Престанав да пишувам во темите за трудници, бебиња баш од причина на тие сезнајни трудници кои само се потсмеваат со секој исправен совет на трудница, од тоа лееелеееее Петка, Станка, пиеше, пушеше ништо не им е на децата и нели во недостаток на аргументи крштевањето со светици за сите оние кој се трудат исправно да си ја истераат бременоста, правилно да го хранат бебето, не знам само од кога стана грев и срамота да водиш сметка за нероденото и роденото дете? За сите што мислите дека се што е умерено е добро сте виделе бебе родено од наркоманка, нели и таа умерено се дрогирала за време на бременост? Сте виделе бебе родено од мајка која секојдневно конзумирала алкохол? Јас сум видлела, знам како изгледаат, знам како звучат, со какви последици се раѓаат, така да не си се тешите дека волку штети, онолку не штети, докажано е дека секоја капка штети. Можеби и докторите, научниците не треба ни да праваат истражувања, не треба да ги пласираат во јавност наодите од тие истражување само да не се вознемируваат трудниците. Факти се тоа, не рекла казала муабети. Три бремености истерав без капка алкохол, без цигари и со декаф кафе па ете сум здрава, жива, рогови не ми никнаа што ги ставив децата пред моите задоволства.
Мнoooгу претерувaте aмa ни тoa не е нa aрнo. Никoјa oвде не лoкa секoј ден и никoјa не гo oпрaвдувa тoa. Секaкo декa не требa дa се кoнзумирa aлкoхoл вo бременoст тoa е фaкт aмa пa и дa се преувеличувaaт дo тoлку три гoлтки ми е ствaрнo премнoгу. Дoбрo е дa се сoветувaaт трудниците декa нaјдoбрo и вooпштo дa не се кoнзумирa aмa и дa се рaспнувa некoјa кoјa пивнaлa некoлку гoлтки е премнoгу, бидејќи сепaк тaa си е oдгoвoрнa зa себе и зa бебетo. Спoред мене нaјштетнo е стреснaтa сoстoјбa и негaтивните мисли декa нештo лoшo ќе му се случи нa бебетo, aмa тoa спoред мене и не мoрa дa се сoглaсите. Кoгa сме кaј фaмoзниoт диaзепaм, тoј спaѓa вo групaтa нa бензoдиaзепини и меѓу другите индикaции зa негoвa упoтребa Е и несoницaтa. Не се земaaт нa свoјa рaкa без кoнсултaцијa сo дoктoр.И инфoрмaцијa плус: диaзепaмoт се дaвa и нa децa Зa кoнзумирaње нa кoфеин фaрбaње кoсa и др кoзметички прoцедури нaвистинa ми е излишнo дa кoментирaм. Имaјте убaв ден.
Јас сум страшна кафеџика, ама в бременсот претежно пиев безкофеинско, ретко кофеинско турско. Со намалувањето на кафето и стрвот ми исчезна. Без се се може, за тие 9 месеци. И секако се зборува за моментот од како трудницата станала свесна дека е бремена и самите доктори истото ќе ви го кажат. Откако се посомневав, а тоа беше со време бидејќи имам редовна менструација, престанав да пијам алкохол и до крај не го ни помирисав. И јас имав желба, ама ете стравот и грижата на совест си го направија своето. Освен тоа, станува збор за педа детенце, недоразвиено, ембрионче и на тоа и капка алкохол му е бомба. Не е исто голтка вино за возрасен и дете. Па, и вино и 9% е многу, не па 12, 13% и сл.
И медицинскиот персонал носи голема одговорност за ова. Јас не сум сретнала гинеколог што ќе објасни кога ќе го прашаш дали смее алкохол дека не е утврдено која количина на алкохол е безбедна и дека секоја голтка е само на одговорност на мајката. Па потоа да ги наброи сите последици кои би можеле да се случат. Па да видиме колку сепак би посегнале по алкохол. Работата е што се уште не е доволно истражено зашто и зголеменото конзумирање алкохол кај жените е од поново време. Ете се работи на ова поле, па да се надеваме дека во скора иднина ќе има многу повеќе податоци. Иако, нели, алкохолот и онака е штетен, па е малку сулудо што дискутираме за негова конзумација во најранливата состојба.
се дава на деца при анксиозни состојби,пред и после оперативен захват,психози,агресивност или спазми на мускулатурата ,грчеви од висока Т.Не се дава туку така туку ептен во посебни ситуации
Во текот на бременоста ниту пиев нитту пушев цигари. Имав уредна бременост без никакви потршкотии. Не ги бранам но не ги ни оправдувам мајките кои пијат и пѕшат во текот на бременоста, тие едноставно свесно му наштетуваат на сопственото дете.
На пиволендов шо помина, една со стомак до заби си мцкаше пиво, полалитарско лименче. И реков. Не е моја работа, точно, ама не можев да се воздржам. Колку малку е потребно за беља...колку малку...ах да знаат... Гледам една со акутна состојба во рана бременост, сега маца вино...чаша, чаша, ама колку треба да си неарен и да не го сакаш тоа бебе за да го правиш тоа? Девојката што лапа дијазепами за несоница, па и во бременост, лоши вести - дијазепамот предизвикува тонење во сон, но немирно и длабоко се спие и многу се сонува. Не само што му штети на бебето, туку ни себе не си прави услуга. А што предизвикува кај фетусот, не коментирам. Гинекологот колку сака нека и ги препишува.
Сите скриени гревови на трудниците со реченицата - секоја мајка си знае најубаво за своето дете. Па пие, пуши, лапа од седмица, ама јас би го одзела родителското право на таква мајка. Уште неродено детето е во ризик со таква мајка, не па подоцна... Не можела да спие... па тек после бременост неспиење да види... 4 саати на ден е рекорд!
Седмица и секоја сендвичара се ризик од труење со храна. Транс масти еден куп. Соја еден куп. Јагленихидрати еден куп. После вакцините ни се криви... Здравјето на детето се кали уште во стомак. Здраво ќе се роди, ама колку понатамошни слабости ќе искочат отпосле и никој не се осврнува на бременоста. Ете болникаво било...што да му правиме.
Dont worry!! имам 3,5 годишна ќерка, и баш добро знам како е да бидеш со 3-4 часа сон во текот на еден ден.
Девојки да ја смириме топката. Мислењата што содржат навреди и се оф топик се избришани. Дискутирајте на темата без навреди.
Mislenjata so peckaat clenki i povreduvaat so nivnite propovedi vi stojat.Samo da vi napomenam.Brisete toa so ne vi odgovara
Ако сметате дека некое мислење што содржи навреда или е оф топик не е избришано, слободно пријавете ќе средиме.
Ризикуваш салмонела. Трудниците не треба да лапаат мелено месо мајонез јајца печурки од надвор. Само домашна и свежа храна. Ако некоја трудница мин недела се затруеше во седмица ќе имаше страшни последици.
До зборот лапање ли било... Добро еве пиење и јадење. Нема да ги смени фактите. Ако не сте применувале да сте живи и здрави, од сега па на така можете да корегирате, а не да напаѓате зошто не е по ваше за да си смирите совест. Не е дека некоја членка ќе каже дека не е ок. Не е простор за личен став, туку си има податоци кои ги тврдат и докажуваат овие работи. Верувам дека не постеле и биле строго на салати и свежи сокови, ама бар 80 посто здраво, 20 да летне на нездраво е коректно. Се дур доминира нездравата храна не е ок.
Зошто глупости? Салмонелата е страшна сама по себе, а не кај трудница. Темп до 41 степен, константна дијареа и повраќање, грчеви и какви уште не симптоми ви се ризикува во бременост?