Пушев пред двете бремености од моментот кога видов две цртки одма направив стоп Некогаш имам желба да ги изедам цигарите ама сепак имам нешто поважно од тоа Не ги осудувам оние кој пушат по некое цигаре,можам да разберам За алкохолот и не сум некој обожавател а ми се има случено да се напијам некоја голтка ладно пиво од чашата на мм И јас мислам дека од некоја голтка бебе журки нема да прави во стомакот Има и многу други работи кои не се препорачуваат во бременост па ги конзумираме Швепс,кока кола,паштети,туни,сувомеснато..... И што?Не си ги сакаме бебињата,не ни е битно нивното здравје ако јадеме од ова или ке се напие некој една чаша пиво? Јас пијам едно литро кола секој ден Не е алкохол ама сигурно не е помалку штетна од едно пиво
Кажав дека лично за мене зборувам, никој никого со сила ништо не го тера. Јас сметам за мојата бременост тоа што понекогаш конзумирам пиво нема штета, што не значи дека е така, но сепак не гледам некој голем ризик или нешто толку страшно.
Има и студии и истражувања за дозволено ниво на кофеин или кока кола. Конкретно кока кола може до 5 лименки дневно. Инаку ако се претера може да дојде до предвремен или мала тежина на бебче или сл. Се си има ефекти, па и тоа. Е сега не знам кој колкаво бебе родил од тие по многу што пиеле или дали биле со предвремен...нели кај некои само ќе се трефне кај некого не. Ама тоа се детални и исцрпни истражувања и студии.
Јатрва ми секој ден пиеше Пепси од 1.5л од почеток на бременост до крај.Бебето го роди на точен термин и 3кг тешко.Но,може утре тоа бебе да има проблем со нешто,да внесеш толку газирано во тој мал организам да го ждере не ми е нормално тоа.Бебето многу повраќа има 10 месеци и само повраќа.И не признава дури дека секој ден пиела толку
Алкохол до 8-ма недела значи оштетување на очни нерви,што значи разрокост или други аномалии.Во таа недела се развива.. Обично до 8-ма недела не знаеме дали сме бремени..некаде и неочекувано е.. Ама да очекуваш да останеш и да пиеш???! Она за живели и инцидентна чаша пиво и голтки црвено вино не се рачуна. Ама секој со свој ум..
Точно. До 4-5 недела е фазата на се или ништо. После 5та до 12 се формираат органите и конзумирањето не мора но може да предизвика последици во вид на аномалии. Конзумирањето после 12 недела последиците се од типот на предходно споделените од @RainBow и не секогаш се видливи за голо око и некогаш треба години да се дијагностицираат.
Па нормално е бебињата да бљуцкаат,јас тоа не би го поврзала со газираното Јас и со кере и сега само газирано пијам,вода обична не можам да смислам,не газирани сокови такоџе Еве ја 16месеци е и ретко кога повраќа,ни кога беше бебе не ми има повраќано
I se casni sestri koi ne se napile ni goltka.Jas i pred bremenost alkohol ne sum mozela da pomirisam.Otkako zabremeniv isto.Otkako pocnaa gorestinive koga ke vidam deka nekoj pivo pie me faka strv.I znam duri od siseto direkt da se napijam goltka.I nemoze nikoj da mi go dokaze sprotivnoto deka taa edna goltka ke nasteti na moeto bebe.Sekoj odlucuva za sebe,dali ke se napie ili ne.Ne pijam celi casi,duri i sise.Nitu pat drug vid alkohol sum pomirisala.Taka da relaks malku so komentarite so gi davate nekoi pogore zasto odstrana citano pisuvate ko nekoj da e alkholicar.Trite ivf so gi imav vo Plodnost,posle sekoj transfer dobivav sovet od embriolog.Sovetite bea:Zivej si normalno kako i pred transferot.Na kafe so prijatelki,casa vino so rucek,i umereno dvizenje.Nikogas ne se napiv casa vino.So mislite kafeto e kao pozdravo od taa goltka pivo,pienje coca cola,jadenje blago,jadenje beli brasna.Abe aj.Sega ke ima eden kup citiranja.Iskreno gajle mi e.Zboram od toa so mi kazal i dr i embriolog.A sekoj neka si odlucuva za sebe i ne da soli pamet na drug kao ne se grizi za svoeto bebe
Исто така да не се соли памет како не е ништо штетно кога постојат факти и истражувања дека е обратно. Посебно кога не се знае која количина на алкохол може да е штетна. А посебно и кога се води борба за бебе.
@stevemila едно е да изразиш мислење друго е да почнуваш коментар со навреда. Еве прочитај како алкохолот, па и една голтка влијае на бебето. Не сум го измислила јас тоа, туку некој медицинар со тоа се занимавал и истражувал. Не е убаво да ширите теза, нема ништо да ви биде, а при тоа не нудите никаков медицински аргумент. Колку што е добро мајка да дава алкохол на бебе во шише, еднакво лошо е мајката да пие дур носи бебе. https://www.nofas.org/light-drinking/ Секој си знае за себе, ама одлука се носи на база на информираност. Впрочњм и медицината е наука базирана на докази, а не рекла казала.
Edna goltka od strv pivo da se napies nemoze da e stetna i nemozes nitu ti nitu bilo koj da me ubedi vo sprotivnoto.Da se pie casi,sisinja toa da.Ili pak drug zestok alkohol.Ama da se napies od strv edna goltka toa so se vika samo ustata ke ja ispiras.Nemam namera da se ubeduvam.Koj saka neka pie,koj saka da ne pie.Vo cela bremenost sum se napila na dva tri pati po edna goltka.I toa ligi mi tecele koga sum go gledala.E sea so e poloso da ja mislam celo vreme taa goltka pivo pa da mi bidne nesto ili da se napijam.Taka da nemozeme da kazeme dali nekoj da se napie ili ne.Sekako dokolku nekoja clenka pise deka pie vino,viski i so ti znam so licno jas bi i replicirala deka ne e zdravo a ne da ja bodram deka ne e stetno.
Nekolku strani nazad vo drugata tema pisuvavte kao majkite koi pijat goltka ili caska pivo gi napadnavte kako da se alkoholicarki.I toa e uvreda.Dali vaka ili taka e uvreda.Patem,pisav prethodno samiot embriolog vo sovetite mi kazal caska vino.Nikigas ne sum se napila.Da ne se povtoruvam pak i da ja polnime temata of topici,pisav prethodno so mislam na Rainbow.Kako so kaza ti sekoj si znae za sebe.I sekij neka si nosi odluka.Nie sme ovde da dademe samo svoe mislenje
А оти синоќа ги советуваше оние кои пијат по некоја чаша или шише дека се што е умерено, додека не се пијанчат, дека не е штетно? Сега наеднаш само голтката не е штетна?
Haha pa ete sama napisa deka sum gi sovetuvala deka se so e umereno ne e stetno.A sigurno ne e umereno sisinja da letaat
И јас истото сакав да го пишам. Каде е некој обвинет дека е алхохоличар? Епа реши се. Голтка не е штетна или флаша/чаша пиво или вино?
Pisav prethodno i nemorate vaka agresivno da se ponasate ok?!Umereno e goltka duri i pola caska, caska.I nemora da se tepate ednostavno ako ste protiv nemora da konzumirate ,a da gi ostavite site ostanati da odlucuvaat sami za sebe
Даничап, а зошто не ја нападна референтка кога пиша цитирам Туку мене ме нападна кога кажав дека повремено пијам по малку вино? Инаку предлагам да се отвори нова тема за алкохол во бременост.