Како што постојат глупи луѓе што ќе платат многу за да ставаат фејк гомна на лице само со знакче од некој познат бренд (и тоа може и неубаво препишан), така ќе има и луѓе кои ќе профитираат од тоа. Какви глупости се изначитав, ме уби туѓата срамота.
Луѓе кои веруваат дека се оригинал ги има могу. Една моја школска имаше земено Kylie кармин дечко е и го донесол од Србија. И упорно ме убедува дека е оригинал само затоа што е од Србија и бил 500ден. Пробав да и објаснам дека оригиналите се порачуваат само од официјалната страна на Кајли и дека неможе да се поевтини ама не и не оригинал бил.
Дечки оп стоп. Тоа што некои бреднови се евтини не значи дека некој не прави копии од нив. И ја така мислев се додека не почнав да го работам тоа. Конкретено за козметика, од овие евтиниве (drugstore makeup што ја викаат америте) кинезите и филипинците парче праат со фејкови. Мејбелин посебно, па и Ревлон имам видено и Максфактор. И не секогаш се повтини, некогаш се исти или приближни цени. Знаат што се продава и тоа копираат. Не сите фејкови служат да се "усреќи" оној кој нема па да биде задоволен ете најдов фејк за малце пари, ама мислат дека е оргинал за кој сум дала многу пари. Некад се чиста измама на купувачите. Знам мал милион случаии на копии на h&m кои одат како алва на пазарот. Ама не е тоа темата да не забегувам. Се што се купува на тезга кај нас е фејк. 102,3% што би рекол Амди. Сме фаќале и продавици за козметика што продаваат фејк, да не се зачудите. Ма да последниве години е ептен затегнат односот на испекцијата и се плашат, зашто казните се огромни, па е построго. Освен на бит пазар. Таму е кралството на фејковите И тоа какви фејкови има и оригиналите да им подзавидат. Ми помина времето на редактирање, сакав да пишам за Golden Rose. Ги видов сликите, не мислам дела се фејк. Гледам дека имаат голема промена во амбалажа во последно време и вајда на тоа се должи разликата на двета исти производи. Иначе R не значи оргинал туку registered trademark (регистрирана трговска марка). И треба да е во кругче. Фрката со GR е што се пазарски бренд. Турски мислам. Ама на некој наш бизнисмен убаво му текнало и си го увозува официјално, си отворил продавници и ги продава поскапо. Нормално киријат во гтц не е иста ко таа на тезга. Плус плаќа царина за увоз. Тезгарошите одат сами до Турска и ги купаав на црно (шверцаат). Затоа се поевтини. Иначе иста е козметиката. Реално освен кај нас, србија, романија не знам кај ги има на друго место. Тие што се блиску со турска и си одат таму по евтина роба. За облека и часовинци од друга страна знам доста за фејкови, одиме редовно на тренинзи и знам да распознавам солидно. Барем тие брендови што ги работам. Козметика не работиме за жал, не дека не примаме туку не сакаат они, вајда многу сме им скапи па си викаат бољи да не фејкаат него на овие милиони да има даваме
Жал ми е што те измамиле. Толку време прават измами, а уште не научиле дека Naked не е бренд, туку е линија на палети на брендот Urban Decay. И уште кога ќе видам Naked 5 линија на четки... Сите што продаваат вакви козметики на фејсбук, а последно се проширени на инстаграм, се фејк. Не можам да разберам како луѓето се прелажуваат за вакви работи иако е очигледно. И за долгоспомнуваната палета на Худа. Сум ги видела "македонските оригинали" на Бит пазар, а имав и можност да си поиграм со неа во Сефора во Париз, и единствено што ќе кажам е дека не се споредува квалитетот. Фејк си е фејк со причина. Ниту една козметика што е набавена на Бит пазар и сличните пазари и парфимерии во Македонија не е оригинал. Најголемиот дел од светските брендови продаваат или ексклузивно преку нивните сајтови или преку Сефора и други препродавачи кои се наведени од нивна страна.
Еднаш чисто од радозналост купив од Бит Пазар на Худа Бјути кармин 150 денари,сестра ми потоа ми донесе од Германија оригинал Худа кармин.Да одма се познава разликата по амбалажа,кутивчето,бојата нанесување на карминот фејк се суши и ти ја собира устата и има груба структура,додека оригиналот е мазен дур се нанесува бојата е убава и мирисот.И во Шатци продаваат на Меис кинеска козметика што ја има на Бит Пазар дури и поскапо,една работничка дури ме убедуваше за контурите квалитетни,убаво се нанесува кога и кажав дека ги има на Бит Пазар и со пониска цена и кинески одма заќуте цццц а редовно купувам таму дури ќе ме лаже.
