Значи јас не ја однесов темата во друг правец. Мајка си од бременоста па натаму. Ама ајде ако не се ќе закачуваме линкови за акохолот и штетноста. Одам да гуглам.
Јас како скоро 27 годишна НЕмајка (нели, ги осудувате најчесто мислењата на немајките, па да нагласам) која што се надева дека ќе има барем едно бебче во раце, ви се чудам еден куп страни наназад, што луѓе ќе бевте.. Добро бе, толку сте стрвни? Како живеевте до кај 12-13 год без алкохол? Или од бебиња пиете? Каква е таа неодговорност кон бебето кое го носите во себе? Тоа сирото една дланка бебуле, го труете со што ви текне.. Некои се мачат по 20год да добијат детенце, а вие и тоа што го имате пробувате на секој начин да му го загрозите животот.. Сега се удирате во гради, моето бебе е здраво, јас пиев во бременоста, ама изгледа не разбирате дека ако вашето е здраво, не значи дека сите ќе бидат. Мојов коментар е пишан само од еден друг аспект.. сакам да ви кажам дека треба да се засрамите што со тој муабет - јас пиев и се е ОК, ги охрабрувате и другите да пијат...дека и кај нив ќе биде се ОК. Ама не сте свесни декаа не е секогаш така.. Затоа подобро да зборувате за штетноста на алкохолот во бременоста, отколку да зборите за "придобивките" ...бидејќи научно е докажано дека ги нема..
Мислам дека минималната количина која може да е штетна никогаш конкретно нема да се утврди. Зависи и од толерантноста на мајката на алкохол. Ако е пијана по една чашка вино кога не е бремена или во најмала рака народски речено олабавена или има било какви својствени ефекти од алкохолот, тогаш замислете што се случува кога е бремена. Темата е за алкохолот. Има и секундарни начини за ова преку козметички производи кои содржат алкохол, но за среќа се препреретки.
Реин, да темата е за алкохолот и бременоста, ама има коментари дека на такви мајки кои пијат по една чаша вино или пиво, треба да им се одземе родителското право. Убаво е да дискутираме за последиците од секојдневното консумирање, тое всушност е веќе и зависност, ама ако некој еднаш или неколку пати се напил една чаша, нема никаков ризик од синдромот. Никако не оправдувам пушење и пиење, ама не да осудуваме. Совест реков еднаш. Во крајност се оди, се ставија линкови, се посочи дека е штетен да се консумира постојано. Впрочем ова го знаеме сите. Ама некои од нас свесно пијат секој ден. И? Ќе им докажеш дека си во право? Не. Имаме на дофат информации, совети, споделени искуства. Понатаму секој сам одлучува што и како да прави.
Пред да останам бремена си пиев и си пушев, повеќе си пушев јас сум страствен пушач од мои 14 години, знам дека не е убаво, ама ете тоа е. Сум пушела сигурно по цела кутија на ден. Е сега, баш поради тоа и не сакав сега да останам трудна, да ги намалам да ги исфрлам па после. Ама нема како сакаме како е пишано хуху, Цигарите ги сведов на минимум, знам да стегнам некој дим со кафето, тоа е, за мене и тоа е огромен успех од цела кутија Дали ми е криво? Да Дали си ја јадам совеста? Да пред да останам трудна околу мене имаше трудници пушат пијат Не осудувам, кој што сака нека си прави негов избор Ја лично алкохолот го исфрлив немам воопшто пиено, доволна ми е совеста за тие 2-3 цигари. Бар без пиво вино можам да издржам уште 6 месеца не ми е тешко бар мене лично Се надевам дека во скоро ќе ги исфрлам и тие,бар совеста да ми е чиста, зашто стварно ми е криво. Никогаш не ми било криво што сум пушела пиела, сега подруго гледам на таа работа нормално. Ама да кажеш ти НЕКОЈ дека не е мајка зашто јадел 7ца, пиел кригла пиво Абе со кое право такви работи? Што вие само супер мајки да не сте? Таа што се напила пиво што демек монструм некој Абе ајде. Секој си одлучува за себе
Ама душо тука никој не дебатира дали твоето дете е здраво и покрај тоа што се рушиш пиејќи пиво, или колку си исполнета , среќна, или каде работиш. Ти убедуваш дека ова твоево пиење алкохол во количини кои ти си ги навела не е штетно, детето ти било здраво и право. Еве сите кажуваат дека и те како Е штетно поготово во количини како твоите.Не прочитав ниту една членка да пише дека ова твое размислување околу количината на твојот алкохол е "нормална"
Ајде постирај истражување, нешто, каде што се вели дека нема ризик од некоја чашка. Да видиме црно на бело дека нема апсолутно никаков ризик за плодот и дека е докажано дека е океј да се пие по некоја чашка.
