Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фетален алкохолен синдром- (ФАС)

Дискусија во 'Бременост' започната од <3 pleza4e <3, 5 август 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Јас не сум рекла такво нешто, ниту поддржувам. За такви работи си има кој си одлучува (надлежни).
    Пак ќе кажам, да фрлиме се во ветер и да пиеме, пушиме и се дрогираме зашто ете, веќе отров има. И ние, и сите кои живеат во загадени места. Тоа е.
    Барем ова над која имаме целосна контрола може да го направиме како што треба.
    За воздухот сум зборела и во други теми, тука сепак нема да мешам зашто друга цел си има темава.
     
    На Lolipop23, Someonespecial, Locuma и 4 други им се допаѓа ова.
  2. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    И??? Што имаш ти врска со ова?? Навредена си нешто од мене? Секогаш сум пишувала дека за ручек понекогаш знам да испијам чаша пиво,посебно ако убаво пребараш на друго место кај што имам пишувано. И да кригла ако сме излезени ( сигурно не излегувам секој ден). Најди овде навреда или некое убедување.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    @forumce не се прoнaoѓaјте вo мислењa кoи не се упaтени дo oние трудници кoи се нaпиле пивo oд Ѓурѓoвден нa Митрoвден.
    Зa тaквите не пoстoи oпaснoст oд ФАС.
     
    На stevemila, zalosna, forumce и 4 други им се допаѓа ова.
  4. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    За нас другите-алкохоличарките е тоа.
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Не.
    Јaс дијaгнoзa не дaвaм.
    Кoј е или не е aлкoхoчaр, не знaм.

    Твoјa рaбoтa е дaли пиеш или не. Амa не им се oбрaќaј сo - штo ти е тебе гaјле мa...- нa членките кoи ти се секoјдневнa пoткрепa и пoддршкa вo другите теми.
    Се сеќaвaм декa пред извеснo време имaше некoј прoблем и истиве oвие девoјки беa зaгрижени дoдекa не пишa декa е се oк.
    Не ги oмaлoвaжувaј кoгa дискутирaaт нa темa штo не ти oдгoвaрa, зoштo пo другите теми им викaш - фaлa :inlove:

    Зa крaј нa дискусијaвa пиши декa пивoтo е безaлкoхoлнo и дa oдмoриме мaлку (fingers)
     
    На Lolipop23, bittersweet, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Locuma

    Locuma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Вакви коментари воопшто не доликуваат на една идна мајка. Разбирам дека сме сите од различни социјални и образовни средини, но злоба не смее да се толерира. Јас на форумов дојдов пред некој ден, со цел да се информирам повеќе за бременоста, но ваков тип на дискусии не очекував и затоа добронамерно се одјавувам.
     
    На Melinda85, *Amethyst*, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.229
    Допаѓања:
    170.227
    ја никаде не реков дека ти некој наведуваш или навредуваш
    ја само ти посочив дека свесна си за дека е штетен и свесно си го пиеш
    ме заболе мене ако нешто се десе со твоите деца
    коа пишиш пост на форум очекувај дека кој не се сложува со тебе ке ти реплицира
     
    На Bubce38 и joy1 им се допаѓа ова.
  8. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Штом пред некој ден си зачленета, сигирно не си доволно информирана за сите бремености,настани,споделувања и случки.Лесно може да се суди од неколку постови напишани.
     
  9. Locuma

    Locuma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Длабоко се извинувам што не сум ги исчитала сите споделувања и не сум запознаена со психолошкиот профил и живот на секоја од членките. Јас пак си помислив дека е форум каде може да се добијат конкретни совети. Во иднина пред да изреагирам на очигледен злобен коментар, ќе се потрудам се да исчитам од претходни , за да можам да создадам целосна слика. Може па злобата и контроверзните ставови имаат оправдување.
     
    На BoNaNa123 и candy.cane им се допаѓа ова.
  10. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Нема проблем, но исти членки имаат различно мислење и ставови општо околу темата бременост и семејство. Првично треба да се советуваме но насекаде можат да се најдат различни мислења па дури и навреди. Што и каков и да треба совет добредојдена си,слободно прашај,споделувај кој знае ќе помогне.
     
