Ако го отвореше линкот и прочиташе ќе видеше дека сите тие набројани последици во спојлерот се од синдромот. Alcohol in the mother’s blood passes to the baby through the umbilical cord. Drinking alcohol during pregnancy can cause miscarriage, stillbirth, and a range of lifelong physical, behavioral, and intellectual disabilities. These disabilities are known as fetal alcohol spectrum disorders (FASDs). За себе си знаете, да, ако ви се ризикува и покрај се ваше си е, ама да зборите како немало ништо и некоја трудница да си рече океј, нема ништо, а да не знае што може да се случи не е во ред.
Ни пред бременост сум пиела па ни во бременост. Признавам имам пробано само 1 од кај мм пиво. Иначе не ми носи душата Јас не би се потресувала толку за една голтка, ако е за тоа и во воздухот има честички и бактерии па ај да не дишиме.
Ја прочитав статијата. Ама го прочитав и ова There is no known safe amount of alcohol use during pregnancy or while trying to get pregnant. На никоја не сум кажала да пие алкохол. За мене си кажувам што правам. Далеку поштетни работи има од повремено пиење неколку голтки алкохол.
Точно. Значи тоа дека сама процени или заклучи дека една чаша во град е безбедна? Оти они ете викаат не е познато. На ризик ова сами да си одлучиме и да пиеме со тој ризик?
Ама јас не пијам секојдневно разбираш ли. Не се плашам дека на моето бебе ќе му се случи нешто од неколку голтки алкохол повремено. Оние што пушат по цела пакла секојдневно, оние што јадат секој ден сувомеснато и преработено јадење многу повеќе му штетат на своето бебе отколку јас.
Добро утро Алкохол не пијам, иако кога не знаев дека сум бремена пиев радлер на неколку пати и тоа не мала количина можеби литро. Од страна нонстоп имам коментари од една чаша не ти е ништо или и жена ми пиеше и пушеше па ене го детето живо и здраво. Е сега последниов месец на два три пати пијам по една стварно мала чашка пиво. Наскоро ке одиме во Загреб каде има многу добра крафт пивовара па уште сега мислам како би испила едно од 0,3l. Само страм ми е со стомаков да нарачам. Да кажам и дека ми рекоа дека подобро нормално пиво него безалкохолно, зошто многу хемија се употребува за да се извлече алкохолт од пивото, сепак оваа информација не ми е проверена.
Не ми одговори дали планираш по флаша пиво или вино да даваш кога ќе се роди бебуш... исто повремено. Е замислете таа флаша на човече од неколку кила...какво дејство има. Е истото дејство, уствари многу многу полошо е на истото тоа бебче кога е неколку стотини грама.
Па, само го потврди она што го кажувам. Не е познато дало некоја количина алкохол е безбедна. Значи не можеш да кажеш дека е сосема безбедно да пиеш алкохол, колку и да е тоа. Затоа пак ќе кажам, не го кажувајте тоа како нешто добро, кога не е. @Bebulleee на воздухот за жал не може да влијаеме. Ама барем на она што може и што знаеме дека има некаков ризик можеме.
Секој нека прави што сака со своето тело и своето бебе. Нема радари по улици и кафани за да воспоставуваат ред кој колку испил и дали пие. Ама ве молам без промовирање на нешто што носи ризици. Без игнорирање на фактот дека секоја капка испиен алхохол оди директно во вашето бебе. Во неговиот крвен систем. Треба ли поголеми научни докази и истражувања од тоа? Треба ли да се има или да се чекаат не дај боже последици? Може нема и дај боже да нема последици... иако години би минале додека се потврди за голем дел од нив дали постојат. Но свесно да го хранам моето бебе со алхохол????
Јaс aкo велaм декa јaс пијaм пивo пoнекoгaш не знaчи декa Трaјaнкa јa убедувaм дa се нaпие или и тврдaм декa не е штетнo и јa убедувaм. Секoј зa себе си нoси oдгoвoрнoст.
Испаднав алкохоличарка што пие по ФЛАША пиво/ вино. Не би да се повторувам, еве фана го кажа она што сакав да го пишам. Доволно е.
Тврдење дека конзумирање алхохол во умерени количини (колку и да е ова умерени) или од време на време дека не е опасно, и дека е ок... не е точно. Е опасно или може да биде опасно. Сигурно и ок не е. Со такви лажни изјави или податоци се наведуваат оние кои немаат познавања или информации по тоа прашање. Добро е да се знаат сите факти, а не дека тие пто пијат ги убедуваат другите исто да почнат да пијат. @forumce два пати го поставив прашањето, нема потреба од извртување или глумење жртва. Таа една чаша пиво, дали на бебето, во бебешка флаша би ја давала, од време на време де. Оти ако не е ништо кога е неколку стотини грама, па неколку кила кога ќе биде што би му било?
Овие постови прилично изгледаат дека тврдите дека не е страшно и нема ништо штетно. Само даваме аргумент дека не е така како што викате. Кога постојат факти и истражувања против нив не се може и тоа е тоа. Сега слободно пивнувајте си сами без да викате дека не е штетно и да тврдите дека ништо не може да биде. Можеби некоја трудница ќе прочита што сме постирале и ќе си рече, па не е вреден ризикот. Јас лично затоа пишав
За чај важи тоа се што е умерено не е штетно, не за алхохол. Дека може по еден шол, ама не и по едно пиво...
Абе и да се напиеме алкохол мислам не е некоја голема штета или некој ризик. Не се пијанчиме секој ден. Кој не сака да пие нека не пие, никој со сила не го тера или убедува. Најмногу се нервирам кога ќе видам или прочитам (не нагласувам за никого општо зборувам) светици ми се прават во бременоста или после неа,а лично сум ги гледала и фатила како се опиваат до бесвест, 6,7 месец од бременоста. Па нели на доилка честа се препорачува по 1-2 чаши пиво да се напие за повеќе млеко. Многу тазе мајки пијат за да имаат бенефит. Многу сте станале буквалисти во се, и само некои цитати и статии се објавуваат што и ме знам колку и дали се веродостојни.
Повторно погрешна информација околу доењето. Алхохолот негативно влиаје врз стимулирањето на млекото. Друга состојка го поттикнува. Се препорачува безалхохолно пиво. Најдобронамерен совет, не пијте пиво со алхохол за поттикнување на млеко, негативно влијае.
Немам, и не ни читам студии и искрено не ме интересираат. Не викам дека треба да се пие или пуши во бременост, ни се што е умерено или во граници на нормала не е штетно. Ете јас пиво си конзумирам, некој вино, некој ракија, некој воопшто ништо не пие, секој си одлучува за себе и своето бебе.
Да се дополнам од погоре. Еден Полисахарид е одговорен за стимулирање на пролактинот и го има и во безалхохолното пиво. Алхохолот влијае негативно врз доењето и секако врз здравјето на бебето. Затоа се препорачува безалхохолно пиво.
Па не е баш така наивно. Со самотк тоа што кажуваш дека не гледаш ризик и сл даваш информација дека е во ред. А не е. Самата кажуваш дека нема ризик, а со тоа пласираш одредена информација. Затоа и реков, да зборуваме аргументирано.