Не се сеќавам која феминка пишуваше во некоја тема кога почина баба ѝ дека била многу вознемирена и под стрес, па некои ѝ препорачаа да се напие дијазепам, дека не бил штетен. Тогаш немаше вакви осуди и коментари. А сега? Јас не пијам и не би се напила дијазепам колку и да не спијам. Несоница е една од индикациите на дијазепам.
Да не изигравам дрвен адвокат, ама коментарите се за континуирана употреба. Сеедно, темава е за алкохол и ве молам држете се до неа.
Кукла а од дека знаеш дека пие секојдневно, јас еднаш само прочитав дека се напила. Или два пати. Не беше ели, iloveyou мислам така беше. Да не ја тражам статијата на доктори, од некоја фармацевтка беше напишана дека несоницата е индикација. Како и да е.
Јас не реков дека пие. Не ни имам таква информација. А не е ни битно за мене. Реков, мислам коментарите тука се однесуваат на континуирана употреба, а не на инцидентно пиење.
Женски,душегрижнички,светици еве да ви појаснам бидејќи многу падобранки се јавија тука,прочитале дека пијам Дијазепам и готово веднаш со критики, Дијазепам од 2 мг пијам последниве 2 недели само,кога бев последно на контрола и се пожалив дека немам сила веќе,не можам да издржам што да правам во врска со несоницата која трае повеќе од 3-4 месеци. Значи не пијам секој ден туку 1-2 пати во неделата САМО навечер и го пијам како превенција од несоница и замор. Значи од доктор од Систина препишан лек. Што не ви е јасно тука?????? Што сте загрижени толку за мене и моите бебиња??Каде е грешката??? Ве молам наредно пред да ме цитирате или правите вицкасти или паметни да прочитате и пролистате наназад страници зошто,што и како пијам. И не ме цитирајте безпотребно за вие само да се докажете колку сте начитани,паметни и добри мајки-сегашни и идни.
Ti se cudam so se objasnuvas i pravdas?!Aj relaks i uzivaj si. Edit: Si citam i si se smeam kako nie so sme se borele po 10god za dete ,ne se grizime za nasite bebinja.Smeski u boja
Да не ги мислам тие што мене ме мислат и загрижени се,па да им објаснам убаво. Си уживам јас,ама другите што немаат работа па вреѓаат по теми и форуми,а не ми личи да се вреѓам и расправам по темиве.
Знаете... викате секоја мајка знае за себе и нејзиното тело. Што ни било гајле нам што она пие кригли или дијазепами или јаде храна од која може да добие салмонела. Имала право на избор нејзино тело. Епа не е така. Мене за мајката не ми е гајле. Ако сака бетон нека јаде и нафта нека пие. Ама за децата кои се оставени на милост и немилост а кои не можат да се одбранат од штетата која им ср нанесува, ми е. Ако на улица видам некоја како му дава дрога и алкохол на детето во најмала рака ќе и речам. А може и да сум поригорозна ако гледам дека тоа е често. Така и за ова. Не можеме да им помогнеме на децата чии мајки одлучиле преку плацентата да им штетат. Ама барем совет на мајката можеме. Не треба да молчиме.
Искрено, јас се согласувам со @danichap целосно, затоа што во право е жената. Дали некој пие или не е сепак право на избор и може да си пише тука, но погрешно е мислењето дека е во ред да се тврди дека една чашка со ручек (па уште и вино) било во ред. Но, не ги кривам ни жените кои упорно пишуваат дека е во ред кога доктор им рекол така. Јас би се преиспитала дали докторот ми е нормален или треба да го сменам. Доктор треба да те убедува дека алкохолот е штетен и вон бременост, а камоли во бременост. И уште повеќе сум против пиење на дијазепами во бременост или било какви други таблети за спиње. Има други методи за да си обезбедите сон навечер: јога, медитација, масажа, вентилатор ако ви е вруќо, ама дијазепам?!
Ти смејсе ако сакаш до утре сабајле Стеве Мила и охрабрувај девојки да пијат по некоја голтка и една чаша па уште и ракија. Јас како изгорена мајка и мајка што се бори над 10 години несмее да помисли ни на една голтка а камоли да го подржи тоа ама неме сваќаш ке сватиш има време. Јас со тоа пиење чак и што небеше многу незнаејки дека сум трудна му наштетив на моето дете баш во првите 8 недели бидејки тогаш се развива мозочето. Нема од што друго туку е од тоа пиво и цигари. И да ќе бидам СВЕТИЦА и мојата следна бременост ќе ја водам по шема за исхрана и за се. Дури и ќе се обратам кај стручно лице за да ми направи шема. И никој не рече дека не се грижите за вашите деца немој да си измислуваш зборови. Туку кажав дека после толку трнлив пат е срамота да се подржува алкохолот па макар и една голтка да е.
