1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фејк козметика - совети и искуства за полесно препознавање

Дискусија во 'Лице' започната од LadyInTheDark, 2 август 2017.

  1. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Неодамна на пазарот се појавија имиња на светски познати брендови на козметика, со многу поразлични цени од оние на официјалните сајтови на козметичките брендови.

    Темата е отворена со цел да развиеме дискусии околу тоа дали и колку е релевантен квалитетот на оваа козметика која ја набавуваат низ одредени парфимерии и најважното од сè - дали оваа козметика е оригинал или не.
    Покрај споделувањето на лични искуства, можеме да поставуваме и видеа за како полесно да ги разликуваме оригиналите од овие „фејк“ производи, за да не дојдеме до ситуација да бидеме измамени и да користиме козметика со сомнително потекло, без гаранција за нејзината декларација.

    Имено, сенките на Huda beauty,Mac,Naked,revolution..и други познати фирми беа многу со намалена цена (и тоа редовна) во парфимерија во Прилеп. A гледав низ Скопје палета е 750ден од нив истите а во Прилеп (поточно во парфимерија "Дива") истите од 250-350ден се движеа цените на палетите. А да башка и контури во стик што е по 200ден, ваму е 80-150ден. И течен кармин мат од Kylie заедно со се молив за усни во паковање за 150ден.



    *Воведот е дополнет од страна на модератор.
     
    Последна измена од модератор: 3 август 2017
    На Arthur и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Се тоа е фејк и со старата цена, подобро нарачајте од ebay или aliexpress, барем нема да заработува друг на такви кинески копии.
     
    На Victorian, Arthur, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  3. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Не не се фејк се познава дека е квалитетна шминката и солидна парфимерија е само за повеќе профит си намалуваат цена. ;) Финта за да има гужва потчно ред неможе да се фати.
     
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Палетите на Mac i Naked на UD сe над 40$. Не верувам дека воопшто имаат производ под 5$. Така што нема шанси.
     
    На Alisa22, Victorian, theowndemon и 11 други им се допаѓа ова.
  5. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Можно е и фимериите да ги набавуваат од Ebay палетите квалитетни но по набавна цена си ги земаат за да бидат повеќе во ќјар и ги препродаваат. Само финтата е што со таа цел да се повеќе во ќар негде дупло маржа им ставаат бидејќи стварно вредат, и повеќето така прават негде па можеш и за средна цена да ги најдеш пд 450ден истите.А негде пак намерно даваат пониска цена за повеќе профит секако дека и јас да сум ќе намалам секој сака повеќе да си е во ќар.А и делот каде што стои Huda beauty козметиката сјаеше :inlove: и тие четките за контуирање лице се познаваше дека се квалитетни.
    https://www.facebook.com/Parfimerija-Diva-1523042768024619/?fref=ts оваа е таа парфимерија може да погледнете.Но..и да,се познава фејк шминка баш ќе пробаме ке земам една палета па ќе ви пишам а вака не изгледаат за фејк искрено :nod:

    Е сега никој неможе да ми каже дека се фејк еве најдов споредба на youtube :) Палетат беше токму истаа како таа реалната од видеово и во паковањето помалечка а не гломазна паковката како фејкот и сенките исто така јаки беа боите и ги имаше тие светкавите истите,а доколку во фејкот ги нема светкавите и се побледи боите..
     
    Последна измена од модератор: 3 август 2017
    На martovsko cveke и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    https://www.cultbeauty.co.uk/huda-beauty-textured-shadows-palette-rose-gold-edition.html
    Те молам погледни ја цената на оригиналната Huda beauty палета.
    Сигурно парфимерија Дива, палета од 3000 и нешто денари ја продава за 250 денари, за да има ќар, за повеќе гужва |(.

    Подобро земи си некоја од Голден Роуз, Есенс одколку вакви кинески копии.
     
    На CameliaMiller, Alisa22, soffce и 16 други им се допаѓа ова.
  7. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Не мислев на тоа хаха ако ја подава поевтино повеќе гужва а не се само сенките..има така да нормално дека е повеќе во ќар од оној кој ја продава истата за поскапо. и не е 250 денари..Не памтам точно измеќу 350/450 беше..башка и не е толку скапа палетата колку што викаш 3000ден.прилично до 800ден е најмногу што може.И да ти реков се познава реалната а фејкот се бледи ти ставаш исто како ништо да не си ставил затоа имаш и тестер да провериш де!
     
  8. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    @LadyInTheDark
    Ќе се обидам и јас да ти објаснам. Палетите од брендовите кои ги спомена се од 40-50$ (2500-3000 денари) па нагоре.
    Палетите кои се продаваат на е-bay не се оргинал, а и самата цена го потврдува тоа. Нема никаква шанса палета која чини 50$ во Америка, некоја наша парфимериичка да ја продава за цена од 5$ и притоа да заработи. Многу добра душа имаат, па во Дива ни ја даваат оргинал палетата за 10% од реалната цена, за да имаат гужва. Абе срцки.
    Слободно купувај си ти кинески копии и радувај си се за добриот дил што си го направила. И да, надевај се дека Худа бјути се 700 денари. Размисли малку чим толку феминки ти укажуваат на нешто...

