла.
     
    Последна измена: 13 септември 2021
    На asdas, violetblue и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    @Abracadaver за некој што бара факти и аргументи, некако ич не си расположен за дискусија откако ти се изнесоа вистински аргументи? :(((
     
  6. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    5.302
    Пол:
    Женски
    А, извини вака, што има погрешно во тоа што кажува дека 99% од луѓето јадат ѓубре од храна? И во право е дека денеска има многу малце среќни бракови, не сум во тек што точно демантираш ама не можеш да не се согласиш дека е во право во врска со здравјето, тоа за демони ккажува од аспект на религија, а јас колку што знам теологија точно е, еве пример за гатачкиве како растураат со кажување на минатото ама иднина врска немаат, па затоа се чудат зашто не погодат броеви на лото, исто така и за образованието е во право, учиме врска немаме да работиме, треба утре друг да не вработува, се знае што све се прави по школо, се само не се учи, имаше изјава од еден средношколец дека почнал да пуши цигари во средно, дека станал наркоман итд, а ниту еден професор не го заболе што децата прават и ова е грешно?
     
  7. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Мирољуб тера еврејска теологија и за него свињата е валкано животно. Нема буквално никаква научна поткрепа за ова. Да беше така досега пола свет ќе беше испоцркан.
    Имаш официјална статистика за ова?
    Демони не постојат, исто како што не постојат тролови, вештерки, џинови и змејови.
    Што и како ќе работиш ако немаш образование? Ни нива не можеш да ископаш ако не си земјоделски образована, а не пак бизнис да водиш. Те молам опиши ми како го замислуваш светот каде секој е сам свој газда и никој нема завршено основно образование.
    Ако е така, од каде тогаш излегуваат сите овие научници, доктори итн?
    ШОК ВЕСТИ: МЛАДИ ПУБЕРТЕТЛИИ ПРОБУВААТ РАБОТИ. Како е тој еден, буквално еден средношколец, релевантен? Знаеш дека тој не е ни 0,0001% од сите средношколци на светот?
    Што има професорите да им се мешаат на родителите и на детето?
     
    На Guns N` Roses, Bezimenka90 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    40.998
    Пол:
    Женски
    Некои деца пробуваат цигари во средно и затоа треба да го укинеме образованието?втф
     
    На Guns N` Roses и asdas им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Дефинирај ѓубре од храна. Баш сега луѓето се стремат поздраво да се хранат. Не би рекла дека се јаде повеќе брза храна отколку што се јадело порано. Баш напротив, наместо да купуваат брза храна си носат од дома готвена храна.

    Среќата е субјективна. Ако се мисли на стапка на развод, да поголема е од порано. Дефинитивно. И тоа е добра работа. Не значи дека порано биле среќни, туку дека биле присилени да останат во брак и да глумат среќа.

    Ќе го прескокнам ова затоа што не сум религиозна. Би рекла само дека нерелигиозните луѓе се поголеми скептици, па помалку веројатно е дека би пошле на гатачи.

    До одреден степен се согласувам со тебе тука. Образовниот систем е навистина лош кај нас.

    Само не гледам како неговиот метод да се изолираме од општеството ќе ја подобри ситуацијата со образовниот систем? Зема полувистини и ги пласира како факти за деградација на општеството, а не нуди соодветни решенија. Т.е. нуди такви кои секако само нему му одговараат, а тоа е нешто прилично блиску до дефиниција на култ.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    5.302
    Пол:
    Женски
    Малце заморно , секоја чест на времето вака да цитираш поединечно, од јадење свиња може нема да умреш ама ќе имаш болести и тоа е факт, ми западна во очи, што е важно што прават децата во школо и каква врска имаат професорите со истото, значи професорите никаде не спомнав дека треба да се мешаат со родителите, ама нели тие истите треба нас да не учат на прави вредности? Бидејќи пола ден се поминува таму, друго никаде не спомнав без основно, зборам за факултет, па 90% ако не и повеќе по завршувањето на факултетето врска немаат да работат а најверојатно на тоа учење 4 год треба да знаеш нешто, ама тоа е, не можеме сите исто да мислиме, а тоа кај сте тие што го поддржувате Мирољуб ми е толку мизерно што не вреди ни за одговор, како и понатамошните образложениа.
     
  11. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    5.302
    Пол:
    Женски
    Каде го напишав јас тоа? Поентата е дека професорите ,слично како и лекарите не ги интересира што прават децата/луѓето, битно е само да се одробуваат тие 8часа, за првите децата што прават во школо, а треба ! Овие другите здравјето на луѓето, ако не сфати не извртувај поента.
     
    На x-MajaEsposito-x му/ѝ се допаѓа ова.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Што болести ќе имаш? Имаш студија, проценти, нешто?
    Зошто треба професор да те учи на вредности, морал или било што, што не му е негова дисциплина? Пошто не сме 11 век, па во црква да одиме на училиште.
    Имаш статистика за да ги поткрепиш овие 90%?


