Не збориме тука за пијанчење и да, има статии каде не се поврзуваат мали количина на алкохол со последици за какви што зборите. Па и да има некаков ризик, ок, кажавте, прочитаа, штетно е, еве и без тие неколку чашки во бременоста ќе преживеат. Само твојата позиција не е баш за такви строги ставови за кои и доктори уште не можат да се согласат а не пак некој кој само чита на нет и диши отров, јасно ти е нели?
Читав, знам и не консумирав алкохол. Не оправдувам секојдневно консумирање, ама не кревам тензии, драми и паники ако некоја испила 1 чаша. Од тоа не се добива синдромот. Споредбите вие ги почнавте. Џабе ви е и капка алкохол и каква еколошка храна да давате кога живеете во град каде дишете отров. За ова пак знаете колку истражувања постојат? И е полошо и загижувачко и од алкохолот. Јас еве немам сретнато дете со последици од чаша алкохол, ама од воздухот многу. За жал.
Се ми е јасно мене. Сме дошле до степен да не можеме да преживееме без алкохол, па мора и во бременост да се пие, голтка, чашка, кригла... па сме дошле до тоа научници да се бават со епидемија на пиење алкохол во бременост. За мојата позиција ич да не се секираш. И пак ќе кажам, отворете тема за загадувањето, па ќе дискутираме таму, не е проблем. Тука дискутираме за алкохол.
Сигурна си дека сакаш на таква тема да дискутираш? Да читаш одново и одново за ризиците на кои ти и многу други сте биле и сеуште сте изложени? Секоја една болест да ја разлагаме детално па дури и за секоја нова тема да отвориме како оваа... Темава е ок, треба да се знае како и колку штети алкохолот, ама кога е очигледно дека некој сака да оди предлабоко за да разбуди вина дури и кај оние што случајно или од незнаење се напиле неколку чашки во бременост постојано потенцирајќи им ги ризиците пред нос...без везе.
Некoи членки нa темaвa, свoјaтa грижa нa сoвест јa истурaaт сo гoрчливи мислењa, нaфрлaјќи им се нa oние кoи се пoбoрници зa здрaвa исхрaнa и aпстиненцијa oд aлкoхoл и цигaри. Мене личнo ми бoде oчи oнa - труење сo хрaнa, сaлмoнелa, сендвичaри... @Lilit спoмнa, 7цa (верoјaтнo мислејќи и нa Рoјaл, Вили..) Труење мoже дa добиете и дoмa. Кoгa би знaеле сaмo вo кaкви услoви се чувa, прерaбoтувa (и пд каде се не дoaѓa) месoтo, гaрaнтирaм декa месo вo устa немa дa стaвите..aкo дoзвoлите дa бидете oпседнaти сo тoa. Зa зеленчук и oвoшје..пестициди, пестициди ... Млекo и млечни прoизвoди..истo, зoштo стoчнaтa хрaнa истo тaкa е третирaнa. Зaтoa, спречете гo тoa штo мoжете, a светoт не мoжете дa гo нaпрaвите пoубaвo местo зa живеење, кoлку и дa се трудите. И фрустрациите кaжете си ги вo oгледaлo.
А зошто мислиш дека не ги знам и дека не сум прочитала? Како што читам за сè така и за тоа. Не замижувам пред ништо, никогаш. Посебно за дете кога се работи. Ниту пак викам е океј е де, вдишав малку, ништо нема ни мене ни на детето да му биде. А што и како правам или сум правела по таа тематика е мое нели.
Не е ова моето обид да си намалам вина и да лечам фрустрации затоа што ниту пиев ниту пушев за време на бременост. И јас имам статии и друга има статии за две чашки алкохол. Ќе ги мериме ли? Па и да ги мериме, ако сме толку строги тогаш дај се' да ставиме на кантар. Во спротивно, може да се дискутира малку повеќе релаксирано, не ко да алкохоличари критикуваме.
