Ние до утре може да мудруваме и докажуваме која е повеќе "начитана"во областа на медицината, гинекологијата, исхраната....Па и статии, научни докажувања и слично да објавуваме. Секој нека си ги следи и гледа сопствените убедувања и ставови, ако знае на друга на пимогне, советува и објасни ок, ако не без приправанции.
А која е потребата баш во бременоста да се пие? Толку неможете да се воздржите? Кога знам дека е штетно, нема да мислам за мене дали ми се пие пиво , туку ке мислам за здравјето на моето дете.
Не, немам проблематична бременост, да, имав крварење два пати, еднаш ми рекоа плацента превија не верувам дека беше тоа, и нормално си функционирам освен што ми тешко дека близнаци имам. Да, дијазепам си пијам привремено препишано од доктор, само навечер бидејќи имам несоници, шо е тука спорно. И пиво знам да се напијам, и пак не гледам што е тука неодговорно. Не ве терам вас на нешто, и испаѓа јас како воопшто да не се грижам за ништо. Секој нека си ја гледа својата работа, а помалку туѓата
Јас се омажив у бременост и не се напив ни голтка. И нова година о Бадник и божиќ о родендени мој и на маж ми. Ни голтка. Колку треба да си самобендисан за да пиеш кригли пива иако и доктороте викаат дека е штетно а во ризик да ти е здравјето на детето. Признавам у 8ми месец видов кригла и ќе се расплачев од што ми се пиеше. Порачав платив 120 ден и се напив голтка. Е толку у 39 недели. А бидејќи има 17 месеци откако дојам уште не сум се напила. Безалкохолно пиво у Тинекс мислам само за мене носат. А пиев порано...
ти си знаеш... ама од денот кога почнуваш да носиш дете во тебе треба приоритет да ти биде тоа па потоа останатите задоволства.Како што повеќето немате односи од страв така треба да се плашите и од цигарите ,лековите и алкохолот.
А што те интересираат потребите на другите. Секој нека си пише свое мислење, или совет. Некој ете има потреба и не може без турско кафе, некој без кока-кола, некој без благо....
Мене не ме интересираат твоите потреби, што сакаш прави си. Меѓутоа сите ти укажуваат на тоа дека алкохолот и дијазепамот е штетен, а ти упорно се расправаш и се обидуваш да докажеш дека е во ред што пиеш. Ако толку си убедена во твоите ставови , продолжи си како досега и не се обидувај да докажеш како алкохолот не е штетен. Барем не за другите трудници. А тоа дека некој неможе без било што е себичност. Секој може без се. Па и баш кога се работи за моето дете, од се ќе се откажам ако треба.
Дијазепам за несоница?! Ајде бре. Од кого е кажано тоа?! Па и во бременост!! Кригли пиво?! Размислување за своеволно прекинување на утрогестан. Неверување на доктор дека е плацента превиа, а верба дека пиење дијазепам е сосема ок. Чудно!!
Еве нешто интересно, за тие што сакаат да читаат. http://www.who.int/bulletin/volumes/95/5/17-030517/en/ Интервју со научник кој ја истражува епидемијата алкохол во бременост. Еве што вика на крајот. Alcohol consumption during pregnancy should be recognized as a serious public health problem and more effective prevention strategies targeting alcohol use before and during pregnancy are needed worldwide. More should be done to inform women about the harmful effects of drinking alcohol during pregnancy. Where appropriate, universal screening of pregnant women and women of childbearing age for alcohol use could be established. We need an FASD surveillance system to monitor the incidence and prevalence of FASD globally. We are all responsible for the prevention of FASD: partners, families, friends and communities should all help and support women during pregnancy. People with FASD – a preventable, but invisible disability - should not be forgotten by our societies. Кога се носи друг живот во себе не е веќе јас како сакам ќе си правам. Постои одговорност. Според статијава многу појави и симптоми кои се дел од овој спектар не се ни препознаваат, се случиле од алкохол, ама не се препознаваат дека се од него. И јас на нова година ми се чини се напив вино, голтка, две и оставив, совест ме изеде после тоа.
Па сигурно паштети направени од изнутрици од животни, (опашки,уши,жили, црева...)не се поздрави од јачмен, грозје и сл.
@iki26 сега разбирам зошто не си загрижена. Ова ми доаѓа како онаа изреката што ја кажуваат сок од јачмен или сок од грозје за пиво/вино. Зборуваме за преработка, за етанолот, а не за житарици и овошје.
Ама шо се замараш со мене. Бркај си ја својата работа, ниту те споменувам во некој разговор,ниту те цитирам, ниту знам пак која си.
Сигурно нема да ни ги пркажат на видео па никој да не ги купи. Се знае од што се прават паштети, виршли.., иако сите ги јадеме и слатки ни се.
Читај на нет,бидејќи те читам вака паметна,вицкаста па снајди се сама.Не мора се на готово да ти биде објаснето.Уклучи мозочето и листај по интернетот
И пиво може и ставаат, за уште послатка да е Аргета и алхохол на исто ниво. Браво. И не, не јадам паштети. Ама споредбава сеуште не држи вода.
А имаш инсајдерски информации? и пак не ми има логика споредбата. Како и да гледам паштета не е алкохол.