Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фејк козметика - совети и искуства за полесно препознавање

Дискусија во 'Лице' започната од LadyInTheDark, 2 август 2017.

  1. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Е ако дотолку се па ѓубриња алал нека им е. Треба бе да си има закон како може така некој нема можности да си дозволи од странство. Јас засега немам земено палета но планирам да земам некоја. А и од голден роуз има фејк кај нас баш приметив кога ги споредив две единечни баш ке ти сликнам да видиш и паковањето им се разликува едното е посјајно а другото како мат и ако приметуваш буквата R која означува оригинал на сивата сенка го нема
    [​IMG]
    [​IMG]
    Позади не се исти
    [​IMG]
    А нијансите многу ми се допаѓаат. И чисто да ти кажам таа сомнителната сивата што мислам дека е фејк просто многу сум задоволна од неа за чудо баш сакав и рецензија да пишувам за неа бидејќи се убаво се нанесува трајна е, и иста цена беа како едната така другата. Е сега незнам дали едната е кинеска(би требало да пишуваше на кинески позади незмам..) или пак самата фирма си произведува едни со повисок квалитет и со понизок квалитет а да имаат штетни состојки не сумлјам бидејќи сепак се на голден роуз не ми се верува нешто да штетат и досега ни со кинески сум немала лошо искуство да дојде до нешто недај боже туку, едноставно не сум била задоволна не се нанесуваа и ги фрлив а имав многу пати ставано и се откажав од нив бидејќи не биваше, а знам дека беа кинески а незнам која фирма беа бидејќи избледеа буквите на паковката ама не беа некоја позната туку сосем некоја си обична... Како што гледаш на сите фирми има фејк производи и на голден роуз што ја спонма ете ти чист пример со мои лични сенки ги земав пред една недела баш.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.676
    Пол:
    Женски
    @LadyInTheDark цените на оригинални квалитетни палети секаде во светот се исти, независно од стандардот на земјата во која се продаваат. А кај нас нема оригинали од тие што ги наброја, за жал.
    Туку, овие од Голден Роуз се две различни пакувања на различни сенки, ако не сум грешка, не е дека едната е оригинал, другата фејк. Башка не знам колку се исплати да прават фејк производи на Голден Роуз кога тие не се нешто скапи дури ни во нивните продавници.
     
    На Karm3en, Chanell*, theowndemon и 14 други им се допаѓа ова.
  3. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Е незнам јас тоа... Ама знакот R за оригинал треба да стои ако е оригинал башка и паковањето лесно се оштети изгребано е а на другата дури паковањето е без ниедна гребнатинка. Епа и тоа ти викам незначи дека доколку некој производ не е којзнае колку скап и дека не чини и сега јас сенката на голден роуз да не треба да ја фрлам? Ајде бее да ме беси човек не би ја фрлила, туку напротив просто многу и се израдував што ми се допадна и нема шанси да е штетна. Ма да повеќе би сумлљала и на некои прескапи сенки којзнае колку јаки хемикалии има во нив бидејќи се што е вештачко штети, не се по природна база правени. Имам гледано на јитуб јитуберките за ич пари сами дома си прават руменила свашта од неупотребена козметика во прав колку бојаѕа да се добие и вазелин и кокосово масли...Што значи од тоа се прави козметика а згора на сето тоа за да биле вакви онакви поскапи којзнае што уште не додаваат. А можеби кога би имало можност да видиме со свои очи како ги прават никогаш не би купиле повторно некој производ. А доколку се некои фејк кинески ќе пишува на нив на кинески само насловот би бил да речеме "голден роуз"а позади на паковањето нема на аглиски туку на кинески ќе пишува.. Ваљда мислам дека би требало да е така бидејќи денес секој свашта си присвојува и си се фали на туѓо дело.. Можно е и самите фирми да си произведуваат дупликати од исти за по набавна цена а сепак да се фирма да знаеш дека пак убаво земаш. Па затоа и кај на се повеќе ценети некои фирми и не се евтини, можеби не се 4000 но се до 1000ден(но од тие пообичните како што велите и самите вие кај нас ги немало реалните). За разлика од пообичните марки со пообични цени и онакви кинески како што постирав претерано се разликуваат и во квалитетот на бојата на сенките ама тие барем се познаваат дека скроз не чинат, така да нема ни да се трошат. Еве јас да сретнам таква палета нема да ја купам... А инаку и јас користам некои фирми што не се многу скапи а се добри како ингрид, аура, голден роуз, малена има добри мат сјаеви... Нешто што е убаво оти па да не? Но треба и да знае човек што купува не е секогаш и до цената. Како на пр. Пудрата авон од лукс најскапа е 1000ден а многу мина се пожалиле дека им се исфрлало лицето и им се вцрвенило. А додека пак тајм од 500ден досега ми е незаменлива ја имам пробано и повеќе кои ја пробале ја имаат пофалено. Бидејќи јас многу трошам козметика па неможам редовно од неа да земам така да слична на неа ми е минералната од ингрид доста покривна и лесна за секој тип на кожа е. Мене ми е сува и приметувам дека не ми ја досушува. А не е скапа 200ден.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не постои голден роуз фејк. Порано логото им беше такво, а сега им е сменето.
     