дечки, вчера ја начнав темата со алкохол за да избегаме од трагичните стории кои ја беа затемниле на Труднички. Ве разбирам, ова е форум, отворен за дебата, секој да си каже мислење. Ама ќе ве замолам да си продолжиме со мирно дебатирање без тагирање и реплицирање до 16 страна. Сериозно, ако сметате дека вашиот коментар ќе биде тотално непотребен за некоја нова трудница која ќе сака за дознае за овој "Фетален алкохолен синдром", не ни пишувајте. Раскажете искуство, искажете став, пуштете интересен линк што сте прочитале, ама ова со реплицирање нема веке смисла.
Се е до информираноста и свесноста кај родителот. Не станува збор за подготовка на јадење, па да се мислам дали да ставам црн пипер или не. Докажана е штетноста од конзумацијата на алкохол во бременоста и нема што да се дискутира. Некои паметни луѓе некаде во светот правеле истражување со години и воделе статистика. Една, две, три голтки во текот на здрава и цела бременост се во ред, но само толку. Зборувам за нискоалкохолни пијалоци како пиво и вино. Секогаш се водев по мото дека подобро е да се воздржам од нешто во бременост, отколку после да си ги сносам последиците и јас и детето цел живот.
Te tagnav negde ?NE.Kade toa jas podrzav rakija pienje.Abe aj te molam.Jas kazav moe mislenje i stojam na toa.8Mi mesec sum bremena posle 10 godisna borba.I nemas pravo ni ti ni bilo koja da mi kaze deka ne se grizam ili ne sum svesna za svoite postapki.Kazav i prethodno,vo 8 meseci se imam napieno dve,tri goltki pivo.Od strv.Nisto poveke nit bilo kakov drug alkohol.Cigari nikogas ne sum pusela.Se nemam nitu apce za glava napieno a sum umirala od glavobolka.Osven vitqminite i dadenata terapija drugo apce nemam konzumirano.Nit antibiotici ni nisto.Ne sedam vo prostorii kade so se pusi nit dozvoluvam doma da mi pusat.Toa uste od bremenost.Na rezim na ishrana sum 3godini.Ne jadam se so ke mi dojde na masa ko nekoi so se davat vo coca cola,pasteti,sendvici,blago itn nezdravo.Koga mi se jade sladoled mislam 5 pati dali da kasnam.Taka da koga komentirate malku razmislete na koj nacin komentirate.100 pqti pisav prethodno,sum protiv alkohil i cigari vo bremenost.No za dve tri goltki od strv nemozete da.kazete deka e nesovesna majka.Ne e ova licno za tebe tuku mislam opsto za site pogore dadeni komentari.I ke ve molam da prestanete da me citirate i replicirate.Od mene tolku.Koj me razbral ok koj ne neka debatira sam so sebe
Во цела бременост ни голтка алкохол, но поради ризична бременост и јаки грчеви приморана бев да се напијам дијазепами, два пати од 2 а два од 5.и тоа во болница ми ги дадоа да ги испијам. Уште имам грижа на совест.
А јас кутрата, што еве 28 год освен шампањот од свадба, немам голтка во уста ставено, во кој ШУТ ќе ме ставите? И не, не сум часна сестра, туку едноставно не ми прави задоволство и ми се гади од алкохол
Тоа значи дека не си општо љубител на алкохол, и општо не конзумираш, а не само во бременост. Исто како што јас цигара во уста не сум ставила никогаш, некои едвај се воздржуваат во бременост, или ги имаат намалено. Друга песна е тоа.
I mene mi se gadi i nikogas ne sum piela.Ama eve vo bremenosta,osobeno vo zestinive koga gledam nekoj deka pie pivo,taka ladno ispoteno so se vika, me faka strv i sum se napila dva tri pati goltka.A drugo e sekojdnevno pienje i toa cela flasa pa duri i poveke
Секако дека не можеме да препуштиме на случајност. Секако дека никоја мајка не би му наштетила на своето дете. Да, не оптавдувам цели чаши да се пијат алкохол и со изговор "Не му е ништо" Ноо, секоја мајка си знае најдобро за себе. И нас тоа не треба да не интересира. Кога еве ако алхохолот и дури една голтка е штетен во првотромесечие(и цела бременост)- пример јас претходните мој бремености немав помирисано алхохол и на крај сите 4 бремености ми завршија со спонтан. Значи, Господ. Еве оваа бременост фала му на Господ тераме одлично 20+недела и имам (ПРОБАНО) пиво. А љубител не сум на алкохол и пред па ни во бременост. Ајде рилекс има подобри теми за разговор