Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фетален алкохолен синдром- (ФАС)

Дискусија во 'Бременост' започната од <3 pleza4e <3, 5 август 2015.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    @JuLleE
    Два специјалисти и 3 општи гинеколози ми нагласија да не укусувам ни капка.
    Ме седнаа и детално ми објаснија што се не се јаде во бременост, што се не се пие во бременот и колку малку треба за нешто лошо да се случи.

    Медицината и фактите се тие.
    И да, до докторите е, нивната посветеност.
    И да, и до пациентите е и нивната самоангажираност за решаржирање и (до)информирање.
    Едни исти факти и податоци се баш за сите.
     
    На *Amethyst*, bittersweet, cresa-jagoda и 7 други им се допаѓа ова.
  2. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    Ако фас се добива од неколку голтки алкохол пола од бебињата родени ќе го имаат.
     
    На Gosh, zalosna, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Просто и едноставно, ако не ви се замара и мислите дека е тупење не реплицирајте. Форумот е за дискутирање и реплицирање инаку. :)
    Статиите не се статии од типот јас сум седнала и ми текнало ќе пишам штетен е алкохолот.
    Статиите се од светска здравствена организација, од научници.
    Конкретно за тоа поназад што го имам постирано, стои кратка биографија за жената.
    Еве ви.
    Svetlana Popova is leading research on the epidemiology of drinking alcohol during pregnancy and its effects on the unborn child. She is a senior scientist at the Centre for Addiction and Mental Health (CAMH) in Toronto, Canada and an associate professor at the Dalla Lana School of Public Health and Factor Inwentash Faculty of Social Work (FIFSW) at the University of Toronto. She completed her postdoctoral fellowship at CAMH in 2007 and earned a PhD in social work from the FIFSW at the University of Toronto in 2006. She received her master’s degree in public health from the School of Public Health, University at Albany, United States of America (USA) in 2000. Popova earned a PhD in medicine from the Russian Cancer Research Center of the Russian Academy of Medical Sciences in Moscow, the Russian Federation, in 1988 and a medical degree from the Turkmen State Medical Institute in Ashgabat in her native Turkmenistan in 1985.

    Еве што оваа жена која истражува за алкохолот во бременост кажува. Значи научник, не лаик.
    What is fetal alcohol syndrome (FAS) and how much do we know about it today?

    A: Alcohol is poisonous to the developing fetus throughout the entire nine months of gestation. When a mother-to-be consumes alcohol, it goes directly to the fetus through her blood stream. These children may be born with fetal alcohol spectrum disorder (FASD), which is an umbrella term that covers all alcohol-related diagnoses, of which fetal alcohol syndrome (FAS) is the most severe and visibly identifiable form.
    Имате цел спектрум.
    Ама пак, само таму некоја си статија е.
     
    На *Amethyst*, bittersweet, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    Претпоставувам дека не... дека веројатноста е минорна.
    Нема факти колку е дозволено, тоа е и лошото, па шпекулираме и претпоставуваме дека кај неколку голтки е преминорна веројатноста.

    Јас лично имам ментална блокада.
    Од самата помисла дека таа капка оди директ во бебето, уста нека ми се исуши нема да ја укусам.

    Тука не дискутираме само за голтки, туку и за цели чаши и кригли...
     
    На *Amethyst*, bittersweet, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.392
    Допаѓања:
    250.186
    Дани споделив искуство. Сестра ми конзумираше оти не знаеше за бременоста, па конкретно се консултираше за синдромот. Значи од чаша вино и пиво не се добива.
    Консумирање на алкохол и цигари во бременоста не.
    Ама мислењата со осуди воопшто не се во ред и паниката која се ствара дека баш од една чаша ќе случи нешто. Не, нема.
    За хранењето мислам дека доволно кажав како јас го лекувам син ми. На иста линија сме, што треба, а што не. Ама не можам да да се согласам со осудите и стварањето на тензија дека алкохолот конкретно една чаша ги прави немајки.
    На крајот, до совеста е. Има трудници кои пушат и во бременоста. Па се прекрасни родители, со здрави деца.
     