    А еве ти неколку официјални сајтови, па разгледај си ги цените, ако не ни веруваш:
    http://www.shophudabeauty.com/?v=fbd1e7ba9564
    https://www.urbandecay.com/naked-3-palette-by-urban-decay/409.html
    https://www.kyliecosmetics.com
     
    На Alisa22, havai 123, soffce и 16 други им се допаѓа ова.
  9. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Па јас за таа палета ни 350, ни 450 не би дала затоа што на И-беј и Али експрес не кошта ниту толку.
    Палетата е 3000 и нешто денари, затоа и ти оставив линк за да го отвориш и да се увериш.

    Оригиналните палети на овие брендови ги нема кај нас.
     
    На cresa-jagoda, Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  10. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Извини ама ова е Македонија!Досега во ниедна парфимерија не сум сретнала ни во Скопје да се толку.Кој ке ти ги купи ако с етолку?Нормално дека сите пак ќе земат од тие од 800 или 450ден.И не беше моја идеа за од Ebay ги набавуваат туку бидејки членката над мене спомна и така дојде до муабет да спомнам дека ми падна сомнеж во тоа а и ништо чудно да ги набавуваат од тука!

    Може да ги има и кај нас брендовите зошто да не,но овде е толку просперитетот па мора толку да ги даваат.Остај ти америка незнаат колку пари имаат луѓето овде 12000 плата е за што попрво дали за сметки попрво или за сенки 3000ден (facepalm) А да и ти видиго видеото кое го постирав која е разликата помеѓу фејк и реалните а баш беше паковањето и боите како на реалната палета а фејкот се познава и поголемое паковањето и маржата позади ја нема и што е најбитно сенките на фејкот се БЛЕДИИ ставаш всушност ништо не си ставила.Барем јас ја познавам квалитетна шминка само да ја пробам.. Тестери затоа има.А сум пробала и неквалитетни сенки(то ес не сум ги земала лично јас) веднаш ги фрлив неможе бе човек да ги нанесе бледи се.Значи се познава добра шминка.
     
    Последна измена од модератор: 2 август 2017
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Боже, девојко каде живееш! Ќе ги купат по цена од 50$ тие што сакаат да си купат оргинал, а тие што сакаат кинески г*мна на кои стои име Huda, ќе си купуваат копии.
    Џабе се објаснуваме. Со здравје да си ги користиш оргиналите од Дива.
     
    На Alisa22, soffce, Artemission и 19 други им се допаѓа ова.
  12. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Да, да и се сожалија врз нас, па ни ги даваат за 250 денари зошто платите ни се 12.000. Оф беее :headbang:

    Оригиналите кај нас ги НЕ-МА.
     
    На Alisa22, Triksy27, soffce и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Цената на таа палета која си сигурна дека не е фејк и дека е максимум до 800 денари е всушност 65 долари.
    http://www.sephora.com/eyeshadow-palette-rose-gold-edition-P413706
    Немам ништо против ако ти си купила ваква палета па дури и квалитетот да ти е погоден ама не не уверувај дека ова не е фејк и дека овие скапи и издржани фирми за шминка кои се продаваат за секунда по официјалните страни и луѓе се тепаат за нив ќе ги најдеме во Македонија во парфимерија за 800 денари. Соочи се со вистината и не се расправај со сите тука кои убаво ти кажуваме за твое добро(вакви копии можат да содржат супстанции и состојки кои се штетни). :)
     
    На theowndemon, teressa, kim.k и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Па и јас зборувам за истите кои ги имаме кај нас во мкд какви такви тие се,битно добри се .. ондак и вие земате фејкови штом ги нема оригиналните де кај нас и јас зборувам за истите до 750ден што ги даваат а негде 450 истите не е некоја разлика. (facepalm) Поарно бидиси реална а не да го вртиш муабетот како да јас ги споредив со тие од 3000ден. Цело време зборувам за тие кои ги има по нашите парфимерии и сегде најмногу до 800ден сум ги сретнала повеќе не..
    Згора на се па оди де? Пробај ги има тестери ако не веруваш,ти велам дека лично ги видов сенките,ма да на ем незнаеш не си ги видела(зборувам за овие кои ги зирнав во парфимеријата) ем "мелиш" нешто што не е за мелење.

    АМа чекај јас само кажувам за овдешните да с еразбереме јас не ни спомнав странство туку вие самите си отварате теми за карање.И што дека?пак ќе купите од овдешните.Оти нема што да се прави тие ги имаме нели?
     
    Последна измена од модератор: 2 август 2017
  15. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Јас се водам според тоа што го пиша во овој пост, ниту се карам ниту планирам да се објаснувам, за твое добро збориме сите тука. Прво да не веруваш дека се тоа оригинали од производите а второ да не купуваш бидејќи како што веќе реков може да содржат штетни состојки. Подобро е да купиш нешто проверено и оригинал и да знаеш дека нема да ти направи лоша реакција отколку копии. Тоа е моето мислење и она што имав да го кажам ти си одлучуваш каде ќе си ги потрошиш парите.
     