Ти најди ми статија која потврдува дека е здраво бремена жена или мало бебе да диши загаден воздух каков што имавте во Скопје и дека е помалку штетно од 2 или три мали чашки алкохол во текот на цела бременост? Плус како влијае загадениот воздух, какви се последици може да има. Ќе бараш ти статии или јас?
Сега веќе ме исече од корен вака остро. Ептен ми го кажа. Кажав веќе дека живееме во такво време и со такви работи (и загадување и стресови) што не мора и сами свесно да додаваме ризици. Ама браво за напорот да ми покажеш.
Дали може трајно да се избега од загадениот воздух? Без да влијае тоа на работата? И дали може да се апстинира од алкохол? Второто е ствар на избор.. Не може да се заштитиме од се Ама барем со сила да не се труеме..
Не е напор, само една реченица на гугл и веќе во првите статии страшни работи излегоа. Многу пострашни од неколку чашки алкохол. @Dust Да, може. Ќе си одиш на планина. Знам дека споредбите не се баш на место ама едните биле изложени на многу поголем ризик од другите ама драми за две чашки алкохол ќе правиме страни и страни.
Па ајде ќе одам.. јас сум ЗА во секое време.. ...ако дојдеш ти да работиш место мене ... или да дадам отказ па да ми пратиш некое евренце
Два гинеколога од кои едниот е еден од подобрите во друга држава кажа дека од една чаша алкохол не се добива ФАС. Породил многу жени, и тој и Органџиски. Ваљда знаат повеќе од тебе и мене. Две чаши алкохол немаат никаква штета за бебето. Доста со паники може? И јас прашав за воздухот, што вака не сте силни и гласни за него кој е милион пати поштетен од пивото, а запнавте за чашата алкохол. Никој не подржува пиење, ама не одете во крајности и кревате паники за нешто кое речиси и е невозможно да се случи.
Нормално... Јас ќе мислам на неговото здравје и нема со сила да се правам паметна и да пијам, пушам или се дрогирам.. Ќе имам балансирана исхрана од еколошко производство.... Ама не можеме да влијаеме на се.. Не те разбирам ... тука збориме ЗА СВЕСНО заливање со алкохол .. Тоа е ИЗБОР.. Воздухот е нужно зло Па оние во Токио или што ти ја знам каде, како живеат во загадени области? Избор ќе ми биде и мене да дадам отказ и да одам на планина...ако имам од што да живеам. Ама немам..
Пак ќе споредуваме работи кои не се за тука? Збориме за нешто врз кое имаме апсолутна контрола како пиењето. Другово, не баш. А и не е за во темава. А и не си првата која со ова се обидува да оправда нешто друго. Ај зашто живееме во загаден град па и да си пиеме. Може нешто од воздухот ќе му биде, па зашто и да се воздржуваме од пиење.
Избор е и да родиш и одгледуваш дете во град со загаден воздух далеку над нормала. Тоа не е свесен избор?
Вo ред веќе свaтивме декa сите нaучници и дoктoри викaaт не зa aлкoхoлoт вo бременoст. Вo дoктoрските тези се викa декa немa кoличинa кoјa е oпрaвдaнa и не е штетнa зa плoдoт. И тoa дoбрo. Амa дискусијaтa oвде терa нa тoa декa секoјa гoлткa 1000% предизвикувa ФАС. Знaчи не!!!! Дoбрo??? oлaбaвете.
Колку сакаат гинеколози нека кажат. Прочитај поназад што кажува жена, научник, која се бави стриктно со оваа проблематика, истражува конкретно на оваа тема бидејќи е во подем пиењето за време на бременост. Вели дека има спектар, долгорочни последици, а безбедна количина не е утврдена. Прочитај наназад. Тоа ако не е веродостојно добро, не дискутирам понатаму.
Во Македонија е свесен избор. Поради НЕМАЊЕ на друга алтернатива. Не поради тоа што мн.го сакаат Скопје. Ама МК не е само Скопје...и не цела МК е загадена.. Ако кај тебе на север можеш денес да дадеш отказ и да одиш да работиш во некое планинско место, во МК не можеш.. И не знам што не ти е јасно..