Можеби требаше да напишам што и колку пијам во милилитри? Пишав јас и претходно ама не си прочитала. Или сте ми го избришале мислењето не знам. За ракијата ќе ти кажам НЕ, не пијам секој ден, туку дома знаат да се напијат, не се прави дека не разбираш. И да, за мене тоа што го пијам се неколку голтки. Затоа што јас си знам колку количински е тоа. Ама нареден пат ќе измерам и ќе ти пишам, за да не се сеќираш.
Првичната дискусија, без сите овие додатни информации кои сега дури ги спомнуваш си стои, неизменета. Доколку неоој допише дека само мирисал, не пиел, и тоа е ок.
Значи џабе се расправаме 2 дена. Овде никој не пие по "многу" пиво,вино. Ракија колку до грклан да не дојде или да се намириса само.Пиво ептеееен ретко,голтка две ,колку лиѓи да не течат на жешково. Нема фас од мирисање и плакнење уста ,ниту од пиење на домашните, тоа дефинитивно
Се фати за 2,3 голтки ракија и чаша вино како слеп за стап. Немам потреба сѐ да пишувам во детали. Тогаш, во тој пост,не сум го спомнала тоа , ама после напишав што и како, да не се тражам сега. Јас си знам колку и што сум пиела. Немам потреба да измислувам на форум работи.
Золва ми е вегетаријанка и додека беше бремена навистина внимаваше, и беше строго дисциплинирана во врска со исхраната и на се. Внук ми скоро 4 месеци како се мачеше со грчеви и плачки. По цели денови и ноќи. Сигурно немаше ФАС, значи не е од конзумирање на алкохол.
Ок. Ти рече дека со Реин сме ти се стилиле за неколку капки. Само те цитирав и те замолувам повторно да си прочиташ уште еднаш што точно си напишала и на кој пост се однесувала нашата дискусија.
@iki26 само тоа што ти одговара коментираш и упорно даваш примери, наместо да се согласиш дека е навистина штетен алкохолот во бременост. Раздразливост со грчеви не е исто.
А од што може мало бебе да биде раздразливо ако не од грчеви? Ако нема грчеви бебето помирно е, не плаче, спие...
@iki26 раздразливоста е само еден од знаците на фас, има широк спектар на појави кај бебето како вознемиреност, хиперактивност и слично. Не значи дека секое бебе што има грчеви или е плачливо има фас, така што примерот со золва ти нема смисла.
ми извртуваш зборови.Јас не нагласив дека сите деца плачат од тоа.Ти потенцирав дека еден од симптомите на фас е нервоза и раздразливост кај бебето.Немора да прифатиш секако ,ама дека е така,е . ако не ајде да изнесеме цела историја од фамилија за да заклучиме чиво бебе од што плачело.
@joy1 @kristina.k со самото тоа што пишувате дека бебињата може да плачат, да бидат раздразливи и слично од ФАС само ги паничите новите мајки, и им стварате сомнеж. Исто како кај Снегулката, не може да се прибере жената. Затоа пишав и претходно да не се оди во крајност бидејќи читаат разни жени и може хаос да настане
@iki26 ама не измислуваме ние информации или факти, па и првиот воведен пост на темава ги има сите негативни последици од фас наведено, која и да влезе на темава ако чита од почеток- ќе ги прочита. Толку од мене на темава.
Wooww испадна бебињава плачат и имаат грчеви дека мајката конзумирала алкохол.Има многу мајки кои воопшто не конзумирале алкохол во бременост па пак мака мачат на почетокот со грчеви. Од што се грчевите тогаш? ФАС?
@iki26 изгледа не ме сфати во претходното мислење дека можно е и такви симптоми кај бебе со фас, а не дека сите бебиња со грчеви, плачење имаат фас. Еве се цитирам. И те молам не ми реплицирај повеќе, нема смисла кога не се води дискусија, туку се убедуваме за нешто што е докажано и општо познато.
се врати вештерката да ве праша уште нешто зошто ви велат на ехо напијте се кока кола или јадете благо??Заради тоа што кофеинот од кока колата ги прави хиперактивни,ги буди исто како шеќерот. што тогаш се чудиш за алкохолот @iki26 не дека не разбираш ти ами се правиш на тошо намерно
Немaм јaс кoмшикa aлкoхoличaркa, хипoтетички збoрувaв. Ики не сфaќaш декa сите ти се oбрaтијa пoсле твoјoт пoст сo дoбрa мислa Мoжеби некoи мислењa ти звучеa грубo, нo ти беше уште пo грубa вo oдгoвoрите. Искренo, мoјoт впечaтoк е декa не прифaќaш сугестијa... Дaни и Реин не се прoблем, ни Џoј, ни Цкa ни Дaфи, ни ред други. Зoштo не мoже дa прифaтите декa имa девoјки кoи имaaт шкoлскa бременoст и се пoсветени нa здрaвјетo, пред сoпствените желби? И јaс сум грешелa зa време нa бременoстa, не сo aлкoхoл, нo пaлев чaт пaт цигaрa...демек јa пуфкaв. И? Требa дa се прaвдaм? Дa се тoпoрaм декa се е oк сo мoетo дете? Не. Грешев и свеснa сум зa тoa. И дa, зa време нa бременoстa сите пoгoре нaбрoјaни биле пoдoбри мaјки oд мене. Е сегa не им се дaвaм, пoдoбрa сум oд нив
Еднаш и јас како вас да бидам, кога упорно ме цитирате а сум ве замолила да не ме цитирате. И претходно знаев пиво да се напијам, па малава кога се роди немаше некои кој знае колку јаки грчеви. Нормално во почетокот додека се адаптира плачеше, неспиеше, но тоа кратко траеше. Вие зборите за симптоми на ФАС кои се јавуваат 1 на 1000 или повеќе( хипотетички кажувам) и секоја која овде ќе прочита ќе се вознемири.
А зошто тогаш повеќето мајки конзумираат кафе и кока-кола, пепси, газирани пијалоци полни со шеќери?Знаете колку бремени жени прочитав дека редовно пијат барем по 1 кафе на ден, или не можат без кока кола.Знам и кои се ама не сакам да ги цитирам нивна работа си е тоа. Нема што јас да се мешам во туѓа приватност. Нивна работа.