Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фетален алкохолен синдром- (ФАС)

Дискусија во 'Бременост' започната од <3 pleza4e <3, 5 август 2015.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.772
    Пол:
    Женски
    Значи не можам да ви се начудам, се браните за пивото како леб да ви е забрането да јадете а не пиво да пиете. Некоја лиги до колена и течеле, нешто ќе и биднело за голтка пиво, ма дајјјјј... Да голтка пиво денес може нема ништо да биде, ама утре ќе биде мала чаша, па ај ништо не е голема чаша, па кригла... Мада и таа голтка пиво е многу бре за толицко бебе. Ко прво читам дијазепам, а во истиот пост и пиво, знаете ли која е опасноста од мешање алкохол и антидепресиви? Башка дијазепам за спиење, мхм, од 8м бременост не ми се собраа по 18 саата неделно спиње, и тоа со одење на работа, едноставно после саат два се будев наспана, дрен и не ми се спиеше повеќе. Не знам што сакате да докажете со муабетиве, дека сме грешка? Ај може ние сме, ете не знаеме, а докториве? На членката што имала крварење да и кажам само едно, алкохолот ги проширува капиларите, ризикот од крварење е зголемен за 3ипол пати, ова сосема случајно или не ми го кажа доктор. Значи дајте, не попувакте бар дека е ок, муабетот мене ништо не ми беше може да охрабри друга мајка која ќе се напие и нејзе да и е се. За крај сосема случајно, познавам мајка која има дете родено со проблеми со мозокот, пиела секој ден по една чаша ракија на пред ручек, чаша вино по ручек или пиво. Не е многу, ама за неа е се на светот, нејзе детето и е билка, душата и гори, да е овде и да ви објасни да видите како и е нејзе што ја послушала баба и која и викала дека она лечела мачнини со ракија, ништо не е. Никој не ви брани, не ни можеме, ама дај не правете банални споредби и не наведувајте на погрешни заклучоци!
     
    На Kitten, *Amethyst*, MissDior и 8 други им се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ^ Се слoжувaм декa е пoтребнa апстиненција oд се штo е штетнo зa oргaнизмoт.
    Нo...декa некoј вo нaшaвa држaвa дoкaжaл декa прoблемoт кaј бебетo нaстaнaл тoкму пoрaди aлкoхoлoт, се сoмневaм.
    Мислaм декa кoгa мaјкaтa кaжaлa зa свoјaтa дневнa "рутинa", им oлеснилo нa докторите и им дaлa слaмкa зa спaс.
    Истo тaкa, тaa мaјкa веројатно oделa нa прегледи, пa и дoбивaлa сoвети штo смее, a штo не.
    Кaквo штo ни е здрaвствoтo, среќa штo пиелa, зoштo сегa имa кривец зa сoстoјбaтa нa дететo.
     
    На tulip-K, Gosh, Emy867 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.982
    Допаѓања:
    59.650
    Пол:
    Женски
    Мене ми викаа нема врска од алколхолот ова е грешка во биолошкиот развој,што направило грешка?
    Алкохол се разбира само толку се разбираат докторите.
     
  4. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Zal mi e za tvojata situacija,iako ne sum bas imformirana so e problemot.No ke kazam samo edno,Gospod neka cuva.Vo poslednive godini se ragaat mnogu decinja so problemi,i toa ne znaci deka e od toa so majkata se napila pivo ednas.Vo mojata okolina samo poznavam nekolku slucai.Decinjata se so problem,a majkata nit pusela nit piela.Nemozeme da tvrdime deka e od toa.Ili pak ke se obvinuvame sami sebe za da ni e taka polesno,deka eve znaeme od so doslo do toa
     
    На Melinda85, Emy867, mariz и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Locuma

    Locuma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    50
    Пол:
    Женски
    Во сите книги кои ги читам за бременост, алкохол и цигари строго се забранети. Ставање на ѕид на срам на некој што пие и пуши не одобрувам. Секој си е одговорен за своите постапки , но сепак убаво е да напоменеме за идните мајки како мене кои дошле на форумов да прочитаат совети и искуства, дека промовирање на алкохол во бременост како нешто нормално, не е добро и мамички покажете дека имате волја и дека сте способни да одолеете на алкохол и цигари овие 9 месеци.
     