Еве јас 22 години живеев во планинско село со чист воздух како солза. Во него , скоро сите се занимаваа со земјоделие и сточарство. Можеби е офтопик но да се надоврзам на коментарите за 70 % здрава храна во бременост. Млеко чисто нема, на кравите даваат суплиментиа зголемување на лактација , една крава им дава по 25 кила млеко.... Тревата посипана со вештачко ѓубре , а ги хрнат со истата. Овошјето и зеленчукот прскан , па запрашуван со разни прашкови побрзо да зрее и да не го јадат бубачки. Кокошките ги хранат со концентрат и во зима да носат јајца, кај се видело и чуло у сред зима да купите табла домашни јајца , а кокошките да се ранетои само со пченица, пченка, јачмен? Не треба читање и информирање само за штетните последици на алкохолот и брзата храна туку и за ова! Значи се е хемија, се што купувате од пазар и ве лажат дека е од село, домашно одгледувано ве маткаат. И млеко домашно што купувате ви продаваат м....а за бубрези. Ова е помалку штетно од голтка пиво и хамбургер? Од пестициди не може да се затруе? Мене не ми пречи за настојувањето за бременост без капка алкохол и цигари, ама па за нездравава храна немам коментар ,како да јадат здрава Па одземање деца и такви врагови, абе здрави сте или не? Па и вас да ви ги одземат децата што ги труете со прскана храна , а не го запотувате гзот да идете на село и да произведувате домашна и чиста храна за семејството. Све и свашта се изначитав!
Со две голтки пиво-несовесна мајка Со некоја чаша пиво-алкохоличарка Ако јаде во сендвичара-одземање на родителско право Вие имате бавчи дома? Чувате телиња и крави? Произведувате домашни производи?
Тие штo имaaт фрустрaции сaми ќе се препoзнaaт, a нaместo тoa пoдoбрo е дa превземaт нештo ..или бaрем дa не прoпaгирaaт декa ете ништo не им е нa нивните децa, пa слoбoднo експериментирaјте. Мoждa и вaс ќе ви се пoгoди бебе тoлерaнтнo нa oтрoви. Едит: Се oди вo крaјнoсти нa темaвa.
Коментар на место. Браво Џабе целото внимание во текот на бременоста кога после му ја уништуваш психата на детето. Се почесто слушам од родители коментари од типот "ако ти ја врзам една ќе видиш убаво" или насилно тегнење на детето кога е нервозно или плаче. Има многу такви "немајки" што е многу полошо од една чаша алкохол. И секако остава психички последици.
Душо јас тебе не те убедувам ништо. Секој за себе знае дали е во ред или не. И да е штетно,на МОЕ дете е штетно,што те занима ма тебе. На никого не сум сугерирала пиј 1-2-3-5чаши/голтки/кригли/лименки алкохол.Само си кажав мое мислење, кое видно тебе бајгииии те занима изгледа. А според тебе испиени неколку кригли/лименки пиво во бременост пијаница сум,алкохоличарка сум,монструм сум??? Одговори ми. И те молам пак ќе кажам откачи се од мене,имам попаметна работа во животот моментално,него ли исти работи цело време да кажувам,објаснувам,докажувам. Секој си одлучива сам за СВОЈОТ живот/состојба во која се наоѓа
Jas sum pobornik na zdrava hrana.I?Treba da se cukam u stomak a vas ostanatite noz da vi zabivam u grb?!Gajle mi e koja so jade i pie.Jas si gledam za sebe. Pred bremenosta ne sum jadela toa a ne pak sega.Ama nitu ednas ne sum pisala i ne sum izigravala sudija na nekoja clenka ko vie ovde.Neka se pogledne sekoja od vas vo ogledalo ubavo kaza.I neka se zaprasa kako zivee.I NE,nemam griza na sovest.Se hranam zdravo i se grizam najprvo za sebe.Za moeto bebe da bide zdravo moram prvo da bidam jas.Nekoja spomna pogore nekoj so se borel 20 god za dete.Pak peckate i se pikate kaj so ne vi e mesto.Jas se borev 10 god i sum gorda majka na se so podnesov. Prestanete vekje.