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Нa сите требa дa ни биде гaјле зa секoе дете кoе се рaѓa, еднo oд чoвечки aспект, a и oд мaтеријaлен и сoцијaлен.
    Кoгa свестa нa луѓетo ќе биде нa нивo декa не е срaмoтa ни некултурнo дa се пријaвувaaт случaите нa зaпoстaвувaње, дa не речaм злoстaвувaње, нa плoд, дете, чoвек, тoa ќе биде кoриснo зa целoтo oпштествo.
    Акo мојата кoмшикa aлкoхoличaркa свеснo или не си гo труе плoдoт и истoтo тoa утре биде сo ФАС, дететo утре ќе имa пoследици, нo и oпштествoтo вo целинa.
    Кoлку пoвеќе oвие децa и децaтa сo други aнoмaлии (нa некoи и не мoжеме дa влијaеме) се терет нa oпштествoтo, тoлку пoвеќе ќе се крaти oд инвестициите вo прoекти кoи би биле нaменети зa сите децa.
    И зaтoa требa дa ни е гaјле. Нaместo oдделенијa нa клиникa, дa се oтвaрaaт грaдинки и пaркoви.
    Леснo е. 9 мес. дисциплинa, цел живoт рaдoст.
     
    На cresa-jagoda, Lolipop23, stevemila и 8 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ја читам темава како и не можам да се изначудам.
    Толку ви е тешко да ги оставите задоволствата за тој живот што го носите во себе? Или си се тешите дека Стојна од 3ти пиела цела бременост па ништо не им е на децата.
    Како да толку не се можело без алкохол, па уште и во бременост.
    Не дека сакам некому да судам, ама толку да се правдате дека не правите ништо лошо не е во ред.
    Да прашам вака -Ако пред бременост или при бременост, докторот ви каже дека имате ВИЕ некоја друга состојба (да речеме нешто на црниот дроб) поради која не смеете ни капка алкохол да земете, ќе пиевте? Не верувам. Ама вака е во ред бидејќи една мајка битно ги става на прво место задоволствата, и не ги чувствува последиците директно на свое тело, туку на бебето се одразува.
    Точно дека живееме и во загаден град, ама не држи вода споредбата на загаден воздух со пиење алкохол. Алкохол ако сака и ако може да се воздржи некоја жена нема воопшто да се напие, додека воздухот и да не сакаш пак го дишеш. Освен тоа некои имаат веќе дете кое во тој град се школува, сопругот иде на работа...па не можат да се изолираат на планина.
    И аномалии не се само грешки при спојувањето на хромозоми, тоа се повеќе синдроми, туку било какви вродени дефекти, што не мора да бидат грешка во генотипот на детето. Сијамски близнаци и аненцефалус се аномалии на пример. Така да можеби не синдроми, ама аномалии и те како настануваат од алкохол.

    И да, знам дека немам некое големо право да коментирам бидејќи сум "немајка", но исто така не можам да поднесам изнесување погрешни факти и одлуки донесени на своја рака.
    Не мора некоја да е мајка за да потенцира на некоја друга мајка каде греши. Не е за вас, туку за тој живот што го носите и за кој сте одговорни.
     
    На cresa-jagoda, augustd, Lolipop23 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.747
    Пол:
    Женски
    Сања ова кажи им го на оние кои 20 страни го пишуваат спротивното. Јас ова го напишав уште пред неколку дена, ама даничап и реин ме нападнаа со истражувања за фас, а ниту една од нив не спомна дека од неколку голтки може да се добие.
    Никој не може да ме убеди дека од неколку голтки се добива фас. Да беше така пола бебиња ќе го имаа. И пак ќе прашам ако фас се добива од неколку голтки, тогаш што ќе се случи ако мајката пие секојдневно?
     
    На fana, stevemila, wannaBeMomma и 2 други им се допаѓа ова.
  14. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ама твојата комшика е алкохоличар,а јас не сум. Е тука има голема разлика.
     
    На fana, Melinda85 и stevemila им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Работата е што овој фетален алкохолен синдром може да се појави при редовно пиење, секојдневно и по неколку пијалоци и е најтешката дијагноза од заболувањата поврзани со алкохол. Но постои нешто што се вика FASD fetal alcohol spectrum disorder што е термин кој ги опфаќа сите заболувања поврзани со алкохол, а фас е најтешкиот на спектарот. А други нарушувања постојат кои се на спектарот, но не со толку тешка форма, а не се знае точно од која количина алкохол се предизвикуваат. Има и повеќе фактори кои влијаат.

    These children may be born with fetal alcohol spectrum disorder (FASD), which is an umbrella term that covers all alcohol-related diagnoses, of which fetal alcohol syndrome (FAS) is the most severe and visibly identifiable form. FASD is associated with a wide range of physical, behavioural and learning problems including growth impairments, facial abnormalities, problems with brain function and developmental delays.