    На fana и karibian им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Чашка алкохол во бременост е умереност? Голтка пиво или вино, испиени инцидентно е едно, ама жестоки пијачки?

    Па и покрај толку аргументирани мислења со студии и истражувања, повторно се објаснувате дека ништо нема да се случи?

    Цигари, алкохол, нездрава храна, зарем има потреба некој да ви посочи дека тоа е штетно за плодот? Не знам дали има потреба да се напомене дека и престој во просторија во која се пуши не е препорачливо за бремена жена?!

    Докторите советуваат бремените жени да не се изложуваат на стрес, преголем напор, огромни температурни разлики, дури и патувањето некогаш знае да биде ризично, а вие дискутирате за нешто што директно оди кај плодот преку папочната врпца?
     
    На *Amethyst*, danichap, alisijad и 2 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.795
    Допаѓања:
    325.239
    Пол:
    Женски
    јас не го разбирам феноменот Една Голтка.Тоа е као пивнуваш еднаш и остатокот го истураш или една голтка е еквивалент на една чашка?
     
    На Tan4ence, Cka, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    28.519
    Јас откако сЕ прочитав овде искрено се расплакав од страв и страшно сум испаничена. Колку само виновно се осеќам, колку сум неспокојна и уште повеќе ми се вртат во глава лоши мисли. Веќе пишав дека на почетокот од бремноста убаво се напив на два пати по можеби пола литро вино. Претходно вино пиев секој викенд, ама не трудна и не додека дојам. Овојпат немав врска дека сум трудна, едноставно знаев дека јас нема да можам да имам второ дете (така ми има кажено гинеколог) и ете ме сега бремена... Знам дека звучам како да се правдам, иако и самата си признавам дека страшно неодговорно сум се испонашала...Ова беше во првите 8 недели од бременоста, баш тој критичен период кога немав никаков знак дека сум бремена.
    Едвај чекам да мине викендот и закажувам преглед да поразговарам со гинеколог. Со голем немир ќе ја продолжам бременоста и никогаш нема да си простам ако со мојата неодговорност му наштетам на бебушот. Џабе што нити пушам, нити сум се напила капка алкохол, нити апче, воглавном внимавам на исхраната... џабе сега кога стартно сум направила несвесна грешка.
    Сон не ме фаќа од толку страв!
     
  9. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.763
    Пол:
    Женски
    Ne prifakam deka do tolku nekoj ne moze da se vozdrzi..dajte 3 godini blago nemav staveno vo usta, abe mi se jadese mi se placese, znaete sto pravev? Go mirisav blagoto ko nekoja budala i so toa se zadovoluvav. Ni edna troska ne probuvav. Zatoa sto znaev deka i taa edna troska me deli od dete, i taa edna troska vo bremenost mozese da mu nasteti.
    Cigari i alkohol vo zzivot nemam probano ama zatoa vo blago se davev. Sekoj moze da se vozdrzi od se koga se raboti za najmiloto.
     
    На cresa-jagoda, stevemila, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Еве банален пример, порачува мажот пиво или вино и жената инцидентно пивнува една голтка. Пивото има 2-4% алкохол, виното 12-14%, една голтка додека вечераат, и иако не е научно докажано, сметам дека не е големо зло. Ама ракија, узо, коњак, вотка итн...? Зборуваме за 40% алкохол, а тоа за плод кој се мери во грами е премногу.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  11. stevemila

    stevemila Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    5.633
    Допаѓања:
    41.538
    Пол:
    Женски
    Ke kazam za sebe
    od ime na drugi clenki nema da zboram zasto neznam kako e.Nikogas vo zivot nemam poracano alkohol,imam 30god.Pisa nekoj pogore kao poracuvas pa isturas.Ha ha.Ko so i kaza,sedime u drustvo i maz mi si pie pivo.Sum zemala od nego edna goltka i toa od siseto deka merak ladno e.I toa e toa.Neznam zosto tolku fama se krena.Ko so kqza zestok pijalok protiv sum i cigari.Nit toa konzumiram nit toa.Pisav 10posta pogore,za mene licno.Ko so kaza alisijad pogore,nit blago nit beli peciva ili testenini imav staveno u usta 3god radi problem so insulin,pa ne umrev.Nit sum zavisnik od alkohol nit nekogas sum konzumirala.Treba da nemas gram mozok za da pies zestoki pijaloci vo bremenost.Jas sum svesna za tie dve tri goltki pivo so sum gi ispila vo sive ovie 8meseci od bremenosta
     
