Ти благодарам за информацијата, не сум знаела дека така функционираат работите во светот на козметиката. И да имаат штанд, иако помала, сепак постои шанса да има фејк производи како дополнување.
Поголем фејк од оваа ми се чини не постои на инстаграм. И упорно ги убедува луѓето дека оргинал биле или не знам што дрн дрн јариња а едино шо праи е ги нарачува од алиекспрес и ги продава за дупло поголема цена од таа што ги нарачала секако. Баш еднаш приметив објавила слика од целата колекција на мат сјаеви на Худа и пишала промотивно за само 2700 ден мислам беше, а таа колекција на официјалниот сајт на Худа е 200$. Брука жива!!!
Бев неодамна на Бит Пазар по некоја работа и на една тезга забележив куп копии на Huda, Mac, Naked палетите и не знам какви уште не. На прв поглед беа сосема ок, почнувајќи од изгледот на паковањето па дури и внатре изгледаат солидно. Цените не им беа високи, пример Naked палетите беа околу 400 ден. Можеби се ок не велам не, проблем е нивниот состав, состојките кои се употребени и влијанието кое би го имале на нашата кожа земајќи во предвид дека станува збор за некој непознат производител од којзнае кој дел на светот. Она што сакам да кажам е дека не е името воопшто битно, не вреди во мојот козметички несесер да имам некој таков бренд за кој и самата сум свесна дека не е оригинал. Не е можно некаде таа палета на пример да е 50 евра а кај нас 500 ден. На оригиналните производители не им е битен стандардот на земјата, тие си имаат една и единствена цена на производот која може само минимално да се разликува. Дури онаму каде сметаат дека нема да остварат добар профит не ни отвараат свои овластени продавници. Нормално дека и цената на копиите се разликува во зависност од продажното место. И 300 ден. да е, и 800 ден. да е, сепак станува збор за копија со сомнителен состав и потекло.
Шатци ме блокираа заради моите коментари Ама затоа ги пријавив и им пуштив инспекција за памет дека сите овде не пиеме нафта.
За Шатци да не ни почнувам, ќе се изнервирам Не е само кинеската козметика што ја продаваат, туку и парфемите им се шкарт, барем 90% од нив. И од свое, и од искуство на другарки и колешки, тврдам дека парфемите не им се оригинал. Конкретен личен пример, Givenchy Very Irresistible секогаш морам да го имам бидејќи ми е омилен парфем и најчесто го купувам од странство, кога патувам. Го имам купувано и од Космо неколку пати, бил во ред во однос на мирисот и трајноста. Не знам зошто се излажав еднаш, Шатци ми беше блиску и го купив од таму парфемот. Трајноста исчезнуваше буквално после 5 минути, не претерувам. Пазарски парфем ми се чини повеќе трае. Исто, и мирисот не беше “тоа тоа“, се забележуваше разлика во однос на оној што го имав дома што ми беше при крај. Им го изрекламирав во парфимерија и беа крајно нељубезни и неуслужливи, во смисла што не сакаа ни да ме ислушаат, а камоли да ми ги вратат парите (патем, 50 мл од парфемот чини околу 4.000 денари). Ме убедуваа со потсмев дека продаваат само оригинали. Моја нога не стапнува таму никогаш повеќе, макар било и крај на светот. Знам примери од блиски со парфеми на Булгари (конкретно Omnia Crystalline), Келвин Клајн и D&G, сите купени од Шатци и сите кој од кој пошкартни. Многу ми е криво што на време не го загледав парфемот кога го купив да видам што пишува на самата амбалажа, одма го отпакував од најлонот и ја фрлив картонската кутија, ама тоа е, памет за другпат.