Шатци ми избришаа коментар на фејсбук кога ги прашав зашто продаваат кинеска козметика со напумпани цени.
Леле што читам. Абе седете си мирни, намето да се направите важни дека имате contour kit од Anastasia или кармин од МАС, којзнае што инфекција ќе фатите. И пак тие што се разбираат не може да ги прелажете. Се на ваша штета...
Интересно е што ни овие фејк производи не се нешто особено евтини, а пак се продаваат. Пример, за 300-500-800 денари можеш да купиш ептен пристојна пудра од Catrice, Golden Rose, L'oreal и ред други производи кои нудат добар квалитет а цените се исти (приближни, има разлика од 50-100 денари) во сите продавници. Зошто некој би сакал да купи MAC од 500 денари, специјална-ултра-супер-неповторлива понуда, а знае дека на официјалната страна пудрата е 30 евра?
Мене ми е сеедно што користат, нивно лице - нивна одлука. Ама они не знаат што ставаат на лице, тоа е проблемот, за нивна кожа се работи. Пример, јас потпипшувам за HD Liquid Coverage Foundation на Catrice (480 денари) и Longstay Liquid Matte Lipstick на Golden rose (95 денари - малото пакување).
Има еден проблем зошто продавниците не продаваат оргинал роба. Елитните бредови, за да добиеш право да ја продаваш нивната козметика ти барааш за купиш цел штанд со нивната роба. Тоа од прилика би било околу 10.000 евра за полнење на цел штанд. Притоа капацитет на луѓе во Македонија е малечок, и тешко да се испродаде цела роба во предвиденот рок. + со земање на штанд од Елитен бренд, те обврзуват секоја година или сезона, Да мора да ја купиш новата колекција. Не знам колку од вас се биле во улога на трговци, ама во Македонија, со овој капацитет на луѓе би можеле вака да функционираат само неколку дукани во Скопје, Тетово и можеби Битола. Е сега, на страна на сите трговци, е Косово. Овде ги имате сите фабрики за фејкови. Од нивеа до Аура или што ги знам кои. Црните патишта се достапни за сите, и наместо да ја продолжат работата со главниот дистрибутер на козметиката како Аура, решаваат да земат фејкови. Sad but true. Мој совет: Така да, доколку сакате нешто оргинал, повеќе ви се исплаќа да купувате не толку популарни брендови, кои сеуште не стасале да се прават како фејковите произведени во Косово, Арачиново или кој знае каде.
@Rebecca_R се што е Актуено им се исплаќа. Јас не велам дека од Аура цела козметика им е копирана, ама пример маскари, кармини, пудри кои најчесто се бараат, да. Не знам колку од вас имале прилика да шетат низ БитПазар. По уличката каде што имате дуканче од Голден Роулс, во близина има еден сокак каде се оди накај една џамија. Таму има една куќа преполна со фејк козметика. Внатре можеш да ги најдеш најбараните продукти од повеќето брендови. Пример, знам од фарбата за коса Игора, плавата коса беше најпопуларната фарба од Игора. 115 денари беше овде Имаше маскари Maybelline, тие разнобојните амбалажи. Не можам да одам до детали, не можам да извадам листа со продукти кои се произведуваат таму, ама има доста производи кои никогаш не би ни помислила. Сепак, не велам дека Не можете да најдете оргинали. Можете, ама со среќа.
@Momichka сум била ама никогаш не ми текнало да проверам што производи имаат. Не се осудувам да купам производ од пазар, од тип маскара, пудра, кармин, кога има производи кои се со пристапни цени а добар квалитет. За заштедени 300 денари не ми се ризикува инфекција, која е прашање, дали ќе ја излечам воопшто.
@Rebecca_R не сум фан на скапа козметика. Моите животни патишта ме одвеле да бидам дел од оваа трговија професионално. Жално е кога по вакви локали среќавам сопственици на реномирани продавници. Ама ете, ги разбирам... Во претходниот пост ја напишав причината. Едит: Продуктите не се во пазар на тезга. Туку во куќа, целосно затворена. Со метална порта.
Моја грешка, не забележав дека си пишала куќа со фејк козметика. Значи пости шанса и во парфимерии како Космо, Шатци, Еликсир, Анабела итн да купиш фејк производ?
@Rebecca_R, не можам да тврдам 100% дека имаат фејкови. Сепак ако продавницата нема официјален штанд од брендот, има Гооолеми шанси да е фејк. Ако е оргинал, треба да ја имаат цела серија на продукти. Најчесто, главните дистрибутери само на овој начин ти даваат право да купиш нивна роба.