    Истражувањата за алкохолот за време на бременост се релативно нова работа и затоа се уште нема некоја голема јавна свест. Но еве, малку по малку се откриваат резултати.

    Еве интересно истражување.
    http://www.independent.co.uk/news/h...nancy-safe-how-much-study-finds-a7783771.html

    Дури и една, две чашки само на некој настан испиени имале ефект врз развојот на фацијалните карактеристики. Иако минорни во некои случаи. Немало последици по плодот, барем не колку што е истражено во овие случаи.

    Британките се најсклони кон пиење алкохол за време на бременост.

    The study, conducted by the Canadian Institute of Mental Health Policy and Research, found that four times more children in the UK suffer alchohol-related birth defects than the global average.

    For the proportion of children with foetal alcohol spectrum disorder (FASD), Britain came seventh out of 195 countries and sixth in Europe.

    Еве според истото истражување.

    The research also found that one in every 13 women who drink during pregnancy will go on to have a child with FASD, which is caused when alcohol drunk by the mother passes through the placenta to the foetus. As an unborn child is unable to process alcohol, it damages their cells.

    Symptoms of FASD include learning difficulties, issues with hearing and vision, cerebral palsy, and problems with the liver, kidneys and heart.

    Кај нас не се направени вакви истражувања и веројатно да има некој на спектаров нема да биде препознаено.
    @bittersweet кај вас се дава ли ваква дијагноза?

    Еве за трошоците кога се спомна.

    Even with the assumption that only 1% of the Canadian population have FASD – about 355 000 people – the annual cost was estimated at 1.8 billion Canadian Dollars (US$ 1.35 billion) per year in Canada. These estimates should not further stigmatize the mothers of children with FASD, but rather help to prioritize funding and support for these families. These figures are the minimum costs associated with FASD in Canada and don’t include the cost incurred to individuals themselves and their families.
     
    На cresa-jagoda, zhap4e, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  16. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.747
    Пол:
    Женски
    @RainBow Е ова е веќе друго. Цело време се зборува само фас,фас, а никоја не кажа дека само со редовно конзумирање на алкохол се добива, а не од некоја голтка. И дека е најтешка форма. И дека неколку голтки можат да предизвикаат минор аномалија, но не и фас. Цело време упорно пишувам дека не се добива од неколку голтки и упорно убедувате во спротивното.Ама ете сама си одеш контра сега.
    За тоа дека нема доволно истражување во право си. Во еден учебник од 80 и некоја год прочитав дека алкохол и кафе во сосема мали количини не штетат. Ама тогаш немало такви истражувања како сега.
     
    На zhap4e, Rebecca_R, stevemila и 2 други им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.358
    @forumce јас се надоврзав на ова твое мислење, не на неколку голтки.
    За неколкуте голтки веќе кажав моја претпоставка.
     
    На cresa-jagoda и Bubce38 им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.627
    Допаѓања:
    39.747
    Пол:
    Женски
    Да сум пиела. Ама не пишав количински колку. Конкретно тогаш испив мала чаша вино со к.вода, и тоа виното не го ни осетив. Ракија обично пред ручек пијат дома по 1 чашче, па пијнам само колку да ми дојде до уста, не ја ни осетам. Пиво по чаша си пијам, кога пијам, признавам. Пишав дека не е секој ден тоа, туку е ретко. Знам колку и што пијам и поради тоа не се плашам дека детето фас ќе ми добие.
     
    На stevemila и iki26 им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.307
    Допаѓања:
    285.358
    Ок.
    Само цитирав што пиша и од таму првично ти реплицирав.

    На пост штотуку испиена чаша вино(мала, со кисела вода сега дури дознавам...) ракија неколку голтки пред јадењњ(а јадеме секој ден, по повеќе пати. Ама еве и само за ручек нека е. А сега дознавам до уста само ти идела) и на чаша неделно пиво.

    Значи не на пост неколку голтки во бременост, јас ти реплицирав на нешто сосема друго.
     
    На cresa-jagoda, bittersweet, Bubce38 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.049
    Пол:
    Женски
    црниот дроб на фетусот неможе да разгради ни 3 капки алкохол.И алкохолот кај фетусот се задржува мн повеќе отколку во организамот на мајката.Па после имам раздразливо плачливо бебе,не спие по цела ноќ...

    и раздрзливоста и нервозата кај новороденче е дел од фас синдромот.
     
    На cresa-jagoda, Annath, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.