Фетален алкохолен синдром- (ФАС)

Дискусија во 'Бременост' започната од <3 pleza4e <3, 5 август 2015.

  1. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.433
    Пол:
    Женски
    За да не се објаснуваме на секој поединечно каква последица може да има конзумирање на алкохолот во бременоста

    Фетален алкохолен синдром


    Феталниот алкохолен синдром (ФАС) е состојба предизвикана од консумирање на алкохол за време на бременоста. Проблемите кои се предизвикани од овој синдром вклучуваат физички деформитети, ментална ретардација, потешкотии во учењето, проблеми со видот и потешкотии во однесувањето на детето. Овие состојби варираат од дете до дете, но дефектите кои се резултат на феталниот алкохолен синдром се неповратни.
    Не постои количина на алкохол која безбедно може да се консумира за време на бременост. Ако се пие алкохол за време на бременост, шансите за бебето да страда од оваа состојба се големи.

    Симптоми

    Феталниот алкохолен синдром не претставува единечен дефект, туку тој е збир на повеќе вродени аномалии кои настануваат поради пренаталната експозиција на алкохол. Тој спаѓа во група на честите предизвикувачи на ментална ретардација кај децата. Степенот на ментална ретардација варира, со тоа што кај некои деца е поизразена.

    Знаци на Фетален алкохолен синдром се:

    - специфична конфигурација на лицето ( мали очи, тенка горна усна, краток, нагоре свиткан нос, и губење на длабнатината која се наоѓа меѓу носот и горната усна )
    - деформитети на зглобовите, екстремитетите и прстите
    - забавен физички развој
    - проблеми со видот и слухот
    - мал обем на главата и микроцефалија
    - ослабена координација
    - ментална ретардација и задоцнет развој
    - нарушувања во учењето
    - абнормално однесување (брзо губење на внимание, хиперактивност, импулсивност, нервоза и вознемиреност)
    - срцеви мани

    Причини

    Кога бремената жена консумира алкохол, тој влегува во нејзиниот крвоток и преку плацентата навлегува во фетусот. Бидејки фетусот го метаболизира алкохолот многу побавно од возрасната единка, нивоата на алкохол во него се многу повисоки отколку во крвотокот на мајката. Алкохолот ја спречува нормалната дистрибуција на кислород и хранливи материи во ткивата и органите на бебето, вклучувајки го неговиот мозок, каде последиците се најсериозни.
    Мора да се напомене дека, во првиот триместар на бременоста (органогенезата), плодот е најосетлив, а бидејќи многу од жените кои забремениле, на почетокот не се свесни за нивната благосостојба, и тие продолжуваат да консумираат алкохол.

    Превенција

    Единствената превенција на оваа состојба е апстиненција од алкохолните пијалоци за време на целата бременост, особено во првите три месеци од бременоста.
     
    Последна измена: 5 август 2015
    На Ververica, butterfly*, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Знам понекогаш да пивнам пола чашка пиво од мерак. Ама потоа имам грижа на совест. Си ветив дека доста е во оваа бременост алкохол и повеќе нема да пијам ич.
    Имав читано за овој синдром, баш затоа.
    Јас сум си љубител на пивце и затоа ми беше тешко понекогаш да одолеам на горештините :rofl:
    Ама повеќе од една чашка ( помала де ) не сум испила.
    Се надевам дека нема да има никакви последици, до сега само 3-4 пати сум конзумирала пивце, ама после 5 месец. И да, на свадбата бев крај на 4, почеток на 5 месец, едвај чекав да ја надигнам чашата со шампањ. :rofl::rofl::rofl:

    Ми се чини дека многу млади мајки не се информирани за влијанието на алкохолот. Дури и ми препорачуваа да пијам повремено по едно пивце, било добро за плодот и за млекото кај мајката. :^)|(
     
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.087
    Допаѓања:
    284.486
    Јас во бременоста понекогаш пивнував црвено вино, ама сосема малку...колку за живели
     
  4. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.433
    Пол:
    Женски
    Мислам дека сите може да издржиме за толку додека помине бременоста, не е тоа нешто неопходно без кое не се може :)
    Јас лично не би ризикувала. Се имам една чашка пиво напиено само и после тоа ми беше криво.
    Во секој случај во моментот бебето е побитно отколку нашите желби за алкохол :)
     
    На cresa-jagoda, butterfly*, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    11.087
    Допаѓања:
    284.486
    Точно.
    Имам многу примери околу себе, имаат благ страбизам (мислам тека се вика тоа со очињата нели ??)...а имам читано дека тоа е од што мајката не се воздржувала од алкохол...
    Нормално тоа е и наследно, ама ,,примериве,, околу мене пиеја...
     
    На joy1 и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    232.852
    Јас колку што знам во најраната фаза важи истото правило како и со медикаменти. Се или ништо.
    Секако доколку станува за минимални количини и на самиот почеток.

    Јас од како започнав со обиди за бременост целосно го имав исфрлено. И за беља недела пред да не ми дојде имав испиено едно и баш жива се изедов.

    При прегледот на гинеколог ми имаше кажано гинекологот дека немам фоликули, односно дека не настапила овулација. Истиот ден бевме на една прослава и си реков имам време до добивање можам едно месецов (од овие мешаниве со различни вкусови, нискоалхохолните).
    Три дена потоа, односно 4 дена пред недобивање имав позитивен резултат.

    Јас не би повторно. Ниту за време на доење ниту за време на бременост.
     