    На Fatalnata, theowndemon, kim.k и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Не се фејк кинески но можеби самата фирма направила дупликат од истите кои се помизерни во составот едноставно со "штедење" и ради тоа не ставиле знак дека се оригинал R.. На тоа помислив
     
  6. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Macito007, buba4e89, soffce и 19 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Ова ти се вика инает. Не бре луѓе, сите вие не знаете, само таа знае.
    Оригинал кајли се купува од https://www.kyliecosmetics.com/ и само од таму, ако сакаш да си сигурен дека е оригинал.
    MAC имаш во city mall, иди види колку им се цените.
    Во Грција имаш Sephora, можеш да ѕирнеш колку се Huda Beauty и Urban Decay.
    Makeup revolution се парфимериски, поевтин бренд, никој не прави копии на drugstore брендови.
     
    На soffce, theowndemon, teressa и 6 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.784
    Допаѓања:
    325.096
    Пол:
    Женски
    а то ГР за каква јака фирма ја сметаш жити се?Па тоа не е органска козметика па да очекуваш препарати на природна база да ставаат.Нормално дека и во нив има штетни состојки.Самата нивна поника цена доволно говори за тоа што користат во состав.

    и дај престани да се инатиш со палетите.Помири се со тоа оригинал е едно,фејк е друго и цената нема шанси да им е иста ни под разно.Исто како Пандора што продаваат за 1500 ден на фб а оригиналот е да речеме 300 евра по официјалните дуќани .Па ти пак тупи го дека првава Пандора е таква ради Македонија и стандардот наш ама сепак е оригинал |(
     
    На theowndemon, teressa, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    81.303
    Пол:
    Женски
    Охоо, Кинезите се убија од правење фејкови и за Макс Фактор.
    Имаше едни пудри за лице Баолиши едната, другата немам поим како, но и двете беа копии на МФ Ластинг Перформанс. Тотално истата амбалажа и истиот дизајн, само со друго име.
    Ама дека некој ќе прави фејкови на ГР не е ни за муабетење. :lol:
    Не им се исплати.

    Ова за палетите и продуктите на The Balm, KJ, Anastasia, па дури и МАС е веќе друго. Тие се ептен ископирани, ама се приметува по квалитетот на самите сенки и нормално - по цените.
    Кај нас нема официјален дистрибутер на The Balm и KJ. Аналогно на тоа, сите шминки кои се продаваат се фејк.
     
    На Beauty.Mar, theowndemon, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Не, нема дупликати на гр.
    А за фејк ти кажаа членките. Со твои пари ќе купиш што сакаш и тоа е тоа.
     
  11. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Не дека очекувам по природнабаза псобено козметика, не ме сваќаш, туку сакам да кажам се е по вештачка база а се што е вештачко е штетно. И скапо да е кокзнае колку јаки хемикалии има.... Ако е за тоа нормалмо дека на нет по сајтовите скапо особено странство си ја креваат цената и овдека прават исто така. Сегде се врти истиот производ но сегде со различна цена а на нет над 1000ден ќе го пишат истиот. Башка и во странство ако не се продаде до две недели веднаш им паѓа цената и пред контењер можеш да ја најдеш фрлена исто и ајфон (знам барем за тоа од искуство кога бевме во странство) не им е ним дојдено до една палета всушност и ношто не е тоа за нив.

