Овој совет примени го на себе, читај, истражи што внесуваш во себе и пренесуваш на две бебиња, не се рекла казала муабети, не е нешто што можеш да го негираш. Наместо да споредуваш со глупости обрати внимание кај што треба. За друг си должна, не за себе, затоа стави го егото на страна и прочитај нешто од постираното.
@iki26 Абе најдов на нет ама не им верувам баш. Свашта пишуваат. Викаш и за аргетата "лажат". А богами ти овде делуваш најначитана.Само ти зеде став алкохол дека е во ред да се пие во бременост. Колку знам и шеќерот ти беше малку покачен. Ама нели,и тоа нема врска...затоа тебе те прашав.
А не примети колку е вицкаста малата? Или не важи тоа за други,само за нас неколки членки. И воопшто не се грижите за мене,ние супер сме си,растеме и мрдаме.
Баш мајка ми вели дека додека била бремена чуствувала огромна желба за пиво. Пивнувала само по 2-3 голтки колку да и помине меракот. Мислам дека во така мала количина не е проблем. И онака пивото има низок процент на алкохол.
Се шалев со паштетава,сепак со алкохол не е споредливо ама баш ништо....кога се работи за поголеми количини Не ми е јасно зошто се напнувате онолку Ваљда секоја бремена жена знае што е штетно а што не во бременоста останатото е сопствен избор Мислам неможе вино да се спореди со грозје,или јачмен со пиво не е ни близу исто Ако некој одбрал да пие секој ден кригла пиво не значи дека треба да се линчува или да му се суди Секој си знае за себе
Некои стварно за сѐ знаат да кажат. Од тоа како некои жени не заслужувале да бидат мајки оти немале ден работен стаж, како некои од клупите одма останувале бремени а тие со работа,со спремана куќа со сѐ немале деца, знаат која трудница што мака си има. Ама кога станува збор за породување, не раѓаат ако нема царски рез, никако. Нели мислите дека претерувате? Зошто се замарате со тоа која што јадела или пиела? Коментарите ви се за срам.
Нашите коментари се за срам? А не е срамота кога се одобрува алкохол да се пие во бременост кој директно се пренесува кај бебето? Нешто е измешано тука, хммм...
Ама шо срамно виде у мојо коментар. Таа се изјасни дека е ок алкохол и дијазепам у бременост. Ти кај се виде прозвана? Ако не сум бремена ко тебе,не значи дека треба да прифатам дека нејзиното е ок! И ти пиеш такви ствари?
Не пијам златна апови јас ама ако треба да пијам, ќе пијам. На неа ѝ се од доктор препишани. Ама не уствари што разбира докторот, ти знаеш повеќе. Кукла, нели е навредливо да се каже дека му фали дијазепам или кригла пиво? Или саркастично да се напише нели ти беше шеќерот покачен?
@iki26 не ми треба ни дозвола за да ти реплицирам, ниту да ме познаваш треба. Ама еве последен пат ти се обраќам, искрено и најдобронамерно се надевам ќе допрат информациите до тебе и ќе сфатиш дека не си во право. Кај тебе според кажаното и не станува збор за умерено внесување алкохол. Прочитај на линковите, информирај се и почни да ги заштитуваш децата што ги носиш и не им штети свесно од инает или неинформираност. Одговорноста е твоја.
Ти пак со мене се фати. Гледаш дека не ти одговарам. Никој не те прозива за ништо,што се мешаш кај што не ти е местото.Искрено прв пат те читам во темава и ти веднаш зајадлива и вицкаста. @kukla21 нема веќе да пишивам офф ама нека не се замараат безпотребно со мене.
Мене ми се за срам коментарите од членки што со години се бореле за дете и сега кажуваат колку е умерено,срамота после толку трнлив пат. За близначка бременост треба посебен третман колку што знам јас а уште пиво да се напиеш и диазепам едно огромно браво. Главата ме корнеше плачев што ме боли ама апче не се напив. Убаво рече една докторка која повеќето ја плукате ама е многу стручна за овие работи. Пијте вие пушите и после ќе си ги крстите децата аутистични.
А дали стои мислењето уште?! Ако нешто сметаш дека е навреда и уште стои пријави го. Темата е за алкохол во бременост. Не ики. Ајде држете се до неа.
Една чаша пиво или вино и тоа многу ретко може и не штети мислам. Ама дијазепам, не можам да разберам кој доктор тоа го кажал. Аналгин не смееш во бременост, а не, пак, дијазепам.
Многу тензии има во темава ама слично како и во темата за цигарите и бременоста исто се препукувањата на "светиците" и "отпуштените". Еве јас ќе признаам дека бев "светица" од денот кога дознав дека сум трудна до денот кога и го дадов последниот подој, вкупно 20 месеци. Бидејќи не сум по пороците фала богу немав пиено алкохол ни првите месеци додека не знаев за бременоста. Моето мени во бременост беше подредено јас и бебебто да добиваме оптимално хранливи материи за да сме здрави, во темата мени за трудници имаше и чудни коментари како сум била на диети и сл, меѓутоа не ми е важно тоа, тоа беше мојот избор. Бело брашно, рафинирани шеќери, морска храна како школки, туна и сл не јадев, лакови за нокти, фарби за коса и други производи со многу хемикалии максимално избегнував. Да бидеш мајка е најубавата и најтешката работа на светот, од првиот ден го штитиш чедото со својата утроба и до последниот свој ден ќе му посакуваш само најдобро...