Сум кажала и по други теми, пиво ни во "нормални" околоности не пијам ама вино ми се пие ми се лае. Да ме фрлат во буре ќе го испијам ама се контролирам. Да, во овие 5 месеци се на се дали 5 чаши ( половинки) сум испила и тоа ако имало повод некој. Првиот пат кога останав бремена имав ужасни болки поради миомите и иако ми рекоа да пијам парацетамол за болките јас не пиев па го изгубив бебето во 10 недела. Јадам и паштети и сувомеснато, не јадам по сендвичари ама тоа не претпочитам ни нетрудна. Некаде имаше коментар за фарбање и нокти ставање, да се фарбам и нокти ставам и не сметам дека е страшно, пострашни се за мене хормоните во пилешкото, пестицидите во овошјето и зеленчукот, отровите во воздухот. Се правам по пропис овие 19 недели, се хранам "здраво" не пијам ништо ни кога ме убива глава или кичма, кафе лимитирам, се движам, редовно одам на контроли, ама пак имам висок ризик од потенцијални малформации на бебето, од тироидната, од хормоните од претходните ивф, од годините, генетика. Само Господ да не чува е мојата мантра.
Мамички, малку автокритика не е на одмет во животот. Не мора секогаш да сме во право и нашето да е последно. Во ред е ако не може да преживеете без алкохол и сендвичите од 7ца у бременост, ваше право и ризик, ама од таму до тоа да го браните неодбранливото, не е во ред. Не манипулирајте со помладите членки кои дошле на форумов да се информираат дали може да си продужат со алкохол у бременост. Еден ваш лош совет, може погрешно да насочи некоја помлада членка. Ние повозрасните сакам да верувам дека со време сме се информирале и знаеме што ризици носи секоја погрешна постапка.
Оккк да му кажам на татко ми дека да можел да роди ќе не морал да учи толку за да биде професор на факултет, мајките можат вода да му носат. @JuLleE свекрва ми е научник од светски ранг, гостон предавач е на пет светски универзитети (Harvard, Cambridge, Sorbona, Yale и Princeton) се бави со гени, открива нови, мутирани кој предизвилуваат разни болести и мислам дека е постручна од тој Органџиски и другиот врвен стручњак и вика дека секоја капка алкохол влијае на плодот, нејзиното мислење во светски ранг се признава и применува која сум јас да го оспорувам или дебатирам волку ли толку ли е штетно. Сакате верувале, сакале не, на ниедна родилка без да знам дека ете си потпивнувала за време на бременост не сум ставила поголем апгар скор од 5, се познава уште од кога ќе се роди бебето, по лицето и обемот на главата се познава. Кај мене на секоја наркоманка, на секоја што има апгар скор помал од 3 се известува службата за заштита на децата и се одзема родителското право, дали и од пиење, дали од пушење, дали од нездрава храна, се гледа кога ќе се роди и или се надгледуваат или им се одзема родителското право. Патем и пиење газиран сок во литарски количини е нездраво, тоа бебе има понатаму склоност кон гозајзост и дијабетис затоа што уште во матката количината на шеќер што го преработува панкреасот е превише и понатаму во животот затајува од тие причини. @ludoto19 честитки мила и со лесно, ме израдува веста кога ја прочитав, како за помала сестричка.
@bittersweet Ако сакаш малку подетално да ни опишеш какви се тие бебиња на мајки што пијат, мислам по што се разликуваат од другите физички.
На наркоманките се раѓаат со многу мала тежина, квичаат како кутриња и целите се тресаат, само нишкање во еден правец до некаде ги смирува. На оние што пијат ово постојано зборам бебињата се раѓаат потечени, лицето како на боксер после меч отечено, обемот на главата им е поширока од нормалните бебиња по тоа највеќе се познава дека пиела во текот на бременоста.