Јас денот кога го направив тестот од возбуда се почастив со едно сечено коњаче малку коњаче, многу пепси (3та недела бев) Непромислено и неодговорно не викам не.. Не подржувам алкохол во бременост, ниту голтка од на мм чашата, ниту за задравица, а најмалку од иштав, може да се издржи се, не ја оправдувам ниту една причина! (ниту мојава) Не ни одам дотаму и навлегувам во последиците, но како и многу други ,,забранети,, нешта во бременост, ова е една од нив, па не ја сваќам потребата некој да го ризикува животот на своето неродено бебче на било каков начин и да се користи изреката ,,од толку ништо нема да биде,,! И да жените кои пијат алкохол во бременост ги сметам за комплетно неодговорни и себични!
Се може без алкохол, па дури и без кафе. Јас не пиев ни кафе, ниту се лакирав, ни фарбав. Малку ригорозно, знам. Но, возрасни сме и секој носи одлука за себе.
Jas sum 8mi i uste se nemam isfarbano.Dr mi se smeese.I se toa deka vnimavam na svoeto deto.Pisav pogore,pazam na ishrana i na odnesuvanje i na se.Nitu na odmor ne otidovme iako dr mi dozvoli.Prvata bremenost pred 9god mi zavrsi so spontan,isto vaka tresejki se na se.
јас исто не се фарбав.А кафе не пиев дур малата не направи 4 месеци откако се роди.До тогаш беше само на доење и кафе не пиев
Многу ги измешавте работите, кафе , одредени лекови, фарбање се дозволени во бременоста во умерени количини. Немаат никаква врска со штетноста на алкохолот. Па и еднаш на две недели да апнеш пица. Има трудници со хронични терапии кои никако не смеат да ги остават во бременост. Си признавам дека знам да посегнам по брза храна, се контролирам, јАдам од проверени места. Среќа не е во количина многу, колку да помине меракот. Алкохол не оправдувам. Сакам и јас летото некое коктелче за освежување, ама се тешам со безалкохолно домашни коктелчиња. Пиво душата не бара ама и да бара , ништо не менува, пак нема да и дадам. Кога зборувам за лекови не мислам на дијазапамот, оти да се напиеш еднаш при некој стрес ,не дај боже, не е исто со тоа стално да го Земеш. Впрочем не се спие од него, само ја опушта мускулатурата. Не знам од каде е на мода спиење од дијазепам. Ама психата чуда прави. Има лекови за спиење на природна база, како Персен, па да се проба прво со нив е најдобро. @snegulkata не си знаела. Скоро сите пред да дознаат функционираат нормално. Освен ин витро случаите. Беба си напредува супер. Не се измачувај, ќе биде се како што треба. Мене ми е исто неприфатливо трудница со толкаво меше со цигар во рака. Не можам да разберам како желбите на мајката се ставени пред здравје на дететето. Себично е! Пред мене никој не запалува џигара, не смеат. И сите се совесни.
Дај Боже да си во право! И ММ истото ми го вели, дека досега ќе знаев ако нешто не е во ред. Но дали сите аномалии се гледат при ехо преглед на 4д??? Ова ме мачи! Се опседнав со проблемов, страшно сум неспокојна! Ти благодарам на утешните зборови и мило ми е што кај вас се испаднало супер и без компликации! Јас се надевам дека ќе помине време па и јас ќе споделам дека се се завршило добро и со нас! Ама до тогаш мислам дека мир нема да имам. ММ ми вели дека смешна сум колку се опседнав со ова, чиниш алкохоличарка сум која секојдневно конзумира па ете сега сум загрижена дека бебето си го загрозив со моето невнимание. Ќе поразговарам со нашиот др, бар стручен е и искусен, да видам што ќе каже тој!
Абе каква аномалија. Аномалија се јавува при лош спој на хромозоми. Јас еве претходната бременост ја прекинав поради тоа, а ни пиев ни капка алкохол,ни пушев цигари. Не се секирај. Јас не знам како некои членки пишуваат такви работи само да уплашат трудници.