    Да не не етака? оди ќе видиш со свои очи. Дека пред контењер има ајфони, и многу вредни работи нафрлано а за козметика да не зборувам... Порано живеевме во странство но сега немам можност да отидам пак бидејќи сите сме вратени. И многу имам и облека преносено од таму ама баш на се им паѓа цената на едно евро дури а квалитет имаат предобар. Секоја недела се пониска и пониска е цената додека не с епродаде произвпдот за д ане застарува. А да не мислиш од таа палетата ќе ти процветаат очите случајно? Море гчедај д ане ослепиш колку поскапо толку и поштетно може да биде. Ние сме виделе како ги прават? Ме треба се да се зема сдраво за готово... Само колку креми се правени тестери од накскапа средна и најевтина и која победи знаеш?и да не ти се верува најевтината (не ебитно од каде ми е ова но така беше). Крај краева и се знае од што често се прави козметиката, ноо нее таа има злато порисано и вистински дијаманти во неа што е 100евра за пет бои внатре (facepalm) ни сама не си свесна што може да има во неа :!:
     
    Последна измена од модератор: 3 август 2017
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    @LadyInTheDark Биодевојка пишуваше дека одредени светски фирми имаат штетни формули во нивниот производи надвор од декоративната козметика. Белата козметика најчесто се светски фирми чии производи се достапни за сечиј џеб. Се што нанесуваме е штетно, бидејќи има силикони и др.штетни состојки.
    Меѓутоа не значи дека ако е светско и скапо е квалитетно а ни дека ефтиното е квалитетно.
    Ова ти го кажувам бидејќи имав фејк палета и пигментираноста беше нула, на прст вауу ефект ама кога ќе нанесеш ништо.
    Голден Роуз порано ги имаше само по парфимериите, немаа свој дуќан.
    Второ парфимеријата ги набавува своите фејк палети од магацините на бит пазар.
    И не знам што е поентата на темава, препукувања и убедувања некој во нешто или споделување искуства со фејк производи?!
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    Дааа токму тоа сакав да кажам. Се е штетно... Колку сака нека вреди. И сребро некои содржеле некоја скапа козметика што се добивало рак на кожа.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    81.303
    Пол:
    Женски
    Девојки, темата е отворена со цел да размениме искуства во врска со овие „продавачи“ низ парфимерии и по фб-страници.
    Да помогнеме некому во изборот да не погреши и да купи нешто вакво со сомнително потекло, а и да споделуваме некои квалитетни информации (кои најчесто можеме да ги најдеме низ разни туторијали и видеа) за како најуспешно да ја препознаеме за да ја избегнеме фејк декоративата која на големо кружи по социјалните мрежи и низ локални парфимерии. :)
    Не се исти двете теми - оваа и другата во која споделуваме дупликаѕи. Во темата за дупликати не збориме за фејк продукти туку за замена на одредени производи со сличен/ист таков.
    Пример - Ревлон Колосрстеј пудрата се смета дека е драгстор замена на Есте Лаудер дабл уеар.
    Тука во оваа збориме за тотални копии на хај-енд продукти.

    Ќе ве замолам само без навреди и без препукувања - секој ќе одбере и ќе купи што сака со своите пари, тоа не е тема на разговор. :)
    Продолжете да дискутирате смирено.
     
    Последна измена: 3 август 2017
    На Nausicaa и koritsaki им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.588
    Допаѓања:
    106.433
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тоа дека ако е скапо не мора да значи дека е квалитетно. И за евтини работи ќе ја земам за пример козметиката на Алверде , може е евтина ама по-здрава да кажам за разлика од некои креми на Есте и Клиник што се над 2000 денари.

    Да не забегувам од темата , официјални производи на MAC , Too faced итн.. може да се најдат само во продавниците на Mac , Sephora итн , се другово што се продава по фб или алиекспрес , се е кинеско. Ако влезете на официјалната страна на MAC можете на одреден линк да пријавите копии од нивната козметика.
    Исто така и тие што продаваат 2 маскари Макс Фактор или Лореал на акција 300 денари на фб е чиста копија. И амбалажите им се чудни , се гледа дека се копии. Најсигурно е да се купува од парфимерија.