    Последна измена: 27 август 2017
    На Rebecca_R, Melinda85, Momichka и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.846
    Допаѓања:
    13.457
    Еве јас ќе кажам. Ни пиев алкохол, ниту голтка , ни пушев, па претходната бременоста ја прекинав поради аномалија. Толку пазев, ама така требало да биде. Грешка во спојувањето на хромозомите. Никој од докторите не ме праша дали сум пушела цигари или пиела алкохол.
     
    На Melinda85, stevemila, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.298
    Допаѓања:
    102.772
    Пол:
    Женски
    Во Австрија, правени се испитувања, и потврдено е, н знам како, што и колку, не ми е пријатно да ја распрашувам, детето и така не изгледа добро уште јас да ја прашувам и фали. Довлно и е што сама живее со тоа.
     
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.319
    Допаѓања:
    112.841
    Пол:
    Женски
    Немa местo зa пaникa aкo бебетo дoсегa е дoбрo. Акo имaлo некoјa aнoмaлијa или нештo сличнo ќе се виделo нa преглед. Кoјa неделa си кaкo нaпредувa бебе дo сегa?
     
    На snegulkata, stevemila и Momichka им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    76.317
    Пол:
    Женски
    Минатата бременост не знаев дека сум бремена, бев на одмор 10 дена и 10 дена пиев пиво, а некогаш и жестоко навечер. Покрај тоа се печев секој ден на сонце, пливав и скокав, се возев на скутери, бев во Аква парк со 300 лудории, немам редовна менструација и не знаев дека сум бремена се до 7,8ма нед. Башка пиев дури само фолна, други додатни витамини не.. не ми препорача гинекологот, а јас не знаев и дека постојат. Детето ми е здраво и право родено, со оцена 9/10. Не оправдувам со ова да се пие толку, одма кога ми кажаа дека сум бремена и се исплашив... но докторката рече тек ке се разивива и да не се плашам. И после тоа знаев да му украдам на мм две голтки пиво еднаш во месец... ете незнам зашто баш во бременост се толку слатки тие две голтки :)
     
    На pile30, Momichka, snegulkata и 6 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.154
    @mariz знам дека имаш касна овулација и мислам дека тестот го направи околу недела одкако се врати од одмор.
    Мерките на бебето беа 7-8 недела, или само според менструација беше 7-8 ама бебето си одговараше за помала недела на првиот преглед?
    Знам за каснава овулација па сакав да те прашам на колку одговараше првиот преглед.
    На крај краишта се знае нема правила а секако најважно е дека малиот е супер.
     
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    76.317
    Пол:
    Женски
    Се бркавме и тогаш со неделите, 6 недели беше плодот, а бев 7+ според менструација.
     
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.349
    Допаѓања:
    286.154
    А тестот го направи недела после одмор.
    Значи на одмор си била 4-5 недела. Ако веднаш после тестот си била на гинеколог секако. Ако си почекала значи си била 3-4 недела кога си конзумирала.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    76.317
    Пол:
    Женски
    Па така 4,5 нед сум била кога сум пиела, тест одма ден после одмор направив, а на гинеколог бев за 3,4 дена. Имаше кесичка, плодче кое убаво се гледа 6+ кое одговара но сеуште немаше срцева реакција. Срце 8+ бев да слушнеме.
     
    На stevemila, Bebulleee и danichap им се допаѓа ова.
  20. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Не поддржувам алкохол и пушење за време на бременост и доење, но за првото дете немав појма дека сум бремена, и баш беа новогодишни празници и пиев попричично бааги вино.
    Фала му на Бога ништо не му е, но кога би знаела не би никогаш.
     
    На stevemila и forumce им се допаѓа ова.