Извините на офф тема но морав да пишам, бидејќи вакви осудување најповеќе и ме нервираат. @bittersweet еве ќе ти посочам демант ( и покрај твоето, од татко ти, од свекрвата,и незнам од кој друг истражување,учење, или што и да е) а ако сакаш и документи ќе ти обезбедам( ако ми ги дадат) Мојот прв братучед е посвоен од дом од Битола на 3 месечна возраст. Сега има 16 години. Посвоен е од мајка наркоманка. Детето беше два пати прогласено за ученик на генерација и има освоено награди на државни натпревари.Не викам јас дека треба да користиме дроги, да не се фатите одма за тоа, значи пример давам во најблиска фамилија. Ти веднаш уште не родени децата ги прогласуваш како аутсајдери, со разни маани, со разни мутации( да не споменам дефекни) и сл. Веднаш осудување и дискриминација на децата од такви родители.А детево родено здраво-право. Зошто пред време да биде осудувани и и дескриминорано.Па после се чудиме што се случува со светов, забегале луѓето тотално.Премногу се претерува и затоа децата се бетер и бетер стануваат, и тоа највеќе како претерано докажување, на родителите
не тр разбрав? мајката што го посвоила е наркоманка или мајката што го родила??? ти имаш пишано ПОСВОЕН е од наркоманка,значи он нејзини гени не носи
Ако едно дете е исклучок, не значи дека тоа е правило, за жал. Многу почести се лошите последици од конзумирањето алкохол во бременоста, да не зборувам за дроги, само што изгледа ние не сме научени да ги препознаваме и секогаш некој друг ни е крив, а не си ја чукнуваме главата да помислиме дека можеби некои работи што ги правиме во бременоста, а богами и во првите три години од животот на детето влијаат долгорочно на неговото здравје и квалитет на живот. Пиј си ако сакаш, оправдувај колку сакаш, ама немој, немој те молам, да тврдиш дека ништо нема да биде од алкохолот во бременоста, затоа што некои мајки тоа ќе си го врзат во крпче и ќе пијат, па после Цацко е крив. И да, многу порелевантни се студиите и истражувањата на светско ниво, отколку твоето лично искуство.
Има слики на интернет од фас бебиња какви карактеристики имаат на лицето, и споредба на ехо на мозокот на бебе со фас и нормално бебе. Навистина по надворешните карактеристики се препознава, само кај нас кај докторите гледам не е многу висока свеста, штом и препорачуваат повремено пиење, а и информираноста е на ниско ниво. И јас не би рекла дека долгогодишни испитувања на многу случаи кај што имало негативни последици алкохолот и дрогата, можат да се демантираат со еден позитивен пример.
А извини кај реков дека си пијам цело време, и секој ден?? Да, пијам пиво понекогаш ако сме излезени во кафиќ или дома за ручек, и веднаш алкохоличар сум. Светлосни години сум далеку да станам алкохоличар.Ма што ви е жени на вас??? Ве натерав на нешто или убедив.Си кажав дека јас знам по екогаш да се напијам алкохол во бременост и ме линчувавте. Мајката што го родила била наркоманка.Може грешно сум се изразила.
Имам работено во установа за лица со посебни потреби. Во соодветна тема пред многу години имам споделувано искуства и секојдневие. Да, имаше голем број на деца , сега возрасни, чии мајки конзумирале алхохол или дроги во текот на бременоста. Да не навлегувам во детали. Само еден час поминат таму, остава печат на секој за навек, а не па се што гледав и со што се соочував работејќи таму. Некои ја имале среќата да минат без последици некои не.
Да, има и такви деца кои се родени, сум видела и јас кога одев на пракса средно одд,но тоа е веќе кога се оди во претерани вон граници од страна на мајките. Овде ептен се цепидлачи до крајност и затоа многу членки се изреволтирани.
Стварно не знам по колку пиеле... во досиејата само беше пишано алхохол или дрога во текот на бременоста. Можеби и затоа сум толку и против една единствена капка... емотивно се приврзав за секој од нив. Жалосно... Едит: исто имаше случај посвоено детенце каде одпосле се приметило дека има пречки во развојот. покасно бил оставен тука бидејќи мајката не можела да се справи со насилните и неконтролирано напади на бес и агресија. Беше над 100 кила и во такви моменти беше непресметлив. Не би да навлегувам детално во неговиот случај. Секој викенд го посетуваа...жалосно за сите. Они ја немале таа среќа како примерот кој го сподели.