    На YoungandBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Јас немам ни купено досега од оваа козметика претежно голден роуз земам.Но зборот мие каква е таква е таа ја имаме тука и е една од најскапата козметика е кај нас худа бјути како за кај нас не се малце 800ден.Башка на повеќе места можеш да ја најдеш по различна цена,негде и за 1100ден,негде 900,негде750,а негде 450ден(а можеш барем барем овдешниве да ги споредиш дали се истите тие од 450 со тие од 800 бидејки фејкот се познава)а за ептен тие кои што не чинат се познава ете и по видеото и по паковањето и по боите исто е тие може да имаат штетни состојки (доколку се онакви како на видеото кое го постирав)нормално дека и не би зела доколку се ткави а и ѓабе фрлање на пари се тоа прво не се става се на лице,второ за ништо не чинат се бледи исто како играчка да си купила,веднаш се познаваат и по таа лентата на паковката се познава на фејкот не е квалитетна и не свети така како на квалитетните башка и маржата позади ја нема.На поквалитетните им се појаки боите и долготѕрајни и со самото нанесување се познава квалитетна шминка а и марката исто си го кажува своето.Самата фирма си вреди а за тоа дека странство се уште поскапи тоа и незнам но овдека кај нас квалитетните велат се до 750ден.И сите изнакупија.
     
  17. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Не знам кои зборови да ги употребам и како да ти кажам за да те уверам дека е фејк. Самата палета вреди 65 долари и толку и е цената сегде во светот каде што има официјални продавници кои ја продаваат. Оваа фејк козметика што велиш дека е најскапа кај нас во грешка си, прво нешто што ми текнува се палетите на Make up revolution кои се и над 1000 денари, ги има во ГР и Make up revolution и има дадено дозвола на ГР да ги препродава овие палети секако по нивната оригинална цена бидејќи се оригинали.
    Се убаво викаш тоа болдираното само не знам зашто ако го знаеш тоа не го употребуваш знаењето и ја купуваш оваа фејк козметика и ја ставаш на лице.
    Мислам дека нема веќе смисла ни јас ни други членки да пробуваме да ти објасниме дека ова е фејк ти си уверена дека е оригинал и тоа е тоа. Завршува дискусијата и нема потреба од полнење на темата со вакви работи, ти беше кажано и објаснато не знам колку пати, нејкеш да прифатиш.
     
    На soffce и teressa им се допаѓа ова.
  18. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Јас ќе пробам вака: И таа Худа бјути од 1100 и таа од 950 и таа од 750, 450, 250 денари ти се потполно истото кинеско ѓубре. Од нив нема помалце квалитетни и повеќе квалитетни.

    Квалитетна е само таа од 65 долари. Вака ок е?
     
    На soffce, theowndemon, kim.k и 11 други им се допаѓа ова.
  19. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    А и ајде де предложете ми баш во мкд каде да најдам квалитетна палета од која фирма се убави и да видам баш која ке им е цената.АМа да не речете пак huda beauty земи таа од 1000ка или Mac,revolution..Бидејќи сегде се истите кај нас тие ги имаме :rofl: Бидејки и голден роуз се можеби поевтини некаде 750ден палета (пример само наведов за голден роуз искрено и не им ја знам цената целосна палета немам земено само парче и предобри се(y) ):D
    Само немојте да се вака боите бидејки тогаш и баба ми ќе знае дека се фејк најјзабатеалените иако во мкд ја немаме можеби скроз реалната ама барем доолку немој!Оти од авион се гледа :rofl: Е ваква да сретнам комотно можам да кажам дека има можеби лоши состојки во неа.[​IMG]
    За да знам барем дека имаат барем малку квалитет да изгледаат вака сакам како вторава:
    [​IMG]еве споредба како изгледа фејк со квалитетната палета.И пак ке напоменам дека з аовдешниве зборувам а не за уште поквалитетна како што велите од странство.Бидејки истава како втората ја имам среќавано во многу парфимерии и сегде со различна цена е а таа првтата е сосем различна.Се познава и не би ја купила ја немам ни сретнато досега таа.
     
  20. hristina7

    hristina7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    @LadyInTheDark Јас имав иста палета фејк и оригинал..верувај веза немат, колку и да е фејкот приближно ист како оригиналот пигментирањето не им е исто, трајноста на шминката е далеку полоша на фејкот, значи да не се лажеме, брендираните фирми не ги интересира стандардот во мк, нивниот производ сегде си има скоро иста цена, и подобро да имаш една оригинал палета одколку 10 копии на кои можно е да има штетни супстанци, не мора од овие реномираните има добри палети и од пример гр, makeup revolution , вистина ги нема кај нас оригиналите но затоа постои online shopping од страни кои продаваат оригинална козметика, и незнам како реномирани продавници за козметика си дозволуваат да продаваат фејк која е непроверена козметика и постои ризик од несакано дејство.. македонски менталитет
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.