Ќе те замолам да си го преиспиташ својот тон на дискусија пред да ги етикетираш останатите кои учествуваат во дискусијата.
Јас прашав каде е наведена директна навреда - "алкохоличарка". Дискусијата е водена на база на истражувања и има линкови до извори кои потврдуваат дека пиење во бременост ВО БИЛО КОЈА КОЛИЧИНА не е добро. Емоциите на луѓето може да се погодени од многу разни причини.
Мојот став не е насочен кон никој поединечно туку кон комзумирањето алхохол во бременост. Еве @referentka нека си каже што мислела со тоа, дали конзумирала, сколку конзумирала. Не гледам зошто некој би бил поштеден или би имал ексклузивен третман. За нашите деца се работи, не за нас. Ти си кажа синоќа си испила чаша вино. Ок. Си кажа си пиеш и по некоја голтка ракија, и пива... ама не секој ден. Според тебе умерено е. Пак ок. Кас те прашав дали виното или пивото ќе го претуриш во бебешка флаша и ќе му даеш да пие, онака умерено. Оти не е ништо.
Па баш поради тоа што не е насочен кон поединец туку кон конзумирање алкохол требаше да пишеш дека греши нели? Како што на мене и на другите кои по малку пиеме алкохол не цитираш и кажуваш дека бил штетен.
Нека пише дека конзумирала и дека смета дека е тоа ок и така дека треба ќе и пишам и нејзе. Тоа е мој став, не правам исклучоци. Уствари не само мој став туку и на медицината.
Па по тоа што пишала дека не се рачуна некоја голтка вино или чашка пиво, заклучив дека е ок според неа тоа.
Тоа си е нејзин став, не гледам причина зошто да се сложувам во се со неа. Кога ќе пише дека она конзумирала или ако конзумирала и сама ќе си се најде во моите зборови. Јас не прочитав. Нека пише па и нејзе ќе и кажам, лично, со таг, во случај сите медицински истражувања општо за внесување алхохол во бременост ако не беа доволни.
Ќе се согласам дека вака напишано може и не е толку страшно. (Иако нели, не е докажано која количина е штетна која не) Да речеме ризикот е минорен. На ова што ќе кажеш? Ќе ја бодриш или? Ете, прочитајте го првото мислење од оваа тема, доволно е.
Како дежа ву ми се коментарите , дури бев бремена истото е коментирано и тогаш и настана темава. И тогаш и сега го имам истото мислење, а и за во доење исто, огромно НЕ за алкохол, во било која количина. Често читам коментари кон тазе доилки, се препорачува пиво за зголемување лактација. Покрај тоа што алкохолот веднаш оди во крвотокот и млекото, алкохолот од пивото може и негативно да се одрази на лактацијата, така што и може контрапродуктивно да е конзумирањето. Денес барем има голем број безбедни, и корисни и за бебето, чаеви, а и обична вода помага во зголемување на внес на течностите. Исто и за во бременост не се согласувам со споредбите со воздухот и храната, точно е дека во многу нездраво време живееме, ама која е логиката и ние свесно да придонесуваме со внесување алкохол или ете цигари, кон тоа? И пак, не значи дека ќе има последици кај секое бебе чија мајка конзумирала алкохол, не значи и дека ќе нема, ама зошто да ризикуваме.
Женски ако не сакате да се напиете никаков вид на алкохол за време на бременост неморате, никој не ве тера и убедува. Еве јас си пијам исклучиво само пиво, посебно кога беа жештините и сега алкохолиларка сум, или не се грижам за малите. За Велигден, Нова Година, Божиќ.... која била бремена тој период никоја ниеднаш ни голтка вино или др. нешто барем и за здравица не пробала??? Искрено не верувам. Има и други мнооогу поштетни работи од пиво или вино во бремрност ( салами, сувомеснти производи, паметите колку јадевме Паштета Аргета на почетокот...кафе газирани сокови, цигари....)
За чудо има и такви @iki26 , ниту голтка што не пробале, ни за божик, ни за нова год. ни за друг празник. И не, не е исто аргета со кригла пиво.
@iki26 па како би ти докажала дека ни голтка алкохол не се напив за бременоста и дури дојам, за нескафе неколку пати што се напив и тоа најслабо имав грижа на совест, не јадев туна, сувомеснато, дури ни домашен сладолед што го правеше свекрва ми со јајца, од страв и нормално зошто го знаев ризикот. Газирано не пијам и обично. Овие работи најмногу ги научив од @danichap во првата бременост кога пишуваше што не се конзумира во бременост, знам дека многу има истражувано и верувам и сама се има придржувано кон тоа. А и споредбата на сувомеснато на пример или ете и газирано со алкохол не е во ред, зборуваме за нешто што се излачува во крвта и автоматски во плацентата, а бебето од исхраната добива се она што е потребно за него, дури и на штета на мајката.
Леле, леле алкохоличарка станав Боже,боже да не ти се верува што читам. Си кажувам мое мислиње и не ти викам пи пиво добро е во бременост. И јас сум пиела не вие. Ене ја малата здрава-права е дома во 3 год. дали 2 пати се разболено, а исто така се "рушив" пиво пиење. Абе вакви светици во манастир не се наоѓаат, само на форум, и затоа во секоја тема има карања и навреди, секој паметен е.
Јас не реков дека си алкохоличарка, не ми ставај зборови во уста. Збориме за алкохол во бременост. Ти така си пишала, така те цитирав. За пиење пиво неколку пати се збори дека не е штетно, па затоа и контра коментари има.
Нема што мене нешто или некој да ми се докажува, која сум пак јас да барам докази или објаснувања. Секој си знае за себе, и свесен е за сите поиследици доколку би настанале. Секој со својот разум, убедување и расудување.
Е како секој е свесен за себе кога велиш дека не те интересира што викаат медицински истражувања за темава?
@iki26 ти напиша дека не веруваш дека има таква што не се напила воопшто. Јас не те сметам за алкохоличар, ниту себе се сметам за светица, туку фактите се тие за штетноста.
@iki26 ти имаше проблематична бременост ако не се лажам.Битно се расфрлаш со фактот дека се рушиш пиво пиејки и антидепресиви.Неодговорно целосно од твоја страна.Сакаш лути се или не ама преиспитај се малце што правиш.