    А одговори за сите други работи уште чекаме.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.834
    Допаѓања:
    40.998
    Пол:
    Женски
    Култ и е.Култ на луѓе кои своите комплекси ги компензираат со барање бизарна контрола врз многу нормални општествени појави.Огорченоста ги води кон тоа да посакуваат да ги контролираат другите само заради сопствените несигурности.И не ги обвинувам, туку ми е жал.Сигурно и овој бил таков ама бил доволно паметен да сфати дека може да манипулира други луѓе да паѓаат на неговите радикални размислувања со цел да остане релевантен и некако да "придонесува" во заедницата.Ќе се најдат млади машки(најчесто), кои можеби биле разочарани од девојка, од другари или пак со помала самодоверба, итн, и ќе најдат утеха во вакви идеи дека цел свет е погрешен и виновен за нивните проблеми, а Мирољуб ќе им биде идол.Може денес тој не е ни толку релевантен како лик, ама има други негови копии, секако со интернетов многу е лено да се падне под сечие влијание.

    Не ги интересира, точно.И често и самите професори се однесуваат ужасно и не ги оправдувам, но сепак не се сите такви.Затоа има школски педагози кои треба да работат со децата.Наставниците за таа плата не можат да бидат во улога на родител на секое дете.
     
    На Guns N` Roses, asdas и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Има доста работи кои @Tea678 ги кажа и се така но не гледам како “феноменов“ би ја разрешил ситуацијата. Според мене изгледа како да се собираат луѓе а овој им ги пласира зборовите кои сакаат да ги слушнат мнозинството и паѓаат во транс како тој им ги “отворил“ очите и поради тоа е екстремно интелегентен. Не, него само знае да ги пласира работите на вистинските луѓе во вистинско време. Како и да е, враќањето назад во времето да живееме како да сме во 15ти век е невозможно.

    Храната како храна е ѓубре и тоа е факт. Не ти требаат статистики него земете прочитајте колку луѓе се заболуваат од рак и разни други болести секојдневно. Нити свинското, нити другата храна чини. Или вие мислите дека кока кола зиро е здрав пијалок само поради тоа што не содржи шеќер? Разлистајте ги од позади сосотојките ќе видите дека емулгатори се во прашање кои се 100 пати полоши од шеќерот. Заблуда е дека храната е здрава. И таа која се пласира дека е здрава е пластика. Овошје кое го јадете дневно е прскано едно 20 пати минимум со најразлични пестициди ама и свињата јаде од тие пластики така да исто е до некаде. Нити е погрешно дека има несреќни бракови. Порано имало помалце бракови ама и помалце биле несреќни во браковите зошто на жените им било налагано дека тоа е нивната судбина и дека мора да си ја прифатат. И сето ова води кон тоа што биле жените помалце писмени и склони кон манипулација а овој сега вика дека треба да се затворат училиштата. Молам? Не бре луѓе, училиштата ни се во ред него системот и луѓето не ни чинат. Професорите ќе си ја бркаат работата и ќе ги учат на морални вредности децата само ако има од горе некој да контролира и да бара дупки во наставата. За жал се замижува на тоа кај нас, и државата а и ние сме криви за тоа. Ама враќањето во 15ти век нема ништо да смени и ако е возможно и посакувано, а не е.
     
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Зошто треба професорите да ги учат децата на морални вредности?
     
  16. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.685
    Допаѓања:
    25.255
    Пол:
    Женски
    Јас сум религиозна и не се сложувам со него за некои работи. Инаку од секогаш сум била против блуд и неморал. Страшно е во какво време живееме
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  17. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.038
    Допаѓања:
    1.963
    Порано немало блуд и неморал? Измислица на 21 век е?
     
  18. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.957
    Допаѓања:
    9.724
    Пол:
    Женски
    Не оти се здравствениот и образовниот систем за бранење, или персоналот генерално за пофалба, туку улога на Мирољуб е да банализира и да прави стенд ап комедија од несреќите на овој дел од Балканот. Секоја жена која не дели ставови и светоглед со мизогинистот, според него е камењарка и не се устручава јавно да ја посрамоти, што недвосмислено укажува на гаден профил на личност. Поназад споменатиот Дејвид Ајк барем е културен и не упатува навреди кон аудиториумот. Мирољуб настапува со сељачка ароганција карактеристична за некои српчиња и македончиња, да ти се згади хумор и смеа. Мирољуб ти е "кога Јелена Карлеуша би била верски фанатик". Он е само во друга гранка на шоу бизнисот.
    Мислам ти постојано да зборуваш за Бог, а Бог нигде го нема е егзистенцијален апсурд.
     
    На Guns N` Roses, Angie1432, asdas и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.741
    Пол:
    Женски
    Имаш право, култ е. Исто мислам дека не е релевантен, ама релевантно е тоа што со моќта на интернетот сега многу подостапно е регрутирањето на луѓе за остварување лична цел.
    Конкретно овој ептен широки теми опфаќа, па мала е веројатноста некој стварно да се реши да живее по негов терк.
    Ама да се намали опфатот на темите, еве пример со вакциниве и пандемијата, лесно се манипулираат луѓе кои можеби биле неодлучни.

    Само мислам дека е наивно да ги редуцираме на шала и како фрустрирани личности. Очигледно имаат некое влијание кое во вакви ситуации може да е и погубно.
    Мене тажна ми е помислата што многу луѓе губат способност за критичко размислување и од страв потпаѓаат под секакви манипулации. Мислам дека повеќе се должи на недоверба во институциите и во системот. Затоа на балканов вакви како него цветаат.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Зошто со крадење, лажење и убивање не се создаваат здрави генерации. Секојдневно по училиштата се среќаваме со булинг, е заради тоа треба да се вклучат професорите. Не да ги учат, тоа е работа на родителот да си го воспита детето него да внимаваат и да им укажат дека таквото однесување, изживување со другите деца не е во ред. А се замижува на тоа.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.