@iki26 не ми пречи да ме цитираш воопшто, ама си се фатила за грчевите, а никој не ги ни спомна. Вознемиреност и раздразливост немаат врска со грчеви. И не ја разбираш поентата на постовите, така што не гледам потреба од дискусија повеќе. Ете и @joy1 не ја разбра што сакаше да каже со шеќерот и кока колата, а тоа е дека ако тие имаат ефект на фетусот веднаш, што останува за алкохолот што оди кај бебето.
Како секој ден? Кај прочита тоа? Не се знае ништо во животот.Може јас ќе бидам таа 1 во 1000 во светот, може некоја друга,никој ништо не знае.Може жена здрава, права дисциплинирана во бременоста да одкрие малформации на плодот во вториот скрининг ( знам и пример ама не би го пишала)Доктор ќе завршиш, па недај боже касно од Карцином или друга болест ќе се разболеш, а знаеш да ги препознаеш сите симптоми, си учел за нив.
Во претходната бременост капка алкохол се нежав напиено, ни се фарбав ни ништо. Во 5 месец на скрининг, бебето имаше тешка аномалија и морав да ја прекинам бременоста. Не се доживувам себе си како малер, ете така требало да биде и покрај тоа што се хранев здраво и ред други работи.
Лименка кока кола и едно кафе е дозволено дневно. Не многу јако кафе- нормално. И пак не е исто што и алкохолот.
Zeno sto pati ti go citiraa prviot post kaj so imas pisano si se rusila piejki, skoro sekoj den itn. Ne znam so se prais naudrena. I ako ti si ok so toa ne znam zosto voopsto pisuvas na temava. Iskreno sakam da procitam poveke info za fas ovde, a ispadna cela tema.se dokazuvame za edna clenka.
Ги читам нотификациите кои ми стигнуваат во дискусијава и не ми се верува дека во 2017 година, на толку многу објавени книги и истражувања за штетноста на алкохолот во бременоста, ние уште се убедуваме дали е нормално мајка свесна дека носи плод во себе , да пропагира дека алкохол во бременост е ок. Ми е страв да отворам друга тема, да не прочитам дека два три шамари од време на време не значат дека мажот ни е насилник.
Цар си,едвај те чекав да пишеш.Кој знае колку време си барала по форумов и време одвоила за мене.Thanks Сигурно кошмар ти станав . Вие ептен буквално сте ме разбрале и доживувате.
@forumce ако се сеќавам добро, ти спомна дека си учела за ова. Според тебе во ред е таа количина на цитираното мени? Ама искрено, те молам.
Не е во ред. Ама секој си одговара за себе. Мене не ме занима што и колку јадела Петка или Станка, ама некои се опседнати со тоа.
Зошто смешки? Го напишала, сега сама себе се негира, ако си пие нека си пие, нејзина работа ама го пишала и сега пу, пу не важи. Секојдневно конзумирање на алкохол те прави алкохоличар, во нормални држави за тоа се одземаат деца, можеби и Мк еден ден ќе стане нормална држава па нема да се расфрлате се вакви изјави за тоа колку конзумирате алкохол во текот на бременоста па и после, ваљда тогаш уште повеќе се пие.
Боже, Боже, форумов стана место за докажување, осудување,мудрување и што уште не. Па јас намерно и реков пребарај по темите сигурно ќе најдеш нешто за да ме цитираш, и луѓе што немаат попаметна работа, луѓе без обврски, опседнати,тоа и го прават. никогаш не би пребарувала по теми и да цитирам членки за да се направам паметна. А јас никаде не негирав дека не сум конзумирала пиво во бременост.