Сите фанатици на модата (а и останатите) сигурно сте слушнале за модниот канал Фешн ТВ.Би сакала да знам дали го следите на телевизија или преку официјалната страна на интернет? Колку сте запознаени со новостите,модните недели,моделите,дизајнерите и нивните креации?Дали ви се допаѓа каналот?
Да така за релаксација особено ако има некој убави модни парчиња.Еден од поомилените Тв канали ама сега на кабелскава не ми е пронајден.Од поинтересните делови ги издвојвам кога даваат информации за омилените манекенки.
Ми се допаѓа каналот и секој ден издворувам барем еден час за да погледам малку.Ама многу се нервирам додека го најдам бидејќи на 49-ка ми е ... И дур го најдам ќе
Повеќето од парчињата што го рекламират таму не ми се допаѓа без веза се.Ретко кога ќе најдам нешто што ми се допаѓа.САмо кога ми е ептен досадно ги гледам
Порано бев опседната. Не се тргав од телевизор, зимав инспирации и почнував да цртам. Си имав и тефтерче каде си запишував што е актуелно по мене според тоа што најмногу е презентирано. Повеќе го сакам WFC во секој случај. Иако во последно време преку друга интернет страна пратам што е актуелно. Таму имам се на готово, не се замарам да истражувам.
Го гледам на телевизија,и тоа го гледам само кога ќе ми е досадно,и нема што да правам.Па така седам на телевизор обесена пред каналов. А како помала кога бев во филм дека кога ќе пораснам сакам да бидам манекенка,ко гледав секој ден.24\7 кај мене дома се гледаше Фешн ТВ
па понекогаш ја гледам програмава,интересна ми е кога даваат информации за омилените манекенки, а и понекогаш забележувам добри модни парчиња
Па, онака. Понекогаш се случува да вклучам Фешн Тв, и има некои доста интересни нешта да се видат, ревии, модели, дизајнери и сл.Но, кога имам вишок време, за да утепам досада. Инаку, исто како што споменаа и некои Феминки претходно во темава, и јас кога бев помала цел ден висев пред тв гледајќи ги модните писти.
Мразам манакенки дефинитивно затоа што се ко костури слаби и високи 2 метра ама зато па сакам многу мода и многу често гледам модни ревии имам и неколку парчиња облека кои се марка.штедам и купвам..ааа омилени дизајнери ми се ели сааб и оскар де ла рента
Па на Е! ако има нешто досадно, одма вртам на Фешн ТВ. Интересно ми е, бидејќи и јас еден ден сакам да работам во модниот свет...