@snegulkata мислам дека стресот кој си го правиш може да придонесе многу полошо за малото отколку тие 2 пати по пола литар вино, ајде и литар вино да е било... Ок, било-поминало, си се напила, ама нема Crtl + z. Имаш куп страни кои имат испишано секакви искуства, така да, ти држам среќа да бидеш испишана во позитивните исходи. Сепак, сега знаеш повеќе за ризикот, и внимавај во наредни ситуации. Само без секиранции и замарање. Уживај во денот и продолжениот викенд
Mora da se izmesaat rabotite za nekoi raboti da bidat jasni.Svesni sme kofeinot kolku e steten,blagoto itn.Ima zeni se davat vo kafe a kao ziveat zdravo.Ni toa ne e za mene sovesna majka.Ni pred bremenost ni sega sum piela kafe.Znam nekogas da si napravam ice,grand od kokos.I dovolno mi e.Isto i za farbanjeto,amonijakot i te kako moze da napravi problem na fetusot koga e organogenezata.I da ne ja tupime,ima mnogu postetni raboti koi se prqat svesno ili nesvesno,od taa goltka pivo
Од се што имам читано е дека не е познато колку малку е дозволено и нештетно. Општа препорака е да се одбегнува алкохол во целост, бидејќи алкохолот дитектно оди преку крвта до бебето, а бебето нема развиен црн дроб за преработка на алкохолот, па сега видете дали и голтка и чашка е ок. За друг вид медикаменти, за луѓе кои се под одреде вид терапија, доктори треба да кажат, зошто има навистина состојби при кои и прекинот на терапијата може да биде штетен по полодот.Но , затоа доктор ќе предложи супститут, намалена доза или било што, па ако треба ќе се праша и втор и трет. За жал некои последици се забележуваат многу подоцна,а не непосредно по раѓањето на детето.Исто така, според некои истражувања однесувањето на мајката во бременоста е најрелеватно со растот и развојот на детето понатаму во животот.
@stevemila контрадикторна ми си за алкохолот. Од една страна не одобруваш и не пиеш, а од друга страна се согласуваш дека не е штетно и се исмејуваш на тие што тврдат така?
Ne odobruvam da.Kade toa ti vide deka se ismejuvam?Ako si me citala ponazad ke si me razbrala so mislam,zasto ne ednas objasniv 100pati.Ne znam so ne vi e jasno tuka.Sum protiv za cigari i alkohol pogotovo vo bremenost.No ako se napies edna goltka ne znam kaj gledate smak sveta.Da ne se povtoruvam procitaj me ponazad so sum pisala vo sekoj post.I dosta veke pravite stresovi na site trudnici.Eve clenkata pogore ja rqstresovte.Se ragale ne zdravi deca i so ti znam kakvi gluposti pa zenata e izbezumena.Mislete malku koga pisuvate i so pisuvate.Ne mislam na tebe licno,mislam na site ostanati clenki
@stevemila кофеинот, фарбите за коса кои впречем ги има без амонијак се дозволени , испитани и си има пропишани дози од истите. Кај алкохолот нема, не знаеме дали е штетно голтка или чаша, флаша. Не е испитано. Ни потврдено. Затоа треба внимавање со него , па најдобро воопшто да не се конзумира.
E neznam bas dali kofeinot e ok vo bremenostNeka vnimavaat tie so nemozat da se kontroliraat i so pijat sekojdnevno.I neka si ja snosat odgovornosta.Jas si gledam za sebe,i zatoa zborqm od moe ime.Nit sum piela alkohol nekogas nit sega pijam.I smesno mi e so debatiram za moite dve goltki pivoAj ke gi ostqvam da se doiskazat tie so eve imaa problem so toa.A jas ke odam malku vo priroda.I ke pijam ceden sok,nemoj da me misliteImajte ubav den
Па нормално не е ок во големи количини, затоа велам има точно определено до кај може да се оди со него. Кај алкохолот нема, е тука е проблемот. На крај секој сам е свесен за себе и своето здравје.
Kofeinot vo bremenost e dozvolen vo normalni dozi. I kofein sodrzat ne samo kafeto, tuku koka kolata, caevi itn. Ne mesajte babi i zabi. Temata e drugo
За кофеинот се сеќавам Даничап имаше постирано колку е дозволено во бременост. 1 шолја дневно беше ок. А алкохол не смее ич. И јас имам земано по голтка две од пивото со лимон од кам. Дијазепам (иако темата не е за тука) кога почина баба ми , двајцата мои доктори ми рекоа дури од 5 да се напијам. Јас не послушав, испив од 2 на пола, и од стрес си нсправив гестациски дијабет. Алкохол и цигари во бременост ми е еднакво на неодговорност кон животот што го носиш. И сликата на трудница што пие и пуши е најгрдо нешто.
Еј, колку повеќе мислиш на тоа, толку повеќе филмови во глава и потешко ќе ти биде. Еве и јас малку да те смирам, другарка ми не викна на роденден на домашна журка. Многу алкохол се испи таа ноќ, за да после недела дена дознае дека е бремена . Детето веќе у школо оди и уште се смееме за таа анегдота. Овде во оваа дискусија сепак мислам дека станува збор дали свесно во текот на бременоста пиеме алкохол. Тоа е сосема поинаква ситуација од твојата. Не си зимај толку при срце, затоа што не можеш да го вратиш часовникот наназад и пробај избриши го тој страв од главата.
Алкохол и цигари се најштетни. Спомнав кафе као дека секој ден пиеме и дека скоро сите почнуваме утро со кафе, па дека и без тоа се може. Инаку точно пиша @duffi, дијазепами се за опуштсње на мускулатура, затоа ги даваат при јаки грчеви, а не за несоница.