    На Среќичка, Gosh, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    Да да, те сфатив, а и твојот став околу истото.
    Затоа нагласив како и помеѓу лекарите има различно толкување на исти факти.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.836
    Допаѓања:
    13.431
    А вие што толку здраво се храните, не пиете ни голтка пиво, вино и ако детето ви се разболи од што ќе биде? Зашто нели оние што јадат од седмица и што се напиле малку може да имаат болникави деца
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  8. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.750
    Пол:
    Женски
    @danichap Вие ги нападнавте сите оние кои имаат испиено по неколку голтки алкохол, немој сега да негираш.
    Во ред е, алкохолот не смее да се пие во бременост, ама дека неколку голтки ќе предизвикаат фас не верувам. Убаво пишав погоре, да беше така многу заболени ќе имаше.
     
    На stevemila, Momichka и zalosna им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.386
    Утре може да не згази кола, да добиеме тешка неизлечлива болест, да не снајде некоја несреќа...
    Ехе хе, колку има за редење.
    Здрава храна или неконзѕмирање на алхохол не значи дека тоа дете ќе биде поштедено од сите чуми кои не демнат, ниту пат мајка која испила чаша алхохол во бременост или пушела цигари дека нема здраво детенце да си роди.

    Муабетот е дали ги знаеме фактите и дали сакаме да играме руски рулет со истите.

    Само Стевето во моментов ми текнува дека две голтки цела бременост испила. Може и друг, но повеќето шолови/чаши/кригли спомнаа.

    И да никој не знае колку е штетно колку не. Таа минимална граница не е сеуште утрвдена. Утврдено е само дека секоја капка оди кај бебето.
    Независно дали тоа би добило фас или не, од причина што алхохолот оди кај него јас не го одобрувам.
    Тоа е мој став, став на моите доктори, став кој сум го читала низ литературата.
     
    Последна измена: 1 септември 2017
    На *Amethyst*, bittersweet, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.208
    Допаѓања:
    169.606
    Пол:
    Женски
    Од никоја членка ,која на овој пост имаше ставено лајк не прочитав некаков коментар за ова.
    Оваа "количина" умерена е, пожелна е или штети?!
    А не сте се запнале за голтката
     
  11. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Болдот Јуле. Понекогаш џабе е мајката ако не голтнала неколку голтки ладно пиво во текот на бременоста, кога откако ќе го роди кон него се однесува како спрема животно. Како што слушам вчера една му вика на ќерчето кое немаше повеќе од 2-3г. - Гледаш ли сега колку си паметна?! Ич! Со таков иритирачки тон, мислиш на улица го нашла.
    Па ваква и да не дишела во бременоста за се да биде под конец, не ја сакам за мајка и не е подобра од таа која се напила еднаш 100мл пиво додека била бремена.

    Родителството НЕ ЗАВРШУВА со ''примерна'' бременост. Сите вие знаете колку истото е комплексно и колку работи вклучува, па ретко која секогаш во сите нив е неприкосновена, ама тоа не ја прави лоша мајка сепак.
    Модерното родителство колку и да е во ред, ги преминува границите на нормалното и делува едноставно неприродно и опсесивно.

    Не оправдувам конзумирање алкохол и пушење во бременост, ама вакво припаѓање како што прочитав на темава уште помалку оправдувам. Се потрудивте да објасните дека е штетно, па сега ако некоја не сака да прифати, тоа е.Таа ќе си го гледа кога ќе се роди, какво и да е. Секој со своите избори, не мора од тоа да се прават хорор приказни и да се стигнува до ОДЗЕМАЊЕ НА РОДИТЕЛСКО ПРАВО!

    И на крај, ајде цигарите и алкохолот свесно се земаат и избегнуваат истовремено, ама стресот?! Не секогаш бременоста може да се помине во дремка и галење меше, туку некогаш трудницата нажалост не знае кај и е главата од проблеми кои таа мора да ги реши и надмине и никој друг. Финансиски, приватни, брачни... било какви. И таа е лоша мајка оти се нашла во такви околности?! И од стрес може да настанат аномалии. Ај и на нив да им се одземе родителското право, оти нели таа некоја додека и се рушело тлото под нозе не можела да спие по 10 саати и да се затвори во соба за да не гледа и слуша оти е трудна.

    Не е еден фактор кој треба да биде задоволен, а не верувам дека и секоја жена која очекува дете може да ги задоволи беспрекорно истите, ама тоа не значи дека не треба таа да биде мајка. Ниту да биде осудувана ако испушила една цигара во бременост и да се дискутира за тоа надолж и попреку со денови како не знам што да е.