    На joy1, <3 pleza4e <3, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Греотка за дечињата пред се. Они во случајов се најмалку виновни, а трпат последици.
    За мене најнесватливи се трудници што си дозволуваат да се испијанат или еве да си пијат поголема количина алкохол секој ден. Тоа не можам да го разберам никако.
     
    На zalosna, joy1 и referentka им се допаѓа ова.
  8. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.106
    Допаѓања:
    2.679
    Пол:
    Женски
    Јас си конзумирав пивце скоро секој ден по една чашка онака со ручек. Немав поима дека сум трудна. Дента кога го направив тестот, односно кога дознав дека сум трудна прекинав потполно.
    П.С. кога ја прашав докторката дали можам сега да конзумирам , ми рече на неколку дена по чаша пиво не е штетно. Ама некако имам грижа на совест, па не би се напила.
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    13.185
    Допаѓања:
    65.438
    Пол:
    Женски
    Jas bev na odmor i vekje bremena 5 nedeli, ama ne znaev (uste ne mi docnese)... 10 dena bevme na odmor i od tie 10, 10 dena piev pivo na plaza... a 2,3 pati zestoko vo disko... Koga doznav deka sum bremena se ispotresov... Odma ja prasav doktorkata i mi rece sega kje pazis povekje, sega kje pocnat da se razvivaat organi i drugo... Fala bogu eve imam zivo, zdravo bebence...
     
  10. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.066
    Пол:
    Женски
    Јас за форес една голтка одвреме навреме и толку не ми е малиот по пиењето некако :rofl::rofl::rofl:
     
    На butterfly* и LUCERKA им се допаѓа ова.
  11. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.116
    Пол:
    Женски
    Jas alkohol vo niedna bremenost ne piev zaradi toa sto primam lekarstva,isto i sega so ovaa bremenost e.Inaku imam citano deka edna casa vino,pivo ne pravi problem,e sega da ne se preteruva i toa pak sekoja den :)
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.768
    Допаѓања:
    106.991
    Колку што важи за алкохолот исто е и со цигарите.
    Не можам да разберам трудници кои пушат.
    Па уште и пред да забременат тоа влијае на здравјето на нивните идни деца.
    Не случајно е зголемен процентот на бебиња родени со срцеви аномалии, а на другата страна мајки држат фронтови против вакцинирање на децата, а во бременост пушеле, а сега децата им се пасивни пушачи.
    И ако се случи нешто со негативен исход - грешка на докторот е.

    Оттука ми она - НЕ, мајките НЕ знаат најдобро. И ќе направам и поголема дигресија, ама многу детски животи ќе биле спасени ако мајките знаеле како треба. Еден од најголемите скандали во здравството во Македонија во суштина е грешка на мајката. Не се придржувала на процедурата за лечење...односно не ја сфатила сериозно состојбата на детето, ама нели, потоа излезе доктори се криви, системот е крив... А бидејќи ова нема формален начин да се докаже и обвини, од друга страна чувствителна тема е и нема начин како да се докаже, и онака е преголема казна што го изгубила детето...

    Не за алкохолот и не за цигарите барем во текот на бременоста.
     
    На Victorian, Petra777, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    6.284
    Пол:
    Женски
    ми се пие пиво:beer::emo:
    дали некоја од вас си дава ваков луксуз на душата :smirk:?

    Модератор: Преместена дискусија од Труднички муабети.
     
    На BeautyGirl29 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    232.852
    Не :shake:
    Секоја капка алхохол оди кај бебушот.
     
    На fallenangel, cresa-jagoda и BlackNight им се допаѓа ова.
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.861
    Допаѓања:
    121.256
    Има мислам во Кам некое безалкохолно или сосем малку.
    Колку меракот да ти помине.
     
    На zalosna, eli25, Ambra20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    4.975
    Допаѓања:
    37.128
    Пол:
    Женски
    Jas sega bev na lebedovo ezero.I si se napiv od maz mi na dva tri pati po goltka.Ne e nisto strasno.Ne pies rakija ili drug zestok pijalok.Samiot dr mi kaza mozes casa vino so rucek.Ama ne sum piela do sega
     
    На Mari*, eli25, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.901
    Допаѓања:
    6.284
    Пол:
    Женски
    @stevemila :sun:
    инаку се зезам, голтка ми врши работа.
    знам дека може да биде штетно, ама онака малку да се опуштат малите:dance::$ петок навечер :wasntme:
    јас кога видов || се наградив филџан пиво и се збогував со него за две години :D
     
    На duffi и stevemila им се допаѓа ова.
  18. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    4.975
    Допаѓања:
    37.128
    Пол:
    Женски
    Nemoze da bide stetno malku.Se so e umereno nema steta.Normalno da se zaboravis vo pienje i da ne si trudna ke ti steti
     
    На BeautyGirl29, eli25, iki26 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    9.861
    Допаѓања:
    121.256
    @Momichka во Здравец е можно да има и безалкохолно. Ама за повеќе информации утре. :D
    Инаку тоа од Кам е со 2%. Јас на пивото љубител никогаш не сум била. Па не ми значи ништо.:D
     
    На Momichka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    4.121
    Допаѓања:
    20.915
    Пол:
    Женски
    Јас само што се напив една чаша бело вино. Си пијам и по 2,3 голтки ракија со салатка пред јадење и пиво кога сум излезена. Па фала Богу сѐ е во ред. Не се случува секој ден и по повеќе чаши, туку сѐ е во умерени граници и ретко. Некои цела бременост пушат по пакла цигари, тоа е полошо отколку чашка алкохол неделно.
     
    На Zaljubena26, eli25, fana и 5 други им се допаѓа ова.