Моник, постојано те читам како нагодуваш од што му била аномалијата на твоето бебенце. Да не ме сфатиш погрешно, ама со сила се натегаш, ем сама се замараш, а ем тука даваш претпоставки кои не се со ништо поткрепени, а кои можат и те како да ја оптеретат психата на трудница која ве чита, а која испила одредена доза алкохол (макар и најмала) додека не видела позитивен тест. Дај олабавете и оставете секоја трудница да си ја тера бременоста како знае и умее. Во 21 век кога тони информации сите имаме на дланка со само еден клик, смешно е 20 страни да се повторува се тоа па тоа. Кој е претпазлив ќе најде начин да се чува, кој не, нека му биде.
Грешка си, детето не се родило здраво-право, се родило како зависник од дрога, му требало најмалку 30 дена да се исчисти од дрогата во организмот, cold turkey, верувај воопшто не е убава глетката на бебе што се одвикнува од дрога. Каде виде осудување, факти се тоа, бебиња родени од мајки на crystal meth, ice, најчесто се со тешки оштетување на мозокот, слепило, тешки деформации е може 1 на 1000 да се роди без овие последици, значи ли тоа дека е ок да се конзумираат овие тешки наркотици? Мислиш ли дека ако братучедот твој останал со мајката наркоманка ќе бил првенец на генерација, јас се сомневам. Оние на хероин што се па децата најчесто после имаа ADHD, ADD, пречки во развојот, предизпозиции да станат и самите наркомани зошто се родиле веќе како зависници, се ово го имам лично видено во илјадници примери на породени бебиња така да не ме демантираш ниту мене, ниту татко ми, ниту свекрвата со тој твој еден пример, инаку баш ми е мило што ете детео се одгледува во таква средина каде може да просперира а не да пропаѓа.
Кој како сака така нека си мисли и нека си прави и ова нее натегање туку реалност од што може да се случи. На темава пишав три пати највеќе за тоа. И ако е за паничење и психа да го затвориме форумот и ништо да не читаме бидејки во сите теми има нешто за вадење од памет особено тие за породување. Може нее од тоа ама јасно пишува дека може и од тоа. Овде не пишуват мајки што пиеле додека не го виделе тестот туку најки кој пиеле по 1 кригла на ручек. Затоа е сето ова нее од една голтка и незнаење.
Како не е натегање? Даваш информација која е непроверена, а може да биде причина за голема паника кај некој и да предизвика стрес.
Вака има на фб група со оваа дијагноза и таму пушуваат мајки на вакви деца и убаво пишува дали е проверено или нее проверено. Таа несе паничела додека пиела по една кригла пиво сега ќе се паничи ајдете ве молам.
Секој пишува што сака па и јас ќе пишам што сакам. Кога ќе видиме цела бременост е стрес и паника. Дали срце има дали е здраво дали има аномалиа дали ќе се роди во нормалната недела дали царски или природно па дали на поараѓај ќе се роди живо. На цел форум има теми што може да те извадат од памет и тоа скроз со породилни приказни и слично. Јас не се паничам после се па сеа ќе се паничела некоја која свесно си ги задоволила потребите со 1 кригла.
Жената изгубила бебе и изнесува искуство, дава наод во кој стои дека и тоа можеби е една од причините. Без проблем се прифаќаат примери каде жени пиеле, мајки наркоманки, ама еве, океј е бебето, па супер, а личен пример жена што го пренесува со наод, се отфрла веднаш. Да не спомнувам која болка ја има, а и која храброст да пренесе такво нешто. За мелодрами плус ќе ми се пише.
@monik55 уште 100 пати цитирај ме, ама ти пласираш непроверена информација за ТВОЕТО дете. Не мешај групи на фб. @joy1 што правела?! Зборуваме за трудница која останала непланирано бремена и пиела додека не знаела за бременоста, во ред? Каква вина има оваа жена? Може има таков стил на живот, пие по чаша вино кога е на вечера. И сега?! Крива е што тоа го правела додека била несвесна за новиот живот во себе? Или вие имате магичен двоглед за во матка кој регистрира бременост секунда после зачнување? Кажете ако е така, да си олесниме сите. @RainBow сега ти мешаш теми, нели? Остави ја болката настрана, не чепкам таму, нити планирам. Коментираме за ПРИЧИНАТА. Моник НЕМА наод.
Тие групи на фб го имале истиот проблем и со жногу од нив сум комуницирала. Никој од тука нее вреден да изнесувам нешто за мене што е минато и болно иначе ќе прикачев обдуциски наод. Од мене на темава толку. А ти цело бреме ја спомнуваш мајката што незнаела дека е трудна а пиела тука пиша мајка што пие додека е бремена сваќаш?
Има дијагноза и има причинители за истата. Можеби е, можеби не е. Ама нема смисла да се отфрла, а другиве сите рекла казала примери одма здраво за готово се земаат.
Значи за да не се вознемират трудниците кои незнаејќи дека се трудни пиеле алкохол,треба да не се пишува за лошиот исход од конзумирање на алк?!?! А оние кои веќе знаат за бременоста,а пијат, да не се демантираат додека тврдат дека пиење кригла,чаша,флаша не влијае лошо на бебето. Добро разбрав?! Само и само да не се створи паника!
Првото, за второто реков дека сум ПРОТИВ свесно конзумирање на алкохол во бременост. АМА и ако некоја решила да конзумира алкохол, не е мое да ја оправам. Штом знаела да направи дете, нека знае и како да го заштити истото.
Епа штом си против ,што е проблемот ако се пишува за евентуалните лоши исходи од конзумирање на алкохол во бременоста?! А никој од тука не и отиде на маса на некоја членка да и го земе алкохолот од рака и да и забрани да пие
Абе кој го забрани хроното во бременост, грев ќе носи. Кога нема да земеш да си направиш домашно саламче, домашна паштетка, па бургерчиња со домашен мајонез, тостови... Црвено винце дозволено.... #hronoveroispovest