    За изрази како СЕ РУШИВ ОД ПИЕЊЕ, ЗДРВИВ ЕДНА ЧАШКА и сл. од страна на трудници, не сакам да коментирам!
     
    Последна измена: 1 септември 2017
    На ludoto19, stevemila, Bridget и 8 други им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Аууууууу мори жено се опседна со мене.Барем претстави се да се запознаеме, бидејќи не те знам која си.Анонимец си ми.
    Да, јас пијам кригла со пиво понекогаш кога ќе излезам или за ручек. Сите сме здрави и живи без ниедна мана. Дали те советував да пиеш? Дали на некоја и реков пиј пиво/вино. Си ја кажав мојата ситуацина.Дали сум алкохолучарка??? Пријави ме да ми го одземат детето, и другите две веднаш после породување.СЛОБОДНО!!И во првата бременост знаев да се напијам, малава здрава -права е дали се има 2-3 пати во 3 год. разболено.
    Нешто не можеш да се помириш со мене ама не знам што.Се надевам ќе ме просветлиш, штом си запнала за мене.
     
    Последна измена од модератор: 2 септември 2017
    На stevemila, Melinda85, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.208
    Допаѓања:
    169.606
    Пол:
    Женски
    Ниеден од епитетиве кои си ги залепи ти самата на себе не ти ги пишав.
    Тука сите се анонимни. Нема потреба да се позмаваме,за да прашам оваа ТВОЈАВА количина на пиво со која се гордееш корисна ли е?!
    Ништо лошо,ништо лично кон тебе душо.
    И тебе никој не ти забрани да си пиеш,само се изнесоа факти дека алкохол не е корисен во бременост,напротив штетен е,и тоа многу
     
    Последна измена од модератор: 2 септември 2017
    На *Amethyst* и Dust им се допаѓа ова.
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.417
    Допаѓања:
    38.377
    Пол:
    Женски
    @iki26 ништо лично кон тебе, ама гледам голем дел од вас и не прочитале што е ФАС. Апсолутно не игра улога со разболување во смисла на настинка, вирус и слично. Бебињата со фас имаат промена во мозокот, некои имаат мал раст, мала глава имаат физички промени, но кај некои се гледа разликата дури подоцна во животот, намалена концентрација, проблеми во училиште, намалена интелегенција и слично.
    Значи да нагласам пак, не зборувам за тебе, ни за никој од овде, туку што може да предизвика конзумирањето на алкохол во бременоста.
     
    На *Amethyst*, joy1, Bozica1980 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Тука не збориме за која каква мајка и, сите такви споредби се излишни. Зборуваме конкретно на тема алкохол во бременост, за неговото влијание на плодот.
    Кога ќе одиме во друга тема таму може да разглабаме за односот на родотелите кон децата, тука не е потребно зашто не може да се повлече паралела помеѓу тие работи.
    Мора повторно истото да се вергла, зашто има постови како дури и корисно било да се пивне чаша неделно.
    На такви постови треба да се реплицира, дури со ризик напорен да стане човек. :)
     
    На Lolipop23, oblace1, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Ама мајка не си само додека си бремена, па не секогаш можеш да изоставиш вакви споредувања кога сакаш да истакнеш некоја поента.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Тука воопшто не е поентата ни која каква мајка е. Алкохол и бременост, толку е поентата на темава.
     
    На joy1, cresa-jagoda, BlackNight и 2 други им се допаѓа ова.
  18. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Како што имав пишано и претходно, воошто не биди загрижена за мене и моите деца, супер сме сите.Дури и одлично здрави,живи и среќни. Епитети не си ставам сама, нема потреба, си знам јас која сум, што сум, како го растам моето дете, каде и како работам итн.... Верувај посреќна и по исполнета не сум била(освен што ми е мачно веќе), посебно сега кога се наближува породувањето. Не те терам јас тебе на ништо од горенаведеното.
     
    На Среќичка и stevemila им се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.457
    Допаѓања:
    96.672
    Добро Реинбоу, се е мајчинство! Аман! Едното не го исклучува другото. Ако за вас да, за мене не.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Дискутираме за овој еден аспект и тоа во бременост.
    Затоа нема смисла да се води темата кон сосема трет правец. Не е ова општа тема за мајчинство, не знам како не е јасно.
    И мислам нема потреба од викање, нели. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.