Самата пиша дека секој ден пиеш по една лименка пиво. Ако сум те сфатила погрешно, се извинувам. Не, не си алкохоличар, ама трудна си. Проблемот е што тврдиш дека не е штетно да се пие, и дека некоја неинформирана mom to be тука ќе прочита, и ќе рече, ок е да пијам, види, на бебињата на Ики ништо не им е. И јас сум била двапати трудна, не велам дека не пиев, сум се напила голтка две пиво, ама ептен ретко, и за тоа ме јаде грижа на совест. Работава е што кога сме трудни, одговорни сме за животот во нас. Треба свесно да го избегнуваме она што штети, а што е во наша моќ да го контролираме. Тоа се цигарите, алкохолот, ај и дрогата да ја ставам тука. Без сè се може. И не, не е цепидлачење ова. Само изнесување факти.
Е затоа не треба веднаш остро и со навреди да се реплицира. Никој овде не се пијанчи до зори, користи дроги, пуши цели пакла цигари на ден во бременост.Само многу почна да се мудрува и навредува посебно некои членки кои воопшто немаат никакво background за останатите членки и тоа звучи многу иритирачки
@iki26 па тоа е целата работа дека не е докажано колку алкохол може да предизвика штета. Затоа треба целосно да се избегнува.
@iki26 само ќе се сложам со мислењето на @kristina.k . Дека баш тоа е работата, што не се знае кој минимум е безбедем.... Се набројаа еден куп помалку или поголеми пречки кои би можеле евентуално да се појават и покасно во текот на живот. Не само на раѓање. Му иде баш како рулет работава. Кого го фати фати...
Мене ми е поиритирачки кога некој се прави дека се грижи за се во бременост, а после ги малтретира децата. Е на тој би му одземала јас родителско право
Па избегнувај го во бременост, никој не ти дава со сила да се напиеш. Ете јас сакам да се напијам, не ве терам и убедувам вие да постапите како мене. Лично мое убедување е ако се напие бремена жена голтка-две-три, или испие чаша/кригла/лименка -две три пиво/вино во текот на бременоста, или мајката изеде 1-2-3-5 тоста или сендвичи од сендвичара, или испуши 2-3-4 пакла цигари во текот на цела бременост..бебето сигурно нема да биде со ФАС. Ова е мое мислење и убедување. Кој како сака нека си прави.
Не сакам многу да се оптоварувам ама незнам до кога некој нема да свати дека има аномалии бас од овој синдром што се манифестираат подоцна. Претходното бебе имаше дијагноза Agenesis corpus callosum и покрај останатите причини е и оваа причина Toxic metabolic conditions (for example, Fetal Alcohol Syndrome) @bittersweet Знае за што зборувам кај нејзе ова е многу честа појава.
Мислам ако бебе се роди со аномалија дека тоа е грешка при поделбата на некои хромозоми. И тоа уште во почетокот на развитокот на бебето.Не сум стручна многу околу оваа област, кажувам што сум прочитала и слушнала.
Покрај тоа еве и ова е. he disruptions to the development of the corpus callosum occur during the 5th to 16th week of pregnancy. There is no single cause and many different factors can interfere with this development, including: Prenatal infections or viruses (for example, rubella) Chromosomal (genetic) abnormalities (for example, trisomy 8 and 18, Andermann syndrome, and Aicardi syndrome) Toxic metabolic conditions (for example, Fetal Alcohol Syndrome) Blockage of the growth of the corpus callosum (for example, cysts)
Тостовите немаат врска со оваа состојба. Месо, јајца риба кои не се термички обработени или варени/печени/пржени постои опасност да имаат таксоплазмоза, листерија, салмонела... Некој цела бремејост ќе си јаде сланина, што е забранета, ама ете, имал среќа да е од незаразено месо. Некој може еднаш ќе проба и ќе биде фатално. Исто и со тирамису. Забрането е. Исто и со сладолед со јајца. Забрането е. Да не редам. Долга е листата... но се си кма соодветна замена безбедна за трудница. Некој(а) ќе го фати малерот некој не. Ова се работи што возрасен човек не би ни приметил дека се разболел, но за фетусот се фатални. Исто е и за сендвичарите, посебно летно време. Зголемен е ризикот за труење поради чување на продуктите во несоодветни услови. Морав да ги споменам работиве бидејќи добив впечаток дека фас се измеша со последиците кои би настанале со конзумирање на храна од овој тип.
Родители кои од моментот кога дознаваат дека чекаат бебе , ги ставаат приоритетите на плодот далеку пред задоволување на своите нагони, не може да бидат неодговорни родители во иднина. Се друго е приказна ти реков, ми рече.
Браво за татко ти што учел толку, го испофали Инаку, за тие што не сфатиле мојот коментар беше напишан во саркастична смисла , сигурно не мислев сериозно.