    Секако на ваша одговорност е тоа ако земате фејк производ што мора да пишува MAC или Huda или Кајли , составот е непроверен , може да содржат супстанци што се 100 пати над недозволеното , не викам дека во оригиналите нема штетни состојки ама барем се дерматолошки проверени.
    И од останатите фирми како Аура , Есенс , Лореал може да се најдат фини пудри , кармини , моливи не мора да е се скапо за да бидеме убави :)

    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Beauty.Mar, theowndemon, MayDiamonds и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    81.303
    Пол:
    Женски
    Лани или преклани, веќе не се ни сеќавам, многу сакав да ја земам Nude Tude палетата од The Balm.
    Наидов на некоја козметичарка од Охрид ми се чини, која наводно ги „нарачувала“ од Америка и ги продаваше по околу 800-900 денари.
    Решена бев да земам, ама искрено не ни имав поим колку чини палетава, немав истражувано претходно. Се разубедив дека нема шанси да не е фејк, особено после изгледаните видеа во кои ги кажуваат разликите помеѓу копиите и оригиналите.
    Вистинската цена на палетата е 36$, па видете дали некому му се исплати да ги шитка по таа ниска цена, а да ги купува по речиси 2000 денари. Нема никаков ќар тука. :)
    И тоа, сега е доста намалена затоа што е постара и The Balm извадија многу нови палети. Порано беше и поскапа мислам.

    Ова е фино видео. Апла се познава кој е фејкот.
     
    На Kimora и koritsaki им се допаѓа ова.
  17. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Неодамна на YouTube станаа актуелни видеа во кои споредуваа палети купени од ebay или Aliexpress со вистинските и иако кај некои е речиси незабележлива разликата сепак не можете да бидете сигурни за составот на самите сенки. Се користат состојки забранети во САД и ЕУ, а да не збориме за крајно нехигиенските и непроверени услови во кои се произведуваат. Една од девојките што правеше ревју на фејк течни кармини доби и хемиски изгореници, па можам да замислам какво срање од состојки лупаат во козметиката. На крајот на денот, се што звучи too good to be true, веројатно и е, па наместо да ризикувате да добиете тешка инфекција на очи, алергија на кожа или не дај боже полошо, ви препорачувам да си инвестирате во вистинските палети.
    Јас лично имам купено една фејк палета пред неколку години - Lorac Pro. Ја платив околу 12$, а искрено тогаш кога ја земав не бев свесна дека се фејкови. За среќа не ми направи никаков проблем, ама воопшто не е пигментирана и многу се прашкасти сенките, буквално е неупотреблива бидејќи скоро сите сенки исто изгледаат на капакот.
     
    На koritsaki, Mishela, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Kimora

    Kimora Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2014
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    1.036
    Пол:
    Женски
    Подобро поефтина, а проверена козметика, како Aura,Essence,Maybelline и сл, отколку фејк приозводи кои сите се кинески и имаат сомнителен состав.

    Сепак се става директно на кожа и не треба играње со такви работи.
     
    На Beauty.Mar, Lolipop23, LollySky и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Syzane

    Syzane Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    14
    Se e kopija!
    Pazete se posebno na FB, ima edna grupa "Mac i Naked produkti". Poracav od tamu, dobiv rasipani proizvodi so pominat rok a plativ skoro 50 eur. Senkite nemaat ni S od senki, maskarata ni M od maskara...katastrofa. pazete se devojki, ima mnogu sto pravat vakvi biznisi i lazat. Sramota golema za niv!!
     
    На mssuniquee и Arthur им се допаѓа ова.
  20. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледам буквата R на двете сенки. И јас мислам дека двете се оригинал, само со различна амбалажа. Голден Роуз не е некој скап бренд за да прави фејкови. А овие погоре набројаниве се дефинитивно фалсификати зашто не може палета која во секаде во светот чини најмалку 40 долари, тука да чини максимум 700 денари. Оригиналот секаде чини исто и не зависи од тоа дали земјата има висок или низок стандард.
     
    На theowndemon и joy1 им се допаѓа ова.