На инстаграм гледам ептен почнаа да се прават продавници со фејк козметика, а има голема разлика и тоа како. Конкретно јас имам неколку од мат сјаевите на Кајли, ми ги прати од Америка тетка ми. Другарка моја беше ептен запната и си нарача од некоја продавница на инстаграм. И ги однесов моите со се опаковката со се за да споредиме. Вака од надвор потполно беа исти, значи преку пакувањето не се разликуваше. Ама прво мирисот на сјајот одма се примети, оригиналот некако ванилесто ми мириса, ова беше чудно, баш на хемикалии мирисаше. Потечен беше, значи самиот состав е различен. Плус устата ја суши премногу. Затоа не би ви препорачала да ги купите. Не вреди, за истите пари можете квалитетен мат кармин од Аура да се земе, барем составот горе долу знаеш дека е сигурен.
Мислите ли дека е можно да прават фејкови и на овие drugstore производи? Конкретно за ревлон пудрата мислев да прашам. Ја купив во една локална парфимерија по цена од 790 денари. Кога прашав зошто е толку ефтина затоа што знам дека на други места е речиси 300 денари поскапа ми одговорија дека тие неколку останати пудри им се со стара амбалажа. Имено оваа што ја зедов е без пумпица, а демек тие со пумпица биле поскапи. Во ред не се посомнев веднаш. Но не знам, откако почнав да ја користам малку сум разочарана од пудрата. Некогаш навистина не ми го дава ефектот што го очекував и што го добивав кога се шминкав кај професионални шминкери. Некогаш пак ми делува ок, доста покривна и ми одговара. Немам некои негативни ефекти од пудрата ама ете се почесто се сомневам дека може фејк производ земав.
Не е фејк. И јас пред некој месец купив Ревлон без пумпица за истата цена ко твојата. Вистина е дека новите со пумпица се поскапи со 200, 300 денари, а зошто толку не знам . Земај си ја во Зегин, таму и таа со пумпица е околу 800 денари .
Не се будали и произведувачите да даваат ниски цени во различни држави. Ако на официјалниот сајт некоја палета е 30 долари, толку треба отприлика да биде и во Македонија. Полесно препознавање на фејк - да не се купува онлајн од било каде и да не се купуваат брендови од продавници кои не се напишани како овластени дистрибутери на официјалниот сајт од компанијата. Други совети џабе затоа што тие што копираат перфектни копии прават, и без претходно искуство на оргиналот тешко да ги препознаеш..
Јас заради ова не им влегувам у дуќан веќе ја кога ја купив палетата за контури беа по 500 денари и купив 2 џабе фрлена 1000ка! Кинеска глупост цела се нафрлив и катастрофални се тврди лепливи одвратни! Ни длучајно не ви препорачувам да сте купиле
Ako mislis na revlon colorstay, vo zegin e 790 i e so pumpica. Ja zemav i super e, plus e podobrena od ona sto ja pametam na vremeto
Istite se tie sto me zaebaa mene. Samo izgleda imaat povekje pofili na fb da lazat lugje... Mac i Naked produkti im bese toj, a i ovoj isto. Prevara ziva, treba da se prijavat sto lazat narod!
Ako nekoj gi znae originalite, sledi ceni, prodazni mesta i slicno nema nikogas da se izlaze, pa sto saka neka pisuva.
Да,имам сретнато неколку слични страни за порачки онлајн. Еве нешто слично: Јас вчера наидов на оваа палета во една парфимерија и баш ја видов и отворив( стоеше така меѓу едни кармини) , од километар се гледа дека е пред се неквалитетна и фејк.Пластичната паковка внатре беше ужасна и изработена од тешка пластика, дуру нерамна беше. Се продаваше 20 евра.
Би ве советувала почесто да гледате рокови на траење на козметиката , фејк или не голема манипулација се прави со препакување
Не се работи за козметика, но мислам дека нема друга соодветна тема.. Странава продава фејк производи и притоа објавува ваков статус
@PrettyDramaQueen кога си можат да си продават и шиткат фејкови, си можат и да го прават народот глупав.
Тоа е тоа што најмногу ме изреволтира. Самите тие порачуваат од АлиЕкспрес и ги продаваат производите со високи цени, а се осудуваат да зборат за другите како нив. Немам ништо против заработување преку онлајн продавање на производи, НО имам против кога некој на ваков начин сака да ја потисне конкуренцијата и го прави народот глуп. Им напишав рефератче на фб, па да видиме што ќе вратат.