Има и полоша варијанта од ова. Ем живеат у Ск,ем кркат виршли и сланина, ем пиуцкат кригли на ручек и вечера
Ај цитирај молим те кај пишав дека пијам секој ден за ручек или во кафич? Најди ми го напишаното ако сакаш. Мој живот-моја ствар, мои деца. Не те терам тебе ништо.
Ама Јуле од тоа спас нема. Од алкохолот да. И ниедна храна макар и најштетна не е на исто ниво како алкохолот. И се разбирам, и готлка две од стрв и неинформираност, ама упорно да се фалиш со кригли пиво. Не ми е јасно и нема да ми биде.
Од загаден воздух не се добива Фетален алкохолен синдром, други се ризиците, и нема што да се дискутира тоа тука.
Фала мила, исто и ти некогаш да си дочекаш ваква лесна бременост како мојата. И да бидеш "одговорна" трудница, и никако алкохол да пиеш
Храна што ја јадеме ја јадеме секојдневно. Од кај знам јас со што се прскани овошјето и зеленчукот што секој ден ги јадам? Секој ден внесувам отрови, пестициди, конзерванси и сол преку исхраната.За разлика од тоа не пијам алкохол секој ден, а кога пивнам тоа е неколку голтки. За мене си кажувам
Ова 'некогаш' тешко кај мене да дојде. Тешко јас трудноќа да дочекам. Ама ,фала ти на пожелание. Се надевам се смири шо ме пецна кај највеќе боли
Никад се не знам. Никогаш не вели никогаш. Баш опуштена сум со семејството дома и уживаме и се смеам на твоите провокации
Bridget е банирана три дена од темава за навреди. Ве молам продолжете смирено со дискусија која е во склоп на темата. Благодарам.
Има Дафи. Има многу мерки кои поради притисок на жителите мора да се спроведат. Можеш и да сменеп место на живеење. Уште полошо се добива. Од двете чаши нема, ама од воздухот за жал да.
Отвори тема слободно, ќе дискутираме таму, тука не е местото. А и некои кои тука дискутираат, па не се од Скопје. Така што нема поента тука за тоа да се дискутира.
Мерки има ама од обичниот човек не зависат. Место на живеење и не се менува така лесно посебно ако тука работиш. И ова е сосем друга тема. Да штетен е и воздухот и не спорам. Ама алкохолот го пиеме по своја вољја.
@JuLleE знам и информирана сум нажалост и јас живеам во загадено место. Ама тоа не ја намалува штетноста на алкохолот.
Што провоцирам јас бе?? Читаш убаво или не. Нека се прозве некоја која јас ја имам навредено. Запнала за мене шатката-па шатката-па.
А тема е одземање на родителско право и судење какви мајки биле? Зборуваме за алкохолот, а не за родителство. И што ако не сме од Ск, немаме право да коментираме за воздухот? Споредбата се прави поради осудувања и драми за жени кои се напиле неколку чаши алкохол. Вие овде проповедате здрав начин на живот, а од друга страна џабе е се кога дишете отров. Епа како а? Никој не ја негира штетноста на алкохолот и не треба да консумираат бремени ама по 1000 пат ќе повторам вие немате право да осудувате и да правете немајки, да се дрзнувате да кажете дека би одземале родителско право. Толку од мене на темата. Земете бесилка и бесете за мајки со кригла пиво.
еве ти трудна си пиеш скоро секој ден по ЕДНА ЛИМЕНКА не една голтка И ни господ не знае колку точени кригли имаш изпиено не па ја да знам или пак ти твои зборови се ова факт е дека си трудница и дек си пијуцкаш пивце за живце твој живот твоја бременост твое право и покрај тоа што си свесна дека штети алкохолот сепак ти пак си го консумираш пак ек речам твое право е прави си како мислиш дека треба само ен викај оти е нормално тоа