Многу генерализирате. На секое лекарство пишува контраиндикации се јавуваат кај 1 во 1000 да речеме. Е некој ќе биде тој еден во илјада. Знаете кој ќе биде тој еден?! Еден доктор викаше - статистиката во медицината е чудна. 50% успех значи за еден 100, за друг 0. Ништо нема никого да го кошта да се воздржи од алкохол, па и голтка, две нека се.
Форумче, Има две страни во дискусијата. Едната тврди дека нема безбедна количина, а друга која малку не штети. Прашањето е тука да се дефинира тоа малку. Колку голтки, лименки, кригли се малку?
You again?? Да ти ги сликам извештаите од скрининзите и прегледите дали е се во ред? Перфектно е се, и со испиени неколку кригли пиво.
@iki26 мило ми е што е се во ред, и се надевам се ќе е во ред по раѓањето. Ама колку за информација ФАС се гледа и дијагностицира по раѓање на бебето, а некогаш и многу подоцна кога детето се соочува со потешкотии.
А не се сомневам дека имаш уредна бремемост Во спротивно сигурно немаше да се расфрлаш со криглите,нели?! Дај боже само така да ти тече бременоста. Со лесно
Ем знае дека е штетно у бременост да се пие алкохол ем така гордо тоа си го кажува пиев по една лименка секој дне на ручек а у првата ехееее штоо кригли изпив има една песна при очи ти си слеп да да за тебе пишам @iki26
Не е работата за спротивставените мислења.Секако дека и тие што се против алкохолот се во право, се знае алкохол цигари, па и кофеин за него воопшто несе збори, ама и тој треба да се ифрли од бременост.Јас кафето го заменив со безкофеинско, и кофеинот е доста штетен во бременост читав јас, во поголеми количини влијае и на спонтан абортус, а исто така и витамините не се апсорбираат целосно од него, па пак многу трудници си пијат турско, а да не зборам за еспресо кое е многу појако, јас го обожавам ама ете го откажав и него. Работата е тоа што многу се осудува , па дури и одземање на родителски права само зашто некоја пиела умерено, јадела 7ца итн Јас не можам 100 проценти да кажам дека од алкохолот нема последници,ама ВЕРУВАМ дека од умерено и ретко не би требало дај боже ништо да има Пивото не го ставам на рамниште со коњак, водка кои се многу пожестоки пијалоци и сметам дека тие треба да се избегнуваат максимално. Тоа е моето гледиште, најубаво е без ич, ама ете не можеме сите да бидеме 100 проценти беспрекорни.Браво за тие што можат Секоја жена си знае, или барем мисли дека си знае што е најубаво за неа и бебето во утробата, нема потреба од дрски осуди
Леле кoлку сте дoсaдни, пaк ли требa дa ви кaжaм декa иструени сте сите сo вoздухoт и бебетo нa тaa штo се нaпилa некoлку чaшки е пoздрaвo oд вaшетo рaстенo вo Ск? Знaм и јaс дa бидaм дoсaднa и ќе бидaм дoдекa не престaнете дa се пресерувaте oд претеризaм и "чистoтa".
Се трудев да останам надвор од дискусијата,но не издржав. Бременоста е нормална физиолошка состојба,не е ништо ненормално,патолошко, па да треба толку притресување. Се сложувам со тоа дека треба да се избегнува алкохолот и секој друг порок кој му штети на организмот и на мајката и на бебето. Сум била во опкружување на трудници кои се напиле чаша пиво или вино,невести трудни на свадба кои наздравувале со чаша шампањ,најмалку сум ги гледала попреку или пак осудувала,а кои пак за волја на вистината се доктори на науки од полиња на медицината. И имаат супер здрави и прави деца и не се алкохоличарки. Јас не пијам алкохол,ниту сега,ниту кога сум била бремена,но пушев во втората бременост.Препорака од мојот доктор ми беше дека две три цигари нема да му наштетат на бебето,поголем шок на организмот,мојот,е ако ги прекинам,а имам преголема потреба од нив.Ќерка ми се роди здрава и права со Апгар 9/10. Дали се осеќам како несовесна мајка?Не. Лековите се посебна група,некои трудници имаат хронични заболувања,едноставно мора да примаат терапија,па макар биле и ад. Секоја мајка го сака најдоброто за своето новородено.Оние кои викаат дека би одземале родителско право ми се еднакви на оние кои викаат дека абортусот е убиство и не би си трошела зборови и време за вакви моралисти.
Е ај ако не, дека во загадено живееме и под стрес сме и нездраво се храниме, да пиеме по една кригла дневно, ќе се исчистиме од се.
Истo кo дa велиш -јaс виршли не јaдaм, здрaвo се хрaнaм, a пушиш пo 3 кутии цигaри дневнo. Вaжнo ги нaпaѓaш тие штo виршли јaдaт нaјжестoкo.
Исто е Дафи. Воздухот во Ск е 1000 пати по штетен од две чаши вино во бременоста. А многу од мајките свесно живеат таму, забременуваат и раѓаат.
Ај дa oтвoриме темa и дa бaрaме oд нив дa ни се прaвдaaт зoштo бaш вo Скoпје мoрa децa дa oдгледувaaт, зoштo не си купaт куќичкa или нештo пoд киријa мaлку пoдaлеку пa дa пaтувaaт нa рaбoтa. Пa штo им е пoбитнo, здрaвјетo нa дететo или oни у Ск дa се, пa сите бoлести дa ги нaведеме...